Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Добро Роске ајде.. само така ќе лупаме мислења, нит ќе ги докажуваме, нит ќе полемизираме, само така мислења ќе си имаме, и секогаш ќе си бидеме у право.Така идело тоа у животот ајдееееее ... немој само некој да ни се спротистави на мислењето, мислам хелоу, круната ќе ни се скрши.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Zeynep

    Zeynep Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2015
    Пораки:
    784
    Допаѓања:
    1.102
    Пол:
    Женски
    Хаха другарка со бившата на дечкоти.....
    Добра тројка.
     
    На Marick14, sugarlips, buba4e89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. VivienLeigh

    VivienLeigh Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    10.091
    Пол:
    Женски
    ХАХАХАХАХАХАХАХАХА готово, и прост народ сме сега :( , ние тука што ги изкажавме своите мислења.
    Мислења кои се поинакви од нејзините, па затоа сме прости. :drunk:
    @Zeynep и завидувам да ти кажам :rofl:
    Друг пат ако не сакаш да прочиташ спротивни мислења од твоите, те молам не пишувај. :)
     
    На Zeynep му/ѝ се допаѓа ова.
  4. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    А кој си пак ти нејзе да ја прашуваш за лични работи и да се дрзнуваш да и солиш памет?
    Да, форум е ова, сфатете веќе еднаш секој си има право на свое мислење и не можеме сите да бидеме праведни, добри, искрени итн итн.
    Девојчето си напиша свое мислење и си даде личен пример, ама колку што се сеќавам не побара совет, ако ти се допаѓа напишаното лајкни, ако не ти се допаѓа прескокни го. Глупо е да се прават психоанализи на личност која воопшто не ја познавате и да и пишувате дека е себична, ваква или таква. Нејзино си е со кого ќе пие кафе, и јас имам бивши и не би ми било проблем да седнам и да пијам кафе со нив, затоа што сум карактер и знам дека нема да посегнам по ништо повеќе од едно обично кафе и немам проблем со чуствата.
     
    На theowndemon и R.o.s.e им се допаѓа ова.
  5. R.o.s.e

    R.o.s.e Активен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2016
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    352
    Пол:
    Женски
    Конечно некој да ме разбере. Се што сакав да кажам го кажа ти. :)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  6. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Значи едноставно е, не ми се допаѓа нејзиното мислење, и влегувам во конверзација, ако сака другата страна секако. Значи мене таа постапка ми изгледа себична, ако не е така ете нека се потруди да ми докаже дека грешам, ако не не мора, а не одма со одбивен став у стилот, кој си ти да ти кажувам, ти си небитен , прости македонци, ти реков ми рече. Значи не знам зашо толку ве боли ако некој ви се спротивстави на вашиот став...

    Иначе не е мој проблем што она изнела лични работи на форум, ако толку не се за коментирање, не морала ни да ги изнесува тука.
     
    Последна измена: 25 февруари 2016
    На VivienLeigh и kim.k им се допаѓа ова.
  7. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Ако не ти се допаднало нејзиното мислење, слободно прескокни го.
    На форумот има милион ликови, дупло повеќе мислења и ставови и ти така мислиш сите (што нема да ти се допаднат) да ги цитираш и да бараш отчет од нив за нивните постапки?
    Нема потреба никој никому да се правда, објаснува или докажува. Кој како ќе прави негово си е, нас не ен засега. Да не боли, да не ти кажам сега што.
     
    На theowndemon му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Nausicaa

    Nausicaa Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 декември 2013
    Пораки:
    3.439
    Допаѓања:
    20.028
    @eloves, не е дали ти ќе седнеш да пиеш кафе со бившиот, туку дали ќе престанеш да пиеш кафе со дотичниот ако тоа на сегашниот му смета!

    Инаку, и мене ме интересира тоа зошто некој свесно би си правел раздор во врската за да може да оди да се види со бившиот. Што знам, ама ако желбата за средба со бившиот е поважна од расправиите и нервозите со сегашниот фраер, тогаш нешто не е во ред со самата врска.
     
    На Mishela, Rose96, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  9. majstorche

    majstorche Активен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2014
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    151
    Пол:
    Машки
    Ете де,мене од милион мислења баш нејзиното ми паднало у очи, и тоа сум сакал да го прокоментирам. Мислам зашо одма дефанзивен став ко да тоа што го прави е нешто шо не чини.. па требало она да ми се правда. Значи како што реков.. не барам да ми се правда, туку само сакав да влеземе во конверзација да видиме дали тоа што го прави е исправно. Ако нејќе, не мора .. нека игнорира.. нормално.
     
    На stevemila му/ѝ се допаѓа ова.
  10. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    И мене некако ми се виде ту мач и премногу нападно од страна на некои членови што ја нападнаа @R.o.s.e.
    Во ред е да си дадеш мислење и гледиште, во ред и да советуваш, но, усул да се немало..

    Од каде знаете каква и е врската на розе, може девојчето младо е на почеток од врска е, може едноставно таква им е перцепцијата нивна за една врска вие одма се дразнавте да им солите памет како не било во ред. Да, не е во ред може за вас но за нејзе е..
    Јас сум сигурна дека девојчево е сеуште младо и е на некоја си почетна фаза во врскава со доточниот и верувам дека со тек на време овие работи ќе ја подзамислат и ако навистина си пронајдат "хемија" и сриозност во врскава таа нема нити да помисли да размислува вака а камоли да оди на кафе.

    Со еден збор разбрав дека врскава сеуште не им е додена до степен за да реализираат вакви вредности.
    Тоа е тоа..
     
    На theowndemon, eloves и buba4e89 им се допаѓа ова.
  11. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Навистина ми треба совет....Дечко ми стварно претерува со неговата љубомора....Значи стварно све друго ни е океј.....и внимателен е и се грижи многу за мене.Во 3 навечер да го разбудам да иде нешто да ми купи тој ке иде.Кога сум болна мајка ми не се грижи толку за мене како тој буквално бдее над мене....Значи стварно све друго ни е ок и се разбираме и све али со таа љубомора на живци ми иде.Ајде со некој шо сум идела т.е шо сум била во врска немам ни потреба да се поздравувам...Али со некој шо се вика се случил еден бакнеж од 5 секунди и тоа со другар на пример во тие луди млади години ја не смеам да продолжам да се имам со него....Значи ми бил другар тоа се случило на пијано...5 сек. и толку и и двајцата бевме свесни дека беше глупост и нит го спомнувавме ни ништо,едноставно останавме тоа шо бевме другари...И ја сега не смеам со него да имам никаков контакт......И не само тоа туку некогаш кога покрај некоја другарка и јас сум приморена да застанам до некој шо не го знам а таа го знае и тогаш ми праи проблем......Кога сум на факултет ме прашува кој има до тебе...а шо слушам машки гласови. Демек дали до мене има машки.....епа и да има ја неможам да бегам...аи на факултетот не сум опкружена само со женски нормално....Некогаш и да му кажам тој и тој ке каже ок нема да ми напраи проблем ама тешко ми е нонстоп ја него едноставно да му се исповедувам...Се возам во автобус и му кажувам до мене седна тој и тој(познаник од градот ниту сум имала нешто со него ни ништо едноставно од ист град сме се знаеме здраво здраво и тоа е се) и дечко ми готово се напна како баш до тебе седна шо праите муабет незнам ти шо ....се испокаравме....незнам многу ми е тешко така....Нејќам за ништо да го лажам ама па ни вака не бива....Многу пати сум му давала шанса да се поправи тоа ке трае 1 2 месеци малку ке се опраи и после пак иста песна...Незнам шо да правам многу го сакам....и дома кај мене иде и ја кај него....едноставно уште од сам старт многу се зближивме ...и почна оваа љубомора...А телефонот нонстоп ми го чепка али не ми пречи тоа пошо немам што да сокријам од него, ми пречи шо за се ја нему треба да му се правдам и да му објаснувам шо и како....А знаете шо е нај трагично што со него сум под стан...т.е јас сум студент тој работи и шо значи 24/7 сме заедно и се случува ова.......
     
    Последна измена: 3 март 2016
  12. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Твојава ситуација е малку по сложна. Обиди се прво со разговор. Тоа лично и на мене би ми сметало ако девојка ми ми љубомори. Пробај да разговараш на таа тема со него. Ако ти каже дека проблемот ќе се среди, а по месец дена гледаш дека не се средува ништо, ондак почни да му покажуваш дека не ти одговара тоа што го прави и почни да го одбегнуваш малку и да се одалечуваш од него. Тогаш би требало да сфати дека ти пречи неговата љубомора и треба да олабави.

    Лоша е ситуацијата што ти кај него престојуваш и би можел по вакво нешто лесно да те шутне и да останеш на улица.
    Затоа обиди се смирено да разговараш и одбегнувај конфликти и расправии.

    Прво види, ако не иде со разговор, ондак мора прекин.
     
  13. young.lady

    young.lady Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    267
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ми смета кога дечко ми разговара со некои девојки од класот,ми смета ако гледа други девојки.Како да не се замарам за тие работи?
     
  14. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Фала ти ке пробам така....Инаку не престојувам јас кај него туку двајцата сме во стан под кирија,(нормално и јас си плаќам кирија и тој) јас студент а он работи.....
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Епа ондак тоа е твој проблем. И гледај да си го решиш, затоа што ретко кое машко ќе те прифати.
     
  16. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    Раскини му. Од тука па натаму ќе станува само полошо. Стануваш роб негов. Си кратиш од животот,доживувањата, факултетот на овој начин ќе ти стане напорен и стресен. Ќе одиш и ќе се обѕрнуваш постојано кој има позади тебе и кој ќе помине покрај тебе од страв од лошата реакција на дечко ти. Запамти,љубомората не е нормална работа и не смее да остане прифатена како таква од средината. Уште помалку па е синоним на љубов. Дечко ти има проблем со доверба. И веќе лошо влијае на тебе и твојата психофизичка благосостојба.
    Не те сака тебе. Ја сака твојата наклонетост,внимание, пожртвуваност и постојаното докажување дека нема да го оставиш. (Нешто што никогаш нема да можеш да му го докажеш)
    Постепено и ти ќе почнеш да го мразиш,заради стравот и стресот кој ти го создава. Страв не е само страв од удирање,туку и од лоша реакција,емотивно повредување и сл.
    Иако,неретко и ваквите забрани не се баш наивни и имаат голема статистика на физичко насилство кое следи,доколку жртвата(во случајов ти,демек рамноправен партнер) не продолжи да се покорува и понатаму.
    Еден живот имаш и ниедно удопство или навика што ти ги носи сегашната врска нема да ти ги надоместат годините и штетата врз интегритетот на твојата личност што ти ги нанесува во моментов некој со кој делиш се.
     
    На Bozica1980 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Добро бе вие што одма прв збор на се прочитано ви е „раскини му“ сте биле во врска? Или од на филмови што гледате? Божеееее.

    Девојко не е мал проблемот да, ама ни јас ни ти ни било кој би му раскинал така на некој што го сакаш и што те сака. Многу логично. Демек ајде на првата препрека и одма дирек раскини му оти совршени мажи во редица се редат. Сигурно и ти имаш нешто што не ти чини живи суштества сме.
    Одма се брза со раскинвање со уништвање на нешто што сте граделе и после ќе пишите во темата како да го заборавам или како да го вратам итн. Е нема враќање зато сега мисли.
    Не знам колку години имате ти чим си студент претпоставувам, а тој не знам. Битно главното според мене во ситуацијата е ти да му дадеш до знаење дека си сериозна и дека озбилно ти смета. Значи не со убаво да му за го замолуваш туку дирек искрено. Ќе му речиш те сакам, со тебе живеам ама мора да има граници. Мене ова не ми одговара земи размисли дали можеш да се контролираш или ништо не правиме. И остави го да подолади. Не му се правдај и не му се исповедувај. Ако те праша кој има до тебе речи му не студирам сама на факултет студенти си има. И кога ќе ти збора така држи лутина и инает. Речи му дека те вреѓа фактот дека не ти верува.
    Поената е да го размрдаш сериозно, а сепак да му дадеш шанса да се поправи оти не е само раскини му и ајде. Не сме роботи ние па на дугме ќе прицнеш. Ако е се друго океј, мислам дека ако сфати само колку ти значи да престани со таквото понашање дека ќе биде успешно.
    А доколку не успее ништо од тоа, тогаш дури раскини му. И тебе сама ќе ти пукни филмот па ќе му раскинеш автоматски без никој да ти каже. Пробај се што можиш да му објасниш ама имај си граница до каде ќе трпиш. Тоа е многу битно. И со среќа :)) @BarbaraMorii
     
    На Soncka :), Iva 94, one_girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. BarbaraMorii

    BarbaraMorii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    442
    Допаѓања:
    1.651
    Пол:
    Женски
    Токму така....Пред може има веќе недела време пак се скаравме за истото..и толку ми пукна филмот и му раскинав.Али прв пат за овие 2 години раскинвме,т.е се караме ама 5 6 саати максимум да сме биле скарено и да не сме во контакт...И си имаме кажено еднаш ако кажеме крај и толку ке биде затоа ќе глеаме да не дојде до тоа.....Али дојде и му раскинав...и бевме раскинати скоро 2 дена,ни контакт ништо и си свати стварно сериозно дека е крај и дека претера..и ме молеше многу демек ќе се контролира,и пред моите го вети тоа...ок му простив и сега гледам некогаш ке пререче нешто ама одма се поправува..и се извинува демек му требало време да ги тргне некој навики..И се надевам ќе се контролира баш и како што вети па да видиме....Јас све ќе направам за да се изборам да го добијам тоа шо го сакам...ама сепак ако и тој се труди да ми помогне во тоа......И му кажав прва и последна шанса му е оваа следна нема да има...
     
    На s1a1n1d1r1a1 и mila1111 им се допаѓа ова.
  19. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.963
    Допаѓања:
    219.396
    Пол:
    Женски
    Фразата "раскини му" е лесна на збор а поготово кога е кажана од комшијата наш погоре нели?!
    Како викаат, кога гори куќата на комшијата се крстиме на господ "фала ти боже што не е нашата", така и вие.
     
    На Mia.MGK, BarbaraMorii и one_girl им се допаѓа ова.
  20. Waka-waka

    Waka-waka Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јули 2010
    Пораки:
    2.273
    Допаѓања:
    8.904
    ^
    Според мене раскинувањето е безброј пати помалку болно од секојдневното живеење со малтретирање. За мене малтретирање е некој да ми виси над глава и да се лути зошто некој седнал до мене во автобус,да ме прашува кој ми прави муабет на факултет(кога половина колеги и половина претпоставени ми се мажи),да ми налага со кого смеам ,а со кого не да се дружам,зошто во спротивно ќе направи сцена и ќе трпам емоционална уцена. Тоа е живеење во страв. Девојката во случајов пази што ќе каже,филтрира информации,внимателно бира каде ќе седне,како ќе се однесува ,за да не и наштети на врската. Кога ќе сфати дека е во врска со човек што е емоционално нестабилен и и нанел непоправливи штети во однос на нејзините ставови што е нормално ,а што не во една врска ќе биде доцна.
    Љубомората не е љубов,тоа е патолошка состојба на личност. И горе-доле е исто што и паранојата. Затоа што параноичниот човек исто како и љубоморниот се плаши дека некој него нешто ќе му направи,дури и кога не постои реална и основана причина за тоа.
    Целата замка е тоа што,многу жени мислат дека ако е љубоморен значи ги сака. Не,тој човек има абнормална потреба за докажување на љубов. Значи сега е,не може да зборуваш со некој затоа што мислам дека ќе ме оставиш заради тој некој. Подоцна барањата само ќе се зголемуваат,па ќе биде не може да зборуваш со сестра ти затоа што ќе ти намести дечко некој и мене ќе ме оставиш. Ваквите луѓе имаат подлабока причина за овој тип на љубомора и надоместуваат за одземена љубов од родител во текот на детството. Потсвесното размислување им е дека,ако родителската љубов и внимание ми била одземена,значи може да биде и било чија. И така љубовта кај нив преминува во ``глад за љубов``. Тоа е неисцрпна потреба некој да им докажува,одново и одново дека ги сака. Бунар без дно. Се до пропаст на другата личност.

    Оваа последната фраза кога гори куќата на комшијата се крстиме на господ "фала ти боже што не е нашата", така и вие.,ми е излишно да ја коментирам. Да ми беше тоа целтта ќе го изигнорирав постот или ќе и пишев да остане со дечкото и да се труди да поправа нешто,затоа што тоа ќе беше општествено поприфатливо да го кажам,од вистината за тоа како мислам дека стојат работите.
     
    На Mia.MGK, sparklie, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.