Никогаш не сум за контрола над туѓ профил, ама на дечко со кој си 2 години да не можеш да му кажеш што ти смета е голем проблем. Неговата реакција на тоа и на заследувањето од твоја страна уште поголем.
Какво понашање бе. Мене вака да ми каже ќе му ја зашлакам една. Нека научи да се однесува што толку ја праи големата шо ако си му рекла. Заследи уште толку нека пукне
Ама ако машко удри жена, по 9438549068 страни се испишуваат. Не знам како воопшто подржувате насилства. Ич не е во ред маж да удира жена и обратно.
Ne znam kakov udar bi dobil od metro i zelba za rast ke go pogalam valjda sega poddrzuvam i nasilstvo mnogu mi se svigja forumov sekoj den neso novo doznavam za sebe od vas.
Тешко е да се дискутира со личност како тебе. Доволна е само помислата. Си се чудам на паметот како си дозволив да ти реплицирам.
Мислам дека треба да си ги преиспиташ параметрите, можеби тролаш колку да се пиши нешто, ама да знаеш дека без разлика колку е силен ударот, насилство е насилство и тоа не е во ред, без разлика дали е од страна на машко или женско. Хипокрит да бидиш, е лоша карактеристика.
@angelche16 постапката на дечко ти укажува дека нешто не е во ред. Што се однесува до заследувањето, вистина е дека тоа што заследува други девојки, не значи дека по дифолт не те сака и дека не му се допаѓаш. Но знаеш што не е во ред во случајов? Начинот на кој што тој ти одговорил, како и тоа дека ти се налутил што и ти си почнала да заследуваш други момци. Ако мене ми одговори на ваков начин, ќе му раскинев. Можеби претерувам, ама тоа што не можам да разговарам отворено ми е повеќе од доволно дека врската не е добра.
Јас разбирам се што пишувате и ве читам, ми е стварно многу неубаво да расипам 2 годишна врска полна со љубов и спомени, ќе видам како ќе се однесува и што ќе прави. Гледа дека моментално сум во поладен однос но се е џабе мислам јас... Сигурна сум дека некој ден ќе ми дојде преку глава само жално за толку добра врска.
Како што те прочитав во старите мислења, дечково истото го повторува постојано овој проблем не ви е од сега долго време ви се провлекува во врската. Во старите мислења имаш пишано дека им барал и слики да му испраќаат, јас да сум на твое место до сега ќе сум ја решела оваа ситуација со крај на врската. Искрено не знам колку добра може да биде врска во која толку долго време има ваков проблем.
Давање време, шанса без ефект е само проголонгирање на ситуацијата. Очигледно, проблемот што ти го имаш, тој не го перцепира. Одлуката е твоја. Здрава, убава и исполнета врска значи обострано вложување и посветеност. Во твојот случај, застранувањето се продлабочува.
Кога ќе ти дојде преку глава, ќе фрлиш повеќе од две години ... Место да трошиш време (а тоа нема цена) на нешто што ќе фрлиш и вака и така, јас би фрлила побрзо, барем ти ќе бидеш мирна и тој раат ќе ужива во сликите, некои луѓе уживаат во нереални фантазии, вака сите среќни.
Подобро реши ја ситуацијата што по брзо, отколку да те прави да се чувстуваш како гомно. Подобро 1,2 месеци да ти е тешко отколку цело време кога гледаш што прави. Сепак, твоја одлука.