Мала љубомора добро се поднесува до некаде и тоа е знак за заинтересиранот,но болна љубомора бога ми тешко кого ке го снајде...јас вака мислам.
A shto koga vo vrskata on ne iskazhuva voopshto ljubomora nitu pa nekogash iskazhal otkako ste zaedno? Shto mislite na toa prashanje? A devojkata e zgodna i privlekuva vnimanie kade i da se pojavi. Se izvinuvam za latinica od mob sum.
Не секогаш љубоморните мажи ја покажуваат љубомората. Што да прави? Да биде среќна. Да ужива. Шо ќе и` се непотребни стресови у животов?
Жените бараат да бидеш и љубоморен а и да не бидеш љубоморен во врската ... па ти како знаеш , снајди се.
Ne ne.ic ne sme si ljubomorni.Od samata pomisla za nekoi raboti mi se krevaat angelite.Negovite se krenati i bez pomisla..More da ne urocam malku si dojdoa rabotite na mesto.Od nikogas ne sum bila ljubomorna ama ovoj pat? Dodusa ne veruvam vo relacija vo koja postoi ljubov deka moze da postoi bez troska ljubomora..Neznam dali se raboti za veruvanje eden na drug ili samodoverba no odnekade proizleguva.More neka ja ima vo slatki dozi samo da ne bide opsesija.
Малку љубомора е здраво за врската. Добро е да знаеш дека некому му значиш и дека се плаши од помислата дека ќе те изгуби. Не чини болната љубомора, која произлегува прво од немањето доверба во партнерот, а второ од немањето самодоверба. Најдобро е отворено да се разговара, со смирен тон и да се разјаснат работите, а не да се напаѓа без причина, затоа што токму тоа на крај ќе доведе до распад на врската. И за крај:
Јас сериозно очекував во врска да бидам премногу љубоморна и искрено не бев. Не знам како, не знам зошто ама не бев и тоа искрено ме зачуди. Сепак мала љубомора сметам дека е одраз на љубов ама голема љубомора е одраз на опседнатост и опседнатоста не е добра. Ако не му веруваме на партнерот никаде не одиме, вербата и љубовта ја држат врската.
Јас сум крајно многу љубоморна. Додека секоја вечер бевме заедно, јас му викав дека ми е досадно тоа,монотона врска дека имаме. Се оддалечи и од другари,не излегуваше со нив, за ноќен живот да не збориме.не смееше да се помисли на тоа. На кафе-со мене, шетање-со мене, јадење-со мене.. Го гушев бе луѓе! На се тоа што го имавме заедно јас му викав дека не му верувам! Дека ако е со машко друштво ќе ме изневери демек. А толку се трудеше да ми објасни дека само јас постојам за него.. Го терав да брише девојчиња од фб затоа што јас не сум ги познавала,а дали тој ги знае не е битно :/ за лајкови па збор не смееше да има, ако лајкне слика одма со неа ќе отиде.. Сега се сврте кругот. Почна да си излегува по кафичи,кафани,дискотеки надвор од градот, со другари. Смени друштво, си има и другарки сега. На фб почна да лајкува кај девојчиња што ги знае.. И јас се јадев одвнатре за се тоа. Зошто? Затоа што незнаев што сакам во една врска. За сите проблеми ми беше тој крив, му се истурав за било што,,колку пати само расплакан легнувал заради мене.. Жал ми е за се што му направив незнам како да му докажам дека ќе се сменам.. Ми рече дека ми дава последна шанса за да ни биде океј,,дека нема живци веќе за да се нервира за мене,,и го сфаќам. А го сакам повеќе од се на светов. Многу сум плачела заради него, западнав и во депресија заради сите мои глупости.. Си ја согледав грешката,и си ја научив лекцијата Не знам дали ќе ја искористам шансата добро, несакам да го изгубам за ништо на светот.
Е е е баш ми излезе од контрола љубомората. Од премногу слободно време. Единствена занимација филмови правење, всушност и преокупација.
Не сакам да звучам сурово меѓутоа врз основа на блиски искуства немој да се надеваш многу со последната шанса бидејќи крајот на врската ви е блиску. Некои работи не се менуваат и се` што можеш да сториш е да созрееш. Созревањето е обично последица на емотивна слабост и незрелост заради која се губат работи што ни се значајни во моментот меѓутоа и овие врски се нормални за одредена возраст затоа ако имаш не повеќе од 18 години биди благодарна што навремено ќе научиш што сакаш од една врска.
@SexiLy ти благодарам за мислењето. Но не би сакала сеуште да седам со скрстени раце и да чекам да се случи некое чудо, или пак само туку така да чекам да дојде крајот. Имам 20години, и доста глумев размазена принцезичка што кога и да нешто не е по мое, плачев и чекав извинувања, а тој никогаш не доби извини и објаснување за мојата љубомора. Сепак мислам дека ќе ја надминам,и ќе ја спасам врската, да дозволам скоро 2години да ни паднат во вода не сум подготвена.
Искрено денес ретко кое машко би трпело такви работи како твојот дечко @Megannn . По тоа се гледа дека тој навистина сака да успеете и дека ти му значиш. Јас не мислам дека врската ќе ви пропадне можеби сте во криза но во оваа ситуација љубовта може да победи. Мораш да научиш да му веруваш само тоа е единствен излез. Препушти се и уживај, не вреди да изгубиш добро момче за некои луди опсесии. Среќноо!
Многу добро ми дојде твојот коментар @PreciousDiamond , ти благодарам за позитивниот одговор Немам причина за опсесивни мисли и не верување, така да време е да почнам да уживам и да бидам добра девојка и да се гордее со мене. ^^
Значи вака...ќе пробам на кратко да го објаснам мојот проблем или барем ќе се потрудам. Ги читав вашите мислења и поради тоа се зачленивна форумот. Во врска сум 1 година и 8 месеци. На почетокот не мислев дека ќе опстои нашата врска и не посветував внимание како сега. Љубомората се појави од негова страна прво, јас бев девојка која сака да се забавува и поради тоа и кога тргнав со него многу машки ми се јавуваа ме вика на кафе, да излеземе да се друѓиме и слично. Тој направи јас да се тргнам од сите нив, да ги вреѓам кога ми се јавуваат, да ги блокирам на фб и таму да ги вреѓам, ме контролираше ПРЕМНОГУ кај сум, со кого и што правам. После 3 месеци тој тргна на работа за странство а јас останав сама и на слобода. Го изневерив, тој кога се врати дозна и го молев да ми прости да пробаме пак. Ме одалечи од сите другарки и буквално сега немам никој освен него. Е сега проблемов мој е што кругот се сврте и јас станувам опседната со него. Тој постојано ми префрла дека јас сум таа која го изневерила и дека не треба никогаш да му префрлам на него дека тој бил со друга, а јас пукам од љубомора. Сега јас го контролирам како тој мене што ми правеше, му вртам ноостоп на телефон да проверам кај е, кога се видиме прво што правам е му ги проверувам телефоните детално иако тој мојот веќе не ми ни бара да го провери. Ноостоп сум на неговиот фејсбук, ако го нема повеке од пола саат да ми се јави јас полудувам во буквална смисла на зборот се дерам на сите околу мене, неможам да се контролирам. Кавгите последниот месец станаа неподносливи поради мојата љубомора, избувнувам за ситници зошто погледнал во некоја или кај бил па не ми одговарал на телефон мора да имаш друга. Тој постојано ми вели да се сменам и дека вака не идат работите, но јас неможам да издржам. Ме чуди тоа што од негова страна ја нема сета таа љубомора што ја имаше како да му е сеедно, но и како ќе ја има кога јас буквално не излегнувам од дома, немам другарки ако излезам секогаш сум со него. И кај него е истата ситуација, кај оди тој одам и јас без разлика дали е машко друштво само или било кој јас одам и седам. Иако досега го немам фатено со друга, многу ми кажуваат дека имал други за провод и дека го гледале со други иако тој тоа го негира. Неможам да издржам повеќе моево станува посесивно однесување, пред некој ден му видов број на женска во телофонот за која се сомневам дека ме изневерил со неа, ми рече дека нема тој вртено го дал телефонот на друг а јас од што се изнервирав ми стана лошо срцето почна да ми лупа сто на саат ме однесево болница и ми кажаа дека имам тахикардија на срцето и треба да избегнувам секаков вид нервози и дека такви отскоци на срцето не виделе кај стари луѓе како кај мене, си примив физиолошка и бедоксин и си отидов дома. Се плашам веќе за моето здравје и колку и дасакам да се сменам не ми иде, па решив да барам совет од вас. Помагајте!
Незнам дали го прочита мојот проблем, но можам да ти кажам дека сме во слична ситуација. Колку и да е неподносливо и тешко, ќе пробаш да си ја контролираш љубомората, затоа што немаш никаква корист од неа, само ти штети на врската. Пробај поврати си ги другарките,излегувај од дома, забавувај се. Заборави на проблемите, смеј се почесто, тргни ги опсесивните мисли и подобри го здравјето. Не верувај на секој што ќе ти каже, луѓето се љубоморни и гледаат да ти наштетат, ако дечко ти негира дека те изневерил можеби навистина е така. Не дозволувај муабети да ве разделат, некој се би дал за да ве раздели со такви глупости. Не ти се јавил пола саат? Не е крај на свет. Можеби има обврски, можеби е со друштво и сака на момент да ги оттргне мислите од вашите проблеми.. Верувај, вака ништо нема да постигнеш. Или сфати дека тој е со тебе и само со тебе и нема потреба за нервози и љубоморни испади, или продолжи со истото однесување и гледај како сама се уништуваш. Еден живот е, не вреди да го поминеме во депресија и нервоза, така ништо не сме направиле. Поминувај го времето со дечко ти квалитетно, радувај се на тоа што сте го постигнле до сега, не се однесувај како да ти е непријател. Сакајте се, нека патат душманите.
Ќе ти кажам нешто .. Провери добро дали те изневрува ...Биди сигурна пред да направиш некој чекор,има многу љубоморни луѓе што би сакале да ве разделат ..Во врска со љубомората од твоја страна,секоја доза на љубомора е добра но да не е толку голема колку што кажуваш ти .. тоа веќе е посериозен проблем .. Пробај да ја вратиш добербата во некоја од твоите блиски што ти биле пријателки пробај да разговараш со нив за твојот проблем .. Или со некој од твоите најблиски да ти даде некој совет во врска со твојот проблем.. Кога си толку нервозна пробај да се исконтролираш , излези на чист воздух размисли пред да му кажеш што било зошто на крај можеш да го изгубиш..
Ако не е љубоморен какпорано у значи дека веке не те сака и има друга а знаеш зошто е така поради тебе исто како кога тебе тој ти ја одзеде слободата ти го изневери сега ти ја одзеде неговата слобода и тој те изневери уживајте во животот и разделетесе не сте еден за друг. Никогас не го прави тоа што не сакаш да ти го прават!!!
девојки кажувајте како да се справам со оваа пуста љубомора...луге се нервирам со има девојки на фб се карам избувнувам коа ке се поздрави со некоја девојка... оффф нејкам да е вака самата си се измачувам