Haha ne ja ubivam nadezta samo sum realna. Ako nekoj Se smiri treba sepak vo sebe da go nosi toa, stom naleta na zena so koja Se vklopuva ama ako hormonite I naravta mu e takva ni Bogorodica ne go smiruva,samo zdravjeto kje si go izgubi. Taka mn zeni zaglavuvaat aha jas kje go smiram ...ni bilo ni kje bide.
Ако одиш со таа мисла демек сега јас ќе го сменам, тогаш ни ќе смениш некој ни ништо тогаш само ко што викаш болест ќе си залепиш... Јас ти зборам за обична нормална врска без такви работи, врска што си фунлционира супер со разбирање и доверба и се тоа да си дојде спонтано непланирано.. Онака си видел човекот дека нешто вреди и си се променил. За љубов. А за тоа дека жена планирано може да смени маж не верувам и нема шанса.
I mazite I zenite baraat ista rabota emocionalno, nekoj samo deluva palavo zs ne naletal na soodveten partner, stom najde to a sto bilo nekogas ne go interesira vekje I Se nasocuva kon vrskata. No, ne Se site takvi,a deka ima zeni znaat kakov covekot I pak so nego I pak povuci potegli, ima. Zatoa Se zavisi od karakterot I zelbite na covekot.
Нема човек што не се сменил поради љубов, кога тогаш на секој маж му се раѓа желба за моногамна романтична врска. А за тоа да мислиш дека ти ќе го смениш, нема. Па дури и со жените е исто, се додека не почувствуваме љубов, имаме проблем со промена на навиките. Само што ние жените сме посклони на мешање љубов во некој човек и желба да бидеме вљубени во некој, па така полесно се убедуваме дека сме заљубени и као време е за промени. А мажите точно знаат кога е љубов во прашање, се менуваат сами од себе, и жената која ја сакаат е сведок и на позитивни и на негативни негови промени
Девојки во врска сме 7 месеци и многу сум љубоморна, неможам да се исконтролирам. Дечко ми се допишува со др девојчиња и тоа све од досада. За лајкнување се знае дека сите момци лајкнуваат на други девојчиња слики на инста и фб, немора да се прави муабет за тоа... Како да се справам со таа пуста љубомора?? Он ми има кажано да не се замарам за ништо и да уживам! Коа ќе пише на другарка ми безвезе муабети некои се заебаваат и ја сум многу љубоморна, другарката вика да не се замарам уопште и навистина нема потреба за љубомора ама посилно е од мене. На друга другарка и пишал : како си што праиш ништо посебно коа дознав одма збеснав и и реков да го блокне. А за сакање ми има докажано дека ме сака нема што да се дискутира за таа тема, туку поентата ми е како да се справам со љубомората(без причина љубоморам), мислам дека се претвара во болест...!
И јас сум љубоморна особа.Ми смета лајкнување, допишување со други девојчиња.Ужасно љубоморам, но знам дека тоа може да смета во врската.Пробај да се контролираш барем пред него.Јас се водам по тоа дека ако има љубомора значи има и љубов, ми држи вода некако.Али некогаш тоа може и да смета.
Баш си у право каде што има и љубомора има и љубов. Знам дека и он љубомори ама се прави нешто и не покажува а ја уствари му читам од очи
Еве јас на пример имам висока самодоверба и се сакам себеси највеќе од сите што ги знам па пак сум љубоморна, now what?За посесивност maybeeee, до негде си во право за тоа
И јас се сакам себеси највеќе, ама тоа не значи висока самодоверба. Сите на момент се чувствуваме 'загрозени' од луѓе околу нас, посебно, ако партнерот ни даде причина за тоа, како на пример: обрнува повеќе внимание на друг, него ли нам. Многу често, ситни работи кои континуирано се повторуваат, ни ја уриваат самодовербата, па ни ја ранат љубомората, ко магичен круг е. Зафркната работа, секако. Сепак, врската има двосмерна динамика, и самата љубомора не е секогаш критика за љубоморниот, туку и за партнерот кој ја предизвикал. Од ова ги изземам луѓето кои се патолошки љубоморни. Ним не им треба никаква причина.
Ме интересира колку години сте? Тоа допишување со други девојчиња ми е крајно детско однесување. Досадно му било бе. Еве јас не се сметам за љубоморна личност, но да пишува на секоја на која ќе стигне, искрено ми би сметало.
Девојко преземи нешто за да не му биде "досадно" на дечко ти. Тој ако се допишува со девојчиња како што викаш од досада, прашај го зошто не се допишува од досада со машки. Според се полесно досадата се разбива со девојчиња, одошто со машки.
Досадни се удав, ама досадата кога ја разбиваш со пријателки не треба другарката да не примети и да ни љубомори.
Vaka jas mislam deka deckoto ne e sozrean i deka uste ste vo sredno. Ama toa ne go opravduva. Sepak na site nekogas ni e dosadno ama ne brkame drugi maski ima razni aktivnosti so koi moze da se tepa dosada. Prezemi nesto, a ako ne ne se zamaraj so nego.Mene iskreno bi mi precelo da pisiva so nekoja ili da lajka. Mojot decko duri i izbrisa insta za da ne se nerviram. Na fb ne lajka na drugi devojki, a dali pisuva pojma nemam. No, so ogled na toa sto sekogas go ostava mobilniot a toj ke izleze primer u dr soba pa duri i mi go dava ako sakam da se slikam i go znam pasvordot na mob se tesam deka ne pisuva so nekoja. Jas sum uzasno ljubomorna. Gledam da se kontroliram zosto nemam pricina da dramatiziram.Ama toa e duri koga e so mene ne smee da pogledne vo druga. Epten sum uzasna vo toj pogled . No vaka ne mi smeta da ide sam na kafe so nekoj drugar okolu toa ne pravam problem. Vo princip se e svedeno na dogovor i razbiranje.