Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    А добро бе, од кај знаете каде лајкува?
    По цел ден дремете на фејсбук, му го следите будно секој чекор на таа глупава социјална мрежа?
    Му го имате пасвордот, па се логирате од неговиот профил?
    Го имате додадено во она, како ли се вика, БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ, што покажува и најситни детали како што е лајкот?

    Толку слободно време имате?
     
  2. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Осудувајте ме ако сакате.
    Ама мене ич не ми е ок дечкото да стега лајкови кај други девојки,а си има женска :D

    Невкусно ми изгледа сето тоа.манијачки.непочитување кон девојката.
    Зборувам како гледам на тоа кога мене некој ми стегнал лајк,што некогаш сум флертувала со него,а сега има женска.Ми изгледа како некое гревче.

    Вака или онака лајкот значи.Колку пати некој ми лајкнал,сум возвратила,па потоа тоа интензивно лајкување прераснало и во допишување.

    Среќа немам проблем со тоа.ниту јас стегам,ниту дечко ми.
    А сум имала и искуство,кога од такт ме вадело тоа.па еднаш дури и бев принудена да пишам статус.

    ГО ЗАМОЛУВАМ ДЕЧКОТО ШТО МИЕ ВО БЛИСКИ ПРИЈАТЕЛИ,ДА НЕ ЛАЈКНУВА ТОЛКУ ГРДИ ДЕВОЈКИ :!:
     
    На ladyySi, Evdoxia, PreciousDiamond и 9 други им се допаѓа ова.
  3. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    24.952
    Според мене љубомората е болест на која и нема лек. Сите сме понекогаш љубоморни, да. Но јас зборам за онаа љубомора која е толку голема што прераснува во нездрава опсесија за контролирање на друга личност. Тука постои само моментално решение, односно лажно ветување (во кое и самата љубоморна личност во моментот верува) дека љубомората ќе се намали (или ќе исчезне). Сето тоа е привремено, работите се смируваат (менуваат) на краток период, а по некое време повторно љубомората се враќа. Едноставно, не може да се искорени.

    Како и да е... Прво и основно, не можам да сфатам што добиваш ако ја контролираш личноста која тврдиш дека ја сакаш? За да го задоволиш своето сопствено его (или инает или комплекси), ја претвараш твојата наводно најсакана личност во марионета. Второ, не само што не и веруваш на таа личност, туку ја дисреспектираш и на некој начин, ја правиш глупа. Ако имаш доверба (во неговата/нејзината) љубов и верност, тогаш имај доверба дека таа личност е паметна и знае што прави во животот. Трето, наместо и двајцата да бидете среќни, двајцата (без разлика кој е љубоморниот) сте несреќни, постојано (или голем дел од времето) сте нервозни и негативно настроени еден кон друг.

    Ако сакаш некого, сакај го безусловно. Сакај ја таа личност бидејќи ти е убаво да бидеш со неа, да ги споделуваш убавите и ружните моменти во животот. Ако ја сакаш таа личност, осигурај се дека твоите постапки ќе направат да се осеќа убаво и радосно, а не спротивното. Размисли дека исто како и самиот ти, така и таа личност е своја сопствена индивидуа. Човек со свој идентитет кој не можеш и не смееш да го контролираш. Верувај и/му. Вие двајцата сте си најважни еден на друг, но тоа не значи дека ја поседуваш другата личност. Вие двајцата сте две посебни половини (со сопствен идентитет) и заедно, правите една целина. Еднакви сте, 50-50. Ниту едниот не е поголем. Ако сакаш, сакај искрено, а не алчно и себично, како мало дете кое толку многу ја сака својата играчка, што не дозволува другите ниту да ја погледнат.
     
    На Taccka, marristovska1, FridaKahlo и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.488
    Пол:
    Женски
    Ма какво осудување, доколку дечкото има девојка нема потреба да лајкова кај комшивката што ги извадила цицките на слика, него да се забавува и да е со девојка му. Тоа тие директно непочитување кон твојата личност, 21 век сме женските се сликаат голи ако нивни живот но никако моето достоинство не би дозволило да видам лајк од дечко ми меѓу останатите стари оќелавени мањаци.Не е работата за контрола, не е за следење на секој чекор се работи за сопственото достоинство и како ти изгледаш во очите на дечкото-сигурно нема да дозволам да изиграва на мене наивна будалетинка па потоа да се жалам како ме изневерил од слепата доверба.Затоа и предложив на девојката доколку и сметаат лајковите нека разговара со дечкото, макар што он треба сам да е свесен кога ќе стапи во врска со сериозни намери.
     
    На anichka94 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Кога ве читам девојки се сеќавам на моите млади луди години. Љубомора и посесивност, оправдување дека е тоа нормално и дека едноставно не сакаме некој од нас будала да прави, не дека сме љубоморни нели, само поставуваме мали граници. Сега гледам дека еден од најубавите периоди од животот, младоста, ја поминав со деструктивни врски, кавги, драми, плачки, глупости. Јаз'к. Да сум со овој памет сега еден ден нема да поминам во нервоза за безвезе работи. Не ти се допаѓа дека постојано става лајкови кај девојки и не веруваш дека е наивно? Некои се едноставно такви, друштвени, ставаат лајк одлесно. Ако вие мислите дека секој што ви стиснал лајк а не ви е братучед или другар од градинка е напален манијак кој сака да ве ... можеби пак е тоа ваш проблем? Имам пријатели на фб кои биле мои некогашни удварачи, сум останала во ок односи и знам понекогаш да удрам лајк на слика која ќе ми се допадне. Исто сум примила и од нив. Ниту маж ми изреагирал ниту јас сум помислила еве уште ме сака лајк ми стиска. Се е во вашата глава, разберете.
    Ако веќе станува збор за сериски лајкувач а вас многу ви смета, тогаш раскинете.
    Или сакајте ги вашите партнери такви какви што се макар тоа значело да крши глава од вртење по добар задник секојпат кога ќе има прилика, или оставето го и барајте си по комплетна мерка. Превоспитувањето пали само на краток рок, кога и да е, пак ќе се врати на старите навики.
     
    Последна измена: 11 март 2015
    На Taccka, crazylady, FridaKahlo и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Бинго мај френд, бинго. Тоа е. Мамата им ја плакаат еј да не може лајк да стави човекот на раат.
    Манијаци су меџу нама.
    И јас имав еден таков психопат го знаеше секој мој потег, на кој кога му иам ставено лајк, коментар, и кога ми кажа другарка ми како знае останав :o
    Ненормална работа е тоа фејсбук жими мајка.
    Јас имам малку поделено мислења за ова "следење".
    Делува многу нападно и загрижувачки ама па и отвара очи на заслепени моми и момци, заслепени од љубов.

    Симптоматично е тоа лајкање такви фејбук-понич-ѕвезди со натртени гузици, накривени усти и голи цицики. Она опсесивно со коментари и све остало(стикерите одвратни) и мене би ми било загрижувачко.
    Ама праење скандали зашто и стаил лајк на другарка од основно со нормална слика на камени мост, у парк или у диско не гледам, искрено. Ако има девојка не значи дека не треба у ни една да гледа и да не смее да има другарки и познанички.

    Не знам вајда не е сеедно да видиш дека дечко ти е тежок напалентус, ама па и да сте заедно долго и тоа да не го откриеш треба сериозна проверка на видот или лоботомија. Не знам обично таквите се познаваат, вечно загреани и неизживеани. Решение не е да му го пратиш секој чекор, ако тој е таков нема вие да го смените.
    Само ја глупача у блиски пријатели иам најбиски другарки и другари и еден познаник кој е стујард и во рок од 2 години го прошета светот, па вака на раат му ги гледам секоја недела дестинациите и сликите кога се слика низ светов. Е не ќе пратам некој сељо како лајка слики на едноклеточни амеби кои на фб уште матичен број немаат ставено.
    Вака барем бел свет си гледам, милина. И не се нервирам;)
     
    Последна измена: 11 март 2015
    На crazylady, Hipica, EvAngelos и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Море сите шо лајкуваат ороспетини,му посакувам една за брак :D
     
    На IthoughtIwasAnAllien, marristovska1 и Purelove92 им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    ^
    Што се секираш ти за ороспетини, ти сликај си се со кутлачот и гравот па да се омажиш ко чесна домаќинка. Што ви е проблемот не ми е јасно, ако сака таква нека си ожени, тебе што те секираат па тие мажи што лајкнуваат ороспетини? Ти фали нивно внимание?
     
    На MilaP, eloves, supertoasty и 2 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    Имаш дечко што мие садови кај блиските пријатели? :) Е тој да си го чуваш бе лепотице :)
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Briget,ako taka gledame na rabotite,sto tebe te sekira zosto ona ima problem so toa?:P
    Neka lajkuvaat takvi lazni profili,toa e nivna odlika,a vo nejzinite oci mozebi odlika na eftin maz.
     
  11. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.910
    Затоа што не можеш да знаеш зошто некој стиснал лајк некому и знак прашалник е колку се тие девојки вистина курветини или љубоморното око на партнерката така ги перципира.
    На колку им е закачена таа етикета само затоа што партнерот се завртил по нив. Со љубоморни девојки и дечки да си немаш работа, бетер од психички пореметени се. Не зборам конкретно за аничка само ете, да предупредам до каде може да се оди.
     
    На eloves и Hipica им се допаѓа ова.
  12. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Не алудирам на љубомората.Туку сума сумарум.не во љубоморен контекст,туку дека изгледа премногу ефтино во очите на другите.
     
  13. galapce

    galapce Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 ноември 2014
    Пораки:
    4.318
    Допаѓања:
    106.804
    Пол:
    Женски
    Se sto e preterano ne cini.
    Ljubomorata vo obilni kolicini e strtasna rabota.Blaze si im na tie sto ne ja osetile vrz sebe.
    Seuste ne desifrirav od kade doagaat tie da gi narecam,nagoni.
    Dali covek koga nema ni tronka samodoverba pa taka ja manifestira,dali se raboti za zavisnost od sceni,kojznae.
    Mi se cini deka ako vo covek vleze pregolema ljubomora,nema izleguvanje.
    Ljubomorata ja unistuva i najgolemata ljubov.Mozebi taa ljubov i ne ni postoi od strana na ljubomornata licnost.
    Na pocetok izgleda simpaticno,ama podocna stanuva nepodnoslivo.
     
    На Sanjichka007 и anichka94 им се допаѓа ова.
  14. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Абе како ѓаволот да влегол во тие луѓе.Да не си им во кожа.
    @galapce или па тие нагони му доаѓаат како последица од некоја поранешна ситуација.каде што биле изманипулирани.па си мислат секоја наредна ќе му го направи истото.
    Ама сепак си мислам дека и недостатокот на самодоверба игра голема улога.
    Вака или онака.не е воопшто здраво и нормално.

    2 пати до сега сум ја осетила таа екстремна доза на љубомора во себе.
    Среќа успеав на време да ја простудирам и да се исконтролирам.
     
    На galapce му/ѝ се допаѓа ова.
  15. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.239
    Пол:
    Женски
    Мм е љубоморен. Не бега од границите ама сепак покажува доза на љубомора. Е, кога одам на кафе гледа дали ја носам бурмата (демек не можам да ја извадам:lol:), ми го прати погледот кога седиме некаде заедно... Да не набројувам ама се се такви ситници кои јас ги забележувам а тој не ги споменува. Мисли дека не гледам дека тој гледа каде јас гледам:smirk: :D
    За разлика од него јас не сум љубоморна. Дури и мислам дека ова моето е нездраво. Додуша не е некој кој се звери по жени или покажува возбуда кога ќе види убава жена па можеби затоа јас не реагирам.
    А ова фб ги споулаве сите. Поготово сегашнава младина, не знам што е фркава со социјалниве мрежи. Па дури и отвараат дупли профили а исти слики. Сега пред некој ден сосема случајно, гледам едно име а лик на сосема друг човек. Дечково на сликава го знам а името не ми е познато:^). Отварам и гледам се женски пријатели. Арно ама јас не користам фб па бев уклучена од профилот на мм и му пуштив понуда за пријателство и му пишав:$. Бидејќи мислеше дека е мм, „му објасни„ дека му е дупли профил кој го користи само за жени(facepalm).
    Од сега ќе почнам да пратам што прави мм на фб:bandit:
    :D
     
    На marristovska1, crazylady, lealealea и 2 други им се допаѓа ова.
  16. Purelove92

    Purelove92 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2015
    Пораки:
    996
    Допаѓања:
    3.488
    Пол:
    Женски
    3 сатот јас неможам да заспијам пуста љубомора :rock:
    Уствари муабетот со фб лајковите започна кога @Princess.A која претпоставувам е на почеток на врската праша дали играат некаква улога, може да и симнува ѕвезди 101 роза,го ставаш во блиски и оп он пример 28 лајк кај полугола 15 годишна не на камен мост од факс него у вц...е тоа е болест.Него да недолжам доколку сте во сериозна долга врска и добро го познавате човекот океј ,но пред да се впуштите во такво нешто еден добар муабет на никој не би му штетело,и од време на време да видите дали вие почитуван разговорот или само од едно влегло од друго излегло.
     
    На blond.bunny, Princess.A, anina и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Princess.A

    Princess.A Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2014
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    20
    Пол:
    Женски
    Јас не кажав конкретна ситуација само прашав. Има машки кои што флертуваат и преку лајкови, лајкувајќи ја секоја објавена слика или пост на една девојка. Јас ја средив својата ситуација, но сепак ви благодарам за вашите мислења, сепак секој си има свој став и начин на размислување, а и искуство. За жал или среќа и преку фејсбук денес се флертува, тоа е факт и сите што мислите дека не, не се лажете. Секако дека не значи дека е варање тоа или дека некој прави нешто со некого, но тоа е пуштање водичка (пак ќе кажам не во сите ситуации, не се фаќајте одма како слеп за стап |().
     
    На Purelove92 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. berrybush

    berrybush Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2015
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Секој ќе си каже за себе, али според мене нема ништо нормално во љубомората.
    Не, немора во врската да има љубомора. Али многу ќе речат дека па тогаш ти е галје.
    Па да. Поентата на врска е да ти биде убаво со некој. Не да го врзеш за дрво и да му мавташ
    со стап кога гледа во друга насока или кога сака да иде на друго место.

    Луѓето мешаат посесивност и грижа многу често. Посесивност и љубомора
    не се грижа кон некој, тоа е страв да не изгубиш нешто или некој. Жени или мажи што им ѕвонат на
    партнерите секои Х минути не го прават тоа од што "се секираат за нивно добро". Не, у глава им се
    мотаат секакви филмови поврзани со варање, лажење и мотање.

    Љубомората не е љубов ниту грижа за некој. Тоа е страв да не изгубиш нешто што не сакаш и имаш
    потреба да го контролираш до бескрај. Љубомора лесно станува посесивност.

    Ова е комплекс што го добиваме од мали, и перење мозок од нашите дека "го правам тоа бидејќи те сакам"
    *cough* Bullshit.

    Така да, љубомората е комплекс. Единствен совет што можам да ти го дадам е да не лечиш комплекси на други, дури и да ти е дечко или фамилија. Тоа е твој страв и треба да предземеш одговорност за него. Бидејќи ако не е овој дечко, ќе дојде друг и друг и друг... ти ќе останеш љубоморна а тие пак ќе си тераат по свое.

    Дај си слобода и на другите дај им слобода да прават што сакаат. Остави ги. Секој си има право на свој избор. Дури и да те извара и да те лаже дечкото, тоа е негово право и негова слобода. Не пробувај да му ја скратиш. Наместо тоа, дај си слобода себе да правиш и ти што сакаш. Љубомората се храни на немање слобода, така да убиј и го воздухот со тоа што ќе пуштиш све од твои рамења. Ќе дојдат и твоите 5 минути и твојот партнер на кој ќе можеш да му веруваш без да се напињаш.

    Барем тоа е мое мислење. До тебе е.
     
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Абе манипулацијата со фб кој што лајкнал ве изеде до даска.
     
  20. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.470
    Допаѓања:
    54.972
    Пол:
    Женски
    Оставете те ги лајковите на фб настрана ви се молам , го знаеете она полни очи празни раце ? голема работа дали ќе лајкнел дечкото, не се опседнувајте со виртуелноста , туку отворете си очи широко , за во реалноста да не се набиваат рогчиња;)
     
    На martine, Elissa, Lela123 и 2 други им се допаѓа ова.