Епа вака.. До дечко ми одиме 1 година незнам ни сама како помина толку бргу.. Во првите месеци се беше ок но после 3от месец стана многу љубоморен, за се почна да ми се љути, јас се му кажувам кај сум што сум со кого, највише од се мрази да лаже или па да го лажам.. Неможам да се пожалам дека не ми кажува се што ќе го прашам секогаш се ми кажува, кога оди негде прво ми кажува па оди сум била во ситуација и да деактивирам фб заради него, сум избришала многу пријатели од фб, некогаш ми се љути за глупости, едноставно е премногу љубоморен за секое машко што ќе ми се приближи, или што ќе ми пише, паа што има тој да ти пишува за зошто па како.. Како да го одвикнам што да направам незнам ств више..
Нема да го одвикнеш! Теле се воспитува, вол не! Стварно не знам која ви е потребата да одвикнувате, променувате... Ако веќе некој толку ве сака, сам ќе биде подобар човек за вас, во спротивно ништо не се постигнува. Или ти одговара таков каков што е или не.
@Tajnostt дали имате многу заеднички пријатели? Во глобала ако еднаш тој имал доверба во тебе, а после ја губи, тогаш некој јади ***** за тебе. Океј ова е најчеста опција, колку и да сакаш некој и ќе ти се спомни дека тој можеби те изневерил и ти и да не веруваш во тоа потсвесно ти се врзва в крпче. Е сега можеби таков е по природа ама последно што сакаше да ти го покажи е дека е љубоморен на почеток. Ова се двете варијанти. Отворено разговарај со него дека ти смета неговата љубоморност и дека сакаш малку слобода, дека не си осудена некој да го прати секој твој чекор. Со среќа
Нема љубов без љубомора. Сум била отсекогаш, дури и кога не требало. Сега веќе сум се помалку и многу е поубаво без такви непотребни драматизирања. @Tajnostt и мене бившиот ми беше таков. Си дававме шанси не знам колку на број, дека нешто ќе се смени, дека некој ќе се смени, но залудно беше. Никој не се менува, ништо не се менува, од таков човек треба да ослободиш за да не се каеш подоцна. Ќе најдеш некој кој ќе те сака вистински, што подразбира дека ќе те сфаќа и ќе те разбира и нема да биде љубоморен за секакви глупости.
Сум љубоморна... Кој не е? Да бидеме реални . Само знам да се контролирам и да не правам сцени во друштво. За разлика од него страшно е љубоморен
Da bideme realni site sme ljubomorni posebno nie zenite (bar jas taka msm).Ednas edna drugarka pravevme muabet za toa zasto maskite gledaat po dr a do sebe imaat zgodna i ubava devojka,prvoto sto bese i kazav:tugoto sekogas e poubavo,a ne se svesni sto imaat pokraj sebe togas koga ke se razdelat vsusnost svakaat sto izgubile no kasno.A i koe masko ne gleda,koga ke pomine nekoja epten ubava i zgodna i jas ja gledam
Нешто што најмногу мразам Никогаш не сум била љубоморна за ништо,тој збор во мојот речник не постоеше се додека не почнав врска со најљубоморниот човек на планетава Заедно сме 2 години на почетокот ни беше онака полабаво ама потоа љубоморни испади безброј,и покрај него и јас љубоморна станав (и многу го мразам тоа) ама ете сега си е потсмирен зошто го потсетувам дека ако не сака да ме изгуби заради некоја глупост(а навистина е глупост нема причина за љубомора) да се смири малку. И да, потсмирен е не е истиот Така да, може да се смени ако сака т.е да ја намали љубомората,штом моево најљубоморно теле успеа верувам и дека другите можат само треба да сакаат
Според мене љубомората е психичка болест,ОК добро е да се има во мала количина,ама се што е претерано не чини,кога е некој љубоморен всушност те притиска психички,лоша работа е љубомората па уште ако е измешана со голема доза на посесивност пишете пропало...лично јас никогаш не сум била љубоморна ( сум имала малку недоврба во одредени ситуации,бидејќи знаеме дека не на секој му се верува 100%) ама тоа е сосем различно и нормално,додека да ти дише некој во врат цело време,да не те остава ни 5 мин сама со некого,е тоа е многу лошо,па да му се правдаш за се и сешто,па ќе ти додаде згора кодекс на облекување како му е воља само да не те гледаат другите,а не фала и немојте да ја мешате љубовта со љубомората,два различни поими се,не мора да значи ако ти е љубоморен некој те сака,или ако не ти е љубоморен не те сака,некој милува да каже и вака ,ама нема врска едно со друго
Сум била, отсекогаш ... и повеќе од потребното сум ја чувствувала и покажувала (зборам за љубомора во врска, во друг облик никогаш не сум ја почувствувала). Но, на мое големо задоволство полека но сигурно си заминува. Не знам на што се должи тоа, Тој секогаш си бил ист, човек на место и никогаш не давал никаков повод за било што. Еден обичен поглед во земја што се вика, а помине нога згодна или нешто што мене ме оставило без здив (некоја убава или згодна девојка или убаво облечена) веднаш сум реагирала Сега ми е жал кога ќе ми текне како ме трпел ...... Не знам што оддеднаш се случило, можеби сега на 26 вистински созревам, можеби станувам посамоуверена појма немам, ама среќна сум што не сум повеќе таква
Па јас не сум толку љубоморна,мислам и да сум,ја си преќутувам,не ми се расправа за такви работи,башка срам ми е да досаѓам на некого на 5 мин да му вртам,кај си,со кого си,како,па она,па ова.. Ама он е љубоморен..посебно за социјални мрежи,за разлика од мене,што ја поттиснувам љубомората и ми е срам бидејќи сме уште во почеток на врска може да се каже,уште се запознаваме.. Ама ја не попуштам,а знам да вратам и 10 пати полошо,бидејќи ете имам такви претчуства и кога ке се потврдат не чекам ни секунда.
Барај ги на време причините зошто така ти прави. Обично испаѓа дека ваквото посесивно однесување е потврда дека тој го прави тоа, комуницира со други, може да има паралелна врска, како и да е. Можно е да е покритие за тоа што тој го прави зад твој грб.
На почетокот на врската бев многу љубоморна, понекогаш и без потреба. Сега не толку, има доверба во него, знам каде е, со кого и што прави. Он е обратна ситуација. На почетокот како сеедно да му беше, а сега е многу љубоморен и тоа љубомори за глупости, како во стил зашто ми пишаш некој другар и сл.
Љубомората е всушност психата, колку повеќе се држиш да ја контролираш толку подобро. Додека е време разговарај со партнерот на оваа тема и покажи му дека нема место за вакви испади, бидејки ако ќутиш и голташ еден ден ќе ти дојде преку глава и ќе имате посериозни проблеми во врската.
Баш сега се изнервирав поради таа љубоморашо ја има онЗначи љубомори на бивши шо неам никакква врска со нив Кога и да го спомнам градот Скопје(бидејќи имам бивш од таму, и цело лето сум таму имам баба,дедо,вујковци..итн..И планирам пак да идам следното лето да работам заедно со другарка ми)Ама на он кога ќе му го спомнам тоа косата му се креваИ како ќе идам на факс?..Ништо не правиме со неговата љубомоа,му велам и он да иде со мене не сака (инаку пак сме од различни градови и двајцата..пред неколку дена се видовме и сега којзнае кога ќе дојде пак)..Пред малку му спомнав за сето ова се наљути и се исклучи од фб!
Не сум имала премногу љубоморен дечко, туку онака во нормални граници, но имаше едно момче кое беше вљубено во мене и иако го одбивав постојано тој цело време се лепеше за мене па дури и ми префрлаше кога ќе прозборам со друго машко а не ми беше ништо. Љубомора во нормални граници е онака слатка во врска, ама од вакви опседнати сталкери подалеку, болест е.
Со бившиот кога бев имав многу слобода кога сакав,каде сакав и со кој сум сакала сум излевала ништо не му сметаше а и мене не.Ама со овој што сум сега....Прво сака се да контролира пасворт на фб му дадов,на инстаграм,не ми дава до доцна да излевам,во толко и толко дома да си ми вели.Со бившиот ќе се степаше зошто ми честита роденден....И бројот сака да ми го смени никој да не ми го знае.Прв пат ми се случува ова дури не знам како да се понашам.А не дај боже па кога некој ќе ми пиши на фб веднаш ѓи наоѓа не знам и јас како.Се плашам понекогаш од него што се може да направи.
Едно време одев со еден психопат можам да го наречам.Немав мир.Кога бев излезена со пријателки кружеше со колата кај мене пред зграда да види кога ке се приберам.Паметам за еден први мај беше со пријателите,а мене ме остави дома со мајка му.Кога му раскинав имав закани по животот од што толку беше преокупиран со мене,ама фала Богу помина и то па сега мислам е женет(тешко на жената му)