Луѓе од лично искуство ви зборувам, претераната љубомора е болест а со нејзе заедно и одат и она контролирање постојано, поставување забрани, барање отчет за секој направен чекор и обвинувања за џабе. Си го имав еден, среќа на време сфатив што е работата, а и врската ни беше ептен кратка па не ми беше и некој проблем да го откачам, иако малку потешко сепак го откачив. Од дома никогаш не ми бранеле со кого да се дружам, каде да излегувам, а уште помалку ме барале додека сум излезена со прашања од типот кај си, со кого си и тие работи. Значи не сум навикната на тоа и ми пречи. Дечкото беше болно љубоморен и до пладне се мразеше самиот себе, а после пладне и сите околу себе. Сите мои другарки без лицемерки, сите мои познаници беа пропалици, коцкари, пијаници, наркомани и не чинеа, само тој кутриот беше највреден, најпаметен, најдобар итн. Секој што ќе го сретнев на улица, поздравев или ќе ми пишеше 2 збора на фејсбук (чисто пријателски, без никаква скриена намера) ми беше симпатија, иден дечко, го сакав итн. Јавувања на телефон по 50 пати на ден на секои петнаесет минути. Зошто сум седела цел ден на фејсбук, а ако сум исклучена од фејсбук веднаш врти кај си те нема на фејсбук. Ако не се јавам на телефон следат јавувања кај мои другарки, кај брат ми веднаш да провери кај сум. Ако сум излезена веднаш ме бара да ме видел на пет минути, во превод да дојде да се заседне со мене и другарките и да виси таму до крајот на вечерта. Имаше голема желба да ги запознае моите родители, иако не му ја исполнив желбата. Краен заклучок, целта на дечкото му беше да ме оддалечи од сите, да се вртам само околу него + да ги запознае моите да се покаже колку е тој добар вреден, паметен, културен, за ако дојде до тоа да му раксинам еден ден тој да биде добриот а јас да не чинам. Љубомора која ја покажуваше преку контролирање и постојано буквлано замарање. Вака и не изгледа толку страшно ама за мене беше голема траума сето ова. Да не можеш да дишеш на мира, да треба отчет да дадеш за секоја постапка. Ако ја продолжев врската со него најверојатно и со тек на време ќе ме тераше дозволи да му барам, аха да сигурно. Ми се дереше постојано, таков му бил гласот де, така зборел фамилијатно толку гласно збореле. Најбитниот дел, за жена ќе ме земаше дечкото. Тој самиот си планирал јас да завршам средно и да сме се земале, а можевме и одма да се вериме замислете. Работата испадна 99% готова само уште јас да кажам да. Штета го разочарав. Не ми беше намерата за сериозна врска, за брак уште помалку, а и да планирав некако неможам да се видам со него во иднина. Малку ми беше криво што на толку злобен начин го шутнав, дури и бев премногу остра може ама морав да му вратам за психичкото малтретирање. За таквите само така.
Љубомората е чуство и е најнормална појава во една врска или брак. Она што не е нормално и подразбира болест е опсесивноста. Сметам дека вашата опсесивност е причина од вашите животни искушенија кои еден од вас не успеал да се справи со истите, а обостраното чуство е резултат на понашањето и односот од другиот. Се на се, ако неможете да преминете преку оваа состојба најдобро за вас би било да прекинете, и да не се мачите повеќе во врска каде што нема ниту разбирање, ниту, осет, ниту доверба пред се. Ако нешто се скрши многу тешко е неговото лепење, но ако ја немате обостраната "хемија и труд" да преминете преку скршениците и проблемите во вашата врска тогаш пиши пропало. Нема простор за иднина во една врска каде што преовладува чуството на опсесија.
Понекогаш се прашувам дали да останам во врскава, баш заради мојата љубомора. За некои глупости почнувам да љубоморам и да се нервирам и се повлекувам во себе бидејќи несакам да го нервирам него заради ова мое чудо. Премногу го сакам и несакам да го изгубам, ама не знам како да го контролирам ова.
Викаат дека чуството на страв се лечи со соочување на истото. Сосема те разбирам, неосетно ради икс причини си завземала таков страв и став за љубомора, но знаеш и самата дека со истата нема да успееш да ги водиш работите на прав пат, напротив можеш само да се измачуваш и да патиш без потреба или со потреба не би знаела. Затоа колку и да се измачуваш одвнатре со тоа чуство ако нема причина за истото потисни го и гледај по полека да го искорениш колку и да ти паѓа тешко на душата, гледај да се избориш со предизвикот во тебе, и денот да си го исполниш без да мислиш на љубомората и непотребните мисли. Никој нема да ти помогне околу твоето чуство освен ти самата, биди упорна.
Ким, љубомората е едно од најдеструктивните чувства, ама за жал за неа нема лек. Ако си таква по природа, тоа е, нема назад. Твојава ситуација ме потсетува на мене пред повеќе години. Не знам колку време сте заедно, која возраст сте и дали постојат (ако постојат кои се) причини за тоа, ама можам да ти кажам дека со време љубоморава моја се смири, па се надевам дека истото ќе се случи и со тебе. Едноставно, после повеќе време веќе почнуваш да се чувствуваш сигурна, да имаш поголема и понеколеблива доверба во својот партнер и на тој начин се намалува тоа проклето чувство. Не е дека ќе го снема потполно, би рекла дека е и здраво по малку да сте и двајцата љубоморни, ама со време се' се менува, кога ќе ти докаже дека ти неговиот свет и дека не постои никоја друга освен ти. Немој да се грижиш, но потруди се да ги зауздуваш изливите за доброто на твојата врска. Изброј до 10, вдиши и ако не можеш да се исконтролираш, обиди се барем колку е можно помирен тон да имаш и поблаги зборови да употребиш. И тоа е нешто за почеток.
Што е причината, ни јас не знам точно да ви кажам. Голем дел има мојата ниска самодоверба ваљда, и фактот дека сите што ги знам, имаат некој трет во врската, буквално сите. Не знам дали ова више е нормално или ја со чудни луѓе сум опкружена Јас имам 19, он 20 заедно сме нешто повеќе од пола година, па со тек на време и јас се надевам дека ќе биде подобро.
Остави ги тие оние "сите" и не си набивај комплекси ради малскиот народ, не вреди верувај. Самодовербата е важен фактор, гради си ја според твојот карактер и став лилно за тебе, за вас. А оние "сите" нека си го берат гајлето. Крај краева секој што си посеал ќе си жнее.
„Добри“ причини за љубомора. Немаш потреба од ниска самодоверба. Прашај се во што си добра? Дали го правиш среќен? Дали си ти единствената што знае што тој сака и во што ужива и како да му угоди? Претпоставувам е добар со тебе. Дотерај се, крени го носот малку, самобендисај се и веднаш ќе почнеш поубава и попаметна да изгледаш и во туѓи очи. Тоа почнав сега да го правам, ми дојде памет после 10 години. Башка, млада си и ти и тој, нема причина да имаш ниска самодоверба. Што се однесува до вториот проблем, можеби сте во такви години, а можеби и такви времиња дојдоа, па не знам од која причина тешко е да се биде моногамен. Можеби е време да се смени друштво или да се ограничите на оние „подомаќински“ настроени, да речам, кои се сакаат вистински, кои личат на вас.
Поради болната љубомора од негова страна ни заврши врската.Да не беше тоа и уште некои други негови особини во карактерот, ќе бев најсреќната девојка на планетава.
Ако нешто не трпам, тоа е посесивноста. Значи ни во мала мера, ни во голема мера, ни во никаква мера. Не сум посесивна, не го контролирам дм, не му знам пасворд на фб, не му чепкам телефон, излегува без мене, ако сака да сподели - добро, ако не, не мора, не си титкаме, се слушаме преку сила еднаш на ден (кој прв ќе си дојде ручек да сплеска), и ако можам јас да не го трујам, очекувам и тој мене да не ме труе. Ако одлучил да ме изневери, да му ѕвонам на 20 минути пак ќе најде време и место и начин. Ако веќе немаш доверба во некого - подобро прекини ја врската, не се мачи и себе и него. Па тазе сте де Уште немаш доверба во него. Ако тој не ти дава поводи за љубомора, нема ни да имаш толкава несигурност во иднина. Башка, ќе ти кажам една работа - не гледај како др. девојки се однесуваат према него, туку како тој према тебе. Имав една случка со дм пред 4-5 години, една девојка се заљуби во него. Ама тоа беше нездрава заљубеност. Накратко, во исто време ја запознавме и и помогнавме, ама таа си увртела во крпче дека тој ќе ја засака и не знам што. Јас не се оптеретував ич, ама он мн. се нервираше. Му ѕвонеше исклучиво навечер, кога знаеше дека е со мене (преку ден не), пишуваше реферати СМС, пишуваше на фб, малтретираше негови другари итн. Овој мојов проба со убаво, проба со карање, никако да ја откачи. Јас не чувствував љубомора - пошто немав причина да чувствувам, не можам да им забранам на жениве на светов да го гледаат мојов како потенцијален нивен партнер, мене ми беше доволно што тој не ми даде ни една причина за сомневање. Во една прилика, кај него дома седев на ПЦ, и му пиша она на фб. Јас го викнав и тој ми вика - абе пиши и нешто, што сакаш, откачи ја. Јас и пишав само - Здраво, Камелија е тука. ** има работа сега, ако е итно да го викам? И од тогаш - ни трага, ни глас И да, сакав да ја отерам у три лепе, не зашто ми беше криво што го засакала мојов, туку што ми го реметеше животот со нејзината опсесија. Ама гласот на разумот нека преовладува во секоја ситуација, брои до 10.
Од моја страна никад не сум љубоморел нит ќе љубоморам. А од другата страна исто не сакам да има љубомора.
И јас сум љубоморна на него и тој на мене, секако се е во граници и никогаш нечија љубомора не не довела до караници.
Страв да не го изгубиш и да не те изгуби е темелот и жарчето во една врска.Љубомора е несигурност во самиот себе,па после во другиот.
Не постои човек што не осетил љубомора во една врска, се разликуваат во интензитетот и патологијата..но ако досега не си бил љубоморен тоа значи и дека не си бил заљубен
Се согласувам комплетно.Посебно дека зависи од интензитетот .Така што кога самопочитувањето и стравот дека ке изгубиш некоја личност ке премине баш во љубомора од типот,ЈАС КЕ ТИ КАЖАМ ОД ДЕНЕС СО КОЈ БИ ТРЕБАЛО ДА СЕ ДРУЖИШ И ДЕНЕСКА БАШ И НЕМОРА ДА ИСКАЧАШ,а не дај боже од типот ДАЈ ПАСВОРДИ ОД СЕ И ПУШТИ ВОДА ОД ВЦ,несакам да бидам така ЗАЉУБЕНА и така некој да ме сака.
Девојки имам еден проблем што ме кочи. Нова година муслиманите не слават,е сега јас последните неколко години си славев со другарките.Е сега дечко ми дека тој не слави,никогаш не славел не ми дава и мене јас да славам....Дома ќе седиш ми вели или во 2016 ќе влезеш без мене,на некој начин како да ме уценува.Не сакал да бидам со другарките за да не пијам,ќе имало многу пијани,ќе ми се пуштиле не знам што не знам како........Многу е љубоморен..Сега од една страна го сакам не сакам да го изгубам а од друга сакам со другарките да си минам...Не знам што да правам совет ??!!
Од кај сега ова дека муслиманите не славеле нова година??Ако е така, седи со дечкото, прослави си со него..мммммм и тоа може да биде убаво, батали сега другарки, ова она...