Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. NiceBoy

    NiceBoy Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2018
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    61
    Пол:
    Машки
    Нема ништо страшно да се дружиме со спротивниот пол. Ја видов дискусијава, и ме интересира една работа. Што значи ова "ви оди муабетот" ? Прашањето ми е, до каде одите со муабетот? И дали би биле љубоморни доколку дечко ви/девојка ви има провокативни муабети со другари/ки (живо, месинџер, општо..) ? Под провокативни не мислам на праќање голотии од себе си, туку нешто како "зафрканција", но сепак праќање голотии? Јас имам видено такво нешто од мојата девојка (нејзин другар и пратил), и искрено мене тоа не ми се допаѓа, а и зависи "зафрканцијата" во кој контекст е пратена и кога, нели? Би дозволиле вие вакво нешто?
     
    Последна измена: 2 септември 2020
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    25.378
    Пол:
    Женски
    Во тоа " ни оди муабетот " спаѓаат муабети за се и сешто , исто како со другарка што би правела муабет ( конкретно за себе кажувам ) од муабети за автомобили и мотори до секс и интима . До сега не ми се случило да праќам голи слики ни на женско а камо ли на машко другар :D . И од маж ми до сега не сум сретнала такво нешто ..

    Веројатно би ми било чудно , и би ги држела " на око " некое време , ама очи да им ваѓам - нема :D .
     
  3. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.500
    Пол:
    Женски
    Има разлика помеѓу флерт и праќање интимни слики и сосем нормален пријателски разговор.
     
    На Осе, thelittle17, tina2018 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. Youknow

    Youknow Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2014
    Пораки:
    2.080
    Допаѓања:
    3.997
    Пол:
    Женски
    Dali e ljubomora vo granici na normala ili e malku preterano negovoto odnesuvanje? Ako se slikam da mu pustam nekoja slika, mi veli ne sum se oblekuvala taka so nego koga sum, a ne e tocno, i vtoro niz razgovor mi veli "se gleda se si izlezena" a ni sama ne sum svesna kaj sum tolku izlezena. Sto mislite?
     
  5. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Претерано
     
    На flawless. му/ѝ се допаѓа ова.
  6. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    4.876
    Допаѓања:
    25.378
    Пол:
    Женски
    Не е нормално , премногу е . Прво , не те поседува за да ти кажува за облеката . Второ , шетањето и излегувањето е твоја работа , ако си во можност зошто да не шеташ ? Тоа по автоматизам за него значи дека си со друг дечко ? Може со мајка ти и со татко ти си , Божее .
     
    На LITIUM му/ѝ се допаѓа ова.
  7. LITIUM

    LITIUM Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2019
    Пораки:
    25
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Женски
    Јас како личност не сум љубоморна и не поднесувам некој љубоморен да е со мене. Некако токсично ми е. Ме ограничува. Јас сум динамична личност и нон стоп сум во движење и таман работа ако трпам некој љубоморен. Нема потреба од љубомора, ако ти е нешто сомнително, постои разделба. Ни први ни последни што се разделиле. Ама љубомора? Во никој случај!

    Со еден долгогодишен другар почнавме да бидеме нешто повеќе последнава година. Арно ама баткава последниве 3 месеци пука од љубомора. Сум се вратила во родниот град на викенд и овој одма прашува "Со кого си на кафе?", "Со кого излезе да спортуваш?". Wow! Па ако ми беше за неверства, пред негови очи ќе го изневерував. И во последно време намерно му кажував со кој колега сум се сретнала за да ја гледам неговата реакција и да се шегувам малку . Глупчо! Па пред недела дена го шутнав. Се чувствувам многу релаксирано.

    И да ми бил некој симпатичен, згоден, доколку ми љубоморни, ми станува антипатичен. Едноставно таква ми е психата.
     
    Последна измена: 12 октомври 2020
    На blackpanter, neno0o, mari_sa и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Bellaa1234

    Bellaa1234 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2020
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    984
    Пол:
    Женски
    Mislev nikogas nema da bidam so ljubomoren tip, ama i toa se sluci, sreka kratko traese.
    Se pocna ubavo, vaka da si pomislis tipot bolno ljubomoren? Ne, nema sansi
    Pocna da mi bara lozinki od site socijalni mrezi kao demek da sme funkcionirale normalno. Iako jas ne mu ni barav takvo nesto.
    Pomina toa. Pocna da se rasprava so mene. Sakav da izlezam so drugarki. Znaese da mi se javi na kamera za da vidi kogo ima pokraj mene.
    Koga ne bev pokraj nego, nesakase da se doteruvam.
    Nesakase da se druzam so licnosti od sprotiven pol.
    Potoa, pred da izlezam na kafe da sum go prasala nego, da ne zboram za disko i kafani..
    Znaese da mi se javi i da ne mu krenam, ednas spiev.... Se raspravase so mene zasto ne sum go slusnala telefonot.
    Neznaete kako mi uleta vo zivot, kako najdobriot, najpametniot, najgrizliviot covek koj sum go zapoznala. Kako da sum go cekala otsekogas.
    Potoa, napravi da se zatreskam tolku jako, i na nekoj nacin izigravse zrtva.
    Se obiduvav da mu pomognam i se toa, dodeka toj bil toj so mi mati raboti zad grb.
    Nemojte da se obiduvate po sekoja cena da opravuvate lugje, na krajot vie ke ste povredeni.
     
    На gio.gio, Konfetka, LoneWolfGuy и 8 други им се допаѓа ова.
  9. mari_sa

    mari_sa Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2015
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Еден совет, додека не си сигурна во некого не се врзувај! Не се затрескувај!
    И да, неможеш никого да промениш, доколку на почеток увидиш дека нешто не ти одговара кај личноста во однос на карактерот подобро не продолжувај, едноставно барај нешто подобро, некој за кој ќе утврдиш дека ти одговара и со кој ќе се чувствуваш убаво.
     
    На Bellaa1234 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. t.a.m

    t.a.m Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2020
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    398
    Љубомора е добро да се има во секоја врска ,али ако е претерано тогаш не е во ред.Инаку не верувам дека постои некој да нема барем малку љубомора. ;)
     
  11. DenicijaNaPetre

    DenicijaNaPetre Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    521
    Луѓе, не знам што се случува со мене... Постојано барам ,,во јајцето влакно", наоѓам нешто за да се лутам и да се нервирам, буквално цело време солзи на очи ми идат.
    И покрај сè што прави за мене цело време една иста мисла - ,,не ме сакааааа!!!!!!"
     
    На Ladyy* и KatrinaP им се допаѓа ова.
  12. Mantub

    Mantub Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 ноември 2017
    Пораки:
    10.800
    Допаѓања:
    97.090
    Пол:
    Женски
    Да си одиш на терапевт.
     
  13. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.748
    Допаѓања:
    19.488
    Пол:
    Машки
    Можеш да му се заблагодариш барем со почит и коректен однос кон него ако е така.
     
  14. Stephen Amell

    Stephen Amell Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 јуни 2017
    Пораки:
    2.338
    Допаѓања:
    26.477
    Зошто мислеш дека не те сака?
    И не е убаво да бидеш премногу љубоморна, некој колку и да те сака, еден ден ќе му дојде преку глава и ќе ти раскине.
     
    На Veta, tinka-mace и Осе им се допаѓа ова.
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.676
    Допаѓања:
    79.740
    Пол:
    Женски
    Не обрнувај внимание на такви неважни ситници. Гледај што прави тој за тебе.
     
  16. busybee

    busybee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2020
    Пораки:
    418
    Допаѓања:
    1.853
    Пол:
    Женски
    Имаш ли некој бивш што направил да изгубиш доверба во него?
    Багажот од минатите врски не го носете у новите. Од сам старт ја носите кон пропаст.
     
    На poppie, noteforself, Billy Idol и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    3.347
    Допаѓања:
    4.854
    Пол:
    Машки
    Очигледно е дека си љубоморна, а очигледно е дека може да ти раскине ако продолжиш со истото.
    Никој нормален не сака да се гуши со вакви работи од партнерот.
    Но, се се средува, така и ова.
     
    На tinka-mace, DenicijaNaPetre и busybee им се допаѓа ова.
  18. Maro87

    Maro87 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2013
    Пораки:
    1.357
    Допаѓања:
    5.398
    Пол:
    Женски
    Со тоа ништо не постигнуваш, само себе си штетиш..
     
  19. Veta

    Veta Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2020
    Пораки:
    766
    Допаѓања:
    2.905
    Пол:
    Женски
    Здраво,

    Во секоја врска има љубомора, но сето тоа е во ред ако е во мала доза.
    Викаш дека дечкото те почитува и сака, но пак нешто те копка !? Имам колешка чија врска цвета, од добра подобра...но другарките нејзини цело време и збореа како машкото е машко и не може да е мирно па да бара некоја ,,трага,, односно дека не е можно да не си пишува со друга. Демек нормално било да си пишуваш и со други сите така правеле. Од секој ден исти муабети колешката стварно почна да сумња и влезе како во потсвеста тој муабет па бараше во фоловерс на инста, па лајкови , почна сама да си измислува сцени во главата иако така не беше.
    На крај врската ја доведе до знак прашалник и сега се бори за истата.

    Така да, мој совет ти е да не бараш беља таму каде што ја нема. Поздрав
     
    На noteforself, Milobebence, Mantub и 5 други им се допаѓа ова.
  20. hellocity

    hellocity Популарен член

    Се зачлени на:
    28 август 2017
    Пораки:
    3.082
    Допаѓања:
    6.661
    Пол:
    Женски
    Ако треба да се боре за врската тогаш не и ни треба.