1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморна другарка

Дискусија во 'Врски' започната од flower, 26 ноември 2009.

  1. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.421
    Имам љубоморни другарки. Не дека имам којзнае што во животов, туку природа ли е, карактер ли е, такви се девојчињата.
    А и ќеиф ми е што љубоморат понекогаш. :devil: :devil:
     
  2. swrcii

    swrcii Нов член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    723
    Допаѓања:
    270
    па и сум :) јас само вистината ја кажав ..секако ја прифаќав и никогаш не сум и кажала в лице некои работи како таа што прави пред друштво но дојде ден да се дознае вистината а и машките го знаат тоа ;) а таа бидејки не ми е вистинска другарка нема што вредности повеке да цени кај мене а за машките до некаде... барем од моето искуство ... позз
     
  3. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Да денес дознав еднен муабет и ова е фтор пат да плачам од другарка љубоморна што оди преку мене за да успее таа.Срам да и е.Нема збор да и реќам не и се лутам ке останам да се дружам ама не исе доверувам.
     
  4. Otkacenata

    Otkacenata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    3
    Вака девојки, од оваа подобра тема нема..
    Ми се има случено да бидам повредена од "најдобрата другарка" и тоа само затоа што она го немаше тоа што јас го имав..Толку многу беше покварена и навистина ми е мило што ја открив на време и што не дозволив она да ми го уништи мојот живот.. Заради неа за малку ќе си ја изгубев љубовта на мојот живот заради лагите што ги смислуваше.. Мене навистина не ми беше јасно како може "најдобрите другарки" да ти љубоморат затоа што имаш повеќе пари или пак затоа што ти имаш дечко а они не и ред други работи кои што не сакам да ги спомнувам затоа што почнувам да се ежам кога ќе помислам какви се луѓе на светот постојат.. Еееј замислете после толку работи што имав направено за неа се осмели дури и да ме проколнува, да ми вика Господ ќе те казни, ова она..Цццц, едноставно не можев да ги сфатам..Мајка ми убаво ми викаше дека такви постоеле и секогаш ќе постојат и затоа не треба воопшто да се замараш со нив.. Они тоа го прават од завист, затоа што сакаат да бидат на твое место, да ги имаат твоите работи и др.. Така да не се секирајте затоа што како што јас разбрав и другите ќе разберат дека од МАЈКА ПОДОБРА ДРУГАРКА НЕМА ! ! ! ;)
     
    На FotoLina3 и maca99 им се допаѓа ова.
  5. SparkyAngel

    SparkyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2011
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.366
    Пол:
    Женски
    Better alone, than in a bad company! :/
     
    На FotoLina3, anneyy, CrazyStupidLove и 2 други им се допаѓа ова.
  6. thegirl2

    thegirl2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2011
    Пораки:
    155
    Допаѓања:
    39
    Љубоморна дури неподнослива..се сака да направи за да не скара ама нема да и успее..само му се пика па неможи вака!
    и 100 пати и е кажано и пак си тера по старо како што си знае! :@
     
  7. Slatko-Malo

    Slatko-Malo Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    12
    Животот ми е опкружен со љубоморни девојчиња.Дури и многу имаат пробано да ми земат дечко/муватор од љубомора, зашто јас а не они. :^) Еве неколку примери: :) Братучетка ми проба да го освои дечко ми пред 2год кога не бевме заедно ама знаеше дека многу го сакам и сега кога дозна пукна од љубомора,ма баш ми е мило. :lol: најдобрата другарка проба да го освои дечко ми и скришно,зад мој грб му се јавувала и се договарала да искочи со него..две девојчиња од мој клас ми се правеа добри другарки само да дознаваат како ми е иде врската и ми збореа се лошо за него,што не го ни познаваа добро,само за да не скараат.(можеби избегав од темава,ама не ми замеравајте,морав да си олеснам :) )никогаш не би се скарала со другарка заради дечко,ама кога дознав што ми прават,па не ми требаат такви другарки и затоа не верувам више во никоја.Во денешно време нема права другарка!
     
    На zuzuu му/ѝ се допаѓа ова.
  8. zuzuu

    zuzuu Активен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2011
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    1
    И јас така викав дека другарка никогаш не би оставила за дечко ама некако не испадна така..Со дечко ми (прв ми е) идеме 10 месеци а "другарките" сосема заборавија дека постојам незнам дали проблемот е во мене..:worried: а кога и да ги викнам тие немаат време за мене и после јас сум била таа што ги оставила другарките за дечко :@ :@
     
  9. s.a.n.y.a

    s.a.n.y.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    16
    јас имам две-три љубоморни другарки,ама стварно беа ужасни..одеа до безкрај.и бидејќи сватив дека игнорирањето е приказна за мали деца ја преземав работата во мои раце и фино лепо со две-три реченици ги средив. сега нема да им текне да ме чепнат.
     
  10. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Ооо јас денес дознав нешто.За онаа која мислев дека ми е другарка...Сега сме скарани и многу ми е подобро што немам таков мршојадец покрај мене.
    Значи вака преку цело лето бевме нон стоп заедно всушност таа не ме оставаше на мира и постојано сакаше да одиме некаде и јас се согласував а понекогаш и не а тогаш многу се лутеше.И по сето тоа другарување,дури сега дознав дека пред друга девојка викала дека јас сум била многу заостаната бидејќи сум останувала до 10 ипол надвор и дека таа била напредна бидејќи останувала до 12.Како прво и прво нека се погледне себеси, а како второ и второ тоа не му доликува на едно 12 годишно девојче.Зарем не е така?
    Кога зборував со мајка ми денес бидејќи бев многу мута ми рече оставија нека „понапреднува“ така уште малце па ќе ја видиме.Се виде која е мојата вистинска „другарка“ !
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Многу пати сум расправала за вакви теми и пак ќе го кажам истото.

    Ти си сеуште малечка,имаш само 12 години,па затоа се' ова ти е чудно и се лутиш.И јас се лутев како тебе,арно ама СВАТИВ.Сватив како функционира овој бесмилосен свет и сега ништо не ме чуди.Ќе сватиш и ти,само сега е сеуште многу рано.
    До вчера сте биле малечки,невини деца,кои не сте размислувале за ништо друго освен со која кукла утре да си играте.Но сега сте во такви години кога ви се чини дека сте "пораснале",дека треба да излегувате до касно и слични други работи.
    Немој нејзините муабети да си ги земаш при срце.За жал такви се луѓето.И од оној во кој што најмногу веруваш,треба да очекуваш се' (освен од родителите,секако).
    Нејзе сега и' се чини дека којзнае што направила дека излегла до 12,ама еден ден ќе си се смее самата на себе.
    Не си воопшто заостаната ако излегуваш до 10 ипол.Тоа е сосем доволно за едно 12 годишно девојче.Имаш време кога да излегуваш,а ти слушај си ја мајка ти,затоа што ти ќе излезеш на вистинскиот пат,а таа ќе видиш каде ќе биде за неколку години.
    Тогаш благодарна ќе бидеш затоа што не си била и не си правела како неа.
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Xepp

    Xepp Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    556
    Допаѓања:
    428
    Се согласувам и искрено почнувам да се разочарувам кога го гледам светот ваков,сакам времето да се врати,не дека пораснав ама некако се е изменето а и од сите мои блиски роднини некако се оддалечив па и од самиот брат.Сигурно тој ме смета за мала бидејќи е да факс па сигурно нема време со мене да се расправа доста му се неговите грижи така да знам дека кога ќе порасна и кога ќе созреам пак ќе си бидеме тоа што си бевме и навистина ми фалати тиа убави денови сега сама си останав по дома ;(
     
  13. Fleur-De-Lis

    Fleur-De-Lis Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    627
    Допаѓања:
    1.648
    Оваа тема ми е трн во око!
    Јас имав *таква* другарка, успеа цел живот да ми го уништи, цел град да зборува за мене најлошо до ден денес....
    Ја баталив, игнорирав....ама тие *муабети* што ги пушти наоколу, секогаш ќе се моја сенка....од устите на таа проклетата малограѓанштина!
     
  14. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Љубоморни личности постоеле и ќе постојат. Наше е да знаеме да ги препознаеме и да се заштитиме од нив. Пред се треба да бидеме внимателни што кажуваме и на кого се доверуваме. Понекогаш некои работи е подобро да останат некажани...
     
    На FotoLina3 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Знам како е...
    Имам другарка која од секогаш ми завидувала.
    Да речиш богаташка сум (не сум),имам нешто материјално што таа нема (немам).
    Сега дознав кој бил тој проблем.Јас сепак имам нешто што таа го нема.
    Имам прекрасна врска,и таа можеше да има ама не знаеше да љуби,како тој што ја љубеше неа.
    Имам успех во учењето,таа неможе да го постигне тоа.(не бидејќи неможе туку не сака,сака успех од ведро небо да и падни,епа неможе)
    Тие се единствените проблеми за кои ми љубомори,но не се караме,не и замерувам за тоа.Дај боже да го постигне тоа што го сака.Се и најубаво!Од мали сме заедно,и заради обични детски работи не треба караници ;)
     
  16. awee

    awee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    117
    Со тек на времето има се повеќе љубоморни луѓе.
    Кој дури и на твојата среќа се љубоморни... :tmi:
    а за љубоморни другарки да не зборуваме.љубоморат и они се оптеретуваат а ние не.тоа е најважно.А знам дека не е лесно кога некој ти љубомори.
     
  17. plavi-oci

    plavi-oci Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    1
    Еве и јас да си казам имав една таканарецена другарка со која се друзев од мала па понтака кога стигнавме средно сколо секој по свој пат али после некое време пак го обновивме другарството.Се бесе супер во насето другарство се додека јас не го фатив мојот сегасен децко-иден маз се надевам кој многу го сакам .... Незнам каков проблем се јави во нејзината глава после 1 месец и она си го фати првиот децко јас бев таа која и давасе совети сто и како за све од мене совет барасе јас како на вистинска другарка ја советував додека го немасе фатено децкото стално ја викав со мене да искаца и на децко ми му викав да зема другар со него за да не се осети запоставена сепај јас мислев и на неа... Другарот на децко ми ја засвигја и се бесе супер само сто она бесе доста ограницена со сваканјата и за секого наогјасе мана без разлика дали е маско или зенско затоа и првиот децко го фати на 18 годинки .... После некое време таканарецената другарица поцна да се повлекува од мене и кога слуснав муабети дека децко ми не ме сакал мене само се зафркавал со мене он ја сакал неа и ред други мизерни муабети .... Ја побарав 2-3 пати да пиеме кафе сакав да видам сто и е проблемот али она едноставно како да се пласесе бог да цува и видов дека не сака да се сооци со мене и се отказав сакав само да и казам да не ме сакасе децко ми и да се зафркавасе со мене немасе да бидеме еве сега веке ја тераме 6 година заедно и на праг сме од бракот сто едвај цекам да се слуци .... Битно она сега си се е....ра со кој стигне позз до другарка ми
     
  18. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    Абе ако во тоа другарство влегла љубомората више не е ни другарство . реално да збориме ...

    Јас што си имам една другарка , што си ја викам сродна душа, значи имаме една иста љубов, правиме една иста работа, ама ни ја ни она не можеме да бидеме љубоморни една на друга. Сепак сме правеле муабет со неа, расчистена ни е таа тема, дека ниту јас ниту таа смее да помисли на употреба на овој збор, зашто ако јас направм нешто повеќе од неа или добијам повеќе од неа е моја заслуга зарем не ?? Како и обратно.

    Доколку ваквите работи се расчистат на време, не би требало да се има љубомора, и пријателството би се одвивало само врз меѓусебна доверба.

    Сепак доколку си имате верни другарки, потребно е да се направи ваков муабет околу љубомората, и да се даде јасно до знаење дека нема и не смее да има доволен простор за истата ...

    Сепак нели другарството е нешто многу повеќе од заедничко излегување и кажување тајни. Сепак верувам дека има вистинско другарство ама тоа бара и на вистински начин да се негува и секако со многу отворен однос.
     
  19. Pink.Princess

    Pink.Princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    изгледа им пречи тоа што среќата е на моја страна и има некој на кој му значам па сакаат само да го расипат тоа...како и да е не ми требаат ни они ни ОН!!! можам и сама .
     
  20. lovely92

    lovely92 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 август 2010
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    3
    Ме интересира како се справувате со љубоморните другарки?
    Прва година сум на факултет. Се задружив со девојчиња од помалите градови, никогаш не сум гледала кој од каде доаѓа ниту пак кој колку пари има, секогаш ми било најважно некој да има добра душа и добар карактер. Овие ми делуваа фини и се зближивме, некои 3-4 месеци интензивно се дружевме, по кафиња, по дискотеки, ги прошетав каде не.. Се смеевме, се зафркававме стално и се беше супер.
    Но последнава недела почнаа да покажуваат знаци на завист.. ми завидуваат што имам долга врска, што имам висок просек на факултет и веројатно зошто сум од Скопје. Ми викаат како се ми било мене совршено, како лесен ми бил животот. Што можеби изгледа така, али и јас имам многу пропатено во животот и многу пати се имам разочарано, но никогаш не губам верба и гледам позитивно на работите. Во тоа е разликата меѓу нас. Почнаа да не ме викаат веќе на кафе кога одат, ме игнорираат и другарката што ми беше поблиска пробуваат да ја одделат од мене.. Многу лошо се чувствувам заради тоа, не знам што да направам околу тоа, никогаш им немам ништо згрешено, баш сум била секогаш отворена да им помогнаш што и да им треба. Не знам што да правам :(
    Дали да си најдам други другарки или да останам со нив?