Муслиманите не слават нова година Ама и тој не сака заедно да бидеме,вели дека не треба да се слави !!! Не знам како да го убедам,јас си планирав со него ама штом тој не слави барем јас...
Да,вели дека тоа е обична вечер за нас,нема славење,а многу муслимани слават тој е поназад малку... Ами како да го оставам го сакам
Јас кога оставам некој засекогаш го оставам !! Е сега не знам како да направам да го убедам,ама тој си стои на своето ама не сакам да го изгубам
Јас имам многу другари муслимани сите слават нова година. Многу години и заедно славевме и преинтересно беше. Мораш да сфатиш дека нема сите убајни во случајот. Одлучи си што ти е поважно. Дали ќе си бидеш достојна на себе и твоите желби и ќе си славиш нова година оти баш си сакаш по цена и да го изгубиш, или ќе потклекнеш и ќе дремиш дома на нова година веројатно мизерна дури другарките твои си поминуваат убаво и младоста ти минува... Биди внимателна до каде попушташ оти можи подоцна да бидеш злоупотребувана. Јас да бев на твое место, би отишла до другарките и тоа на фин начин би му кажала те сакам и сакам да сум со тебе ама секоја година си славам со другарките и тоа не е ништо лошо само една забава... Се најдобро.
Nekoj ako resil da ti se pusta i trezen ke ti se pusta,ako te saka ke te razbere i ke te pusti a ne kako dete da razmisluva,ti ako si resila da go izneveris i so sindziri da te vrzi pak ke go izneveris,voopsto ne go opravduvam toa e detsko odnesuvanje za mene no sepak ti si znaes.Toa ne e pricina za razdelba,ucenata mu e katastrofalna ako otsega vaka ti pravi pa kojznae koga ke ste vo brak sto ke pravi pozz
@Zeynep девојко просветли се и веднаш тргај се од таков човек. Какви се овие глупости? Јас не славам нема ни ти? Зарем сакаш да мизеруваш секојдневно покрај него и да бидеш предмет на негови желби? Немаш карактер ти некаква годрдост? Или слепо ќе го слушаш како те запрепастува секојдневно со неговите каприци и глупости? Освести се и додека не е касно тргни се од него, колку и да звучи сурово ова и тешко, верувај дека еден ден ќе бидеш благодарна на самата себеси што си се отргнала од него а вака само ќе патиш и ќе се мачиш. Зарем сакаш младоста да ја поминеш дома заради него и неговите хирови да командува? Размисли.. размисли добро дали сакаш да се оцрниш за цел живот!
Јас досега никогаш не сум го слушала,кога ќе ми кажеше нема да излегуваш оваа вечер јас за инат ќе излезев,кога ќе ми кажеше порано да си дојдеш јас покасно си идев...Е сега не знам изгубивме и малце контакт не пишиме,тој не е лош ама вели дека мене ми верува но на другите не...Не знам јас стварно го засакав,ние планираме и да се земеме ама сега не знам што да правам
Незнам колку години имаш и колку е сеирозна Вашата врска, но ако веќе прашуваш, јас сакам да ти ,,дадам,, ум - бегај подалеку колку те држат нозе од такви диктатори. Без разлика дали муслиманите чекаат или не Нова година, ако денес се осмелил да ти брани нешто, утре кога ќе ти биде маж може се да му падне на памет. Не биди будалче и немој да мислиш дека тој е прв и последен човек што ќе го сакаш во животот. Бракот не се базира само на љубов, напротив, љубовта ќе исчезне за неколку години...и после ???...и осанува само да го трпиш неговиот терор -не ваму, не оди таму, не со овие, не со оние... Батали детски љубови... Претпоставувам дека си многу млада, имаш пред себе цел еден живот, немој да се коцкаш со такви битанги.
19 години имам. Озбилна ни е врската.Да јас знам дека се што кажувате се е така,ама јас не сакам да прифатам тешко ми е ич не сакам да прифатам дека е таков
Епа еве прифати дека е таков, а да знаеш дека кога ќе ти стане маж ќе биде бетер. 19 години не се многу, ама не се ни малку за да сфатиш дека треба да си живееш свој живот. Сега читам, и погоре други членки ти пишувале слично како мојот совет.. Прифати барем минимум од тоа што ти го напишале.
Работата е баш тоа што не можам да прифатам...Може ќе се смени кога ќе види дека неможе да ми каже тој јас што треба да правам не знам не знам
@Zeynep мила, секоја забрана е знак за тревога во една врска, без разлика на причината. Денес прослава на Нова Година со другарките, утре ќе ти забрани и обично дневно кафе со нив, не оди на арно работава. Е сега, да сум на твое место, би пробала со фино да го натерам да свати дека јас не сум негова сопственост, туку сум си само своја и никој (па поготово дечко) нема право мене да ми кажува што да правам, каде да одам и со кого да се дружам. Ако е паметен и разумен, ќе разбере но видиш ли дека сите обиди ти се залудни и дека тој си продолжува со забраните-кажи му чао! Во спротивно, за неколку години знаеш каков ќе ти биде животот-од работа дома, од дома на работа, другарки јок, евентурално до кај твоите да отидеш и толку. Размисли си со време, има случаи каде љубовта едноставно не е доволна...
Зејнеп не си до толку малечка за да се однесуваш вака како разгалено детиште. Баш разгалено со твоите зборови "не не сакам" "не сакам да прифатам" многу си разгалена и несозреана за твои години да знаеш. Ем гледаш дека не е во ред ова, ем се нервираш постојано и пак тераш по свој инат. Не е битно тоа што е муслиман, проблемот е во љубомората, денес ти диктира за нова година утре ќе диктира за многу посериозна работа, отпосле и животот ќе ти го згорчи а ти седи и пак не прифаќај ништо. И утре кога ќе биде предозна за било што ќе се освестиш всушност како си си го упропастила животот за нечиви хирови и каприци. Ах бре дете!
А да пробаш да го викнеш и него? Ама лабаво, не еуфорично туку онака уз муабет демек ајде де, не е богзнае што туку чисто онака, како обично излегување. И ќе му видиш реакција, ако прифати значи има надеж, ако не барем ќе ти даде јасно до знаење за понатаму, а тогаш размисли си, вреди ли да се замараш и да му угодуваш по секоја цена кога тој воопшто нема почит спрема тебе и твојот приватен живот. Мора да се цениш повеќе за да те ценат и другите (вклучувајќи го и него). Ако не ја бива, не е крај света девојче. Љубомора донекаде е ок, но ако е премногу интензивна како кај него, тогаш тоа веќе преминува во болест. Премлада си, не се зацрнувај уште сега. И ова сакав да кажам, немој да дозволиш да ги губиш другарките заради него. Тоа е најголема грешка кај едно девојче. Еве утре ако раскинете ќе ти треба друштво, а не е исто да се потпреш на некои што те знаат цел живот и тек да бараш нови, ќе ти биде петпати потешко... Размисли убаво.
Тамам,имате право можеби сум уште дете што не сакам да прифатам,ама женски сте можете да ме разберете како е кога сакате некој Ќе се обидам да разговарам со него,ако не сака да сфати......Ќе се разделам полека полека од него
Па толку ако го сакаш убеди го таа вечер да бидете заеедно, не да славите туку да поминете квалитетно време заедно...или сами или со уште некој пар, гледајќи филм, јадејќи вкуна вечера, зборувајќи на разни теми, итн итн.... Тој ако барем малку те сака и почитува ќе размисли малку и ќе прифати да бидите тој ден заедно, пошто тебе тоа многу ќе ти значи. Инаку и јас би ти рекла да му раскинеш, пошто не е битна Нова година, ама тој така цел живот ќе ти командува...ајде за Н.Г. мање више, ама цело време треба тортури да трпиш. Размисли убаво. Ако има такви сфаќања дека не треба да слави Н.Г. значи стварно е 1000 години поназад со времето....пошто и јас имам другари/ки муслимани и сите си слават.
ako ne e tajna ne sum te citala no koja vera si ti? Dali kako sto kaza deka e mnogu ponazad od drugite muslimani svesna si sto ponataka vo zivotot... Ako si muslimanka ok gi razbiras znaes i pocituvas stavovite i mislenjata a ako ne bi te zamolila sama na sebe da si odgovoris dali si spremna na se pa potoa na brak i zivot, zatoa sto svakanjata na tvojot decko i ne mi se dopagaat mnogu. Zatoa sama na sebe odgovori si nemora ako nesakas javno