Зошто има толку недовербa во тебе? Си го изневерила досега? Имал бивша од која бил повреден?? Нешто мора да има,некоја причина
Епа биди глупа и незиживеана и дозволи некој како дечко ти, да те ограничува што да правиш во животов. Живееш твој живот и ти бираш како ќе го живееш истиот. Ако тој нема доверба во тебе, тури му пепел девојко. Не ги разбирам таквите машки, или се малоумни или сериозно не знам каде е проблемот. Објасни му некои работи и кажи му дека не одиш Германија да се мажиш, туку одиш да прошеташ или работиш. Дека во животов сакаш да стекнеш нови искуства, а не да бидеш ограничена и контролирана од негоко. Уствари, ако некој е глуп и ја здрвил главата дека ти одиш таму нешто да направиш, тогаш џабе ќе му се објаснуваш.
Нема бивша,го прашував само ми кажа му биле неуспешни и кратки врски,но не бил повреден.Го немам изневерено ме сака и го сакам.Само не ми е јасно зошто се замара со минато.Пред него имав врска со еден и него го изневерив.Ама сега што ми е другиов дечко го немам изневерено.Зошто се навраќа назад неможам да дознаам? Се караме многу пати во фб во пораки ми проверува деактивирам фб се смири еден период и кога го вратив пак почна.Еден што знаев преку фб во средно ми пишуваше и мислеше го лажам и сите пораки ги виде дека сам ме тера на кафе да одам а не сакам и престана тој да пишува ама зошто за другите се навраќа назад?
Фала многу @Anna-Banana исто мислење имаме ќе се обидам пак да му објаснам,ако не разбере јас неможам да се нервирам за некој кој нема доверба во мене
Не дозволувај да те ограничува во изборот заради неговата љубомора, ако толку нема доверба во тебе тогаш не ни треба да бидете заедно. Сигурно дека нема да се затвориш дома и да не се појавиш никаде само за тој да биде сигурен. А не кажа, дали тој знае дека го имаш изеверено предходниот дечко? Ако знае, можно е да е љубоморен затоа што има стекнато представа дека штом не ти било проблем да го изневериш него, нема да биде проблем тоа да го повториш и сега. Но сепак и да е така, треба да му објасниш дека секоја врска е различна и дека ти тогаш можеби си имала добра причина за тоа изневерување. Како и да е, мала доза на љубомора е во ред но ова не е на арно и води кон распад на врската.
Кога си седевме пред два три дена со дечко ми,ми кажа баш со овие зборови...Знаеш на која имам мерак?! Јас се зачудив и прашав на која вика на...Комшиката..Многу згодна станалаА сите сме комшии,тој живее,па она па понагоре јасА јас пораснав со неа,дури и ја замразив сега и многу и станав љубоморна,ја гледам на фб секоја слика лајк од него Не можам веќе со ова љубомора или мене нешто ми фали или тој е многу отворен со мене или како да го сватам ова не знам,буквално се опседнав со неа..
Дечко ти е тој што претерува. Како може така да и каже на своја девојка... сосема те разбирам. И од порано се сеќавам имаше вакви работи пишувано во темава или во друга, но стварно нека ги преиспита тој чувствата што ги има. Подобро е да се прекине врската отколку да се мачиш себеси со неговите испади. Разговарајте.
Тој ми вели и јас знам дека додека е со една не оди со друга,ми има стопати кажано ако сакам да одам со друга ќе ти кажам и готово ама не сакал дека ме сакал..да знам...ама осет нема стварно ова многу почнува да ми пречи,а му имам кажено и едно време ништо за таа тема после оп пак исто
@Sanya20 Едно е да се зафркаваме на таква тема, ако некогаш падне муабет, ама муабет очигледно на заебанција, па да биде мене симпатија ми е Бекам, нему Бијонсе или било кој, ама исклучиво да се познава оти е од зезање муабетот. Ама ова? Вака да ти кажува, па одозгора и за личност од вашата околина, на што ова личи? Јас разбирам да е машки муабет, и ние девојките во женско друштво знаеме да прокоментираме кој ни е згоден, кој се разубавел, сите имаме очи. Но, ова не. Ова мислам ни најголемиот женкар не би го искоментирал пред девојката, туку твојот дечко сака да има контрола врз тебе, со тоа што ќе те направи љубоморна, ќе те направи несигурна и полна со сомнежи. Искрено, требало да му речеш нека си го оствари меракот. Покажи малку карактер и цврстина, не дозволувај вака некој да те третира и понижува.
Дечко ти претерува во случајов. Сите знаеме да се нашалиме, ама ова е премногу. Вака мене да ми каже коа ке му ја врзам една господ ке го види. Решете го тоа со време, кажи му дека не сакаш да слушаш такви муабети, освен ако не е на шала. Па плус тоа и за комшивката.
Машка провокација е тоа. Смета знам, јас да сум како тебе директно ќе кажам дека ми смета и дека ако сака може да се гледа со комшиката и дека му раскинувам. Ако ти каже дека е шега, не би рекла зошто тоа лајкување сепак нешто значи. Од секогаш ме нервирале ваков тип на дечковци. Кажи му директно дека ти смета, немој да си се нервирала, остај тој да се нервира со тоа што ќе му го кажеш
@Sanya20 јас би му рекла дека комшијата од карши .. се разубавел многу и би прашала дали би сакал тројка со комшијата да имаме па да види како е .. он на тебе имал мерак на комшиката Шала на страна , претерал . Да било на зафрканција ок , ама гром од ведро небо не удира разговарај со него и кажи му дека ти смета таквиот муабет .. не се нервирај и не се опседнувај со девојката и со тоа дали и мава лајк на секоја слика или на секоја трета слика . Па некогаш и ти плесни му така во лице ко тој тебе таков муабет ..
Па тој знае дека комшијата од карши ми се свиѓаама штета не е тука,странство е инаку немам многу убави машки комшии,повеќето женски се Му кажав дека ми смета и дека уште еднаш не сакам такви муабети а тој ми кажа некој ден ќе и го кажам тоа а пред да и кажам на тебе ќе ти кажам...лол викам значи со тоа ми најавуваш дека ќе раскиниме,после тоа не лагам да бидам во врска,толко ќе ми биде.А можеби намерно кажал не знам зошто мене бившиот ми пиша само празник ми честита,и јас му вратив нормално е тоа,нели културна сум ќе вратам...а тој ми имаше кажено да го блокирам,јас го блокирав ама го сменив тел и така излезе..Од тогаш тој се смени и почна глупости да ми зборува ама ако продолжи така па не му ја мислам веќе има и други машки не е само тој.
Епа види како ќе се однесува понатаму .. ако не на крајот на краиштата , не е единствен . Ќе боли ама еден ден ќе помине .
Како да престанам да бидам љубоморна за неговото однесување.. Кога шетаме некаде секогаш сака да гледа други девојки од глава до пети, мене тоа ми смета, му имам кажано дека ме прави да се чувствувам безвредно, и да не го прави тоа додека е со мене ми вика нема врска не гледам јас никаде така ти мислиш. Кога и да отиде некаде цело време ме копка каде е и со кого, дали ке сретне некоја.. Тоа ме тера да правам да се скараме, и да ко лутам цело време. Му го начекав фб отворен и му бришев пријателки, со некој од нив немаше ниту еден заеднички пријател, а и беа некои од страна.. сигурна сум дека со ни една не се знаеше лично, имаше 1300 сега откако ги избришав има 900 пријатели, сеуште нема ништо приметено И му ги имам избришано групите што ги лајкнал, имаше се и сешто.. Машки бе А знам дека ме сака, дека сум му се, ама се плашам да не ме изнавери со друга.. Еднаш кога се скарвме јас го излажав дека го изнаверив и му реков сакам да раскинеме, и дека после тоа сигурно нема сака да сме заедно, он ми вика нема врска јас ке заборавам на изневерувањето,и ќе продолжиме да бидеме заедно.. Совет како да се справам со љубомората, знам дека ме сака..