Окапи го овој . Толку љубомора не е на добро . Накапав и јас на мои 15 години на еден сличен на дечко ти . Издржав 2 месеци - толку му требаше да си го покаже правото лице . Идиотот ми мавна шлаканица бидејчи сум се поздравила со другар со бакнување на образ и тука заврши врската . Му лупнав и јас еден шамар и му реков : " Овде завршува се помеѓу нас . Ниту сакам да те видам , ниту да те чујам од овој момент па натаму " . Уште се дрзна да каже дека во право бил што ми мавнал шамар ѓубре невоспитано . Остави го дечкото , толку многу љубомора не е добар знак . Во ред е мала доза на љубомора , но да те нарекува курва , глумица и свашта нешто не е во ред . Бегај далеку од овој без некакви паузи и сл . Директно кажи му дека неговата доза на љубомора е сепак превисока за тебе и дека до тука било .
Ова твоето кога го прочитав, како да читав сценарио за хорор филм, извини вака. Дечкото сигурно е некој со ниска самодоверба и не е доволно едуциран за многу работи или психопат, друго нема. После се ова што го направил, уште мислиш дека треба да одиш со него? Такви не ти требаат верувај, Само ќе те гушат и ќе тонеш во животот
Епа ќе му објасниш дека ако уште еднаш се обиде да ти направи некој љубоморен испад, да се обиде да ти ја ограничи слободата на движење или се појави онаму каде што не му е местото на пример кога си со другарки, дека уште во истиот момент ќе му раскинеш без око да ти трепне. Па и така навистина треба да направиш ако ти вети а не си остане на зборот. Кој е па тој да те ограничува, верувам дека ниту ти него не си го ограничила во нешто. Кажи му дека имаш пријатели кои ти значат и дека заради него немаш намера да се изолираш од целиот свет. Не паѓај на неговите финти и лигавења, ако толку те сака тогаш ќе те почитува и ќе ти верува.
Ako ste tolku vreme zaedno mislam deka mozis otvoreno da zboruvas so nego za problemov a ne ednostavno da go otkacis,ako sakas da prodolzi vrskata mislam deka treba da napravis otvoren razgovor i da mu go kazes seto ova, a ne pri prviot problem da go otkacis
Година дена како сум во врска, не е воопшто љубоморен на мене.Ми вика оди каде сакаш и прави што сакаш.Не можам да му забранам ни јас.Ми беше многу страв и имав искрено љубомора кон неговата бивша.Уште од старт мислев дека ќе се смират и дека не му е преболена.Со нејзе бил многу поразличен од колку со мене, преспивале еден кај друг, бил романтичен, имале повеќе планови, нивните се сакале. Не знам дали вреди да се замарам, добар е и со мене,но се надевам дека со тек на време ќе ми биде уште поубаво
Можеби е таков тип, а можеби научил од претходното искуство за љубомората. Не си ја споредувај врската со бившите, различен спој на карактери, различни ситуации. Не се преоптоварувај со такви мисли премногу.
Не се споредувај со бившата девојка,ако била добра немало да биде бивша. Можеби поради тоа што го доживеал со неа е сега таков,не се замарај.
Фала ти за советот, но како да го променам? Со нејзе некако мислам дека бил по фин, по љубезен, романтичен, на моменти ми е страв да не ме откачи.Ништо не сум спомнала пред него
Devojki..Imam potreba od sovet preterano sum ljubomorn..sakam da znam so kogo pisuva so kogo izleguva jas sekogas sum izvestena megjutoa nikogas ne go dava telefonot..Prekinavme bidejki sakav jas taka no mi padna krivo bidejki sme zaedno 1 i 8 meseci..Imam vreme da se promenam so ljubomorata inaku ke go izgubam..Sovet,mislenje spodelete..Skorpija sum i se plasam ama toa e znak nekogo da ne izgubis...Iskustvo vase .Blagodaram odnapred..
А да поработиш на тебе наместо на хороскопот? Ако не му веруваш - остави го. Ем нема да го мачиш, ни него ни тебе. Ако си сигурна во него - тогаш љубомората е непотребна. Или не веруваш во него, или не веруваш во себе. Можеби е подобро да го оставиш и да се обидеш да си ги решиш прво проблемите кои ги имаш со самата себе, па потоа да размислуваш за озбилна врска.
Razgovaravme poveke pati..No vikendot go fativ so bifsata vo disko nisto nemalo no ete za moj inat!Vsusnost on ne saka da prekineme samo mi kazuva deka ne e ok,deka i so drug nema da prosperiram..Imam 20 i ne sum mala..No nekogas mi doagja od vnatte a neznam kako da porabotam na sama sebe vo vrska so ljubomorata..
Тој бил во диско со бившата, а потоа ти си крива што си љубоморна... Секогаш вака ти прави за инает ? Јас тука проблемот во дечкото го гледам, тој ти дава повод за љубомора.
Pa toj vrtese jas ne krevav si iskacav vikav ne zamaraj takvi zborovi..I go izlazav deka sum na gosti a bev vo bastion..I pocnaa dramite otidov on so bifsata ja guskase..I samo poglednav i si zaminav ednostavno neznaev sto da kazam..Toa e rasicsteno pred 1 godina no seuste imaat kontakt ona mu pisuva ponekogas..No on drugarski i vrakja..I go ima pobarano druga bifsa ama da ne nastane drama ne mi kaza..Bidejki jas mu rekov cim ti so bifsata imam i jas drugi.. Retko se sluuva vsusnost toa e devojka na negov najdobar drugar..Bifsa devojka na dvajca drugari...Ne razbiram jas sto e problemot dali e do nea ili.. do mene
@Tina1997 Не му креваш и веднаш нашол утеха на друго место. Не да правам драма, на твое место ќе му раскинев до сега. На дечкото очигледно му мрда опашот.
@Tina1997 озбилно, ја гушкал и после ти си крива. Остај го и не се замарај, па и сака да направи дека си љубоморна и дека е до тебе, а не до тоа што му мрда опашот.
Имам проблем, дечко ми е многу љубоморен, не ме остава да дишнам, последно што направи е што ми се закани по мојот живот, е сега проблемот е што сакам да му раскинам, али не знам како затоа што е премногу ненормален, еднаш дојде и им се жалеше на моите, а сеа ми се заканува дека ќе одел кај татко ми кај што работи, а работи со еден куп странки постојано, да зборува, страв ми е да не направи некој скандал а и воедно не сакам да ми бидат понижени родителите. Ал хелп плс на каков побезболен начин да раскинам, не сакам ни да кажувам што ссе не ми има направено изминатиов период.