Не е проблем лајкот,проблемот бепе што се сомневав цело време и изгледа не било за џабе.Веќе 2 недели одкако раскинавме упорно вика дека јас сум му на прво место,а има многу и неќе врска туку гледање додека јас упорно стојам на тоа дека неќам да го делам со друга
Љубомората е чист отров. Велат дека е знак на љубов, ама тоа е заблуда. Баш спротивно. Знак на недостаток на љубов. Знак на посесивност, на чиста груба себичност, незрелост. Ниеден изговор не ја оправдува љубомората.
Hmmmm blaga doza na ljubomora dava do znaenje deka na nekoj mu znacis i ti znaci . A golema doza na ljubomora e bolest na nekoj nacin
Здраво Имам проблеми со дечкото. Постојано ми го проверува телефонот и ми брише другари од ФБ. Дури ме натера да го избришам стариот профил и да направам нов бидејќи од стариот профил стоеле уште лајковите што сум ги ставала на моите бивши пред 5 год. Ме напаѓа дека јас му работам зад грб и дека сакам да направам нешто со мој другар. Јас него го сакам ама не можам да го трпам ова. Не знам дали вреди да останам со него дали ќе се смени или сепак да се тргнам ?
Нема да се смени, а ти ќе изгубиш другари поради него. Имав таков случај и криво ми е што го трпев и не му раскинав порано. Не е љубов тоа, болна опсесија е. Нема доверба во тебе, а без доверба не функционира врска.
Се чудам како го трпиш ова и уште размислуваш дали да останеш со него Не ти треба таков, тоа не е љубов...
Нема лек за такви. Другарка моја идеше со еден таков. Му раскина и овој ја молеше да се смират со тоа што и ветуваше дека ќе се смени. Се смирија ама он пак си тераше по старо. И она го откачи. Постојано ја проверуваше каде е и со кого е. Ако и заѕвонеше некој на телефон одма почнуваше со неговите љубоморни испади. Во стилот - Машко ти ѕвони а ти си го потпишала како женско во телефонот. Откако раскинаа он се ожени со друга ама и таа го оставила. Тоа не е љубов туку опсесија.
И да ти верува и да се колне дека ќе се смени, нема да може туку-така. Тоа е посилно од него. Мора да почне психијатриска терапија. Мора да се најде коренот на таа љубомора и да се работи конзистентно на тоа. А тебе ти предлагам веднаш да излезеш од таа токсична врска.
Ццц тоа е опсесија.. Добро бе толку ли незнаат што е љубов и ја претвораат во болест аман од таквите веќе... Ти раскини му со време оти тоа е гушење...можам да замислам кои нервози ги тргаш со таков болесник. Способни се да кренат и рака забегуваат од опсесијата и љубомората. Раскини му.
@sandra995 Ти што мислиш? Вреди да останеш со него? Затоа што ако мислиш дека не вреди, остави го. Дури и да ти кажеме ние дека вреди. Ако мислиш дека вреди, дали овие совети тука ќе ти го сменат мислењето?
Свесна сум дека не вреди. Ама премногу го сакам и не можам да соберам храброст да раскинам...Само си се лажам себеси дека ќе биде подобро ама на полошо оди врскава.
Нема никогаш на поарно да појде. Ќе имате деца и потоа отворите деца ќе патат од неговиот однос. На таквите им треба некоја доминантна жена кој ќе му покаже каде му е местото и ќе ја слуша цел живот како кученце ќе биде пред неа.
Остави го, психопати се тие. Бев со таков и знам што кажувам. 1 недела ќе се смени божем, пак лошо потоа. Тоа е карактер, не се менува. Без нерви ќе останеш.
И ќе оди. Колку врски ги знам кај што и машкото и женското тврделе дека ќе се сменат па плачки, раскини-смири се... Единствено може надвор од таа врска некој да се промени. Јас искрено не се согласувам со @LoneWolfGuy. Колку што не треба машкото да се "сили" во врската, не треба ни женското.
Здраво. Мислам дека темава е соодветна за ова што имам да го напишам. Бидејќи си признавам дека сум љубоморен, и не знам како да се решам од тоа. Дали е оправдана љубомората или не.. Ова повеќе се однесува на понежниот пол. Во врска сум со личност која ми значи и ја сакам. Можеби половина година. Во нејзината претходна врска која заврши не многу пред да започнеме ние, со нејзиниот партнер се имаат изневерено (и двајцата) и после пак продолжиле, не им била воопшто сјајна врската, и гледам дека била премногу наивна, јас во таков случај би ставил крај на се, а не да враќам со иста мерка и пак да бидам заедно со некоја. Јас секогаш имав проблем со изневерувањето. И тоа ме направи мн повлечен тип. И можеби проблематичен со довербата. Можеби од оправдани, можеби и не толку оправдани причини. Јас и дадов шанса на оваа девојка. Но, постои стравот во мене, на пример зошто пак не би му се вратила? Сеуште има спомени и слики од него. Знам дека ме сака. Но мене ми претставува проблем тоа што сеуште има нешто што ќе ја потсетува на него. Ниту пак сакам да бидам полицаец. И нејзиното однесување некако се промени во последните недели. Само си кажуваме колку се сакаме, и слично, некако ги нема тие убави разговори како првите месеци. Не се гледаме мн често, од различни градови сме, таа живее во исто место како и бившиот. Знам дека со бившиот пред да раскинат имале расправија за некој нејзин другар. Не знам дали се случило нешто помеѓу нив, но сеуште има многу активни муабети со другар и, дури и повеќе одколку со мене. Како да има нешто што ме закочува да можам да и верувам, иако можеби нема ништо од тоа..сакам искрени совети или препораки од понежниот пол, и дали некоја од вас била во таква ситуација? И да напоменам, не знам кој прв изневерил, но мислам дека била таа.
Ако немаш доверба, тогаш пиши пропало на таквата врска. Наместо да се измачуваш или наместо да изиграваш полицаец, да ја контролираш и да и правиш љубоморни сцени, подобро поштеди се себе си, а и нејзе и раскини и. Подобро сам, отколку во несреќна врска.