Со таков тип може да опстои подолго само девојка слична на него. Која многу добро ја разбира љубомората, и сама е љубоморна, па ќе си се затворат и двајцата во еден нивен свет, кој дури и за нив со таков карактер, ќе стане кога-тогаш претесен. Но кога едниот си сака уште од старт слобода и има проблеми со љубомората на другиот, каде ќе води тоа? Да го разбудела во 3 ќе станел да и купи нешто, и сега тука припаѓаат тинејџерките од возбуда, демек тоа е тоа. Да, на почеток, или кај несигурни и затворени личности кои ни љ од љубов дотогаш не виделе па сега ова им врв, исто како на турските серии, нели? Како минува време, врската малку ќе оди во заден план а ти ќе сакаш да се реализираш на повеќе начини за да нормално се чувствуваш добро и исполнето. А како ќе успееш ако некој те држи во кафез? Ама важно кога си болна ќе бдее над тебе. Ок.
Ќе ти речат -многу бараш. Таков само у филмови и книги. Реалните мажи се со фалинки а жените несигурни убедени се дека немаат ниту време, ниту опции премногу за бирање, па арен ќе им се види и овој. Можеби и така е, не сме совршени, можеби и нема толку избор колку што мислиме, само јас би сама за навека отколку да трпам. Која мисли дека не е многу за трпење и може да се носи...нека изволи.
@Waka-waka се те разбирам и не велам дека не го делам и подржувам твојот став. Напротив. Туку муабетот ми беше друг, зборував генерално јас, не конкретно за ичиј проблем или конкретно за твојот пост, сакав да кажам дека не секогаш е решение раскинувањето на една врска што сметам дека ќе се сложиш тука и ти нели?! Се друго што кажа, и се што е драстично и вон - нормала не прифаќам и не се согласувам, а и не верувам дека постои човек што ќе се согласи да биде секојдневно "газен"(со некој редок исклучок). Ете да се вратам малку он - топик, ме потикна бриџит со постот нејзин, имав пар во блиско друштво, оваа љубоморна, овој бетер, оваа се оддалечи од све живо и диво, и овој бетер неа.. и што направија?! Така фунционираа со години, 3 4 може, секаде сами, де на прошетка, де на кафе, де во кафич, де во диско... и само се лапаа и лапаа, муабет, дружба, седенки скраја да е со никој! Ми изгледаа буквално за греота, очајни, стуткани во нивни свет без НИКОГО! Видоа не видоа што се случи не знам. На крај раскинаа, оваа почна да се пијанчи, овој бетер, едвај со дробни маки ги вратија во друштво - живот (јас би рекла).. и што направија?! Ништо.. ете може изолираноста од цел свет им јa расипа врската (не може сигурно така било) си здосадија еден на друг тотално и комплетно сами, тоа се гледаше од авион. Тоа е всушност муабетот и крајот на секоја ваква врска, љубомората е една ствар, некогаш решлива некогаш не, но опсесивноста е болест, опсесивноста не е лек, не е потик ни најмалку, ниту пак има решение за иднина на ичија врска. Со опсесивноста човек тони.. тони се подлабоко кон својата/заедничката пропаст на било што ..макар и најаубаво. А дека е љубов дефинитивно не е!
Ако видиш дека партнерот во врската ти е љубоморен, обиди се прво да му помогнеш, бидејки тоа не е природна состојба. Обиди се да му го освестиш тоа. Ако не прифати тогаш чесно е отоврено да му се образложат причините поради разделбата. Но има различни видови на љубомора. Најчесто кога станува збор за љубомора се асоцираме дека партнерот/ката, не може да издржи да тој/таа да биде во присуство на друга личност. Имав еден случај многу многу одамна беше, не ми беше дечко. Се дружевме се запознававме да видиме прво кој каде е дали ке се пронајдеме еден со друг. И замислете открив еден друг вид на љубомора. Нему му сметаше што јас бев поуспешна деловно од него. Се јадеше човекот. Ем сакаше да биде со успешна женска, ем од друга страна проштевајте на изразот, ама пиздеше од моите успеси. Јас го запознавав пак со мои деловни пријатели, онака да го внесам во мој круг да се запознаеме подобро, да видам како ке реагира на мојата комуникација со мои колеги, како ке делуваме заедно во друштво. Не му сметаше што комуницрам со колегите, некои дури пред него намерно ми делеле комплименти да видиме како ке реагира. Едноставно се фрустрираше од мојот деловен успех. И добро е на време оценив и се трганав од него. Подобро да се спречи отколку да се лечи.
Ве молам давајте некои совети како да ја надминам мојата претерана љубомора. Долго време се обидувам и се лажам себеси дека повеќе нема да бидам таква и да бидам љубоморна на глупости, но кога ќе налетам на таква ситуација не можам да се воздржам да не покажам колку сум нервозна и љубоморна. Знам дека се лутам за вистински глупости, пример дека некоја глумица или пејачка му била убава, ако се испули во некоја женска што случајно ја сретнуваме, ако си пишува со некоја убава колешка од факултет, ако сретне некоја бивша (мислам дека веднаш му се разбудуваат старите чувства), ако гледа порно... Кога сум смирена знам дека не треба да се лутам за вакви работи сето тоа е нормално, но во тие моменти кога се случува ова многу сум нервозна и не можам да се воздржам да не го покажам тоа и секогаш се караме за мојата љубомора дури почнав да имам страв дека ќе ме напушти поради тоа. Не дека јас не се сметам за убава, дури и тој секогаш ми дава такви комплименти и за лицето и за телото, но не знам зошто упорно ми се смалува самодовербата кога ќе видам некоја поубава и позгодна од мене. Ако се испули во таква женска мислам дека готово него таа ќе му биде поубава, мене ќе ме смета за грда и уште не знам колку други болни филмови.. Како да го надминам ова? Свесна сум дека е глупаво и детски, но е посилно од мене
Ако не те откачил до сега , со ова понашање твое долго не ви тера врската . Свести се на време во тебе е проблемот , ти немаш самодоверба него го јадеш . Сега те трпи некој ден ќе те откачи и око нема да му трепне . Поработи на себе самата со себе , никој не е должен да го јадеш зашто ти си имаш проблем
Oho...neznam dali e maka ili so e ama jas se naogam vo ova cudo. Verenikot mi e ljubomoren malku pojce so bi rekol braced Emin. Ne se nerviram, ne placam, ne si kubam kosi, tuku ednostavno si se tesham deka ke mu pominit. Pokje se macit toj I se opteretvit so toa so sakat da znajt sekoj moment kaj sum. Ne izleguvam mnogu ama, koga ke izlezam obavezno da znajt. =.= Ke mu pominit be. Kako ne. InshaAllah.
Нема лошо ако само сакаТ да знајТ. Да не почнат на видело други симптоми. Иначе и ти сигурно сакаш да знаеш кога излегува.
Ам сакам да знам кога излегвиТ ама не и кога ојт до продавница. xD Засега се држам ама ако продолжиТ вака, или тешко мене или тешко него. @galapce
Љубомората е нешто природно, но до некоја мера.Потполно те разбирам во врска со бифшите, и јас не сакам кога се гледа со нив.Но,актерка,пејачка, порно?? Е тоа е веќе претерано. Мислам дури и да сака, нема шанси со нив, така да Chill. xD Тебе ти се нема случено да му се ,,палиш`` на некој глумец? И што? Си престанала да го сакаш дечко ти поради него?За такви работи воопшто не треба да се замараш. Ако има нешто што ти смета кај него, како на пример да се допишува со друга, разговарај со него и кажи дека тоа те повредува, сепак не му е другарка од пелени па да не може да прекине со неа.Секако тоа мора да го возвратиш и ти, односно да не се допишуваш со колеги од факултет Ако не сака да прекине, направи го љубоморен и ти, така ке сфати можеби.Но сепак. НЕ МУ ГО КОНТРОЛИРАЈ животот,тоа е само покажување не доверба , а тоа е многу повеќе од љубомора. Исто така , работи на себе, вежбај итн, и ке ти се зголеми самодовербата.
Znaci premnogu sum ljubomorna na decko mi,na sekoja sto ke mu pise na fb a vo posledno vreme dodeka sme zaedno nikoj ne mu pishuva,ne mu se javuva i sl...Nemam skoro ic doverba vo nego,eve sega ke odime zaedno na odmor no neznam navistina toj vika da se grizam deka nema nisto samo ke napravam poleka odnosite megju nas da se oladat i krene race od nas..neznam dali me saka iako non stop se javuva pishuva i sl..Ili e so mene onaka..Sovet..Vi blagodaram odnapred
Сакам да ве прашам за совет, со дечко ми сме заедно година и некој месец, можам да кажам дека сме во стабилна врска, но тој е премногу љубоморен, сега дојде до тој степен да ми забранува да излегувам со другарки кои он не ги сака баш,ми поставува време коа да се вратам од искачање и слично..поради него и неговата љубомора многу се оддалечив од некои другарки и малку ми е криво. несакам да раскинеме, ама премногу почна да ми пречи ова и незнам што да правам.. во нервоза знае да ми испонакаже многу работи, па после нормално му е криво и се извинува ова ми е најдолга врска и со него ја имам изгубено невиноста затоа неможам да замислам како би се одвивале некои работи ако ја прекинам оваа врска ама вака неможе, ве молам за совет
Кукла.. не знам до сега каква ти е ситуацијата но сметам дека сеуште се е исто . На ова лек освен разговор во 4 очи нема друго, запази и пази дали оди до степен на опсесија и те измачува постојано со баналности или љубомората е онака најнормална проследена со "што правеше денес" , ако е нешто по сериозно пази се со време бидејки ваквите мажи знаат да бидат премногу напорни а ти само ќе патиш и ќе се преоптеретуваш понатаму наместо да живееш и уживаш во бракот и сите негови позитивности. Како за почеток зборувај и јасно и гласно кажи си се што ти смета.. нема подобар лек и подобра позитивност и слога во бракот од меѓусебен искрен разговор. Кога човек уште од почеток ќе си ги стави картите на маса и самоуверено ќе си каже до каде се границите ..сепак е подобро не?!
Ако си ја изгубила невиноста со него, ако премногу го сакаш и не можеш животот да го помислиш со друг и без него, ако тој ти е прв и врскава ви е најдолга НЕ МОРА ДА ЗНАЧИ ДЕКА ДЕЧКОТО ТРЕБА ДА СЕ ИЗЖИВУВА СО ТЕБЕ И ТВОИТЕ ЧУСТВА. Побогу.. дали ти имаш гордост и своја самодоверба, принцип и критериум за среќа и среќен младелачки живот?! Ова што ти го зборуваш е типично селско однесување проследено со недозреаност во главата, па сега се перчи да ти кажува до кога и со кој да излегуваш кога се си мислам и сум сигурна дека и неговите сеуште му одредуваат час на враќање дома, ама не тој е тој "типацот" да глуми мУж у врска, а уствари уште од мами зависи. Девојче.. свести се. Можеби го сакаш и можеби ти е тешко, но да ми кажува некој со кого да се дружам и да ми наметнува свои желби врз моите мало морген. Мали сте сеуште за вакви глупости и љубоморења. Живејте и уживајте во младоста и другарките наместо цел живот со него легната и контролирана да го поминеш (што најчесто таквите врски и не баш славно завршуваат така осамени и отцепени од се). Размисли добро со кој си имаш работа.
Ти за сите имаш совети тука и на сите им ги реши љубовните проблеми. Ниту им ја знаеш приказната, а ниту и ги знаеш другарките и зошто дечкото станал посесивно љубоморен. Можеби се дружи со курвички коишто ги знае пола град? Кој нормален дечко, кој сака да има стабилна врска, би сакал неговата девојка да се дружи со курвички? Значи ова е некоја моја претпоставка. Не мора да значи дека се такви.
Да во право си што кажуваш свесна сум за ситуацијава, затоа сакам да подобрам нешто ако можам и како? или пак да раскинеме..
Раговарај, и кажи му дека тоа те гуши и не те прави среќна. Го сакаш, го почитуваш но би требало да ти даде малку повеќе слобода и да олобави со глупостите што ги прави. Тоа е тоа.. Кажи му дека вака не си среќна ниту задоволна.. Не мора да му раскинуваш, пробај да промените нешто ако секако и тој е заинтересиран за промена и доброто на врската.
не не девојчињата се океј, него му е проблемот друг не ги поднесува од некоја причина што ни сам не ја кажува.. а најголемата причина за расправии во врската се они
Имам нов дечко веке 1 недела,се убаво,заедно почнавме да излегуваме у друштво ова она,знаете првите месеци се најубави.Е сега од сношти почна да ми проверува телефон со кој пишам,бившите вели сите ќе ѓи блокираш,мене и така ми се блокирани двајцата,планирав да идам кај една другарка на гости неколку дена зошто таа беше кај мене,во друг град живее,ми вели ме праша ли мене И сношти кога бевме излезени вели зошто си облекла ваква блуза,малце поотворена беше и првпат така да се испуштам ама нормално беше вика друг пат такви блузи не И многу брзо се нервира.Зашо се на мене вакви ми се погодуват Ми смета ова многу,заради ова што се вика и предходната врска ја раскинав.Не знам дали да пресечам додека е рано или пак да му кажам понашањето да си го мени со мене