Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Девојче таков човек не ти ни треба, размисли добро дали сакаш да си го жртвуваш твојот живот и амбиции?
    Дали закаш да испуштиш вредни работи во животот ради неговите каприци и фрустрации?
    Не треба ни најмалку да дозволиш да ти го уништи твојот свет уште сега со неговите непотребни испади.
    Ако тој не се вразуми и не свати и расчисти самиот со себе дека минатото е минато, нема потреба да бидеш со таков човек да патеш и да играш уште на овие години како тој ти свири.
    Размисли добро бидејки животот е пред тебе со нови предизвици.
    Размисли дали сакаш да патиш или да продолжиш со твојот живот и да ги постигнеш твоите цели.
    Девојче вразуми се додека сеуште е време и остави го.
    Тоа е психичка болест со опседнатост, не е ни најмалку љубомора и врска.
    Размисли убаво дали сакаш уште сега да потонеш или на време да се спасиш од таква врска и таков човек.
    Ќе си го уништиш животот мислејки дека ќе се промени нешто.
    Не ти треба таков човек, животот е пред тебе дозволи си да запознаваш други и да се надоградуваш, да созреваш и да станеш човек.
    Со ваков човек покрај тебе само ќе тонеш во животот.
    Не ве сваќам како можете уште толку мали да се впуштате во вакви врски што можат животот да ви го уништат.
     
    На eloves, LadyInTheDark и joy1 им се допаѓа ова.
  2. Едно Чупе

    Едно Чупе Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2015
    Пораки:
    453
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Леле исто само шо не ни излегував со другарки а пак кружел во 3сатот ноќта дури под прозорец идел и гледал дали сум дома комшиите ми кажуваа.Кога раскинувавме јадов 2-3 шамари како закана дека не е ништо во споредба на тоа шо ме чека ако дефинитивно му раскинам и јас не му вратив него ама му ја исклоцав неговата најголеема љубов колата и избегав.Не е ниту женет по лоши патишта тргнал разбрав со дрога и сл. Господ ме чувал шо да речам.
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Па не сум баш мала 19 години сум.Ама го сакам.Можеби глупо изгледа од страна кога ќе прочитате ама го сакам што да правам љубов е тоа
     
  4. Avery

    Avery Популарен член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    2.737
    Допаѓања:
    14.396
    Пол:
    Женски
    Девојко, вразуми се додека ти е време, од искуство ти кажувам. Пекол ќе ти се направи животот. Да се тресеш случајно да не ти се испразни батеријата, да се плашиш да не те поздрави некој другар од средно па да го истепа дечкото од чиста мира, да не касни автобусот... Ќе те тера за банални работи да се правдаш како којзнае што да си направила... Размисли вака: дали тој тебе те храни, те школува, те чува за да може да ти поставува забрани? Како би се чувствувале твоите родители да знаат дека некој " мочко" на нивната ќерка и се прави "господар"? Дали по некое време твојата "непослушност" ќе ја казни со ќутек? И што ти добиваш од него за да го трпиш тоа?
    Верувај, не ти продавам ефтини клише муабети, јас ќе бев многу благодарна некој да ме посоветуваше кога беше време.
    Можеби си мислиш дека многу те сака, нема да најдеш некој што како него те сака, ама... НЕ ТИ НИ ТРЕБА НЕКОЈ КАКО НЕГО ДА ТЕ САКА!!!
    А кои се неговите оправдувања за ваквото однесување? Претпоставувам ти вика дека тоа го прави затоа што се грижи за тебе :^) Ти си имаш родители, не ти треба уште еден.
    Аххх можам до утре да пишувам, сум докторирала на темава :@
     
    На Bender Rodriguez, eloves, Едно Чупе и 4 други им се допаѓа ова.
  5. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Грешиш девојко ако мислиш дека тоа е љубов, многу грешиш, тоа е опсесија и психичко растројство не е ниту најмалку љубов верувај.
    Само што сега не ме свакаш што ти зборувам не земаш здраво за готово и леташ, а кога малку ќе созрееш ќе сватиш што сакам да ти кажам.
    Туку со време бегај од таков човек бидејки после касно ќе биде.
    И да, секако дека имаш што да правиш, остави го и живеј си го животот без притисоци и нервози, мала си имаш време кога да се расправаш со вакви работи, тоа не ти бега.
     
  6. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Здраво јас сум нова на форумов, би сакала да споделам еден проблем кој ме мачи веке подолг период малце ке бидам поопширна но секаков совет е добродојден и ке ми значи. Веке подолг период јас и мојот дечко имаме проблеми во нашата врска поради неговата недоверба во мене и претераната љубомора, да напоменам пред да бидеме во врска учевме во иста група на факултет и јас цело време сум му се допагала нему јас помислував да не ме свига можеби но не бев сигурна и затоа си искачав со други, а тој цело време се трудеше и остануваше разочаран.Кога од негов другар дознав дека ме свига му пишав и го викнав на кафе и така почна све. Во врската на почетокот беше све прекрасно после тоа почнаа кавгите за лајкови коментари ми се налути за кавер слика што ја ставив кај што бев со полугол грб со тетоважа, не смеам да се тагнам со другари, ако ставам слика со друштво кај што има и машки збеснува се кара со мене преувеличува не ми пишува со денови ми спушта, два пати ми раскина од недоверба па ме моли да му се вратам да почнеме нов почеток но ништо од тоа се се повторува и ретко се гледаме од истата причина. Да напоменам он е конзервативан затворен тип што нема многу пријатели посебно не женски, јас го сакам но навистина незнам што да правам веке и како да се однесувам,на секој начин веке се обидов да му покажам дека сум му верна и го сакам но нема ефект За секој совет однапред сум благодарна
     
  7. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Дечкоти нема проблем со тебе,он има проблем со самиот себеси.Едноставно он нема верба во себе и затоа и се плаши ти да не направиш со некој нешто,и ги забранува тие работи.Едноставно треба отворен и убав муабет да му објасниш дека тебе овие работи ти пречат,и дека ако продолжи така сигурно ке те изгуби наместо да те задржи.Треба да се дружите,шетате,едноставно да уживате во животот.Ако ти си му верна и искрено го сакаш,нема потреба да паничи и да забранува не сте вие мали деца,сепак сте више возрасни.
     
    На BoyL и Milla Jovich им се допаѓа ова.
  8. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Се обидов многу пати да му кажам и отворено да зборуваме за тоа но ништо ни од тоа ако му пишам на фејсбук не ми одговара, на телефон ми спушта, за гледање е по тешко зошто работи на две места иде и трета смена иде и на тренинзи бидејки е спортист, ама од како ке се скараме и да има време нема да сака да се видиме ке помине цел месец па ке ми пише божем на подобро иде еден лајк или некоја нормална објава на фб повторно све менува и се така во круг а знам дека ме сака не е тип на момче што вара што е кретен напротив многу е посветен на работа за на хобито одговорен е и сериозен дури и премногу, пред две недели постојано ми се јавуваше и беше све супер додека мојте слики од одморот со друштвото не направија пак да биде по старо
     
    На Скопјетесакам му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Скопјетесакам

    Скопјетесакам Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2015
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    9.191
    Епа чим не иде не ја влечете со сила работата,кај што има искрена љубов таму има и разбирање,едно со другото идат сами.Не викам дека ти не сакаш да ме не сватиш погрешно,ама дечкото или е неиживеан или незнае што сака во животот.
     
    На Milla Jovich му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Од сакање не се живее. Јас сум една од тие личности што верува дека за добра и стабилна врска не е потребна само љубов. Љубовта е битна ама не и најбитна. Побитно е да имате доверба еден во друг, да се почитувате, подржувате и тоа. Човек кој избувнува за се и сешто, кој ти забранува нешто или слично не те сака, само е опседнат со тебе и толку. Опсесија и љубов не е исто. Не си ти ниту робот, ниту играчка за како ќе те навие така да правиш. Толку од мене па ти размисли. Штом пишуваш овде значи дека и самата си свесна дека ова е проблем кој не е воопшто мал.

    @Avery најдобро ти кажала. :)
     
    На Wahnsinn и kjukli им се допаѓа ова.
  11. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.549
    Допаѓања:
    166.486
    Пол:
    Женски
    @Milla Jovich Колку време сте заедно?
    Треба да бидиш цврста, ќе му кажиш дека ако продолжи вака - крај. Ќе му објасниш шо ти смета, ќе ти објасни тој што му смета и ќе најдите некоја средина, мал компромис. Зошто сериозно нема смисла да немаш доверба во парнерот, зошто сме тогаш со него? И да, објасни му го детаљно делот што тука го опиша за тоа зошто си одеше со други. Господе, ти беше слободна девојка која прави како сака, а во врска си верна и мислам време е тој тоа да го сфати.
    Накратко речи му дека ако не го смени своето однесување дека веќе нема назад после раскинувањето.
     
    На Milla Jovich му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Вашите совети ме охрабрија и ке ги применам за одлуката што ке ја донесам.
     
    На BoyL му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Мила целата проблематика е токму во него, тој не умее баш да си ги контролира чуствата, не може да се справи со својот проблем љубомора во главата и во неговата псих
    Не си ти проблемот туку тој, ако секогаш ти вели "ќе се сменам" и е свесен за самата ситуација а во меѓувреме не превземува ништо и тера секогаш како му годи нему, време е да ги отвориш картите пред него и да направиш еден најсериозен муабет, биди доста убедлива во своите зборови спрема него за да те свати сериозно а не да го слушне тоа и да го занемари како незанемарлива работа што влегла и излегла од уво.

    Време е да помислиш и на себеси и да ги вмешаш твоите чуства... да пробаш и твоите чуства и твоето лично јас лично да му ги доставиш до знаење, да свати дека ниту си играчка ниту кукла за да игра со твоите чуства и да се расправа за толку безвезни работи.

    Љубовта не е љубов ако се нема довреба и разбирање... една од емоциите во љубовта е токму оваа која е неопходна секогаш во една врска, ако тој има проблем од ваков тип треба да проба и да се обиде да размисли што прави и до каде ја води оваа врска, бидејки со непотребни испади од негова страна нема никогаш во ништо да успеете а камоли да бидете сплотени.

    Уште една работа која ми боде во очи е делот кога зборуваш како тој е премногу со обврски и нема време за тебе, ете може овде стои клучниот проблем за вашата врска, запрашајте се?
    Можеби тој од премногу обврски и невнимание не си дал време да те запознае всушност каква си и да увиде дека нема место за љубомори и испади, ете можеби малку време ви недостига во врската и внимание за да увидите и воочите каде стои проблемот, може сите овие чуства извираат од недостаток на заеднички моменти, взаемна љубов, вашите навики, секојдневието... можеби сето тоа на него му фали за да воочи всушност дека греши...многу греши...
     
    На theowndemon и Milla Jovich им се допаѓа ова.
  14. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Сосема си во право сите велат дека нашиов проблем највеке си тапка во место од недостаток на вербална комуникација и моменти поминати заедно, но ете претходно пишав тој кога ке се налути неке да се види со мене јас што да правам ? тука сум немокна да се борам со неговиот инат, пред две недели имаше натпревар на кој ме покани откако се испокара со мене заради што на сликите имаше и наши колеги ми рече сакам сам да бидам на натпреварот не ми создавај дополнителен притисок и така сум под притисок,му објаснувам дека тие ни се колеги дека не можеме да им забраниме со нас да се дружат на тоа ми вика оди си тогаш со колегите и чуствувај се забавно сликај се тагнувај се што сакаш прави сега како да успеам да бидам со него незнам веке со што и со кои зборови да допрам до него, да раскинам ке ми биде тешко знам и тој ке ме бара пак како и секад
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.957
    Допаѓања:
    219.279
    Пол:
    Женски
    Потполно те разбирам и верувам дека подолго време сте заедно.
    Јас ти го пишав решението на клучниот проблем.

    И ти тоа што треба да направиш е да седнеш и ако треба да бидеш и груба но да си ги искажеш своите чуства и ставови, значи не преку телефон туку во 4 очи, кажи му и објанси му се, а најпрво кажи му дека всушност вашиот проблем со недоверба е во клучот што тој треба да ти обрне повеќе внимание и да биде секојдневно дел од твојот живот така можеби и ќе те запознае подобро и ќе свати всушност дека нема место за паника и испади.

    Да не се повторувам веќе ти пиашав, време е да стиснеш заби и ако треба и со полошо и подрастично да постапиш, можеби така на тој начин ќе се освести и ќе потпомогне.

    Ако веруваш дека цел живот вака ќе го поминеш покрај него, тој да е 24 часа излезен и да прави што сака а ти да седиш дома и никаде да не одиш никој да те гледа незнам како ќе издржиш, можеш самп да се упропастиш и да се каеш, а ваков човек ако сега не се смени и ако му попуштиш за се понатаму во животот само на полошо ќе тера, на подобро нема да може.

    Затоа не дозволувај уште сега како што викаат "преку леб погача" бидејки ќе се уништиш самата себеси.
     
    На Milla Jovich му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    :(:((y)
     
    На vitamina му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Tove Lo

    Tove Lo Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    419
    Абе види сега една смешна работа мразиме љубомора но ни годи ,реагираме затоа што пречи ама од друга страна викаме ..чим реагирам ми значиш ,да има нешто за што знам а да не реагирам значи не си ми битен/битна ..се док е во граница се прифаќа ама за љубомора да се фатиш за гуша не бива..тогаш е опсесија и више потреба од поимот да не си сам и дека се се врти околку тебе ..отколку да биде во стилот се сакаме си веруваме и идеме напред...се со доза на нормала е убаво пристојно а и сосема природно..ако сакаш значи да веруваш и обратно зборам за повозрасните посозреаните врски..пошто ова за маливе не важи сега се се сведува на адд френд?! лајк ? која е оваа.. и уште нешто мн битно од мој аспект колку помалку ви знаат за врската толку помалку караници..и не се фалете секому дека цветате и вие и вашата врска и тој...затоа што не секој ви мисли добро и ви посакува така да ви остане.. има мн болно зависно љубоморни стоврења ,што се топат пред вас кога им раскажувате а зад грб мислиш кандила и клетви прават и ко за беља пред нос ке ти искочи со него/неа да се рчнеш.
     
    На theowndemon и Milla Jovich им се допаѓа ова.
  18. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.944
    Допаѓања:
    7.883
    na isto sum de..ljubomoren e do beskraj...za zal izgubiv mnogu drugarki i drugari poradi negovaata ljubomora , no toa e si go sakam
     
    На Milla Jovich му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Milla Jovich

    Milla Jovich Активен член

    Се зачлени на:
    16 септември 2015
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    13
    Пол:
    Женски
    Јас мислам дека фејсбуков е најголемиот виновник за љубомора за растурање на врски па и на бракови се изгуби поимот за вербална комуникација а со виртуелната се повеке се одалечуваме, зашто овој ти лајкнал ти коментирал, многу слики ставаш, па и песна ако постираш да не е за некој друг текстов не е ко за мене. Јас лично по природа не сум многу љубоморна во врска освен ако не ми се даде добар повод за тоа но сум жртва на едно детско незрело однесување од страна на мојот дечко кое тешко кој може да го толерира
     
    На martine и Tove Lo им се допаѓа ова.
  20. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    Љубомората е болест.Ама како да ја надминам?И тој и јас сме ненормални љубоморни.Долго се влечкаме.. Биднаа 4 години како се влечкаме само губиме време.Не знам што да правам.Јас со причина и сум ненормално љубоморна ама он нема никаква потреба од тоа.Само се караме без врска.Се ми смета околу него :/ Не бев таква, тој целата работа ја зезна и тоа неколку пати.Сега и да сакам да му верувам неможам.