Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    Тури и пепел на врскава со време .. дур надевајки се за нешто подобро, случајно се омажиш со него и не пропаднеш во бездната која ти ја копа.
    Ова не е љубов девојко ова е опсесија и чуство на поседување!
    Не си предмет ти за да некој те врти на малиот прст и те игра како му е кејф.
    Имај карактер и оддалечи се од ваквите луѓе со кои арно не можеш да видеш, млада си дозволи си да го проживееш животот онака како што ти сакаш!
     
    На eloves, Nausicaa, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  2. doki55

    doki55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 август 2012
    Пораки:
    303
    Допаѓања:
    226
    Пол:
    Женски
    НАЈПАМЕТНО НЕШТО ШТО МОЖЕШ ДА НАПРАВИШ ДА ГО ОТКАЧИШ Биди сигурна дека тоа е најисправно од лицно искуство ти го кажувам За каење ке биде доцна Поздрав и послушај патилец а не гатилец
     
  3. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Незнам што го нападнавте детето.
    Еве јас сум женско. И јас и дечко ми имаме бивши, јас со моите немам контакт, но дечко ми знае и да се поздрави низ град со некоја од нив, и тоа е ок. Ама нема што да бара на кафе со нив. И не е прашање на недоверба, што би разговарал 1 час со некоја со која бил во врска? Макар и таа врска да завршила разумно,не гледам неодложна потреба да одиш на кафе со бивши, особено ако тоа му пречи на партнерот. На крај краева, ако толку добро им оди комуникацијата, што спречува повторно да се заедно?
     
    На elen4e22, Rose96, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам со членката над мене. Не мора да е претерано љубоморна барем нека го праша која е таа, што како таа и тој ако е волен ќе и објасни.
     
    На Loretta му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    Знаете на кое машко ќе му биде сеедно што девојка му искача на само со бившиот? Само на оној на кој не му е галје на неа! Па ако сакате чисто од бес да си направите фрки и проблеми во инаку складна врска- почнете да одите на пијачки со бившиот :)

    Едно е неоснована љубомора во врска, сосема е друго кога сам свесно и намерно боцкаш и даваш причина за сомнеж. А и баш ме интересира оние кои се океј за тоа да си идат на кафе со бившите, дали би биле подеднакво толку искулирани кога нивниот актуелен дечко би почнал повторно да се дружи и да си шета на само со неговата бивша :^)
     
    Последна измена: 25 февруари 2016
    На Rose96, stevemila, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  6. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Добро, од каде ти доаѓа потребата да се видиш со бившиот? Ипак тоа е човек спрема кој си имала некакви чувства, и лесно може повторно да се активираат. Претеруваш што си ја ставаш врската во такви непотребни искушенија, па уште ова со условувањево дека не толерираш љубомора од дечко ти, онака поприлично себично од твоја страна. Мислам дека некој треба да е луд да не би бил љубоморен на ваква работа. Можеби го почитуваш бившиот, али ти почитувај си го и понатака, ипак чим имаш и потреба и да го видиш, секој нормален човек би се посомневал во тоа.
     
    На crazylady и Nausicaa им се допаѓа ова.
  7. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Секој може да ме цитира бидејќи ова е форум. Ама никој нема право да кажува каква сум дали сум себична или не, и како јас треба да се однесувам во врска кога сум. Мој живот, мој проблем, моја врска.
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  8. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Јас дојдов до таков заклучок од горенаведеното, а твое е да ми докажеш дека не сум во право. Ипак полемизираме нели, форум е ова. Можеби и некој ќе ти докаже спротивно од тоа што си мислиш, не мора слепо да се држиш до твоите замисли.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски

    Нема потреба јас тебе ништо да ти докажувам. Која си ти, што фактор си во мојот живот да ти докажувам?
    Можеш да напишеш твое мислење, ама немаш право да кажуваш каква сум. :)
     
  10. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Де бре што се изнервира толку.Не си зимај се при срце.
     
  11. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Па така де, мое било да и докажам. |(
    Мила, јас не си зимам при срце, ама не може така да се однесува. Нека каже нејзино мислење дека таа е против гледање со бивши додека е во врска а не да кажува каква сум и да и докажувам и не знам веќе што.
     
  12. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    ^Така заклучила таа и тоа е мислење
     
  13. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    И јас сум имала различни мислења од други ама никогаш не сум се дрзнала да кажам себично од твоја страна, глупаво од твоја страна и слично. :)
     
  14. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Нормално дека имам право, како тоа да немам. Можеби дома кај тебе немам право да ти коментирам шо праиш, тука си пишала мислење, јас ти го искоментирав и тоа е тоа. Ако нејќеш да ти ги коментираат постапките уопште не ги ни пишувај. Значи те гледам дека си залутла, осеќам потреба да те исправам на прав пат.
    Мислам дај више, шминкава ми се растури од нервози :makeup:
     
  15. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Леле многу смешно и интересно. Браво. Да, во право си. Сега среќна си? :)
    Немам намера повеќе да зборувам за ова со тебе и не ме цитирај повеќе.
     
  16. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.091
    Пол:
    Женски
    Ти си искочила со бившиот на кафе,а зборуваш за изнерверување на твојот дечко,а потоа него го ставаш на пиедастл.Погоре се согласив со една членка која веројатно мислењето го намени за тебе,но кога би се свртила играта и дечкото излезе со некоја бивша на кафе?
    Ќе те јаде од внатре и да ти рече "таква ко тебе не ми треба што ми браниш да излезам со бившата,кој фактор си ти?"
    Нема да се почувствуваш подгазено?
    Ќе вриеш од бес,но клучна е довербата.
     
    На Rose96, crazylady, VivienLeigh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Не се нервирај. Губиш од убавина. :lol:
     
    На R.o.s.e му/ѝ се допаѓа ова.
  18. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Не сум среќен, дојдов тука со мисија да те изведам на прав пат.. но не успеав ;( Дрвена глава си, тоа шо си знаеш и толку.. А те засакав да ти кажам.. Тешко ми е вака..;(
    Мислам шала на страна.. не мора одма носот у облаци, со вакво понашање само изгледаш исплашено да си го одбраниш ставот, шо пак дава до знаење дека не си сигурна у него. Значи нема да боли ако прифатиш дека грешиш.
     
    На stevemila и buba4e89 им се допаѓа ова.
  19. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Не значи дека ако твоето мислење е поинакво од моето дека јас грешам. :)
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    Хахахахахахха во вакви случаи не знам која страна да ја завземам :rofl:
    @R.o.s.e ако не сакаш тука сите да ги осудуваат твоите постапки, не си требала да пишеш. Всушност, тие не те осудуваат, туку го кажуваат своето мислење.
    Моето мислење е дека, во право е дечко ти што се налутил, пошто идење на кафе со бившиот... :|
    Во ред е ако некаде го пресретнеш, па од култура да си подадете рака, али да му се јавуваш и он тебе исто така...колку само да се дружите и да одите на пијачки :shake: За тоа постојат машките другари.
    Многу ме интересира за што разговарате уз тоа кафе :rofl:
    Ииии гарантирам дека и тебе не би ти било сеедно доколу твојот сегашен партнер им се јавува на бившите за на кафе...
    И не мешајте Америка и нз кој, таму скроз друг менталитет има. Ако се водиш по тоа "во Америка ова е најнормална работа" каде и да одиш ќе те осудуваат.
     
    Последна измена: 25 февруари 2016
    На buba4e89, crazylady и Zeynep им се допаѓа ова.