Кога ми рече "ќе се самоубијам и сите ќе знаат дека е заради тебе", му реков "слободно". Човек што планира нешто да направи не збори многу, туку прави.
Колку пати кажа дека ќе се самоубие, ехее.. Раскинавме, најде друга за 6 месеци, се ожени и 2 деца има. Такви психопати само себеси се сакаат.
Немам воопшто проблем со љубомора, тој не е воопшто а кога е така не сум ни јас на него. После неколку години во брак лозинки од профили на фб не сме си кажале и слично, не дека криеме нешто на компјутер оставаме отворено се. Премногу добро за да биде вистинито или сепак треба за подобра врска треба да има нешто да пецка ?
Љубомората не е одраз на љубовта. Таа е одраз на психичката состојба на оној кој ја чувствува. Обично љубомората е знак на сопствена несигурност, немоќ или на повредено его. Мене ми е често знак на слаба самодоверба, или на некаков потскриен страв како чуство дека се нема контрола врз нештата. Не ми е знак дека другиот е нешто многу сакан или многу значаен за тој што љубомори. Ако некого вистински сакаш, вниманието ќе биде насочено кон таа личност и ќе се делува во правец на нејзината среќа и добросотојба. А кога си љубоморен фокусот е свртен само кон себе, во она што тебе ти недостига, што тебе ти личи дека ти е скратено од страна на другиот, или што другиот тебе ти прави или не ти прави... значи јас е во прв план, а не ти.
Од љубомора до љубомора има голема разлика. Да не се правиме дека не знаеме ама не верувам дека некој ужива кога дечко ќе каже на девојката секогаш кога ќе одиш некаде и со некој ќе прашаш дали може? Ова во никој случај на љубов не ми личи. Имав таков еден , едвај 3,4 месеци издржав. Не ме интересираше ниту дали ме сака, однесувањето му беше болно, уште што немаше со неговата љубомора, сигурно си мислеше ако тој лаже сите лажат
Дали ви се случило некоја особа која знае дека вашиот партнер има женска, намерно во социјална ситуација пример роденден да ти го завземе местото на маса и да седне до него, приморивајќи те тебе да седиш на другиот крај на масата како набркана? И потоа да се жали зошто си ја гледала "попреку"? Стварно не знам дали аргументиве ми се реални или не, прашувам луѓе за мислење за да знам како нормално да изреагирам.
Ми се случило и ме изнервирало. Одамна... Сега, исто ми се фаќа... И јас не пазам кај седнувам. Ако се блиски луѓе, одам право кај тој со кој ми се збора во моментот. Со маж ми секој ден збораме
Имаше гужва и ќе морав да се туркам со другите и у мебел за да дојдам до таму. Не ни памтам точно како одамна беше али пак се ближи истиов период па затоа не знам дали да спомнам за таа случка или не.
Ако некој ти го зафати местото одиш и му викаш Јас седам овде, безразлика дали оди по дечкото твој...
Се сложувам, нема зашто да и ја препушташ таа ,,привилегија” да седи до него. Која и да е па макар и братучедка, што сака нека е па нема да седи до него. Се знае дека ти си таа што треба да седне, и ке си стоиш зад тоа. Дечкоти што вика на ова?
Според мене дечко ти е тој што треба да превземе нешто а не ти.Јас не би ја гледала попреку нејзе туку него што дозволил некој така да ме отфрли и да си направи простор за додворување.
Па он вика дека не било у ред ама онака let it go, типката доаѓа зашто мајките им се дружат и мајка му замара дека некултурно било таа да не дојде. Мислам дека ја имаше покането без он да знае воопшто.
Не треба да вика дека не е у ред туку треба да стане, да најде место како знае и да седне до тебе ако веќе нема опција ти до него да седиш.