Oд рaзлични грaдoви, сте се изневериле вo минaтoтo, чувa слики oд бившиoт, кoлку гoдини сте штo плaнирaте ? Oвa мене ми изгледa не сериoзнo.
Не сме се изневериле ние! Во претходната врска се изневериле. Другото е се како што кажа. Сликите и се скриени. Само една успеав да најдам. Инаку, по 23 год сме
Довербата е едно од најважните нешта за успешна врска. Не се води според нејзиното минато, не значи дека ако го изневерила него ќе те изневери и тебе, разговарај со неа за сè што ти смета, вклучувајќи го и другарот и тие слики кои стварно нема потреба да ги чува кога почнала нова врска. Нормално е да има другари, но секако треба да има повеќе муабети со тебе, сепак не сте долг период во врска за да немате теми уште сега.
@NiceBoy каков е нејзиниот став на тоа што се случувало со бившиот? Доколку смета дека не било во ред, најверојатно значи дека не би го повторила. Зошто ти не поттикнуваш поинтересни теми на муабет? За другарот не можеш да и преречеш, се додека не приметиш нешто несоодветно. Пријателствата се многу важни, не треба да се мешаш.
Во случајов не им била сјајна врската со бившиот и се изневериле. Ај може не се ни сакале па пробале со други што знам. Ама јас лично да дознаам дека дечко ми ја изневерил претходната, не би била веќе со него. Не можам да одам по тоа дека не мора да значи дека ќе ми го направи истото мене, ама факт е дека тој како личност може, значи може да изврши неверство. Можеби и никогаш не би дознала, да, ама ако веќе знам, ќе преккнам. Така да, го разбирам @NiceBoy Мислам истото треба да важи и за насилство нели?
Вака ако размислуваш, сам ќе останиш, или пак во врска во која нема среќа. Не можеш да очекуваш некоја магично да ти се појави порасната, спремна, заљубена во тебе, и без минато. Нема такво нешто. Врати си ја самодовербата, па после размислувај за сериозни врски.
Добро ајде сега кажете ми. Нејзините знаат за нас, пријатели некои исто. И пишува еден другар од поодамна шо си немаат пишено. И на прашањето дали има дечко одговара не со некакво си смајли. И муабетот зема поинаков правец од страната на другарот а и она му одговора со долги реченици. Плус на повик да излезат му врати дека не излегува поради ситуацијава. Пола година во врска, 23 години, мислам дали е тоа оправдано? А имаме зборено за сериозност и останати работи и дека не сме мали. Мене, тие ситници можеби се, но ми сметаат. Нормално ли е ова од нејзина страна?
Од кај знаеш за разговорот? Иначе не се ситници. Ако стварно излажала дека нема дечко и не го одбила за излегување, можеби не ти е лојална. Јас не би сакала да бидам во таква врска.
Не се ситници, не гледам причина зошто би криела дека е во врска посебно кога видела накај што води разговорот. Пак ќе кажам, пола година не е ништо, ако не ти одговара врската, фино културно направете си муабет и ставете крај. И стварно, од каде го знаеш цел разговор? Сите знаеме што е во ред а што не е, не прави и контрола, таа ако сака да направи нешто - ќе направи.
Дечко искрено мислам дека тоа не се ситници. Штом девојка ти ја крие вашата врска пред некој си другар или бивш познаник значи има место за загриженост. Зошто би криела дека има врска ако не планира да направи нешто со некој? Размисли малце Според напишаното погоре, мислам дека има шанси да те изневери со оглед ако се земе во предвид минатото, а можеби и не. Сепак муабетот со другарот е red flag...
Зависи , можеби другарот е не толку близок другар , можеби е проблематичен човек ( малку ли има и машки и женски кои од љубомора им расипуваат врска на пријатели ?! ) .. Секакви луѓе не има , сметам дека треба отворено да разговараш со девојката , да ја прашаш зошто крие од тој другар за тебе ( најлогично и најпаметно решение според мене ) . Јас имам 24 и така би постапила на твое место . Доколку сте правеле отворен муабет за се , зошто да не и за ова ? Ситници не се , секако дека сакаш да знаеш , и твое право е да знаеш што се случува , но не да избрзаш со заклучок дека таа сака нешто со другарот ... @NiceBoy
Не би се налутила, само и мене не ми е логично да дозволи да ги блокираш со само еден збор ако му се вистински другарки. И од каде знаеш за ова кога ги избришал?
Имам пасворд и видов. Ми вика не сум будала да пишам кога знам дека читаш. А тоа со пасвордот не му го барав јас он сам се логираше од мојот телефон и еве ми рече да видиш дека ништо не кријам.
Немало да брише ако мислел така. Не знам како стојат работите ама не оправдувам чепкање во туѓ тел и туѓа приватност ниту сакам некој мојот да ми го зема. Поработете на доверба. Ако сака да направи тој нешто знаејќи дека имаш негова лозинка ќе најде начин.
@nikibi не сум во тек со ситуацијата , ама маж ми ги брише сите пораки од социјални мрежи од причина што колеги му го чепкаат телефонот на работа . Иако има шифра , се дешава некој да снема батерија нели и слично . А има неколку другари од маало што на зезање му праќаат многу глупости , он има сериозна работа и од таа причина често брише пораки и разговори од социјални мрежи . Не знам кај вас како е ситуацијата , но можеби е слична причина .
Тие мојот телефон го следат , не па неговиот . И 10 да ги има , мора сите да ги пријави на работното место . Службите од работа морале да ги имаат сите информации , таква му е работата ...
А ти оти даваш да ти го проверува телефонот? Тоа е првиот чекор да му се потчинуваш на некој телефонот е приватност и има многу делати и приватни работи од твојот живот пораки со родители, броеви, другарки, школски, бивши, слики секакви.