Зошто дечко и да ја спасува за ваква работа. Сам треба да поставиш граници, утре ќе ти го зафати друг местото, нема да е дечкото тука секогаш.
Па тоа се мислев, дали би било во ред да му кажам дека сакам да направи нешто во врска со тоа. Он сеа мисли дека само вентам. Али и со коронава може изговор да каже да не доаѓаат многу луѓе и така.
Епа шо се нервираш? Да не си познавала никој, па да си седела ко утка цела вечер, ај да се налутиш. Вака, шо?
За други ситуации да, каде што не е вклучен дечко и нормално дека треба сама да реагира. Но кога се работи за личност помеѓу неа и дечко и , он треба да даде дознаење дека неговото внимание е насочено кон нејзе.За да нема потреба она да се докажува пред такви особи дека дечко и е нејзин. Зошто може да се најде некоја, и да си го земе здраво за готово тоа дека на дечко и повеке му одговара да седи до неа.
Поише се нервирам што морам у секоја прилика да ја гледам како да е братучетка или кума, а знам дека имала намери. Добро е што он нема ништо ни па сака да има али ептен глуп е моментот. Само зашо се знаеле фамилии мора сегде таа да биде.
Јас ретко пазев каде седнувам, обично си знаев ако сме друштво да си седнам до другарка или до другарките негови, ми имаше спомнато неколку пати почнав да се припазувам ама зависи кога сме кафана, кафич често знам со другите повеќе да зборам... Па дома сум до него, што сега и на искачања Зависи кој седнал ако е некој со задни намери би разговарала со него, за нешто рандом не
Е како е меѓу незе и дечко и'? Не им прекина врската оти седел до него некој друг, една вечер... неколку саати... Во друштв кога многумина се познаваат меѓусебе, секој со секој може да посака да поразговара. Посебно, ако е некој што не си го видел одамна...
Не се докажува дека дечкото е нејзин. Се докажува дека местото е нејзино. Не може дечкото да превзема за таа да не и го зафаќа столчето. За такви работи сам треба граница да знаеш да поставиш. Столчиња зафаќаат, преку ред влегуваат, се лепат до тебе на каса, не може стално да има некој до тебе да ја постави границата за тебе, мора човек да се научи сам да го прави тоа за себе.
Абе ти можеш на тебе да влијаеш, дечко ти на себе... не мојте да влијаете на однесувањето на другите околу вас. Е по шо се рачуна, кое место е чие? Освен ако не е експлицитно напишано име, кој-кај сака може да седни. Не сме зет и невеста па да се токмиме сите да не видат заедно на маса.
Мислам дека ваква ситуација само у Македонија може да има. Викни го овој или оној "да не се навреди". Ако сакам ќе славам и со мачките пред зграда што им давам саламче. Не знам колку можам да делувам врз луѓе кои едвај ме знаат
А бе не е важно дали е до него или не. И на 10 столчиња подалеку од него да седам, ако седам тука таа вечер нема што некој да ми се тупнува. Осет. Тука ми е пијачката, јадењето, капутот. Не ќе се рашетувам од столче на столче.
Па јас така разбрав, и го зазела местото и девојчето се осетило ко набркано на другиот крај на масата.
Те прашав и ми одговори во исто време. Не се плаши да бидеш ти и да си се бориш за твоите желби. Ако ти е незгодно, замисли ги сите како серат на шољи, а не се на маса и помалку ќе им се 'плашиш'