Zdravo devojcinja. So decko decko mi sum vo vrska veke 2 godina, a ziveeme zaedno godina ipol (duplikat klucevite od negoviot stan bea podarok za sveti Valentin). Toj ima kerka no ne zivee so nego, taa zivee so majka i. E sega problemot e kaj nejzinata majka. Tie se veke 3 godini razvedeni, toj ima kontakt so nea samo koga deteto e vo prasanje i toa go odobruvam i razbiram pa kolku i da sum ljubomorna No taa duri i koga nema nekoj problem ili koga veke mesecot e isplaniran deteto e kaj nea, taa mu pisuva samo eej dobro utro kako si. Ili mu zvoni za nekoi glupavi prasanja. Jas nemam mir od nea. Decko mi e super tip, ne mozam da se pozalam narodski receno "mi odi po gazot". Se trudam da bidam smirena iako goram odvnatre a toj go oseka toa. Na pocetokot dodeka ne ziveevme zaedno ne bese taka, duri i toj mi go kaza istoto. Otkako pocnavme da ziveeme zaedno taa pocna da voznemiruva. I? Sto da pravam? A go sakam kako nikogas dosega da ne sum sakala. Imam 30 godini ama peprutkite u stomak se sekoja vecer i sekoe utro prisutni Pozdrav devojki
Ако толку ти смета тоа пишување, кажи му нека и даде до знаење дека го замара. Иако според напишаното мислам дека не и обрнува внимание, а таа намерно пишува и ѕвони за да те направи љубоморна. Не си прави проблеми поради неа, кажи му смирено па ако продолжи не ја регистрирајте.
@IceBaby не знам зошто се чудиш. Мора да комуницира со неа заради детето. А таа ќе го користи за да манипулира со него.
@IceBaby Треба да бидеш свесна дека ќе комуницираат и на некој начин ќе биде дел од твојот живот. Не треба да даваш толку значење на тоа, разведени се со причина, тој е со тебе и те сака, очигледно. Зборувај со него, кажи му како се осеќаш А, ти спомна дека таа го буцка со такви муабети а не тој, така да опушти се.
Соземи се од пеперутки, пробај да ги контролираш емоциите, и да размислиш со бистра глава. Оти вака со ова однесување и размислување не ти оди во полза, а сакаш да си со него. Не му доотежнувај.
Не и придавај на бившата толку значење. Вас ви оди убаво, уживај си. А следен пат кога таа ќе се јави и поставува глупи прашања нека добие и глупи одговори
Таа му е прва жена, имаат и дете заедно, имаат минато, засекогаш ќе е во вашите животи. Среќа шо се во добри односи после разводот инаку тогаш ќе имаше вистинска причина за да вриеш одвнатре. Со тебе е сега, не знам зашо предаваш толку значение на една порака. И сама си кажа дека гледа да ти погоди тебе најпрво. Свесно си влегла во таква комплицирана врска нема шо да се лутиш ако комуницира со бившата жена, нормално е
Тешка, но и нормална ситуација. Имаат нешто што ќе ги спојува за цел живот и убаво е што ти свесно си влегла во таква врска. Докажи го тоа. Дечкото си продолжил со животот, една одлука како развод на брак не е воопшто лесна, но сигурно имале тон проблеми на кои верувам дека не сака да се наврати. Твоја работа е да продолжиш да го усреќуваш и да си негова поддршка, ако го трупаш со љубомора и негативности, ќе го изгубиш. Ова ќе трае се додека и таа не продолжи со својот живот, а додека не дојде тој ден, самоконтрола.
Не и се замарај , тој е со тебе , со тебе е среќен . Пружи му максимална поддршка и разбирање , и него му е тешко што ете поминал низ период каде морал да се разведе и детето да го остави да живее со мајката ( мажите не покажуваат , но сепак тешко им е да се разделени од своето чедо , знам по маж ми , повеќе децата ги бара кога е по терени отколку мене , и тоа е сосема во ред ) . Ако толку ти смета , можеш да поразговараш со него на таа тема , но не да го напнуваш , туку онака смирено прашај што мисли тој , до кога ќе трае тоа нејзино однесување и како се чувствува тој во врска со нејзиното однесување ( дали му смета , го нервира или пак едноставно отрпнал веќе ) .. Секако дај му до знаење дека ти и понатаму ќе бидеш покрај него и ќе му пружаш љубов и поддршка .
Искрено со среќа во понатамошниот живот. Најверојатно таа се кае и пак си го сака назад, ама битно он не ја сака. На почеток ќе ти биде тешко зошто цело време ќе се замара со вас, а потоа кога ќе увиди дека не ви може ништо ќе се откаже. АМА ќе треба да се навикнеш зошто таа ќе биде секогаш во вашиот живот.
Значи вака...Имам круг на "другарки" што му се пуштаат на дечко ми, кога се собираме заедно...Не знам али они кога имале дечко, јас никогаш не сум била толку опуштена кон нив, овие секакви работи му зборат....И многу ме боли тоа, нејќам да ни се распадне врската поради нив...Секогаш кога сум со него заминувам прва дома, а он останува со нив да седи(Да напоменам дека има и машки неколку) И многу ни се љубоморни на врската, не знам зошто...Конечно почуствував вистинска љубов..Ве молам за совет, дали да зборам со него за ова, да не испадне дека му бранам се плашам...Ве молам за совет
Како се фативте? Убав е дечко ти сите му се пуштаат!! Го провоцираат го викаат по имее, ало бре стварно нека олабават, им викам дека ми кажува дека мене ме сака, и се смеат...Сакам само да не остават и да бидеме самии
Чекај сега тебе ти се другарки? Машките чиви другари се? Друштво ли сте? Велиш он останува со нив. Како се знаете сите? и од каде знаеш дека се љубоморни? Спомни од околу види он што мисли за тоа
Ако тоа го прават не ти се другарки воопшто, туку некои користољубиви личности. Јас незнам зошто воопшто излегуваш со дечко ти и нив. И седи до крај. Вака ми изгледа како да се сомневаш и во дечко ти
По колку години имате? Овие коментари на "другарките" ти ми личат на детски игрички. Кажи му нему дека ти смета тоа што тие го зборат па види како ќе изреагира тој.
Тие се мои другари, а он живее со машките и затоа комуницира. Му спомнав некна, рече ја тебе те сакам, нека прават што сакаат. Утре собирам храброст и му кажувам, па како сака. Мора да се најде компромис, во тоа друштво не се чуствувам убаво, и он слуша и упорен е
Девојче извини вака, видов во тема една дека си пишала дека си 18, а детето 16. Тој е дете уште, башка што машките покасно созреваат. Незнам што очекуваш од него и кога ќе зборуваш. На машко на тие години почнува да му „врие крвта“. На ваши години и една година разлика значи многу.
Има нешто друго покрај овие коментари (што според мене не се ништо страшно ако односот во друштво ви/им е опуштен и се зафркавате)? Дечко ти што мисли за ова? Девојчињата како се однесуваат кон тебе и кон другите машки?