ете овде го препознавам izvor : http://www.idividi.com.mk/stil/woman/1111372/index.html?referer=preporaka_naslov Вообичаено кога велиме насилство мислиме на физичко насилство, но во суштина многумина од нас не знаат да направат разлика меѓу дозволено и недозволено однесување во меѓупартнерските односи. Понекогаш она што мислиме дека е навидум безопасно праќа сосема поинаква порака и открива проблем што има подлабоки корени. Како да го препознаете проблемот? Закани и принудување - ви се заканува дека ќе ве повреди како вас така и вашите најблиски, се заканува дека ќе си го одземе животот доколку го оставите, ве уценува дека ќе ги објави вашите приватни фотографии) Економско малтретирање - ви забранува да најдете работа, ве држи финансиски зависни, бара оправдување за парите што ги трошите, ви ги зема парите што сте ги заработиле Заплашување – ви покажува оружје, крши околу вас, вика Психолошко и емотивно малтретирање – ве игнорира, ве понижува, ве исмева, ве критикува, ве убедува дека сте луди Изолација – контролира со кого и кога се гледате, ви го проверува телефонот, ви превртува по работите и ја користи љубомората за да ги оправда своите постапки Обвинување – ви вели дека самите сте виновни за она што ви се случува, ја префрла одговорноста на вас или се оправдува со тоа дека бил под дејство на алкохол или пак едноставно бил нервозен. Искористување на децата - ги користи децата за пренесување на пораки, ве навредува пред нив, ги подржува кога не ве почитуваат, ви се заканува дека ќе ви ги одземе Машки привилегии – тој е оној кој ги донесува важните одлуки, ве потсетува дека вие сте САМО жена и затоа треба да правите што ќе ви се каже, а не што сакате, ви сугерира дека облеката не ви е соодветна и очекува да имате секс секогаш кога тој сака.
Немој да дозволиш веќе да те прогонува тој идиот. И никако не смееш да бидеш жртва на било какво малтретирање... Отиди со некоја другарка во полиција и консултирај се... Се надевам дека ќе има позитивен резултат...
Devojka mi ne e ljubomorna voopsto, ne sum ni ja, imala eden decko pred mene so ni go znam ni go poznavam, znam samo deka mnogu rano se ozenil, ne ja sakale negovite devojka mi, pa mu napravile film deka nema druga da najde, i nz kako nz sto ama ja izneveril, i zaradi bremenost se ozenil.Sega 2 deca znam deka ima, devojka mi mi kazuvase Inaku devojka mi ne znaese deka bivsata ja sakav, no ja otsakav,dodeka bev so devojka mi mislev deka sum so nejze, duri i na sex ja fantazirav, no ja prebolev. E sega ako doznae deka ja izneveruvam, nz so ke prai.Ama pa jbg..
@SunnyGirl2 Јас колку повеќе те читам, и тука и по другите теми секако, заклучувам дека тебе ти годи ваквиот мазохистички однос. Мислиш дека тој тебе те сака, а уствари ти си таа што до уши е затрескана во него. Да не беше така, сега примерот што ќе го кажеше ќе беше во минато време, дека конечно си го пријавила и ова престанало.
Воопшто не сум.. Од што не сум, често ми викаа дека делувам незаинтересирано.. Ама немам време за љубомора..уште со такво чувство да си ја товарам душава..
Прекинав долгогодишна врска поради љубомората....На почетокот ми беше слатко.Бев дете, и мислев тоа е најнормално.Мислев од љубов го прави тоа, бидејќи му значам, но подоцна почна да ми смета. Само во мојот случај многу доцна сватив...5 ипол години поминав со него, секаде одев со него, јас со него пораснав..Не му давав никаква причина да љубомори..Јас не излегував никаде сама со друштво, бев постојано затворена дома или со него излегував.Ме следеше буквално на секој чекор, немаше доверба во мене воопшто. Се слушавме нон стоп, не смеев да појдам до кај другарка а него да не го известам.... Потоа мислењата ми се променија кога тргнав на факултет...Сватив дека мора да имаш живот надвор од врската, да излегуваш со друштво најнормално, а не да се плашиш да испиеш едно кафе преку ден со колешки и колеги... Пробав да му објаснам, тој не можеше да разбери, му велев зошто се затвораш дома , излегувај , дружи се ..Тој ми викаше ти сакаш да се шеташ затоа и мене ме тераш.... Не можев да поверувам што ми се случи, почна да ми се гади од човекот кој најмногу го сакав, кој ми беше најдобар пријател и поддршка. Љубовта едноставно исчезна, исто така и страста... Ништо повеќе не ме задржуваше до него..... Неможев да го поднесам. Помислив , вреди ли да ги фрлам во вода толку години поминати со него,но едноставно не се издржуваше и реков и 10 да се ќе прекинам и крај... Нормално имаше реакции од страна на моите родители, имаат такви малограѓански сфаќања,па што ќе речат луѓето , дома идеше бла бла бла.... На се се спротиставив, и прекинав.... Што е најчудно дечково не ми досадуваше воопшто, само првата недела и толку го прифати крајот ... Слушам, почнал многу да шета , направил и тетоважи ( порано не сакаше да слушне за тоа), разбрав и дека ќе одел странство за недела дена... Направи огромен пресврт за кратко време. Но не ми е криво воопшто , ми фали како пријател, но како дечко не... Сватив едно, љубомората со тек на време ја ослабува љубовта, прави да се чуствуваш заробен... Кај мене љубовта одамна исчезнала, се се претворило во навика. Само не сум била свесна за тоа.... Сега сум со една друга личност , која полека ми станува многу драга... Тој е тотално спротивен од бифшиов.. Се надевам добро ќе ни оди... Воопшто не е љубоморен, никогаш не ме испрашува за ништо ... Знае за претходнава врска, и тој прашува како сум можела толку долго да издржам со него.... Ми има едно речено : Јас те сакам ,имам доверба во тебе и знам дека никогаш нема да помислиш да ме изневериш ако и ти го чуствуваш тоа што го чуствувам јас за тебе... И да те врзам за мене, ќе најдиш начин да ми избегаш ако сакаш... Немам потреба да се замарам да те следам, и онака ако има нешто ќе те сетам по однесувањето.... И така луѓе Сакајте се и имајте доверба во своите сакани Само со доверба и почит ќе ги задржите до себе
Bogamii jako iskustvo , a bravo i za tebe... mislam deka najpravilno si postapila... shto da kazham srejkno ponatamu so noviot dechko.... i fala ti shto go spodeli iskustvoto so nas mozhebi na nekoj ke mu posluzhi
Мала доза на љубомора е секогаш оправдана и треба да ја има. Доколку не постои воопшто дискутабилно е дали тој некој воопшто се грижи за тебе и дали му значиш. Е проблемот настанува доколку станува збор за поголема љубомора без некоја посебна причина. Таа може да доведе до распад на врската. Познавам пар каде дечкото беше опсесивно љубоморен на својата девојка без никаква причина. Толку беше љубоморен што на моменти делуваше како идиот на кој сите му се смејат а на моменти како психопат. Нормално, после многу проблеми од негова страна врската се распадна.
Јас сум во врска со љубоморен дечко.Веќе година ипол.Љубомората бар кај него јас ја гледам како:се опеков на курва ќе дувам и на принцеза.Да имало многу кавги за некои банални работи но доколку има силна љубов се наоѓа компромис.Врската што ја имав пред него ми беше ептен лабава не го занимаше ни шо правам кај сум и слично.Варање зборење со мноогу други и триста глупости.Секој има маани ваше е дали можете и сакате да ги прифатите,не треба никој да останува негде кај што не се вклопува а доколку може некој компромис да се направи не е ни тоа страшно Поздрав
Мала доза на љубомора во разумни граници е сосема во ред и треба да постои. Таму каде што има вистинска љубов нормално е во дадени моменти да се јави по некоја искра на љубомора. Проблемот е ако таа љубомора прерасне во опсесија и ако партнерите или макар еден од нив започне да се однесува како психопат. Во таков случај не само што врската нема да опстои туку некој од нив може да остане многу повреден.
Овде можам да споделам едно мислење само, пазете и не дозволувајте љубомората да прерасне во болест. Небитно дали од женска или машка страна, некогаш тоа се случува и многу неосетливо. А , кога ќе се освестите од заблудата е касно.
Здраво на сите Нова сум на форумов, имам голем проблем и незнаев каде да се обратам за помош па се надевам дека ќе ми дадете некој совет Во врска сум скоро 2 години. Јас имам 22 а тој 24. На почетокот се беше во ред се додека.. По неколку месеци ми кажа да го деак фб бидејќи му сметал и сметал дека фб многу влијаел на една врска и јас го деактивирав. Потоа ми кажа така и за инстаграмот и со него исто направив. По некој период ми кажа да не се дружам повеќе со моите другари ( со кои бев 4 год од средно) бидејќи било страмота да ме гледаат низ град со други машки а јас имам дечко. Му се јавив му кажав т.е. му ја објаснив ситуацијата и нормално до ден денеска не комуницирам. Како поминуваше време почна многу да биди љубоморен и некултурен а мене сето тоа ме повредуваше оти јас се праев за него и пак и пак имаше кавги. Почна тој мене тотално да ме поседува Домашните мои ништо не знаат за тоа каков е тој, тие мислат дека е добар а воопшто не е така. Многу пати сакав да седнам и да разговарам со нив но ми беше страм да ги разочарам... За 2 дена ќе направиме 2 години од врскава и јас сакам да ставам крај бидејќи неможам повеќе да ги издржам овие нервози и стресови. Многу сум емотивна личност и знам дека ако му се скарам ќе се отепам од плачење и нема да излегувам од дома. Со него заборавив на мојата самодоверба едноставно на се. Последниве месеци почна и да ме малтретира ( ме корни за коса, груб е) а тоа за него било као демек од љубов. Од ко сум со него јас немам никој. Во почетокот сите ми велеа не е за тебе тој, тргни се ќе имаш проблеми но јас бев заслепена бидејќи го сакав и сеуште го сакам. Со него ослабев скоро 20 кила оти само нервози и нервози...
@AnaDelRey наведените факти укажуваат на тоа дека тој не е за тебе. Ослободи се од него, ќе го преболиш. Еден ден ќе бидеш со некој многу подобар кој нема да те малтретира ни психички ни физички. Никоја девојка не заслужува дечко како овој што го имаш ти.
Морам да бидам искрена, знам дека лошо ќе звучи..но, јас да ти бев мајка, сигурно ќе ти ја дочупав косата!! Аман бе душичко, имаш ли ти гордост, имаш ли понос, имаш ли его, зарем не се сакаш сама...ќе помислам дека си болна мазохистка и уживаш во тие работи некој да те малтретира и да се иживува со тебе. Ме интересира за мајка ти, зарем не приметила дека си 20 кгр. ослабната, дека си тажна, зарем не те седнала и побарала одговор за таа твоја видно ненормална физичка и емотивна состојба? Ајде ТЕ МОЛАМ, мавни му една двојка, па ти не си корпа за собирање на неговите фрустрации и мозочни куршлуси...одјебииииии го маме му негово.
Дома само ми викаат дека нејадам а како да јадам? Таман ќе седнам ќе ми се јави и мора нешто да ми кажи лошо о толку ни апетит ни ништо. Мислам дека е време да си го акт фб да излегувам.. ќе ми помини се надевам
Здраво женски ,имам врска од 1ипол година и дечко ми многу се замара со минато со кој сум се допишувала, ништо не гледа во иднина,нема доверба незнам зошто.Пробав неколку пати да зборам на оваа тема но неуспешно.Во месец јули сакам за Германија да одам со една другарка со која не сум многу блиска на 4 недели,мисли дека ќе најдам некој од таму дека ќе го изневерам,а јас ќе одам да учам јазик ќе имам многу активности. Зшто помислува на ова? Јас да сакав да го изневерам ќе го направам тоа во Скопје.Многу ми е тешко некој нека ми каже совет и другарки сум прашувала но неуспешно.