Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Најубаво да земеш да се скоцкаш многу поубаво од тие девојки на иснта. Дали со шминка, дали со вежби, небитно.
    Направи му незгодно да му е.
     
  2. IM.TMKQ

    IM.TMKQ Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    4.535
    Допаѓања:
    37.499
    Пол:
    Женски
    Најлоша одлука.
    Нема што таа да се бори за неговото внимание. Така само му дава повод, уште повеќе да си тера по своето.

    Детски игри во врска па и 2 годишна врска не треба да има. Разговор, возрасни лица така решаваат проблеми, ако не, се знае кое е решението.
     
    На gio.gio, Kalince1996, Mnik и 34 други им се допаѓа ова.
  3. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.199
    Пол:
    Женски
    Многу лошо и дрско од него. Верувај, не би ги жалела тие 2 години. Каде е почитта во таков одговор, во тие зборови што ти ги кажал? Тоа е уште полошо од фактот што заследува секакви профили. Јас би рекла да не се погазуваш себеси.
     
    На Lepotajce и tina2018 им се допаѓа ова.
  4. Alisa22

    Alisa22 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    2.171
    Допаѓања:
    13.128
    Пол:
    Женски
    Што е важно дали се две години дали се 3 месеци ако треба и 20 години нека се кога не ти одговара не продолжувај да губиш време , нека не те манипулира , дури по работиве што ги пишуваш мислам дека би те изневерил во прва прилика. Тој тоа што го прави е искрено многу маниачки ,запрашај се фали сакаш да си во врска со таков манијак а да не зборуваме за непочитувањето кон тебе барем малку да те почитуваше немаше да го прави тоа и тоа е само ти што си го видела а којзнае уште што ти прави зад грб.
    Заслужуваш да бидеш сакана и почитувана и ништо помалку од тоа , имај го тоа на ум. :)
     
    На Milobebence, tina2018, Аргентина * и 3 други им се допаѓа ова.
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Па и не е добра врска, по ова што го кажуваш.
     
    На Milobebence, Lepotajce, cavalli и 14 други им се допаѓа ова.
  6. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Mojot bivsh beshe mn ljubomoren.Sekogash mi go provervashe telefonot.
     
  7. cavalli

    cavalli Популарен член

    Се зачлени на:
    27 март 2016
    Пораки:
    657
    Допаѓања:
    1.618
    Пол:
    Женски
    Како бре се согласувате со тоа.
    Мој телефон, моја приватност.
     
    На Just.do.it и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  8. MaKaRoN

    MaKaRoN Активен член

    Се зачлени на:
    3 мај 2021
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    53
    Пол:
    Женски
    Ако љубомората е без никаков повод и женска интуиција тогаш е ужас за врската. Ако е оправдана, односно партнерот дал повод тогаш седнете да поразговарате аргументирано. Крај краева, ако се сомневате дека ве лаже, и ако неколку пати сте го фатиле, подобро ставете крај на тоа кооолку и да го "сакате" и најдете нормален партнер. Тоа нема да престане а вие ќе потрошите години кубејќи коса и на крај пак исто ќе заврши. Маж кој лаже два пати, три пати "само" ќе лаже секогаш а оправдањата се секогаш слатки и демек добронамерни. Маж кој сака жена, нема да сака никако да ја повреди,а вие ќе го осетите тоа. Џабе се сите контроли, не сте ни свесни колку способни лажговци и манипулатори постојат, за жал.
     
    На Stark, buba4e89, noteforself и 8 други им се допаѓа ова.
  9. BabyCakes

    BabyCakes Активен член

    Се зачлени на:
    19 април 2021
    Пораки:
    86
    Допаѓања:
    75
    Пол:
    Женски
    Не знам ова колку е за љубомора во врска но премногу се споредувам со други девојчиња ;( ако видам дека лајкнал слики или memes на некоја која мислам дека е поубава или има некој талент не се чувствувам лута колку што се чувствувам тажна. Не чувствувам потреба да го контролирам но фактот дека познава девојчиња кои мислам дека се боље од мене у нешто ме депресира. Цел живот се борам со анорексија и други eating disorders и не можам да поднесам некако ако видам дека има нешто што јас немам. Избришав секакви социјални мрежи заради ова.
     
    На Ladyy*, Fancy_Nency 22 и Leat им се допаѓа ова.
  10. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.254
    Не е љубомора.
    Ниска самодоверба е.
    Разговарај со психијатар.
     
  11. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    5.511
    Допаѓања:
    10.572
    Пол:
    Женски
    Ниска самодоверба ти е тоа. Поработи малку на себе(зголеми ја љубовта кон себе) и научи да се сакаш таква каква што си. Прифати си ги недостатоците и цени се таква каква што си. Доколку не можеш сама обиди се со психолог.
    Инаку секој од нас има/нема нешто спротивно од друг. Зарем можеме сите исти да сме. Поради ниската самодоверба и убавото кај себе не си го цениш, а штом си здрава и жива поголема среќа нема.
     
    На Elf му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.028
    Допаѓања:
    12.407
    Пол:
    Женски
    Не така. Ти самата ќе се цениш и ставиш на прво место, ќе си вложуваш во себе, а за дечкото немај гајле. Она што се нуди на социјалните мрежи и онака е површно. Не ги сфаќај преозбилно. Вложувај во себе секогаш, без разлика дали си или не си во врска. Ти треба да имаш една стабилна релација со своето јас.

    Потполно те сфаќам, сум ја минала фазата.
     
  13. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.701
    Пол:
    Женски
    Води се според тоа дека тие девојки од него добиваат само лајк. А ти од него добиваш љубов.
     
  14. Tamarkaa

    Tamarkaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2015
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    141
    Те разбирам потполно,поминувам низ истото ова.Буквално ако стане сеа и не ми се јавил прво на мене почнувам да се осеќам како да не ме сака веќе,како да му е скурчено и друго.Секако ова не му го кажувам на него бидејќи знам дека само ќе го гњавам и дека не е океј, па често ми се случува да си ја преплакам ситуацијата и да помине,ама не е океј. Сакам да посетам психолог мислам дека се справувам со анксиозност и тешко ми е, ама од друга страна студирам и немам сопствени парични средства за да го платам тоа :). Така да би ти препорачала доколку си во можност да посетиш, или пак да зборуваш за ова со некоја блиска другарка/родител. Гледај видеа на yt, вежбај и работи самата на себе
     
  15. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    2.987
    Допаѓања:
    4.461
    Пол:
    Машки
    Ниска самодоверба е.
     
  16. Jana_♡

    Jana_♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2021
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    452
    Пол:
    Женски
    Љубомора има од негова страна повеќе, некад намерно го правам љубоморен. Мислам дека ако нема љубомора малце дека нешто не е во ред. Ама ако е претерано, до степен да се проверуваат телефони и пораки како што прочитав кај некои е тоа е стварно голем проблем.
    А за тоа чија фотографија лајкнал ич не се замарам. Машко е, видел добро тело и лајкнал. Немојте да мислите дека ако вашиот не лајкнува дека не гледа.
     
    На Albizzia, Fancy_Nency 22 и Milan444 им се допаѓа ова.
  17. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Љубомора од секаков извор ме вади од такт, без разлика дали е во другарство или во врска. Од мали нозе дознав колку може да е токсично тоа нешто, благодарение на едно девојче во мојот клас, со која поминав 9 години. Проклето е, навистина.
    Меѓутоа, љубомората може да се изрази во различни форми. Бев во врска до пред некој месец, со човек кој ќе помислиш дека е израснат од Бог himself, начинот на зборување му е мед и млеко, манипулацијата уште толку суптилна и тешка за распознавање.
    На почеток секогаш изгледа ко бајка, па тие мали детали преку кои му се излива вистинското лице се тешки за распознавање. Подоцна (накај 2 месец и понатаму) деноноќно слушав коментари од типот на "Не ми се верува дека искочи со другарка ти денес, тоа многу болеше", а ако беше машка личност во прашање, беа глупави и пасивни сра*а како "Мило ми е што ќе излегуваш со нив, баш се твој тип".
    Константни ниско-интелигентни коментари, со цел да ми ја намалат сигурноста и расположението. Еднаш коментирав нешто како "преубаво" на слика од рандом јавна личност, која беше многу креативна и визуелно силно естетична, со убави ефекти. Следниот ден истото гадно љубоморно однесување.
    Ова секој ден го слушав, а после секое искачање ќе ми се јавеше да ми дрдори колку тоа го повредилo, па со солзи се враќав дома. Секој пат кога ќе спомнав рандом личност (без разлика машко или женско) фацата му паѓаше и расположението ќе му се сменеше за 360°
    Паметам една специфична вечер, кога спиев подолго пошто бев болна изморена, ми оставил неколку пораки и јавувања, секако немам дигнатo пошто спиев. Следниот ден излеговме, па искочило демек дека сум му спуштила секој пат кога ми се јавил, и на seen сум му ги оставила пораките, значи ме убедуваше во тоа, па коментари како "тоа беше многу детски јас не сакам заебанција".
    Мајндфак ми направи и стварно помислив дека тоа сум го сторила. Ми предизвика параноја дека можеби некој ми влегува во соба, па имав еден куп неспиени ноќи и еден тон проблеми.

    Лудило.

    Затоа, не верувајте лесно, не бидете слепи кон вашата интуиција и внатрешен глас. При прв излив на љубомора (макар и да е најмал) оставете го.
    Вашата среќа и трпение се поважни од некој нестабилен мрсул без грам памет.

    "Го сакам" не е доволен изговор. Сакајте си го, но сакајте се себе повеќе.
     
    На dea.18, Kalince1996, poppie и 10 други им се допаѓа ова.
  18. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки


    низ тежок период си поманиала низ многу тежок, искрено личноста е печена за во психијатриска болница, има еддне куп таму што се лечат од хронична љубомора, и не за друго, си го отепале мажот или жената, или неговиот најдобар пријател со жената, заедно, иако немало ништо помеѓу нив двајца,

    знам имаше еден случај, пријателот дошол мажов не бил дома и решил да го почека да се врати од работа и така си пиеле кафе со жената на пријателот што треба да се врати, тој се вратил земал ги отепал, и човеков е уште убеден дека е во право, (го имам читано во црна хроника на времето).
     
    На FridaodaMk му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Mnik

    Mnik Популарен член

    Се зачлени на:
    19 март 2021
    Пораки:
    2.074
    Допаѓања:
    9.670
    Пол:
    Женски
    Низ истово поминав "на времето", само плус проверување Вибер контакти еден по еден, случајно да не има некој машка слика, а да е пишан со женско име. Па кога му раскинав, ќе се самоубиваше. Еве гледам сега веќе со жена и дете колку е самоубиен. Само тешко таа жена. Јас се спасив.
     
    На Fancy_Nency 22, Elf и WildMk им се допаѓа ова.
  20. Indiegurl

    Indiegurl Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2017
    Пораки:
    1.817
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    За жал ова е многу застапено.
    Форма на манипулација со цел жртвата да остане и да продолжи да се уништува.
    Болесници..
     
    На Mnik и WildMk им се допаѓа ова.