Сите се мажи, ама исто така пишуваше погоре дека жени им правеле друштво, затоа помислив доколку им прават друштво зошто на саканиот не му се придружиш и ти? Како и да е извини што го бутам носот кај што не му е местото.
Како и да е не се замарам повеќе. А инаку тие жени му се придружиле во кафичот непланирано. Нема проблем уживај.
Искрено јас уживам да го правам него љубоморен, ама незнам дали е добро да е претерано љубоморен за без причина. А кога се работи јас да дум љубоморна секогаш барам причина да се извини, да внимава многу повеќе на женските сетила. Тука се подразбира да посветува многу повеќе внимание. Значи јас го обожавам кога е љубоморен ама дали е добро премногу? Затоа што може многу лесно да дојде до караница ако е премногу. И не ќе да е во ред да се расправаме за тоа.
Не прави го тоа што не сакаш да ти го прават тебе. Во здрава врска нема такви местенки, кога-тогаш чашата ќе се прелие.
Не е во ред да тестираш нечиво трпение. Може на тебе ти е убав адреналинот кој се створа меѓу вас во моментот но знаеш, граница на се треба да има. Секој треба да си ја знае својата граница Умереното е најдобро.
Не сме ич љубоморни. Понекогаш дури малку се чудам зошто ич не е љубоморен, малку љубомора е убаво ама после сфаќам дека иаме премногу доверба еден меѓу друг и нема потреба од тоа, па не е лошо и вака. Дека претходниот пољубоморен ми беше и малку чудно ми беше на почеток.
Ако имате време на сила да смислувате местенки за да ги правите дечковците љубоморни, сериозно ви фали хоби во животот.
Љубомората е најголем убиец на врската, бракот. Јас сум љубоморна ако има причина, или ако некој спрема мене се постави така. Фала богу во нашата врска и брак немало вакво нешто. Секогаш имало доверба, а проблемите од овој тип секогаш се решавале со муабет.
Боо девојки незнам за вас ама јас сум претерано љубоморнааа...дури помош барам.. Пред некој месец имав лажен инстаа и ги фоловнав повеќето девојкии и зеде ме блокна на лажнио.. Љубоморна сум ко ќе видам лајк од негова странаа кај друга и кога ќе го прашам која е одговара не ја знам онака ја фоловнав.. Иначе како викаат ко ке се изгориш еднаш и на ладното ќе дуваш...мислам ради тоа сум љубоморна...Некој совет помош за љубоморатаа?
ako si imate doverba megju segw nema sho da gledash shopraj, i jas na pochetok od vrskata koga ne bev sigurno so sho si imam rabota mu se lutev za se i sehsto oti folownal ovaj oti onaj oti mu lajknal neznam ti sho ne.. ama so tek na vremeto mi dokazha deka nemuse bitni drugite, i deka saka da e so mene pa si sfativ deka mozhi da lajknuva i da pishi so koja saka i red drugo..
Овие две фрази, ти ја опишуваат цела врска. Дечко ти е насилник. Да се тргнеш од него што поскоро! Тоа што го викаш 'љубов'... не е 'љубов'. Ти го има 'испрано мозкот', затоа така мислиш. Тоа: Најубаво ми е со него, се' прави за мене... АМА!... Ми е страв од него и се чувствувам крива.. Некој што те сака и што го сакаш, никогаш нема да направи да се плашиш од него и да ти го 'регулира' животот, тој како што сака.