Не мора да значи. Што може да има за да не се чувствува сигурно кога тој не и' дал никаков повод ни причина, туку во глава само си става непостоечки работи? Не е секогаш ,,еј штом имаш претчуство, готово, тоа е така".
Не се ни претчувства, тоа си се сопствени несигурности кои постоеле и пред врска, ама во врска дошле до израз.
Од искуство знам дека внатрешниот глас никогаш нелаже колку и да звучи просто, така е можеби е одличен манипулатор тој па оваа неможе да препознае и почнува да се обвинува себе дека она е крива зошто чуствува несигурност, со прав човек неможеш да чуствуваш несигурност ТОЛКУ.
И те како може да чувствува несигурност и со прав. Знам случаи каде била варана од минат дечко и не може едноставно да верува на сегашниот, иако човекот е добар и ја чува ко капка солза. Еднаш чим некој те изгорел, многу е тешко доверба пак да имаш. Нјабитно е тоа што она ја препознава нејзината љубомора како проблем. А прифаќањето дека тој проблем постои кај тебе, е првиот чекор за да најдеш решение.
Кај што има чад има и оган, јас мислам дека со прав човек неможеш да почуствуваш несигурност и несамоувереност, сигурно имале ситници кои сега излегла ситуацијата на површина и таа сумја.
Ако сака да ве изневери, НИКАКО нема да го спречите. Со гушење и љубоморење полошо ќе направите и ќе бега од вас, ќе се крие за сѐ и сешто и ќе се дистанцира. На вибер постои hidden chats, сега гледам на инста има нешто vanish mode во разговорите, и пасворд да му имате џабе е сѐ, значи никако нема да дознаете и да го контролирате.. Уште еднаш ќе кажам, тој што е решен да изневери ќе изневери, на овој или оној начин.
Здраво женски. Можеби ќе ме сфатите погрешно но немам на кого и сакам овде да кажам. Што мислите за следење на инстаграм страници со голи девојки? Не знам ми ја уништува самодовербата тоа некако, многу неубаво се чувствувам. Дали е нормално? Можеби да сум во процес на созревање но ми пречи искрено. Имаше тргнато па додаде пак некои такви. Го познавам добро веќе 2 години сме заедно но не знам се сомневсм некако. Ваше мислење? Без напаѓање ве молам.
Да си разговараш пак со дечко ти дека ти пречат. Ако ти е за утеха еден лајк и фоловер на инста не значи ништо, за разлика од тоа што сѐ сте поминале заедно.
Нема зашто да те напаѓа некој. Јас мислам дека сите машки се такви и се манијачат, едноставно природно е.И тоа не значи дека он тебе не те сака или не му се допаѓа како изгледаш. Немој така да мислиш те молам.Ама ако ти смета кажи му слободно директно. На крај карева може само да ги гледа едит: заследи и ти некои типови.
За секоја заследена нова разголена женска ти заследи 4 нови мускулести набилдани типови па ќе видиме како он ќе се чувства ако ти спомне лути се и ти .
Да не можеш да разговараш отворено за работи кои сметаат, тоа е големо црвено знаменце. Без разлика која е причината, самиот факт што не се сослушува и се лути, он фактички проблемот го врти на тебе, па нареден пат да не смееш да прашаш. На сите ни сметаат различни работи, така да ако ти е тебе тоа проблем, нема друг начин освен да разговараш.
Зборував денес и ми вика мој инстаграм што сакам ќе правам и што сакам ќе следам не може да ми кажеш јас кого да следам. А јас за инат заследив страници со момци вчера и се налути господинот. Ми вика или немој повеќе да ми спомнуваш што да следам или барем кажи да го деактивирам цел, не сум во затворот туку во врска. Тоа е што ќе прам..
Ништо повеќе не му спомнувај , заследувај си и ти ако ти рече нешто однесувај се исто како он што се однесува . Налути му се кажи му дека е твој Инстаграм дека ќе правиш што сакаш и не дозволувај да те манипулира , ако не грешам мислам дека те имам читано дека он е постар од тебе па може мисли си фатил помала девојка па ќе ја лаже како му одговара.
Сметам дека проблемот не е во тоа што тој следи, туку во тоа што она што за него е оправдано за тебе не е и уште повеќе што не можеш ко чоек муабет да си напраиш, со други зборови комуникација 0, пошо и добро и лошо да е за сè е потребен здрав разговор...
Многу, многу дрзок, некултурен и незрел тип на разговор има типов. Мене тоа би ми било поголем проблем во врска од тоа кој заследува. А и тоа би ми засметало, ама на втор план оди штом тој вака се понаша..
Главниот проблем не е толку сериозен, колку со е сериозен проблем неговиот карактер и како се справува со дадените ситуации. Себично и просто. Тој може, а ти не. Не сакам да навлегувам во детали околу иднината, но ако има таква призма на гледање знаеш колку ќе ти бидат мали границите за било што и колку ќе ти се смалуваат, ако тој одлучи ?
Тој се налутил, а истото го прави. Не е нормално да го контролираш постојано, да гледаш кого следи, на кого става лајкови, ама кога нешто му пречи на другиот во врската треба да размисли што зборува и како се однесува, не вака да манипулира и уште вината на тебе да ја префрла. Треба да има почит и разбирање кон другиот, да направи сериозен муабет за да реши каков било проблем во врската, а не секогаш да биде по негово. Со ваков однос кон тебе, ништо нема да се постигне.