Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Муслиманка сум,Албанка :)
    Всушност мојот дечко јас од почетокот на врската навистина не знаев дека е таков што прати традиција,меѓутоа сега почнав да го гледам каков е и кога го прашав пред некој ден зошто не ми кажа дека си таков уште на почетокот,зошто тогаш не ми забрануваше туку сега почна,ми рече не сакал да ме изгуби уште на почетокот,да не ме исплашил па да не сум го оставила,а сега што сака да постигне што ми забранува некои работи јас стварно не знам.Ама мислам дека би можел да се смени ако разговарам со него
     
    Последна измена: 7 декември 2015
  2. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Заљубен сум и не сум љубоморен. ;)
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  3. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.338
    Пол:
    Женски
    Зејнеп разговарај со него и кажи му дека и ти настрана од него имаш свои другарки и живот, сакаш да уживаш со него а и со другарките а не дома да седиш. Можеби со искрен разговор би можело да ја подобрите ситуацијата, ако не се подобрува ништо и работава оди во погрешна насока е тогаш би требало да размислиш што понатаму. За почеток мораш да разговараш и да пеонајдете компромис и за ова и за се останато. На пример не мора да славите но можете заедно да ја поминете таа вечер и тој задоволен и ти. А не дома да седите и ти да скапуваш и да се досадуваш во 4 ѕида кога на пример и самите твои родители ти имаат одобрено да одиш.
     
    На Zeynep и MiloMalo им се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Веќе 10 минути дремам и си мислам што разумен совет и нешто што ќе допре до тебе да ти напишам, за да сфатиш дека со такви луѓе нема иднина. Те читам од самиот почеток на форумот и ова не ти е прв пост со проблем од ваков тип на оваа тема.
    Немам нешто и баш посебно да ти кажам, девојките над мене се ти кажаа. Не ми е здраво, ниту нормално еден дечко да се однесува како девојката да е негова сопственост па тој како ќе свирне таа така да заигра. Не, не и неможам да прифатам такви работи. Ти си имала друштво и живот пред него, откако си со него незначи дека треба да го заборавиш сето тоа, дечкото да речеме треба да ти дојде како еден плус и една позитивност и среќа во животот, а не секој ден да се нервираш и расправаш со исфрустриран дечко на кој никако не му е погодено. Да, мене ваквото болно и опсесивно контролирање и поставување забрани ми е одлика да не речам ама ќе речам прост, неизживеан и исфрустриран народ. И не несакам да те навредам ниту тебе ниту дечко ти, само си кажувам општо мислење на темата. Имам околу мене еден куп парови каде што дечкото по цели денови по кафиња, со друштво а девојката дома како мисирка и само се жали како несакала да излезе несакала проблеми со него, се лутел дотичниот. Или многу работи кријат од дечкото ете како тебе, се инаетат ама на крај се се дознава и дупло поголеми проблеми излегуваат.
    Мене ти вака на форумот си ми доста мила личност, прекрасно девојче само смени си го дечко ти за твое добро.
    Не е страшно ако го изгубам дечкото, страшно ми е да се изгубам самата себе.



    Во врска со славењето на Нова Година, познавам муслимани кои не слават нова година ама затоа секој втор ден дремат пред селската продавница со шишето пиво во раката. Ова не се однесува на твојот дечко, несакам да навредам никого, напротив имам разговарано со еден оџа на оваа тема и ми рече дека Нова Година како Нова година е дозволено да се прослави таа вечер, но не и да се пие алхокол.
     
    На vitamina и Zeynep им се допаѓа ова.
  5. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Не,во никој случај не ме навредуваш,се што кажа се е точно.Баш како што и погоре напиша,скриев нешто од него за да не дојде до поголем проблем ама после кога дозна стана дупло поголем.Нема што да правам освен сериозно да разговарам со него а ако си тери тој пак по свое,мене ќе ме боли многу ама секој по свој пат.Оти со ШИПТАР не можеш да се разбереш,а овој е сто години уназад...Извинете на албанската припадност, И ЈАС СУМ!! Ама сите знаеме дека само машките што се албанци,само тие ти забрануваат,други не познавам јас.
     
    Последна измена: 7 декември 2015
  6. Rose96

    Rose96 Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    2.680
    Допаѓања:
    37.125
    @Zeynep И јас сум албанка и дечко ми е, никогаш ништо ми нема забрането, ниту пак таткоми кој што е исто албанец ми има забрането нешто мене или на сестра ми, или на мајками. Така да не зборувај во име на сите. Љубомората зависи од човек до човек не од националност.
     
    На MilaP, Bozica1980, do-re-mi и 7 други им се допаѓа ова.
  7. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Епа ондак татко ти и дечко ти се исклучок од другите.
    Ај ај знаеме што и како е кај нас,повеќето.Не сум видела јас ни еден албанец шо ја остава женска му да шета,а да видам ќе се зачудам
     
  8. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.338
    Пол:
    Женски
    Зејнеп како е така ти не се огорчувај, не се нервирај и не генерализирај зошто сите сме различни и никој не е ист а и не може да биде.
    На страна од тоа дека си Албанка ако си ги отвориш очите и пробаш да ставиш крај на ваквата опсесивност од негова страна и да пробаш да стиснеш заби и да го искорениш од твојот живот ќе имаш простор да запознаеш многу момци кои ќе успејат да ти го освојат срцето и да те направат среќна, во случај да не сакаш тогаш остани си доследна на него и тероризирај се секојдневно од неговите хирови и каприци, ама тој нема ништо да загуби туку ти ќе загубиш младост и можност за запознавање на други момци кои може ќе вредат и ќе те направат среќни а не да те затвораат дома и да ти наредуваат.

    Изборот е твој, што ќе направиш за себе ќе си направиш, а млада си многу и животот е пред тебе можеш да запознаеш многу подобри момци а пред се да уживаш во животот без стресови и забрани уште на млади години.
     
    На eloves, Kukla994, Zeynep и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.580
    Допаѓања:
    166.895
    Пол:
    Женски
    @Zeynep
    Речи му „Или јас ќе поминам со другарките, или влези во 2016 без мене. Ако ти немаш доверба во мене зошто си во мене? Шо дека некој ми се пушта ако јас не возвраќам и ако јас одбивам?
    Накратко, ако тој нешто не слави не значи дека не смејш и ти. Како што и немаш право да го тераш да слави со тебе, тој нема право да те присилува ти да седиш дома и да не славиш. На крај краева, барем да се нафати заедно да ја седита таа вечер, без некоја особена причина, ама вака е апсурдно.
     
    На Nausicaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Нема потреба од генерализирања, лично немам ништо против албанците, иако имам слушнато милиони муабети кои не биле кажани во добар контекст, сепак ќе си останам на ставот дека зависи од човекот, не е до нацијата. Сеедно, познавам еден куп парови (македонци) и девојки кои се во иста ситуација како тебе. Дечковците наоколу им се шетаат, а тие дома зошто се лутел дотичниот ако излезе. Згора на се, мора да праша може ваму да одам, може таму, може онаму?!?! Мене тие работи не ми се нормални.

    Пишав поназад на темата, си го имав еден на почетокот беше океј па му дадов шанса на крај испадна .. ај да не кажам. И сега да се вратиме на тебе. Прочитав и брак сте планирале, страшно. Ако сега додека сте во врска се дрзнува да ти проповеда, можам да кажам дека во брак животот хаос ќе ти го направи. Тогаш незнам колкава шанса ќе имаш да го оставиш ама ајде да не одиме толку далеку. Љубовта е минлива работа, всушност имаш само 19 години, имаш уште многу шанси да запознаеш нови дечки кои нема да те малтретираат вака психички и ќе те направат далеку посреќна. Незнам ете, не верувам дека ова би го решила со разговор. Сепак се работи за карактер на човек, може моментално ќе се смири или подобри и нема да те напнува толку ама незнам до кога би трело тоа, а бараме трајно не привремено решение. Колку и да го сакаш тргни се од него, за еден ден да не ти биде многу доцна.
     
  11. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Да онака кажав од нервоза,инаку сите албанци шо ги знам другари роднини сите исто прават.Кога еден другар не и даваше на женската да излези од дома јас викам како може да дозволи такво нешто,глупа ли е,а сега кога ми дојде мене исто....и јас се мислам глупава.Сепак е до човекот,бидејки и татко ми е албанец,и моите браќа,и тие не се такви.Секогаш дека сакам да одам,татко ми секаде ме пушта.Е сега за бракот со овој ќе размислам,веќе мислам и чуствата кон него ми се губат така кога прави,само ме одалечува од него повеќе.
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Со последната реченица најмногу се согласувам.
    Сепак си сеуште млада и нема потреба да избрзуваш.
     
    На vitamina и Zeynep им се допаѓа ова.
  13. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.338
    Пол:
    Женски
    И треба да размилиш дали од слободен и исполнет живот сакаш и ќе прифатиш да одиш на место каде што ќе бидеш предмет на каприци за глупости на еден човек. Ова неговото не е љубов туку е опсесија, не избрзувај и не стварај илузии за џабе.. оокрај посесивен човек нема да можеш да живееш среќно и исполнето.
     
    На crazylady и eloves им се допаѓа ова.
  14. 123.Maki-first

    123.Maki-first Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    107
    Пол:
    Женски
    Не бе нема врска дали е Албанец или Македонец, јас сум Македонка, дечкото што најмногу ме контролираше и ми бранеше се нешто беше Македонец. Ми бранеше да носам хеланки, шорц, сукња над колена, па дури и црвена боја зашто таа најубаво ми стоеше. Кога не бев негова девојка, ми се мешаше во врската и му одговараше кога носев црвена боја, после тоа ми забрани. Еднаш кога излеговме, а јас бев во црвена јакна и хеланки, дури не сакаше да ми прави муабет. Друго ми се лутеше зошто сум го носела црвениот капут, а црниот сум и го дала на сестра ми, сум требала да го носам црниот, косата не требало да ја фарбам црвена, ржеше по машки по улица ако ме погледнеа. Не смеев да се шминкам, еднаш сакаше карминот да ми го брише со салфета. Да не зборувам за тој еден негов другар што го прати да ми се пушта, дури и ми правеше замки иако јас на другар му не му дадов никаква шанса. Што и да направев, пак јас сум планирала нешто, сум лажела, сум користела... Затоа го изневерив намерно, му го донесов тој пред него и го одминав, па по 2 дена му кажав Ете јас така изневерувам, не ми е гајле дали ти ќе знаеш. Му кажав дека не го искористувам зошто он не користи за ништо, некоја со него ептен од љубов може да биде. Не го трпев многу, 2 месеца, па после некое време уште еден и тоа беше последно. Откако му раскинав, негов другар цело време ми пишуваше, па направи втор фб иако го користеше и првиот и од вториот ми пишуваше 24/7. Уствари тоа дечково да ти бил со другаров договорен, од вториот негов фб имал лозинка и можел да си влегува да ни чита разговори, да следи каде со кој ќе одам и што правам. Последен пат пред 3 недели ме побара, зборуваше како е сменет иако јас не можев да приметам во што, а он на крајот пак се налути зошто сум требала да излезам со еден иако он и јас веќе немаме ништо. Не знам ама јас не можам да го сакам повеќе, нема право тој да ми наредува и да љубомори, ни он не беше цвеќе за мирисање. Знам и јас бев љубоморна, ама не до волку и не без причина, овој сам си бараше причини.
    ...Не знам дали има нешто побетер од овој... |( (facepalm) (facepalm)
     
  15. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.960
    Допаѓања:
    219.338
    Пол:
    Женски
    Не си должна да се објаснуваш на народот за твојот живот и твоите постапки, тоа да го знаеш.
    Постапувај секогаш онака како што сметаш ти дека е правилно за тебе и не се замарај со останатите што го берат туѓото гајле.
    Во случајов добро си постапила а со тоа си си докажала самата на себеси дека имаш гордост и самопочит спрема себе. Не дозволувај да бидеш вака газена, никогаш.
     
    На 123.Maki-first, eloves и buba4e89 им се допаѓа ова.
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    ^ Искомплексиран дечко.
    Бојле шти си се тргнала.
     
    На 123.Maki-first, eloves, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Mariangel

    Mariangel Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    47.003
    Пол:
    Женски
    Еве јас ќе дадам пример за моја братучетка која што има веќе 25 години и е во врска со еден шапшал 7 години па се надевам дека бар на некоја ќе и се отворат очите од случајов. Значи братучетка ми нема ниту една другарка,порано имаше еден куп другарки по цел ден беше испадната со нив се дружеше се социјализираше и наеднаш почна една по една да ги губи како другарки. И тоа не да се скара нешто посебно,едноставно престанува наеднаш контакт со нив и крај. А зошто? Затоа што идиотот ја уценува,другарка ти е ваква вака се зборува низ град за неа од кај да знам може и ти нешто ќе направиш со неа. Одлучи се или јас или другарка ти :x И таа си го бира секој пат него,и без срам кога ќе ја прашаме зошто не контактираш веќе со таа и таа? Вика па дечко ми вака ми рече и јас нормално него го избрав и таа да се најдеше во таква ситуација дечко и ќе си го одбереше не мене (facepalm) Дали воопшто некој што те сака и цени треба да те уценува за вакви банални работи? И сега,бидејќи му дозволи да ја уценува уште од почетокот,тој ја држи во шака цело време. И забрани да дојде на мојата матура,и забрани да доаѓа кај нас на слави,родендени, на првиот роденден и крштевка на синчето од нејзина прва братучетка. И сето тоа го прави со лаги,лаже дека ја боли глава или и е низок притисокот или ја боли стомак и „повраќа“ а сите ние знаеме која е причината. Луѓе јас послепа „љубов“ немам видено. Најубавите години ги помина дома,тој си испаѓа со другари а таа седи дома пред компјутер со изговор „не ми се испаѓа“.. Сериозно? 7 години не ти се испаѓа? :doh:
    Не знам искрено ја сожалувам,сите сме пробале очите да и ги отвориме ама таков инат немате видено. На мајка и и вика „Едвај чекам да се омажам и да си одам од тука“.. А зошто? Бидејќи мајка и со цела душа пробува да ја освести со каков човек таа ќе живее ако продолжи врскава :fubar: Татко му на дечково е коцкар и ја малтретира жена му со години,а свекрвата го брани што ја тепа :x Не сакам ни да помислувам дека иста крв тече и во дечково и дека можеби не дај Боже истото ја чека и братучетка ми.
    Затоа девојки додека сеуште имате време и сите заби ви се на број,освестете се и отворете ги очите дека не заслужувате никој да ви го диктира начинот на живот а уште помалку да ви забранува нешто!
     
    На Umbrella22, MilaP, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    А јас мислам дека не ја сака, зошто ја мотка 7 години, нека ја омажи барем.Си игра само со неа.А таа поглупава не сум слушнала од неа дека има.Ке јаде и таа котек, и ке иде и психички и физички малтретирана.А сигурна сум дека и сега ја тепа, штом толку страв од него, да не мрдне.
     
    На 123.Maki-first и Mariangel им се допаѓа ова.
  19. Mariangel

    Mariangel Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2015
    Пораки:
    2.649
    Допаѓања:
    47.003
    Пол:
    Женски
    Веќе нема ни каде да мрдне ни со кого,сама е. Сите ги изгуби. Инаку боледува од епилепсија девојчето,и уште од бебе е поинаку гледана мазена галена и сега е недорасната на своите 25 години. Само знам дека нејзините родители се прекрасни личности што и пружиле се во животот,а таа им враќа на најлош можен начин. И јас мислам дека тој не ја сака,ама па и он не ми е јасен. Ако не ја сака 7 години си губи и тој со неа? Значи иде кај нив,она кај него ја мотка дека ќе се венчаат а нема врска и не дај Боже да се случи тоа ама што е тоа е. Од судбина не се бега. Само единствено се надевам дека не е метнат на татко му,бидејќи како што кажува братучетка ми тој го мразел татко му бидејќи ја малтретира жената :)
     
  20. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Да,имаше некои моменти летото и тој ми бранеше да носам сукни и фустани бог да чува...Ама еднаш и јас него истото му го направив,му реков само ако те видам шорц да носиш па јас ке облечам сукна гзот да ми се глеа и отогаш ми нема кажено за како да се носам хаха.Е за братучедка ти.....Си ги изгубила сите другарки,тоа не и требало :)
     
    На BoyL, buba4e89 и Mariangel им се допаѓа ова.