да Hipica и јас сум со тебе ама баш е болест на денешницата.До некоја мерка значи стварно е здраво за самата врска да се покаже љубомора и од двете страни (значи не само машкото да биде тоа што поставува прашања каде кога и со кого) али и од друга страна многу љубомора?Ауттт па и уште на почетокот ако ме замара со милион прашања на секое мое излегување надвор од вратата отпишан е во секој случај вака онака за се има граница.Јас лично не би можела да имам дечко кој детективски ќе бара од мене извештај на денот и слично
се согласувам дека љубомора треба да се покаже во благи количини затоа што ако е во границата може да биде позитивна. не можам да речам дека сум од тие “паметни љубоморни“ што не ја покажуваат љубомората но сега се трудам да не го гушам со тоа... поубаво е и за нас девојките ако сме помалку љубоморни затоа што давајќи им простор на партнерите си даваме и себеси, нели?
sekoj e ljubormoren.Ako ne e znaci deka partnerot/kata voopsto ne mu znaci....ama se toa treba da bide vo granici na normalata....jas konkretno sum ljubomorna,ama minimalno,a on e sepak poljubomoren od mene,ama sepak sakam da znam kade e,so kogo i sto pravi.i nikogas ne mi napravil nikakva ljubomorna scena...a inace,prethodnata vrska mi bise prav pekol....ne mozev da se vidam so moite drugarki eden odreden period zatoa sto ne mi davase tipot....toa ne mozev veke da go podnesam i raskinav....koga raskinav mislam deka mi padna kamen od srceto...slicen takov tip i se pogodi i na drugarka mi i napraviv se za da i ukazam deka mnogu trpi i deka mora sto pobrzo toa da go prekine...ednostavno ja sum takva licnost sto ne moze da trpi takvo gusenje...ima mnogu posesivni tipovi...srekna sum sto imam sega nekoj mnogu porazlicen od tie prethodnite!!!
Јас сеа имав де4ко што мислам дека навистина ме сакаше ми велеше на секоја минута те сакам не одевме не цели 3 недели претпоследниот ден ми беше нешто сумлив и ми зборуваше за некаква ангела која го сакала и со тоа сакаше да ме прави љубоморна јас сето тоа го трпев се додека не разбрав дека сето тоа што го кажувал тој било всушност лага(дека таа го сакала дека му се пуштала таа имала де4ко) не можев да разберам зошто сето тоа ми го направи. Можеби барал некоја причина да се скатраме но не верував во тоаа и сеа заради таа Ангела нашата врска РАСКИНА. Мн ме боли затоа што цело време ме велеше дека ме сака можеби ме сакал но зошто тогаш ѕолку кратко раскнавме . Го сакам премногуу а имам прет4увство дека и тој ме сака иако вели НЕ ТЕ САКАММ ме убива љубомората . Па ве молам дајте ми некој совет од ваша страна мн сум тажна и збунета и незнам што да правам
Љубомората е една од најлошите особини на човекот,кога се работи за дечко и девојка јас неможам да разберам како некој може да истрпи таква тортура,имав дечко што беше љубоморен и се разбира таа врска прекина баш поради тоа и направи да ми се лоши од него,никој нема право на дечкото или девојката да го испитува до детаљ све што прави и плус да реагира со караници ако нешто не му одговара, тоа според мене е ненормална работа да се има потреба од контрола и зошто кога ќе прашаш?и ќе кажат затоа што го\ја сакам па страв ми е,па како ќе видиш дали е правиот\та за тебе?само ќе се угуши врската и кога и да е ќе прекине,мене дома не ме испитувале и не ми забранувале па некоја несигурна будала искомплексирана ќе ме замара да бидам на штрек,а кога се работи за љубомора од другарка сум имала неколку случки и тоа не чини,па и од луѓе што не ги знам сум слушнала многу смешни и патетични муабети за мене што немаат врска,а се тоа е од таа љубомора.Нормално е да има љубомора,но во границите на нормалата,секој треба да се прифати таков каков што е и да биде задоволен со себе,стварно е најлошата болест :? :mrgreen:
Леле неможам да издржам... мислам дека нема пољубоморен човек од дечко ми... значи НЕМА. и знам дека нема спас а да му раскинам неможам зошто многу го сакам... ама на крај знам дека ке дојде до тоа зошто неговото однесување веке не може да се толерира... немам ни 5 минути мир сака да знае кај сум што правам веке неможам ни со другарките да си седам по дома на раат знам што следи ама мнооооооогу е тешко да му раскинам лелеее ке полудамммм
Оффф верувај сум пробала на секој можен начин да му кажам, и понекогаш изгледа ко да разбира и после пак по старо... вика сама си правам демек така а јас немам ни искочено без него, не сум ни помислила на друг значи и сам е свесен колку го сакам а знам дека и он мене ама пуста љубомора.... дури тие околу мене ме прават мутава како сум дозволила толку да ми влијае ама што да правам колку го засакав иначе идеме скоро една година...
Се што е умерено е во ред,не е добро да не се покажува ни малце љубомора а ни премногу,затоа што само така ќе дојде крај на врската,јас може да се каже дека не сум љубоморна,кога излегува не му звонам по сто пати не го распрашувам како детектив,љубоморна сум на други ситуации али секогаш се контролирам,и он исто така можеби е малце повеќе од мене љубоморен али во границите на нормалата не е гушење,секој си има своја слобода и приватност треба да се свати тоа
epa zasto malku ne mu se zakanis i ne mu kazes deka ako vaka prodolzis samo ke te izgubi,deksa preteruva deka ti mora da si imas drugarki,sloboda i svoj zivot i kako bi mu bilo nego ti da mu go pravis istoto.dva dena taka da mu pravis ke poludi
Лелеее мислам и дека ке направам така... овој испад што ми го направи вечерва не се простува толку лесно... порано и за моја и за негова грешка јас плачев се трескав од земја и он се навикна јас да попуштам (баш сум мисирка знам :? ) ама сега ке го држам малку на дистанца зошто ме скрена... како и да е фала многу на советот се надевам дека ке успеам да го вразумам
направи огроооооомен скандал, зошто една другарка е сама дома и не викна на седенка само жени, и како сум можела да кажам дека ке одам пред да се консултирам со него може ке сакал да искочиме некаде заедно ( а кажа дека е капнат и дека не му се оди никаде) и додека да се свестам си останав дома за да не се караме, и сеа разбирам колку глупост напраив зошто му одам по кејф и праам он само како што сака.
a bi mu pravela malku ti nonstop vakvi sceni?za sekoja mozna sitnica da se lutis i murtis,pa da g vidime posle.
леле и јас почнав да глумам дека сум љубоморна да види како е а нема врска ич не сум и ке му ја извадам душата сега па ако му дојде памет ок, ако не со тешко срце ке му раскинам зошто вака само ке си го уништам животот... никако не може лесно да биде више
Многу ми е криво кога ќе слушнам за некој таков случај.И дечко ми е љубоморен, ама не до толку, ама затоа пак имам другарка која има ваков опсесивно љубоморен дечко.Се сака да знае каде е, со кого е, не и дава да оди по другарки, ја свртува против нас, ако стоиме заедно во кафич таа не смее со другарка да отиде во вц! И овој оди со неа и дреме пред вц и ја чека... ! Добро, ова врска ли е? Во врската пред се треба да има слобода, ако тој не ти ја дозволува тоа значи дека не ти верува, а ти како што велиш не си направила ништо лошо до сега со што би ја изиграла неговата доверба во тебе, па барем малку да го оправдам неговото однесување. Не знам што им се врти во главата на таквите машки. Ако сакаш да го изневериш има начин па тој ако сака на глава нека оди! Не знам што да ти кажам, разговарај со него, како што прочитав во претходниот пост, постави му ултиматум, или нека се поправи или не може веќе да те измачува вака. Тој секако дека те сака, љубомората произлегува од љубовта, и од некој негов страв да не те изгуби. Но каква иднина ти гледаш со тој човек.Да те прати како сенка. И штом во едногодишна врска се опуштил толку, што иде понатаму.... ? Со среќа s-love
леле девојки фала ви многу немате појма колку ми е тешко, највише ми е мака што стварно не сум му дала повод а тој стварно ми згрешил... и да, можам да разберам како е на другарка ти зошто и дечко ми не е подобар, буквално ми е сенка, неможам веке ништо да правам сама, а не е лесно туку така да престанам со него... леле љубовта е чудна работа, значи може комплетно да смени човек... :? ајде па може ке биде подобро ке сфати дека го сакаммммм дека џабе се треска од земја
ljubovta e sloboda..znaci nikoj nema pravo da go ogranicuva drugiot do sebe..doverbata i pocituvanjeto na drugito se vazni komponenti..ako gi nema togas tuka ne se raboti za ljubov..vo tvojov slucaj e posesivnost i opsesivnost..i iskreno kazano maltretiranje..jas misalm deka treba da mu ukazes na ova i da proba da se smeni ako ne togas zavrsi so nego i mislam deka ke pocuvtsvuvas sloboda..vikaat deka toj sto e olku ljubomoren i ja ogranicuva slobodata na partnerot veke samiot napravil nekoja greska..me svakas na sto mislam..taka da i ti bidi pretpazliva..
Bi sakala da dobijam odgovor na ova so ke go napisam i da mi kazi nekoj dali mi ljubomori vo nesto? imav decko i raskinav pred tri dena.So nego bev vo vrska 2i pol meseci,dojde vikend za izlegvenje i toj mi rece da ne izlegvis jas ne go poslusav i si izlegov vecerta i mi se javuva posle nekolku sati i mi vika kaj si mu rekov izlezena sum so drugarki potoa mi se derese na telefon mi vikase so ti rekov jas da ne izlegvis sega da zemis taxi i za 10 minuti da si domati . od so go sakav tolku go poslusav viknav taxi i si ojdov doma.posle mi pisi poraka cim nemas vo glat sedisi domati i uzivaj.I drugiot den praevme muabet na msn i mi rece da ne izleguvas 5 vikendi jas prifativ na toa mu rekov ke probam da izdrzam pominaja 3ri nedeli jas povejke ne mozev doma da sedam,i non stp se karavme za toa eden mesec carsija ne bev ojdena a toj si setase.i na kraj vejke jas od nervozi pocnav ne ubo da se ponasam prema nego i mi veli zs vaka mi se ponasas jas mu velam: jas sum zivo sustestvo ko so sakas ti da setas i jas sakam taka da setam.mozese da mi recis da ne izlegvam samo eden vikendi a ne 5et.mozese da mi zabranis samo za vikend da ne izlegvam a ne i od naskola carsija da ne pominam.i mi vikat mene posle nemas nikakvo ponasanje odi u kurac.sekakvi zborovi mi iznarece a jas trpev za nisto ne mu imav vrateno i na kraj ne cinam i vcera mi kazaja deka sabotata bil izlezen i bil so druga zenska ama taja zenska e za nikade so sekoj vtor se e....znam deka ke mi veli da se smirime dali da mu se vratam posle ova???a go sakam mnoguuu
Па не би ти советувала да му се вратиш... тој е љубоморно посесивен, колку и да го сакаш, не вреди да бидеш со таков, само ќе се карате. А кој е тој да ти наредува и диктира што да правиш? Ти да го слушаш, а тој да прави што сака? Мало морген! Батали го, ќе го преболиш... тој не те цени како човек и личност, ти за него си само предмет и така и те третира. Може малку грубо се изразив, ама не би требало да бидеш со таков човек. Сепак, на крајот ти решаваш...