Мм воопшто не е љубоморен, до сега имам пробано мноогу пати да го направам љубоморен ама никако не ми успеало (не со неверства) туку со муабети општо со тоа "Што би било-кад би било" , а јас сум прееемногу љубоморна ама си преќутувам бидејќи не сакам кавги без врска, знам каква сум и знам дека грешам
Не знам, можеби лудорија или не доволно доверба на почеток од врска и ден денес кога се присетувам на тие времиња се смеам.
А кој ти кажа дека доверба се гради со намерно иницирање љубомора? Тоа само на турски серии го има. Се надевам не гледаш такво ѓубре.
Не ни имам време да гледам тоа беше порано, пред 8 години, повеќе го гледам како не доволно доверба на почеток од врска. Сега ни е се супер
Девојки ми треба совет...Вака се запознав со еден дечко топ дечко на изглед и карактер (барем така мислев)цело време ми пишуваше ова она ме покани на вечера искочивме,утре дента пак се видовме,се слушавме на тел ова она значи буквално ми посветуваше внимание дури кога нему вракав одма,пишува кај си што те нема и му давам објаснување ова прааев затоа ме немаше, си помислив ок му се свигам затоа така прашува бидејки ми кажа премногу ми се свигаш (инаку големо швалериште е) и преф некој ден јас искочив со другарки и сменсњ нашле на исто место и отидов до wc и дојде еден и почна да ми се пушта и јас од култура зборев со него кога он виде дојде до мене типот си отиде кога почна да ми се дере мислев ке ме убије почна да ме стега кој е овој што бара овој од тебе кој е...девојки што мислите за ова? сеа изгубена сум незнам што да праам
Не сум девојка, ама стварно ме интересира како може да е топ дечко на карактер кога е швалериште? Да не зборувам како тоа е се само не топ, со ова што почнал да ти се дере и слично, освено ако ти не преувеличуваш?
Безразлика дали ти е дечко или се гледате повремено нема право на такво однесување, во иднина може да изреагира многу побурно и насилно од овој пат. Биди претпазлива.
Не мисли дека толку многу е затрескан во тебе па затоа такви љубоморни сцени прави. Така не се постапува доколку некој ти значи. Ова ти е доволен знак да се тргнеш од него што побргу.
@WildMk аман кај наоѓаш вакви слики? Ме уплаши. @Lana93 посесивен и е нонстоп ќе ти прави скандали. Ти бираш дали ќе живееш така или ќе го мафниш. Дека е нормално тоа, не е. Сепак сите си правиме свои избори.
Те исполнуваше кога покажа љубомора, него дали ќе те исполни кога љубомората ќе премине во агресија. Размисли.
Нема што да си збунета. Повеќе од очигледно е дека е насилен. Првенствено ти не му си ништо за да си зема за право да има вакви љубоморни испади, а остај тоа, самото однесување со викање и стегање укажува на нешто многу полошо од љубомора. Оддалечи се додека не е касно.