Јас пак , цел живот налетувам на вакви имало и од оние што вежбаат екстремна љубомора , а не ми биле ништо во животот . Имав еден школски , екстремиста у душа почна да ми се пушта од самиот почеток на средното ( од прва година ) па продолжи додека мм не му рече да не ми досадува повеке , бидејки сум верена со него а и бремена . Човеков буквално ме следеше дури еднаш седев со школска ми на час и овој клупа по напред , а ние муабетиме и јас и велам на девојчево : ке дојдеш со мене после часови ? А овој : Кј треба да идеш срце ја ке дојдем тел број менував секој месец , и секогаш го дознаваше и се јавуваше еден бивши дури и ме нападна физички затоа што сум била во врска со сегашниов сопруг али доби по нос а мм не ми забранува ништо , мислам слободно облекувам хеланки , деколтирани маички , кратки сукњи .. Едно ми забранува - косата несмее да се шиша , освен во екстремни случаеви
Не е во право ни за тоа бидејки ке бидам со моето семејство а со бившиот бев на едно лапање така да нема ни да се поздравам.
Што и да сте правеле,сепак тој ти е бивш,но ако си со семејството мислам дека не би требало да има проблем,меѓутоа,тоа над мене што е напишано е точно.Ти му дозволуваш така,ама не си ја трескај главата во ѕид ти туку тој треба,РАСКИНИ тоа ти е најдобро !!
За муабето со бившиот .. нема врска ако дечково не ѝ верува. Зошто под склоп на околности мене бившиот ми е во друштвото и кога излегувам за викенд дечко ми знај дека и тој ќе биди таму, му имам кажано зошто неќам некогаш да ми се налути оти не знај уште од ден еден и нема проблем со тоа. Сакам да кажам, индивидуално е. Е сега назад на проблемот, ако дечково е посесивно љубоморен, работите нема да се исправат во иднина туку ќе станат полоши. Ако несакаш цело време со него да го фрлиш во вода, можиш да разговараш и да му кажиш дека следниот пат кога ќе ти преречи за било што ќе биди крај. Ако почни да зборува - речи му дека е крај или барем дека ти треба малце време на еден тест период. Види како ќе се однесува тогаш, подобро или полошо. Ако е подобро, ако навистина несака да те остави ќе биди спремен времето со тебе да му биди убаво. Ќе му кажиш дека начинот на кој од дома не излегуваш те гуши, тешко ти е и дека во врска сакаш да ти е убаво. @eliza9998
Нема да ми пречи доколку е само едно кафе и ништо повеќе. Тој ако сака да ме изневери може да ме изневери и со другарка/колешка.
Не мора да значи дека има интерес. А ако ме изневери, слободно, ама после тоа нека ме заборави дека воопшто постојам. Бившиот мој е од друг град. И му реков ако идам некој пат ќе му звонам за кафе ако имам време. Така и беше. Имав некоја работа во неговиот град и имав 40 минути слободно време за едно кафе. И тоа беше се, само едно кафе. Нит ја имам поинакви чувства спрема него ниту тој спрема мене. А во тој момент и двајцата имавме партнери. Јас му кажав на дечко ми дека бев со бившиот на кафе и малце се подналути и нешто изводеше ама јас му реков дека такво однесување не толерирам и со такво однесување може само да ме изгуби. И бившиот неколку пати дојде во мојот град службено и на шетање и два пати имаше време да се видиме, да идеме на кафе. Сакам да кажам, не се сите луѓе исти. Секој човек е различен, секоја врска е различна. И не значи дека он или јас ако излезам на кафе со бившиот дека ќе изневерам.
Бивш си е бивш.Минато.Завршено време.Толку работи сте поминале заедно,а сега имате друг/а,и пак да се гледате мислам нема смисла.Нормално дека кој и да биде на неговото место ќе се налути.Но секој има различно мислење,мада јас не оправдувам вакво нешто.
А зошто ти сето тоа го трпиш, женска му си или затворник ? Ќе те гледале в тератана, можи само ти си женско таму па сите во тебе. А тој да оди секаде можи така. Таа љубомората е болест. И ти си дозволила до некаде за така тој да се однесува спрема тебе. КАко можи мене некој да ми забрани да појдам да вежбам или да излезам на забава, абе ај, од одма не ми забрануваат не пак некој си, не значи дека ако го сакам може тој да си игра со мене. Вака мила разговарај убаво со него и кажи му дека тоа ти смета, или подобро за тебе тргни се совреме. Утре други ден да се земете пример свесна си дека од дома нема да излезеш.
Значи да се договориш специјално за на кафе, само со него, е една работа а да бидеш во друштво каде покрај останатите е и он , е сосема различно. Сите знаеме кога си во друштво може и нема да дојде ред да прозбориш со него, додека излегување на кафе е муабет само меѓу двајцата. А и што сум крива јас, цел живот ќе се бркаме или јас да не идам или тој, за да не се лути некој друг ?
И јас сум против гледање со бивш/а ако се уште постои љубов. Но, што ако ете двајца сфатиле дека како партнери не функционираат и дека всушност тоа и не е љубов?
Сепак кога ќе видеш некој кој што си била со него не е сеедно нели...без разлика дали имало љубов или не. Ама секој различно си сфаќа,јас не би можела со бившиот да имам контакт после од кога ќе раскинам а не сакам ни дечко ми..Ти ако можеш алал да ти е,ама јас да знам дека е на кафе со бившата што нема шанси да биде,не знам што би можела да направам.
Секој со своите мислења, нели? Не дека не ми значи тој, не дека немам некој страв да не го изгубам, ама јас сметам дека такво љубоморно однесување е незрело и не би си дозволила. Зборам за себе.
Како не знаеш што би направила? Па ти имаш уште чувства кон него . Јас на моите бивши едно Здраво оддалеку им викам и што ? Не плукам по изборот од порано, ама не ни тагувам .
Љубоморна сум зошто сакам,да не го сакав немаше ич.. да ме боли.Не сметам јас дека таквото однесување е љубоморно и незрело,а ти ако неможиш такво нешто да си дозволиш,тоа си е твое.Сепак секој со своите мислења нели ?
хехе ме изнасмеа. Па зависи каков бил бившиот,ако сте се разделиле нормално едно здраво заслужува,ама ако те повредил па сте раскинале не заслужува ни да го погледнеш,искрено.