Јас сум за тоа да прекинеш. Опцијата разговор немој никако да ја имаш во предвид, зошто тука сепак се работи за карактер на човек а карактерот тешко тоест никако не се менува. Врската ви е ептен кратка, така да ако мислиш прекини ја додека е време додека не си се повеќе зближила со него и не си го повеќе засакала.
Јас сум секогаш да се обидиш да збораш со него, ако не прекини дур е рано, поќе тебе ќе те боли подоцна. Ама сепак се работи за една недела, така да со среќа и ... избери она шо знаеш дека е подобро, нели.
Многу рано таква слобода да си каже нешто такво ... Што ти вика ? ваква блуза веќе не хаххаха сега ти во следна прилика кажи му ваква кошула веќе не, мн си згоден,не може така да се шеташ по градов да ме брукаш хаххахахах свашта, секакви не има по светов. И земи му го тел, па, кој е овој, оној ааа жени се ова под машки имиња пишани хахха дриблај го и ако се буни прашај го што е проблемот? И на крај душо, така не оди мило, ај, чао, чао.
Сеуште е многу рано за да ти вели така, сеуште не сте се запознале доволно. Пробај разговарај со него ако продолжи така прекини со него додека сеуште е рано.
Ајдееее мавај клоцата одма. Не што е рано, туку воопшто и не смее да си дозволи да ти каже како да се облекуваш, а уште помалку да ти проверува по телефон. Одма да го шутнеш. Ако сега дозволиш вака, после тоа заборави на слобода, другарки и што уште не. Имам 8 годишна врска, во ниту еден момент не се случило да ми чепне телефон или да ми рече ова не смееш да носиш. Клоцата дај му ја и бегај од морони. Еден ти е животот, немој да дозволиш идиот да владее со тебе. Толку од мене и памет во глава.
1 недела - телефон, блокирање, забрани за блуза..... 2 недела докај месец - нема гледање со другарки а за кај роднини да идеш само ако му се јават лично него на телефон..... по неколку месеци - седиш сама у соба, плачеш а он излезен у кафана...ама секако ти ќе си седиш у пижами зж така те навикнал.... Да сум јас на твое место би се налутила до плафон и би му дала до знаење дека не може он да кажува како јас ќе се облекувам или што и како чувам во телефон или со кого се допишувам на фб и сл... затоа со време превземи мерки, почит кон себе и или нека не јај лајна или батали го.... [QUOTE="Zeynep[/QUOTE]
Здраво Имав/имам ни јас не знам веќе се знаеме 1год.и 5месеци првите 2/3 месеци беше многу убаво излававме навечер после школо секогаш ме чекаше нон стоп ми звонеше но тоа беше само тие првите месеци.И така после почна да ме избегнува не знам ни дали така да го кажам не ми звонеше не се гледавме како порано само во 4-5 недели еднаш,но тоа се случи после овоа „почна да ми отвара теми за секс за такви работи “ но јас едноставно не сакав оти само го што го запознав а и не мислев за тоа и се уште не мислам на тоа он да ме сака ке ме чека ? иили не знам откако ме праша и му одговорив НЕ многу ретко се гледаме а и не сум сигурна дали ме сакал или само онака се ладел со мене ? многу сум измешана не знам што да мислам секогаш ми става лајкови но кога не му пишувам и јас ми прајка некоја тазна лјубовна песна или статуст кога бил пијан на другар му рекол дека ме сакал ама не знам што да направам како да се изразам спрема него еднаш пијан дојде кај мене дома ми вика дека ме сакал но не е со мене воопшто не можам да го разберам да го сватам што му е филмот ми беше роденден ништо не ми купи а кога му беше на него му купив но гледам не ги користи тие раб.. ги чува дома . понекогаш се гледаме на ккафе . Совет ве молам никако не можам да го разберам пробав да разговарам но не ми одговара ништо само се насмевнува и на никакво прашање не ми одговори SOVEET VE MOLAM !
Не се замарај. Ако те сака и ако си му важна сам ќе ти каже, нема да чека да те изгуби. Целта му е јасна - Секс.
Ах бре девојче.. @Zeynep штом превртува очи и се понаша ко во турско ропство само за една блуза тури му пепелот. Денес блузава утре којзнае што ќе му засмета па не да превртува очи и забранува туку и ќе те удри. Денес не ти дава кај другарката а утре може и кај мајка ти нема да дозволи да одиш.. Така одат тие работи со таквите.. А ти, ти наместо да бидеш заљубена и исполнета во истото ти ќе патиш, ќе плачиш затворена во 4 ѕида и никој нема да те слушне а камо да те види, сите ќе ги загубиш и ќе останеш под негово ропство. Едно големо не, раскини и во иднина пред да стапиш со некого во врска не избрзувај најпрвен раговарај еден месец, два па и три ако треба се го распрашај види му го карактерот па тогаш го фаќај за дечко.
Да избрзав малце признавам,ама го оставив многу се понашаше уште првата недела сега мирна ми глава.Не лагам два пати иста грешка да правам.
Многу „паметно“ правиш. Со љубомора ништо не постигнуваш, само се труеш и се оштетуваш себеси, а не него. Ај таму релакс.
За вакви работи нема ``Сеуште е многу рано за да ти вели така``. Не треба воопшто да се однесува така кон нејзе . Врската треба да се гради на доверба а не на љубомора. Ако денес тој тоа и го прави нејзе утре некоја друга него ќе му го прави тоа кога ќе сака тој еден ден да излезе со пријателите. Доколку двајцата се постават коректно и со разбирање нема да се случуваат такви љубоморни испади.
mislam deka sekoja kontrola tvoja ne te doveduva do doznavanje dali toj te izneveruva ili ne, veruvaj toj sto saka da izneveri i da ne go doznaat ke go napravi toa na bilo koj nacin a so ova samo mozes da go napnuvas i da mu dosaduvas i da mu stanuvas odbivna barem jas taka mislam probaj da ja kontroliras ljubomorata
Мислам дека нема потреба да се претерува со љубомора. Мора уште од почеток да почнете да си градите доверба и да се борите тоа така да остане. Ако се појави љубомора, значи нешто не е во ред. (think)
Бегај подалеку од типот, очигледно е дека те залажува за да имаш односи со него, а после тоа да те игнорира уште повеќе. Гледаш дека нема сериозни намери и дека не сака да разговара. Што ќе ти е таков.
Уф прво мора да се утврди причината поради која се јавува љубомората, дали е тоа претходна лоша врска, инстикт што не упатува на неверство и дали партнерот дал повод, па потоа да се превземе што понатаму.