Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    bez proverki i sl. stvari ama sto eve koga nekoj mnoguuuu vi se dopaga i se pojavuva nekoja devojka koja e na "ubav glas" deka e ubava,bogata i..nz sli4no nesto...go mrazam ona zelenooko cudoviste koe ke ne obzeme vo toj moment :envy:
    na pr. znaeme deka sme podobri od nea,pozgodni, pomladi..ama ete ljubomorata opsednuva ! :x

    Kako vo toj slucaj da napravime da se osekame podobro??? :wasntme:
     
  2. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    499
    Ако е до умерени граници, се простува. Се нервирам кога дечко ми ќе ми направи сцени зошто сум седела со некој колега на пауза, ама секогаш кога ќе има такви реакции се ставам на негово место - и јас би љубоморела ако он седи со некоја колешка. Но лошо е кога љубомората ќе премине во посесивност. Нажалост имам една таква „другарка“. Ми беше другарка се додека не си фати дечко кој очигледно мисли дека ја поседува. Ја носи до факултет, ја враќа дома, не и дава да си отвори фејсбук, мсн или имејл, не и дава да оди по кафиња со другарки и слично. Јас не знам како нејзините родители не ја гледаат ситуацијата и не и дадат совет да го откачи. Ја немам видено којзнае од кога бидејчи од дома не излегува - не и дозволува дечко и. Не можам да ја разберам ни неа, ни оние девојки кои не реагираат на машката посесивност.
     
  3. malecka.16

    malecka.16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2010
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    22
    А кога сме веќе кај љубомората, што мислите како машкото ја покажува љубомората? Така што ти прави сцени и љубоморни испади ( сепак мислам дека тоа е покарактеристично за нас женските), или пак возвраќа со иста мера и сака да те направи и тебе љубоморна? :)
     
  4. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.064
    Допаѓања:
    66.817
    Пол:
    Женски
    Мојот дечко не покажува љубомора. Само тивко си се јаде од внатре :D Среќа го знам премногу добро, па знам кога ја поминувам границата :)
     
  5. orient

    orient Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    мала доза на љубомора може да биде како зачин во врската,може дури и како на шега да се сфати, премногу љубомора е како отров
     
  6. manevska.mila

    manevska.mila Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2010
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    20
    poveketo momci ne pokazuvaat cesto ljubomora :) ili mozebi jas si govoram sama za sebe :) e ljubomoren no nesaka da bide mnogu napaden i primetliv :) nikogas ne priznava deka e ljubomoren ili deka bil :) sepak koga e vo normalni granici mislam deka na site ni godi i ne vozdignuva mnogu daleku :))) pozdrav
     
  7. doll

    doll Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    115
    da gooooolema ljubomora preoga veke vo psihicka bolest, megutoa...izgleda nema lek so koj moze da se izbrka golemoto zelenoooko cudoviste :envy: koga se trudis nekomu da se dopadnes, a konkurencijata e do tebe...blizu negovite oci... :worried:
     
  8. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Дечко ми не е љубоморен, а ни јас не сум љубоморна.
     
  9. tanjaaaa

    tanjaaaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    232
    Допаѓања:
    13
    Uf kolku mrazam ljubomora!A uste poveke se mrazam sebe koga ljubomorcam za nekoi glupavi raboti i reagiram izbuvlivo a posle toa se sramam od samata sebe ama toa e sea so da pravam mana mi e!
     
  10. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Имам претерано љубоморен дечко кој се обидува да го следи секој мој чекор. Одиме веќе една година а тој сеуште не ми верува. И се поради една глупава ситница, што мене ми требаше превоз од бизнис причини, и еден другар се понуди да ми помогне -.- Оттогаш е хаос. Крена толкава галама, направи од мува - слон. И сега секој ден е проследен со помала или поголема караница. Станува толку опсесивен што помислувам и да му раскинам, но премногу ми значи и имаме поминато многу заедно....
     
  11. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    уфф, секој ден караница, знам како е. и искрено мораш тоа да го смениш, пробај збори со него, знам како ти е и знам дека ти значи, но љубомората е многу лоша работа. Јас пробував зборев, велеше ке се смени, но стануваше се полошо. Ајде напрајте еден муабет, без караница, обвинуивања и слично, смирено уз романтична атмосвера, тивко...ислушајте се и двајцата, нема што тука да се загуби.
     
  12. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.046
    Допаѓања:
    36.081
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да му раскинеш што побрзо. Во спротивно, ситуацијата може да стане полоша. На моја другарка и се случи ова пред 2 години. Разликата беше во тоа што беа заедно 2 месеци. Дечко и беше толку љубоморен и постојано ја следеше. И префрлаше што излегувала со друштво. Таа му раскина, а тој и се закануваше со пиштол. Таа го пријави во полиција и тој има забрана да и се приближи.
     
  13. i.am.me

    i.am.me Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2010
    Пораки:
    145
    Допаѓања:
    127
    Зборував со него, и се беше добро.. Ама сепак има моменти кога избувнува и претерува. Ми кажа дека се плаши да не го повредам, што никогаш не би го направила. Наводно не ми верува, ќе му требало многу време за да стекне повторно доверба, а не забележува дека и тој прави некои работи кои мене ме излудуваат. Моментално се уклучува од мојот msn за да провери со кого разговарам, го препрашува секое машко кој е, што и како е...

    До толку сериозно не е. Никогаш не претерал до тој степен... Се надевам нема да стигне до таму :/
     
  14. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    ako navistina tolku go sakas,ne ocekuvaj on vednas posle eden muabet d se smeni.sepak za toa treba vreme,na sekoe preteruvanje opomenuvaj go,ama za edna ned ne ocekuvaj da go smenis
     
  15. sexy-bitch

    sexy-bitch Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    14
    и тоа како :@
     
  16. Pain

    Pain Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2010
    Пораки:
    676
    Допаѓања:
    45
    За љубомората, двајата со дечко ми сме исти љубоморни ама не претерано, јас во одредени периоди многу сум љубоморна и се ме нервира, ми се причинуваат нешта кои ги нема ама тоа за ден два поминва. :) :D
     
  17. annuska

    annuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ах оваа љубомора.. Колку ќе беше поедноставен животов без неа :( Инаку јас сум во врска долго време, ама разликата е што имам врска на далечина. Проблемот е од моја страна. Свесна сум за фактот дека имам проблем со сама себе, знам дека претерувам, но не знам како да се справам. Дури понекогаш размислувам да посетам психијатар. Постојано сакам да знам каде е, што прави, што и да прави, јас мислам дека ме лаже, дека ме изневерува, дури почнав да му забранувам да се уклучува на фб затоа што мислам дека се допишува со други, го критикувам за се и сешто, постојано му го проверувам фб профилот, телефонот ( кога имам можност ) и тн и тн. Не знам стварно што да правам, му се качувам на глава и ми го има кажано тоа, знам дека си ја уништувам врската и упорно не можам да си ја контролирам љубомората, посилно е од мене, иако сум пробала да се борам, ама не можам против себе. Помагајтееееееееееееееееееее !!! :(
     
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    mora sto pobrzo da prekines so ovie isprasuvanja, zasto eden den nvistina ke mu dojde preku glava i ke te otkaci pordi takvo gusenje kolku i da te saka.zarem toa ti e poentata?plus pokazuvas nesigurnost,a sekoe masko najmnogu od se saka samouvereni devojki.ednostavno postavi si cel-denes ne prasuvam,ne se bunam,ako sakam da si ja zadrzam vrskata.ako treba napravi dogovor i so nego,vo smisla neka te opomenuva koga ke preteras,pa duri i po cena da se skarate.sekogs koga se bunis zamisli kako ti ke se osekas na negovo mesto.koga najmnogu ke te kopka da se rasprasuvas,najdi bilo kakva zanimacija,uci,setaj,bilo sto,ili samo javi mu se da go prasa sto pravi bez nikakvi zabeleski i prefrlanja.neka te vodi mislata deka dokolku ne olabavis samo ke go otrgnes od sebe.

    bezrazlozna ljubomora je znak inferiornosti ;)
     
  19. annuska

    annuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 мај 2010
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    Ах, да беше така едноставно.. Сум си ветила сто пати дека веќе нема да го напињам и дека нема да го испрашувам, ама кога ке си направам филм во глава, не размислувам трезвено, откако ке се искараме, тогаш знам дека претерувам и дека сум крива, ама веќе е касно. Јас само се плашам дека ќе ме остави, дека ќе ме замени со друга и се сомневам во се и сешто. Се тешам со онаа „ Стравот го чува лозјето“ ама не е баш така... А знам дека тоа ќе се случи ако продолжам со истото однесување, тргнувам од мене и јас не би трпела никој да ме гњави, да ми досадува и да ми бара да му поднесувам цело време извештаи. Еве од денес пак ќе си ветам дека ќе се потрудам да не го прашувам, па ќе видиме колку ќе бидам цврста. Фала многу ! <3
     
  20. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    stom e taka,togas po mene imas problem s samodoverbata,a ne so ljubomorata.znaci moras da porabotis na svojata samodoverba.srekno ;)