Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубомора во врската

Дискусија во 'Врски' започната од kate, 19 ноември 2009.

  1. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    374
    Допаѓања:
    951
    Пол:
    Женски
    Како бе не знаеш дали е нормално ??????
    Па уште размислуваш дали да продолжиш го него.
    Што ќе биде следно прашање од тебе во темава ? Ми удри бокс и ми скрши рака затоа што сум дишела ист воздух со машко.
     
    На AlchinovaR1979, Mateica, sj *O* и 4 други им се допаѓа ова.
  2. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.372
    Пол:
    Женски
    @Medea. Од љубов ја тепа па ти.(facepalm)
     
    На sino.o.oka, sj *O*, ViktorijaG и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    13.477
    Допаѓања:
    165.834
    Пол:
    Женски
    За некоја причина од мали не учат дека тој шо се тепа се сака, ама во реалниот свет - не е така. Ова е огромно црвено знаме кое не смејш да го игнорираш. Без промарш, тој шо удрил еднаш удира пак.
     
    На senjorita-v, sino.o.oka, sj *O* и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.583
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Баш, од мали не учат дека машките не удираат дека им се свиѓаме. И после се чудиме зошто некои жени се збунети
     
    На sj *O* и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  5. Deickata

    Deickata Активен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2021
    Пораки:
    73
    Допаѓања:
    95
    Пол:
    Женски
    Podrzuvam ljubomora, i sve toa e slatko po mene (tuka se pokazuva so nea na koj kolku mu znacis) no sve do odredena granica, vo slucajov stanuva zbor za nasilstvo i izivljavanje a ne nekakva si ljubomora, i odozgora prashuvas neznaes so ponatamu i dali e normalno epa razmisli ako sega toa go napravil utre den zena koga ke mu bides sto ke pravi ;)
     
    На Ceci16 и Milickaa555 им се допаѓа ова.
  6. Dudo

    Dudo Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2022
    Пораки:
    262
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Машки
    @Milickaa555

    Оди до најблиската полициска станица и прашај дали е нормално некој да те шамари за било каква причина.

    Таман дур си таму пријави го.
     
    На Curious cat, sino.o.oka, AlchinovaR1979 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. capybara1111

    capybara1111 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    zdravo decki. Sakam da prasham za mislenje za problem i dali e solidna pricina za raskinuvanje. So decko mi ideme 2 godini i milsam deka me kontolira ama ne saka da mi priznae. Prvin zapocna so stavanje storys na instagram , mu kazav deka e kontrola mi kaza ne ne e ne mi kazuva shto da pravam ama ako stavam baram vnimanie od dr mazi i deka ne sum mu bila dovolna. Pa posle muabetot deka imam highlights i sliki na instagram pa gi trgnav mi vikase deka sum barala vnimanie od dr mazi . Pa sea e mubaetot za nosenje alishta mi vika isto deka ne mi vika shto da nosam ama ako sum nosela tanga ili neso shto mi se gledalo dekolteto e nepocituvanje. Decki jas se smemiv za nego smeniv cel shifonjer i ushte mi vika shto da nosam shto ne... Mi vika deka od inat sum nosela razgoeni alishta a rambovka nosev.. I za zurki. On znaese da ide na zurki a jas koga mu kazav deka kje idam sakashe da mi raskine i vikase deka ne mi e gajle za nego i deka ne go pocituvam.Ova bese vo januari a sega mi kaza deka on sakal da ide na zurka i ne znam kako da se osekjam ,.
    Pomos pls
     
    На marlonbrando69 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.341
    Допаѓања:
    26.167
    Пол:
    Женски
    Што помош бараш ? Ти незнам дали си свесна дека уште од сега те контролира а замисли да си во брак со него ?! Од таков човек подалеку колку и да го сакаш , стално ќе бидиш под негова контрола
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Martka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.194
    Пол:
    Женски
    Прашуваш дали е солидна причина за раскинување. Секоја причина е доволно добра причина кога не ти се допаѓа нешто во врската. Ова ти е манипулација, овој во врска ако се однесува вака, во брак уште полошо. Јас не би трпела ваква токсична личност. Оној со кого што си во врска треба да те прифати таква каква што си и да не ти замерува за се' што правиш. Тоа е зрелост и стабилност. Значи луѓево не знаат да сакаат, да се чуди човек. Да му ограничуваш на некој како да се облекува и што да објавува на социјални мрежи, страшно.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. capybara1111

    capybara1111 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    deka mi e prva vrska i ne znam kako da reagiram dali e pravilna pricina dali ova normalno u vrska dali ne e i se toa :whew: sepak imam 19 godini i ne znam kaj mi e glavata
    Koga mu kazav deka ne moze vekje vaka mi kaza ,, Kje raskineme poso ne mozes da izdrzis da ne gi vaids c*ckite "
    ne ni nosam nishto provokativno sto e strashno:tmi:
     
  11. capybara1111

    capybara1111 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    svesna sum deka e mn loso toa shto mi pravi i se ama del vo mene misli deka e u pravo i deka jas sum problemot
     
  12. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.809
    Допаѓања:
    17.570
    Пол:
    Женски
    Леле девојче, аман. Требало одма да му раскинеш, а не па да стигнеш вака да ти кажува некој мочко ко дечко ти.
    И те манипулира со тие изјави (не ти бранам, ама ова, она), да знаеш во иднина вакви изјави се манипулација. И те како те контролира чим цела гардероба си сменила за него.

    Нормално дека не е во право, гони го таму. Овој е со морков да не го допреш, не па да ти биде дечко.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, Martka и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.600
    Допаѓања:
    79.194
    Пол:
    Женски
    :o
    После ова директно на блок треба да иде.
    Тоа е таа манипулација. Не си ти проблемот, еве ти кажуваме. И јас на 19 години бев во врска со еден заради кој ги избришав сите машки пријатели на Фб, освен роднини, еднаш му текна да ми прегледува историја во лаптоп и збесна кога виде дека сум отворила профил на некое машко, бараше објаснување кога ќе објавев статус на Фб и слично. И јас тогаш не знаев што треба и како треба, сега знам дека требаше јас да бидам таа што ќе го батали него наместо да го трпи таков никаков. Немој да се погазуваш себеси, ќе видиш со тек на време од што си се спасила.
     
    На sunshinebabe, Martka, cresa-jagoda и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.020
    Допаѓања:
    41.372
    Пол:
    Женски
    Лошо е и не, не си проблемот.
    Денес е ова, утре ќе ти забрани да се видиш со другарки, трет ден нема да можеш да идеш у маркет.
    Лето е, треба да одиш со ролка и фармерки?
    Престани да го правдаш и свести се додека е време.
    Млада си, не си го зацрнувај животот.
    Што и да сториш тој нема да има доверба во тебе.

    Другарка ми има таков дечко, ништо не и дозволува сега, а започна со најмали ситници.
    Па ти размисли си.
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, marlonbrando69 и 2 други им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.738
    Пол:
    Машки
    Многу лош момент е, и делува на манипулација и контрола, поготово што си многу млада, а сигурно и он, па не сте во фаза каде врската може да ви премине во нешто поозбилно. Знаеш, ова се тие минливи, турбулентни врски кои во иднина ќе си речиш: "што сум го трошела моето време на овој"

    Случајов е чист како солза дека дечково е премногу љубоморен и манипулативен, но, во иднина да знаеш како да препознаеш овакви знаци, и да знаеш дали се работи за љубомора, или за некој издржан аргумент, секогаш е добро да се ставиш на местото на другата страна, да видиш дали тие постапки би ти сметале тебе ако и он го прави истото, добро, не може исто, но еквивалентно на тоа што го правиш ти.

    Пр. Пиша дека му сметало и сакал да ти раскине што си била на журка, а сега кога он ќе оди на журка, не знаеш како да се осеќаш. Дали ти смета и тебе, или ти смета пошто него му смета? Ова е битно да знаеш за некој иден партнер.

    За облеката, повторно, стави се во ситуација каде што он би носел нешто реципрочно како што носиш ти. Или ако гледа некоја на улица облечена како тебе. Дали би ти сметало?

    За инстаграм исто... Дали би ти сметало ако го прави исто или еквивалентно што го правиш ти?

    Овие прашања се за тебе, и можат да ти решат некои внатрешни дилеми. Не за овој, туку за во иднина.
     
    На senjorita-v, sunshinebabe, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  16. capybara1111

    capybara1111 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    ako kazam pricivana zaso pola godina se macevme i davjcata kje se cudite zaso ne sum mu raskinala..
    mi se naluti i ne mi zborese i se toa deka ne sum mu kazala deka 3 godini pred da go zapocnam nego (decko mi sea) sum iskocila so nekoj dr tip i ne sum mu kazala. Mi vikase ako ova krijam od nego shto dr ne krijam. Ko seriozno pola godina se karavme za ovaa tema i jas u taa pola ngodina strashno oslabev i se taa volja za zivot u mene ja snema ,poso sekojdnevno nekoj da ti zbori za ova e strashno..

    A jas daleku od ljubomorna sum . Ne mi bese voopshto problem da ide na zurki mu vikav ubav pomin. kje bese iskocen so drugari kje dojdea dr tipki imav doverba u nego deka nema da ne vara mu vikav ubav pomin niso ne sum mu zabranila. Za rodenden kaj drugarka negova shto ja znae mn dolgo vreme drushtvo se sobraa i spiea kaj nejze mu kazav ubav pomin.

    Problemot mene mi e shto jas niso ne zabranuvam sfakjam se . Ova se dozvoluvam za na kraj ako stavam story od mene da mi kaze deka ne e pcituvanje i deka baram vnimanie od drugi mazi

    Ama koa si vo vakva vrska e teshko da iskocis poso eden den e okej drug ne e i ne znaev kaj mi e glavata i zatoa otanav 2 godini so nego ama denes planiram da prekineme da ideme i sum gorda shto sobiram hrabrost da stavam kraj na ova
     
    На sunshinebabe, cresa-jagoda, marlonbrando69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. capybara1111

    capybara1111 Активен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2023
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    fala vi mnogu na site :l:
     
    На cresa-jagoda, marlonbrando69, tanjita и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.163
    Допаѓања:
    39.738
    Пол:
    Машки
    Добро е што конечно си решена да го решиш ова. Иако си знаела и од претходно, сега веќе имаш крај да ставиш точка. Не мора воопшто и да комуницираш повеќе за љубомора и за било што, да даваш причини, да пробаш да решиш.
    Едноставно може да раскинеш, да му кажеш не е тоа-тоа, и толку.

    Во иднина, имај свој став, постави црвени линии на почеток. Премногу контрола е лошо, премалку исто така не е добро, пошто се злоупотребува.
    Никогаш не контролирај, ама не дозволувај некој да те прави будала.
    Со среќа. :sun:
     
    На senjorita-v, sunshinebabe, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    814
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Машки
    Имај убав живот и подалеку од вакви типови.
     
  20. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.367
    Допаѓања:
    11.987
    Пол:
    Женски
    @capybara1111 млада си, подобро што на тие години си го доживеала тоа, ќе знаеш во иднина што е токсично и одма ќе прекиниш. И не, неговото контролирање не е нормално, тргни се од него, имаш живот да уживаш во него, немаш потреба од таков човек.