Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. ladyySi

    ladyySi Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2014
    Пораки:
    298
    Допаѓања:
    869
    во последно време толку сум љубоморна што ми се чини ќе експлодирам!
    во периодот од ноември до февруари имав раскинато со дечко ми, тој тога одма си нашол друга а мене ми се колнеше во се живо и диво во мајки сестри и се до 3то колено дека не излегол со никоја. Ај тоа туку одкако се смиривме тој продолжува да си контактира со неа, да си пишуваат на фб...
    Се појавија и други 2 особи што другарки мои ми кажаа дека очиледно му се пикаат и дека нон стоп се околу него. Му кажав кои се и му реков да се држи на страна од нив и опп другиот ден и на фб двете и на снапчат цела вечер пуштано слики... збеснав буквално.
    потоа уште една, со мене беше искаран и не дојде да правиме муабет туку со неа отиде на кафе, вечерта во 20 часот се договоривме да дојди кај мене, ама не дојде.
    Во 15 за 9 излегов и реков сеа ќе одам да го побарам сигурно во паркот ќе е .. и да таму го најдов со неа на клупа седнати, бидејќи беше темница тие не ме видоа. Му звонам јас и го прашувам каде е, ми вика ево идам кун домати ти спремај се биди готова да излезиме (све и свашта помислив во моментот што имаат правено па ме мами).
    Ај му викам не туку ме мами многу и поздрави ја таа до тебе и речи и ако не стани и ако не си замини од кај што е дојдена на колоци ќе ја истерам. Ај после ми велеше дека сакала цигаре да запали па да не ја виделе луѓето ( а од соседниот град е и никој тука не ја знајт), тој сакал да си замини ама таа не го оставала, наредниот ден му имаше звонато додека беше кај мене, ама не и имаше кренато, а јас случајно дознав пасс негово од фб и прочитав кај што и имаше напишано „Еј спиев до сега и не го слушав телефонот, сега можеш да ми звониш“ (сево ова одкако си замина домаму)

    Има простор за љубомора и паника или сево ова е до психава моја дека пак со друга ќе излези?
    И зошто кога му велам дека сакам секаков контакт да прекини со овие горенаведениве, тој 3та светска војна прогласува и ради нив со мене пепел се прави т.е постојано нив ги брани?
     
  2. QweenSM

    QweenSM Форумски идол

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    4.890
    Допаѓања:
    33.350
    Пол:
    Женски
    Ocigledno e deka ne te saka i te vrti na maliot prst. Batali go shto e mozhno pobrzo. ;)
     
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. JollyGirl

    JollyGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    6.108
    Допаѓања:
    75.390
    Пол:
    Женски
    Во право си што си љубморна и се сомневаш. Јас да бев на твое место до сега 3 пати у п.м. ќе го отерав.
    Не ти треба таков нека се гони слободно со сите тие што се гледа настрана.
     
  4. kjukli

    kjukli Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 ноември 2014
    Пораки:
    3.057
    Допаѓања:
    28.613
    Пол:
    Женски
    @ladyySi, Како да не бидеш љубоморна? Откачи го, очигледно е дека сака со секоја да шара навака, натака.Не ти вреди да си го трошиш времето бадијала..
     
  5. Mala Hembra

    Mala Hembra Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2015
    Пораки:
    302
    Допаѓања:
    477
    Пол:
    Женски
    Бегај од него еден ден подалеку.
     
  6. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Неиживеан е мала, откачи го и најди си друг.
     
  7. SAD Girl.

    SAD Girl. Нов член

    Се зачлени на:
    19 април 2015
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Ми треба помош.Со дечко ми сме заедно скоро 4 месеци.Премногу го сакам,а и тој мене.Но има еден проблем. Јас сум премногу љубоморна на неговото минато. Премногу ми пречи што правел тој со неговите бивши.Но и многу ме интересира.Го терам да ми раскажува што правел со нив и потоа се затворам во себе .Станувам депресивна и мислам само на тоа.И тој ме гледа таква и се плашам дека ке му здосадам.Сакам да не ми се важни неговите бивши и што правел со нив. Сакам да сум среќна, бидејќи за ништо друго не му љубоморам.Но многу ми смета тоа.И потоа јас се споредувам со неговите бивши и мислам дека не сум за него и дека не ме сака. и потоа тој мора повторно да ме убедува и да ми докажува дека ме сака. Мислам дека ке му се смачи наскоро. Ве молам помогнете ми да не мислам на неговото минато дајте ми некој совет како да не мислам како да разберам дека е нормално дека има бивши.
     
  8. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Си го бараш па си го добиваш.
    Што ти е гајле што правел со нив? глупо ми е кога двајца кои се во врска споделуваат со од минатото колку дечковци/девојки имале, што правеле, каде, кога и незнам ти таму што. И при првата кавга се тоа се плеснува во лице, чисти глупости.
    Сега сте заедно вие двајца и треба да гледате во иднината, а не да се враќате во минатото.
    Крајно незнам како да се изразам себично е од твоја страна прво го распрашуваш, а тој пак незнам со која логика ти раскажува и на крај ти се лутиш на некој начин, стануваш депресивна дали со цел да привлечеш внимание или незнам што.
    И да ако мислиш дека не си доволно добра за него раскини му, нека си најде подобра.
     
    На SAD Girl. и Heart *21* им се допаѓа ова.
  9. Minnie 1

    Minnie 1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 декември 2014
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    27.411
    Пол:
    Женски
    Zboruvam od licno iskustvo.Od zelbata za pregolema kontrola na partnerot I strav da ne bideme iznevereni (verojatno poradi prethodno loso iskustvo) se javuva ljubomorata.Mnogu e tesko da se kontrolira.Bev vo takva vrska kade imav pricini da se somnevam I non stop go proveruvav kontrolirav trista gluposti pravev no I pokraj toa uspevase da sara naokolu.Poentata mi e, ako e nekoj takov dzabe I ljubomora I kontrola.Ako ne mozes da se spravis podobro ostavi go.
     
    На ebola, Heart *21* и Viktorijaaa5 им се допаѓа ова.
  10. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    За љубомората во мојава врска не се знае кој е повеќе.. хахахаха
    Ама нема карање лутење и такви работи заради тоа иако двајцата сме многу љубоморни, бидејќи имаме неверојатно многу доверба еден во друг и стравот е кога нема да сме бидејќи штом ни е сеедно е лошо веќе..
     
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Овие две работи не одат во една реченица. Едното го исклучува другото.

    Just sayin'.
     
    На LaraSolare, anel, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  12. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.774
    Допаѓања:
    324.731
    Пол:
    Женски
    Купи временска машина и избриши му го минатото.Мислам дај прибери се и поработи на твојата самодоверба ,бидејки очигледно ја немаш.
    Аман не гледате да уживате во сегашноста туку се замарате со минатото.Болни умови
     
    На crazylady, kjukli и Heart *21* им се допаѓа ова.
  13. Aquarius21

    Aquarius21 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    530
    Пол:
    Женски
    @SAD Girl. Ако го сакаш ти него и ако тој те сака тебе што има потреба да го прашуваш што правел со другите или какви биле? Мислам дека треба да почнеш да размислуваш за вашата врска затоа што таа е сегашност, а не за бившите врски оти тие се минато
     
    На SAD Girl. и Heart *21* им се допаѓа ова.
  14. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    одат, незнaм ти како го имаш сватено но можат да одат затоа што ако го видeш дечкоти зборува со некоја можеш да кипеш ти ама знаеш дека тој никогаш не би те повредил...
     
  15. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Прво: дај ми една разумна причина зошто би „кипела“ ако дечко ми зборува со некоја.
    Второ: ако знам дека никогаш не би ме повредил, зошто би кипела. Не паѓаат тие работи од небо.
     
    На LaraSolare, joy1 и Daleron им се допаѓа ова.
  16. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.023
    Допаѓања:
    36.074
    Пол:
    Женски
    @SAD Girl. Себично и патетично љубоморно однесување со непотребни прашања за лица и настани кои немаат никакво значење во сегашноста се знак за незрела и емоционално слаба личност. Припаѓаш во оваа група поединци кои не знаат дека само сегашноста ни е на располагање и од нас зависи дали ќе дозволиме да ја почувствуваме љубовта.
    Шлаканиците кои сама си ги удираш без причина, најмногу болат.
     
    На SAD Girl. и joy1 им се допаѓа ова.
  17. GossupGirlxoxo

    GossupGirlxoxo Активен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2014
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    32
    Затоа што си љубоморна.
    Па помислуваш као шо има таа да прави муабет со него
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Што велеше еден мој професор: „Очигледно не можеме да се разбереме.“
    Ни се врти во круг муабетов и пак на истото се враќаме.

    Љубомората не паѓа од на небо и мора да е предизвикана од нешто.
    Не ретко љубомората произлегува од фактот дека немаме доверба во нашиот партнер. Ова не секогаш значи дека партнерот ни дал повод да бидеме љубоморни, туку може ние си имаме проблем со самите себе, како недостаток на самодоверба, што го манифестираме преку љубомора.
    Немаме доволно доверба во самите себе, сметаме дека не му сме доволни, па секоја личност од нашиот пол која стапува во контакт со него ја сметаме како потенцијална закана и конкуренција.
     
    На LaraSolare, eloves, MilaP и 7 други им се допаѓа ова.
  19. kim.k

    kim.k Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    14.467
    Пол:
    Женски
    Морам да се согласам ова што го има пишано Hipica, зашто баш се пронајдов за жал. Се си мислам дека може он мисли дека некоја бивша негова или некоја друга девојка е подобра од мене и триста други филмови што немаат врска. А и неможам да се опуштам и да имам доволно доверба затоа што сум опкружена со врски коишто навидум изгледаат совршени, а уствари некој си прави нешто друго на страна кога не ни очекуваш. Ама уште сме на почеток се надевам дека ке успеам да не се замарам со такви глупости без причина.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. one_girl

    one_girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2015
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    161
    Пол:
    Женски
    Sakam da se konsultiram so vas vo vrska so ljubomorata. jas sum dve godini vo vrska i vo posledno vreme sum mnogu ljubomorna i ne mozham da go kontroliram toa. Me nervira faktot deka postojat zgodni zeni koi go kradat pogledot na moeto momce i bez pricina pocnuvam da gi mrazam site devojki so golemi gradi ili golem zadnik po koi toj bi se zavrtil. Moze li nekoj da mi pomogne kako da go nadminam ovoj problem?
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.