Сместа откачи го.Моја соученичка така се затреска во еден, а овој болно ја сакаше.Ја тепаше секој ден од љубомора и посесивност.Со модрици шеташе девојчето, страв и беше да каже дома да не ја начека да ја претепа.Ја чекаше пред зграда секој ден, насилно и влагаше дома.Имаше претепано едно дете бидејќи сакал да се поздрави со нејзе.. Не ти треба таков манијак.И јас сум љубоморна па што?Не ми дава тоа за право да се иживљавам врз некој
Ако мислиш понатака со дечкото,заборави си машко друштво. Како прво не прашал кој е дечкото. Како второ ти не си крива што некој ти се пушта. Како трето денеска те стегнал,утре ќе ти ја стегне една. Замисли утре со другар да се гушнеш
Ќе го преболиш. Што мислиш ти, нам не ни фалел некој? Ехее.. и сум плачела и сум се притресувала и молела и чекала... Ќе ти помини Знам дека сега ти е тешко, ама за некое време, ќе биде ко да не постоел. Занимавај се со нешто што ти е интересно, школо, другарки, гледај телевизија.. било што, што ти е интересно. Не оставај си многу слободно време да мислиш и евоцираш спомени... Се' ќе биде во ред... ќе видиш
Ич да не ти биде! Бегај од него колку нозе те држат ! И биди среќна што на време се покажал, а замисли омажена со деца, трауми за цела фамилија. Ова ти е среќа во несреќа.
Љубомората мислам дека е особина на неизживеани луѓе и истата може да се контролира. Двете страни да направат да нема љубомора, едноставно заморува.
Денес, љубомората е секојдневие кај секој втор човек. Лошо е да си со многу љубоморен човек, дал машко или женско.
Тоа на 13 години може да веруваш само. Не може врската да биде здрава ако има љубомора. Утре ќе сакаш нешто да направиш за твое добро и нема да ти даде затоа што ќе ти е љубоморен, и сега?
Љубоморен човек не може да биде нормален. Нема љубомора во граници на нормала. Ништо од љубомората не е нормално.
Во никој случај. Да има љубов и да има љубомора, љубовта ќе ја снема, од здрава врска ќе постане токсична врска. Во ред е да се грижиш и да те интересира како е партнерот, како го поминал денот, каде бил и сл ама љубомора и контрола не треба да постојат во една врска бидејќи се косат со довербата која е најважна.
А во ова твоето напишано што е контрола и љубомора? ( да бидам појасен најпрвин рече океј е да те интересира и прашаш па потоа..?
Ако го прашаш партнерот како е, каде бил и како си поминал, не значи дека го контролираш, туку дека те интересира бидејќи личноста ти значи. Ова е сосем нормално. Не е нормално да контролираш секој час каде оди, што прави и да бараш сметка да ти полага. Не е нормално да љубомориш доколку партнерот не ти дал повод, па макар и за некоја ситница да се работи. Како што кажаа погоре ништо од љубомората не е нормално, едноставно не треба да постои. Мислам дека јасно објаснив
I mene mi se slucuva istovo ... i jas nemam pricina za ljubomora i jas baram pomos Kolko zalno i jas se pronajdov i mene me lazi i toa za obicni raboti iako podocna mi priznava ...porano ne kriese nisto od mene no jas pocnav da go baram da mu dosadvam kaj e so kako i pocesto se karavme i uste sum vo takva situacija ne sakam da prekineme zasto znam deka me saka i deka i jas go sakam....i non stop go prasvam me sakas li i toj sto me prasuvas gluposti kog znajs deka te sakam ne ti dokazav do sega i vo pravo e jas sedam kaj negovite zaedbo sme non stop osven koga e na rab ili izlezeb so drugarite koi gi znam site uff ne sakam da sum vakva sakam da se promenam ama ne mozam
За почеток не размислувај дека ке прекинете. Можеби стравот од прекинување те тера да се однеусваш така
Ti blagodaram ....ali sve mi e ispomesano vo momentov toj treba da zaminva stranstvo jas ostanuvam kaj negovite ...i znaes se plasam od sve