Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош... :|
    На мојот најдобар другар (другар со кој се одалечивме бидејки сум во врска и не му посветувам доволно внимание) за 3 дена му е роденден, на кој сум викана. Мојот дечко не ми дозволува да одам бидејки си мисли дека другар ми ме сака или некогаш ме сакал(што нема врска). Баш би сакала да одам на роденденот барем за порано, тоа што бевме неразделни.. Што да направам со дечко ми, а да не го повредам?
     
  2. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25

    Да му раскинеш кратко и јасно 8) Таква ненормална будала не ти треба,љубоморно стовење ;) Обвинувајте ме колку сакате,имав еден таков јас си знам какви маки си тргав :!:
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски

    Не можам, го сакам, не ми е лесно.. сепак фала за мислењето :)
     
  4. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.884
    Допаѓања:
    33.342
    Пол:
    Женски
    Немора веднаш да му раскнинеш. Прво, убаво прашај го зошто така мисли. Кажи му дека треба да ти верува. И на крај краева, многу е неубаво да не му отидеш на роденден. Ако ти е најверен другар, мораш да одеш. А за дечко ти, ако уште ти се лути откако ќе му објаснеш дека тоа што го мисли нема везе, не ти треба таков, верувај.
     
  5. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Ако толку другарот те поштова по некоја логика треба да те покани во пакет со него,а не сама.
    И мене би ми сметало дечко ми да оди сам на роденден кај најдобра другарка :)
     
    На Kaley, Umbrella22, fifi16 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Еј еј зар и понатаму ќе ти брани за другарство? Размисли до каде води ова? Болна љубомора, е да бе откажи се од сите кои се присутни во твојот живот , за да ги задоволиш каприците на дечко ти!!!!!!!
    Понатаму кога ни тој нема да биде присутен во твојот живот блеј како овца оти си дозволила ова да ти се случи.Знам дека звучам грубо ама се додека си со него се е неважно, па дури и долгогодишно другарство.
     
    На barbiegirl.24 и Hipica им се допаѓа ова.
  7. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Е што ако го сакаш? Ќе даваш да те контролира и мотка?
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Па не, но сепак маната му е само другар ми друго ништо не ми брани, само за него се фатил..
     
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Девојкоооо.... до каде стигна ти некое момче нешто да ти брани... ах беее, како можи да потпаѓате под туѓо влијание. КОЈ е тој да ти брани ? АКО стварно му значиш нема што да ти брани. ЗАВЗЕМИ СТАВ и кажи му дека ќе одиш и КРАЈ НА ПРИКАЗНАТА. ДЕЧКО МИ НЕ МЕ ПУШТА.... НЕ ТИ Е ТАТКО АЛО !
     
  10. Daleron

    Daleron Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јули 2014
    Пораки:
    2.996
    Допаѓања:
    16.413
    Пол:
    Женски
    Па и татко да е , се си има граница.
     
    На pupi.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски

    Ова е сериозен проблем со многу девојки. Никој не смее да си дозволи некој друг да му кажува што смее да прави или што не смее или со кој да излегува, а со кој не. Си има граница, затоа девојката нека си оди на роденден
     
  12. christinnn

    christinnn Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 август 2014
    Пораки:
    2.739
    Допаѓања:
    21.378
    Пол:
    Женски
    Зарем ќе дозволиш некое си напатено идиотче да ти го диктира животот, а ти да играш по негови правила?Зарем? :x
    Нема да се повторувам со девојките наназад, али ако заради него не идеш на роденден ќе испаднеш најголемо будалче.Мене татко ми не ми бранел ништо, не пак некоја си будала.Уф. |(
     
    На marima му/ѝ се допаѓа ова.
  13. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Ако толку сумља земи го и него на роденден. Предходно прашај го другар ти и идете заедно
     
  14. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А ти знаеш дека кога ќе фатиш дечко не треба да ги заборавиш друштвото? Утре другден ќе раскинеш со дечкото и другарките/другарите се тие што ќе бидат покрај тебе а ако вака размислуваш "го сакам и затоа ќе му одам по газот" е верувај дека на крај ќе останеш сама. Дечко лесно ќе најдеш ама искрени другари тешко. Јас моите родители не ги слушам кога не се право а камоли некој лигуш кој незнае што би со својот живот па ајде ќе ми го диктира мојтот. |( Родители како родители ако се повозрасни и родители незначи дека секогаш се право. Така и со дечко ти. Ама ти тешко дека ова ќе го сфатиш, ќе го сфатиш еден ден кога ќе ти се качи на глава ете тогаш ќе сфатиш дека не си требала да го слушаш.
     
  15. Ann-13

    Ann-13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Фала ви на сите(пред се за подршката). Зборував со него малку поостро и на сето тоа што му го кажав ми рече дека правел така зашто ме сакал.. |( Сега е подобро, ке одам на роденденот и се надевам дека нема да се повтори вакво нешто. :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Aurora05

    Aurora05 Активен член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    92
    Допаѓања:
    25

    Да бе и мојот така ми викаше,абе оди тури му пепел не ти треба таков :) Да знаеш дека ќе ти прави уште многу,многу други проблеми ама ти си знаеш твое си е.
    Мое е да ти кажам,како ми било :!:
     
  17. Klaudija15

    Klaudija15 Нов член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2014
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Јас многу сум љубоморна кога некоја ќе му искоментира на сликата а тој па уште и враќа....:envy:
     
  18. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.154
    Допаѓања:
    17.622
    Јас бев ептен малку љубоморна на почетокот, сега не сум воопшто. Не дека не го сакам и не ми значи, туку му верувам многу . Дечко ми знае некогаш да биде ама во доза која што годи, ништо претерано.
    Сепак довербата е примарна во врската. Ако ја има нема да се случуваат ни такви испади.
     
  19. dragan4eDR

    dragan4eDR Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    977
    Допаѓања:
    213
    Пол:
    Женски
    Јас иако имам доверба во дечко ми сепак сум многу љубоморна кога ќе видам некоја поубава и позгодна од мене незнам како да ја контролирам љубомората едноставно за се и сешто сум љубоморна
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  20. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.049
    Пол:
    Женски
    Ова од човек којшто е се` освен имун по прашање на мали (некогаш поголемки де) дози на повремена љубомора и посесивност. :D

    Мене конкретно однесување и флертување ме вади од кожа на тој што е до мене, а друга убава девојка може само да ме инспирира и да ме ’научи’ нешто. На пример, да пробам да видам дали така собрана коса и мене ми стои, дали облека во таква боја и мене би ми стоела, дали следниот аксесоар да ми биде во таков стил, да ми зајакне веќе падната воља и рутина за вежбање и сл. Не за да бидам како другата, најмала цел и резултат од сето тоа е имитирање, мразам такви нешта. Туку за да се натпреварувам со самата себеси. Да изгледам што е можно подобро, во свои очи пред се`. Затоа што, таквата убавина и новина знам најдобро да ја носам тогаш кога си се допаѓам во свои очи.

    Кога во врски коментирале машките „лелее колку е добра оваа“, јас сум одговарала „еј вистина“, без никакви скриени стратегии, или пак „де бе кај ти се очите“ ако не ми била убава и не ретко тоа било толкувано како љубомора што навистина не било случај. Не ме нервирале средените жени, напротив мудро сум “купувала“ од нив она што добро би прилегало на мене и што би го понела на единствен и свој начин. Интересното е што дел од тие луѓе, многу се лутеа, јас кога ќе дадев сличен коментар за некој дечко, тоа веќе беше иронија и губење осет за објективност ... :D
     
    Последна измена: 31 октомври 2014
    На Portishead, crazylady и Daleron им се допаѓа ова.