Не можеш ти да го оставаш или да не го оставаш, не е дечко ти мало дете. Тој убаво ти рекол, тебе те сака тие што сакаат нека прават.
Многу убаво се разбираме, е сега се надевам не ми прави лице, и Сепак....Не знам дали и вие сте во ваа ситуација, нема да кажувам се од а до ш, ама реално мене не ми се допаѓаат некои девојчиња што толку опуштено му се лепат...Он со тие што не збори јас не комуницирам, така да мора да има баланс. Јесте дека си верувам у себе, и дека нема да отиде со некоја од нив, но мора да ме почитува, кога некој ни прави проблеми во врската, да ме послуша без разлика што е мал.
@BrokenWings16 со некој нов си, или со дечкото што ти се допаѓаше, а не ти обрнувал внимание, поточно те игнорирал. Нели бараше совети како да му кажеш.. Тој е или овој е друг, дека тој беше помал од тебе што ти се допаѓаше, ако не се лажам...
Нов е после тој што ме игнорираше засакав друг помал, а воедно и тој мене. Да помал е ама имал 1год врска.
Види, другарките може да го викаат на име, сепак сте млади и како што викаш се лепат, е сега не е добро што ти се другарки а го прават тоа. Окк е зезање, ама ако тој вели нема ништо со нив, може и нема. Сеуште сте млади и крвта врие, сепак и помал од тебе, уште е во друга фаза... Не обрнувај внимание...
Има со едната од тие другарки му се напикува; Значи да не му зборам ништо, сепак нејќам ради други да се карам ниту тој нејќе☺
Па он иде прв се поздравува, и овие после среќни ср поздрави со нас ни викаат, а 18год девојчиња треба бар малку да имаат понашање, нивните дечковци не ме погледнале, ниту јас нив...Секогаш сакаат нешто да ми расипат, со поранешна симпатија ме скараа...
Девојче ти треба другарките да си ги смениш. Ако стварно мислиш дека му се пуштаат на дечко ти и предходно ти расипале врска не ти требаат. Не мора да излегуваш со нив и со дечко ти. Оди сама со дечко ти или викни некоја друга другарка со дечко, како парови. А со овие моментално што си, ако се такви стварно и ти прават лошо што ќе ти се? Од страна на дечко ти нема ништо, не им придава внимание, нема што да се секираш, но од нивна страна не е убаво тоа, но сепак осигурај се дали стварно му се пуштаат или се смеат до тебе, можеби некои ситуации погрешно си ги сфатила, може само сакале да се вклопат во друштвото, но како што кажа ако предходно ти расипале врска тогаш батали ги, не ти требаат.
Да значи намерно се бутка у него, цело време за него ми зборат, како што, после вика не е за мене, така настануваат буцки...Иначе веќе ќе се трудам да бидеме повеќе сами, и да не се замарам, се плашам дека по нас ќе дојдат, што толку им е мерак да се поздравуваат со мојот дечко... Од такт ме вади тоа
А треба да не го ни погледнат? Мене ми се чини како да си љубоморна само, а тие ништо да не прават со дечко ти. Го викале по има, се поздравуваме со него? Некако како нормални човечки односи ми изгледа сето тоа.
Па да видиш како се наметнуваат, нема да викаш вака. А и не ми пријат еве и што? Да не ќе им го оставам ахаха сигурно, малишански работи...
Многу ми е криво до некна не ме познаваа сега кога фатив дечко, се наметнуваат, му зборат ептен лошо изгледа не знам како да ви го објаснам чуството, стоиш на страна, а они му намигнуваат со очи, дизање веѓи...Болно е чуството кога сакаш некој
А он кутриот, тешко му паѓа и не знае како И како до вчера не те познаваат, а вчера другарки ти беа? Ви продужија летен распуст и сега досадно ви е Дури по име го викале бе, како смеат како на човек да му се обраќаат. Стрико со "еј, ти", никако по име
Мене ептен ми смета кога касиерката во тинекс ќе го погледне дечко ми.. Па кога тој и подава продукти за да ги куцне и несакајќи ќе им се допрат прстенцата. Посебно ми смета кога ќе му ја земе картицата.. Мислам хелоу што се замислува она?? Детска работа
Ако ти кажам дека ова другарка ми го има кажано? Не идентично ама во тој правец. Касиерката го гледала, па овој ја гледал... Да се крстиш. Инаку, @BrokenWings16 Колку лошо и да звучи, во ситуацијава само ти имаш проблем. Девојките тепаат време, дечкото билда самодоверба, а ти се нервираш. Според мене има две опции: Или ти си многу љубоморна и си ги преувеличуваш ситуациите или немаш другарки. Па моја другарка на мој дечко да му намигне одма тука на лице место ја прашувам пред сите што сака и зошто му намигнува. Ќе ја засрамам да не и текне друг пат и нека се нервира таа зошто јас? А дечко ти нема шо да останува со нив ако тоа е твое друштво. Стануваш ти, станува тој. Нека си останува со негово друштво. Ама некако многу е мал за нешто да сфаќаш сериозно или да бараш одговорност од него. Преиспитај се прво сама, ако не е проблемот кај тебе смени ги другарките. Однесувањето на дечкото нема ни да го коментирам, едноставно е. Ако не ти одговара откачи го.