Незнам дали се љубоморни, или немаат друга работа. Искрено да ви кажам, порано многу им се замарав, ама сега не ги е*ам од кај се, гледам мене да ми е убаво а после да им угодам на нив. Љубоморни? Многу ми е гајле. Тие мене ќе ми кажуваат кога да бидам со нив кога со срценцето мое. Јас си знам! Нека ме остават да дишам прво, па после ќе ја наредиме, нема да бидат запоставени, аман.
не се замарајте со такви личности... имам една таква до мене секој ден ја гледаам некогаш е многу фина, ама некогаш ми иде да ја истрескам, се пари паметна мисли дека е центра на вниманиее... фармерките и се до пи*ка, газот цел и се гледа, и цело време ми кажува као треба да носам фармерки со многу низок струк.. моментот е гледај сите ме гледаат а уствари сите и се смеаат. цело време ме копира и коа нема нешо да и стои па не било баш убаво .... уфф се напнаав...
кај мене станува збор за 2 другарки љубоморни се на се али коа ке купам нешто аууу позеленуваат во очи им се чита дека се премногу ама премногу љубоморни, значи а купам нешто одма го сакат или па недај боже да смомна дека нешто ми се свига одма иде она нивноно леле па и јас сакав да си купам па купи си бре никој не ти брани ,а сто пати сум им рекла несакам исто да се облекуваме-мислам дебилно е не сме близначки бре ,ок е да имаме нешто слично дури и исто али бре све со ке купам сакаат а коа ке излеземе на шопинг ако ми се свига несто откако ке го пробам се мрштат со дополнителен коментар не ти стои-а се гледам у огледало не да ми стои топ ми стои, е тоа ми е како можам јас да ги советувам искрено за работите кои им одговараат а они мене лице ми прават не ги сваќам како можат да бидат такви смрдли ми се смачи од нив не знам како да и им кажам без да ги отерам у бестрага дека се љубоморни гниди и дека заборавиле на тоа дека кога никој немале јас сум била таму секогаш за нив
зар така треба да се однесуваат вистинските другарки?денес парче облека утре дечко потоа кој знае што.подалеку од такви личности додека не ти наштетила.тие никигаш нема да се твои вистински другарки.и колку побргу ги оддалечиш толку подобро за тебе.
не сум имала до сега љубоморна другарка-иако таа што како сестра ја сакав , се запозна сосегашниов, и кога на ф.б. виде дека не сме заедно во врска(статусот што ми стои) ме праша дали сме раскинале , мој живот, мој проблем ке правам што сакам а едно девојче на медитација со која се дружиме, мисли дека ако имаш момче имаш се, и до сега се има случено да ми каже мегу редови е ти имаш дечко а јас немам биг диал абе бог да чува и да брани
Сум имала и имам, јас ги нарекувам познанички, не пријателки,нека стојат таму каде што се не ме занимаат воопшто, не се моја грижа очигледно јас сум нивна.
Имав една таква долго време, од детството, со која заедно израснавме, сме поминале многу работи заедно, од првите излегувања, до првите пијанства, љубови... беше супер, но се смени, а можеби и јас претходно не забележував или не сакав да знам каква е всушност. Најпрво почна со критики за секој пој потег, реакција, па да наоѓа мани и да и сметаат другите мои другарки и другари, дечковците, идолите, на работите кои јас ги имав.. на се'. На почетокот тоа не ми сметаше, ја игнорирав, но кога почна јавно да се изјаснува за тоа и да пробува да се постави над мене ми прекипе. Не можев да ја трпам како лаже и преувеличува, како се' што е на нејзе е најпрекрасно и најдобро, како никој нема поима од животот, за една вечер полупијана да дојде и да ми каже како животот и е лага и се би дала да го има она што јас го имам. Тој муабет го паметам како последен, не сум ја видела ниту пак слушнала од тогаш и искрено немам никаква потреба од тоа. Наеднаш прекинав секаков контакт со нејзе (ма да тоа требаше да го направам многу порано), никогаш не се скаравме ниту направивме голема работа, ама ниту пробав да ја сфатам, а според нејзината реакција како тоа и да го сакаше. Со сестра и исто така бевме блиски и до ден денес се гледаме, имаме фини муабети, но неа не ја спомнуваме како ништо да не се случило, како да не постои. Животот е премногу краток за да се дели со ситни луѓе.
Другарката која ме запозна со дечко ми и која го фалеше пред да се фатиме(тој вака тој така тој е срце ваму бевме таму бевме) ги сврти картите кога јас се фатив со него тогаш почна да ми ја полни главата со глупости како тој ме лажел како тој лажел дека има пари кој го знае шо работи пази се од него и сл.Другарка како другарка јас не се сомневав во неа зошто мислев дека ми збори зошто ми мисли добро.Еден сончев ден биле со дечко ми на кафе и почнала да плаче и му признала дека е љубоморна...како можеше....премногу се разочарав
имам проблеми со мојата другарка.едноставно се што правам неа не и чини.за се сум јас таа лошата.понекогаш знае и да ме навреди и да ми каже дека ниедна работа не можам да ја направам како што треба,дека секогаш погрешно постапувам.тоа го прави на тако арогантен начин со многу навреди.проблемот е што пред некое време почина татко и.што и да и кажам се плашам погрешно да не ме сфати.но тоа нејзино однесување не започна само со смртта на татко и.таа секогаш си е таква.порано и кажував дека тоа ми смета,но без никаква промена од нејзина страна.во последниве денови навистина претера,а јас не знам како да и го кажам тоа за погрешно да не ме сфати.
Барав посоодветна тема но не можам да најдам. Но, оваа ми се виде најблиска до мојот да го наречам проблем. Мојата да ја наречам најдобра другарка има врска од 1 година. Се е тоа во ред и и посакувам се најдобро. Но, откако е со него, секој пат кога ќе дојде кај мене таа збори дека тој ќе ја зимал за жена, дека и рекол дека ќе и купи прстен, дека за 1 година ќе се вереле па за уште 1 свадба, како мајка му на сите зборела дека таа им е снашка. Не сакам да ве умарам со сите тие нејзини муабети. Вака делува ок, се заљубила, тоа е супер. Работата е што таа го прави тоа зошто сака да е пред мене, се што прави да е таа прва. Јас сум во врска 2 години, но не се замарам со тоа кога ќе се омажам. Секако си правиме планови, но ништо официјално или пак да кажувам за колку време. И ако јас спомнам било што во врска со тоа, пример, чекаме еден да се вработи, го чекаме станот.....одма се убацува и вели и Х и кажа на мајка му дека тогаш и тогаш ќе праиме веридба. Добро, сфаќам....Но, зошто пробува да ме имитира, да биде како мене? Јас немам ништо повеќе одошто таа има. Друга работа е тоа што таа повеќе нема време за никого, не излага, не доаѓа како порано. Ај ќе си речам така им одговара. Ама и тоа малце што ќе дојде е сосем на кратко, тој ќе и се јави после 20 мин ќе и каже ајде дојди и таа ќе летне. Едно време не сакаше да излагаат со нас, на типот не му одговарале сите луѓе, можело некој да им направи проблем во врската. Јас со дечко ми бев другарка 5 години, а таа со дечко и пред да се фатат се гледаше ретко едно 2 месеци, и вика еј срц и ја исто како и тебе.... Се е исто како мене а благе везе нема, нејзината врска, начинот на комуникација, излагањето дружењето, ништо не е ни слично. И ова се само ситници што ги напишав, има уште ред други работи. Да знам дека сум била и ја таква кога сум се фатила со дечкото и така сум и зборела и правела ќе ја разберам. Ама никогаш за ништо не сум ни посакала да ја напраам љубоморна. Не се работи само за дечко, туку за се е така, ако купам нешто, еј јас го гледав, еј и ја си купив исто ко твоето, еј сакав ама немаше број. Што мислите вие? Дали е љубомора или е некој друг проблем.
^ Да,има проблем но со мозокот. Би те советувала да ја игнорираш таквите луге само нервози носат во животот... мое мислење.
Кога ќе се присетам што можеше да ми се случи заради една таква другарка која единствено што знае е да љубомори. На почетокот од мојата сегашна врска, таа од љубомора ми зборуваше најлоши работи за дечко ми и обратно, нему му зборувала за мене. Бевме на работ од раскинување, но ја разоткривме. Таа всушност сакала да ми го преземе дечко ми зошто навистина нема човек како него, најпрекрасен е. И повеќе неа не сакаме да ја видеме со очи, а уште помалку да се меша во нашите животи.
ехеее одсекогаш ги има тие наши најверни '' другарки '' што сакаат да ти расипат,љубоморат и ред други работи... Јас ги имав две до сега ама баш ич не им се замарав,едната викаше брее што си глупа 5 години си со него наместо да излезеш најубавите години со еден ги поминуваш дај да ти местам нешто ново интересно ке ти биде сингл си е сингл ми викаше секогаш ми ја пунеше главата со глупости другата еее што убаво да си имав и јас дечко како твојот да ме чува,сака многу е добар.. Истата таа му се пушта пред мене мојов кога и се напна ама залудно им беше.. Така да ич да не им се замарате на таквите и да не бидете под нивно влијание,ако сакате да си ја зачувате врската зошто во денешно време никој нејке да те види среќен,барем јас така ги имам проценето луѓето околу мене....
Вистинско другарство ретко каде постои! Ја имам и јас една таква љубоморна другарка. Ако таа купи нешто тогаш е убаво ама ако друг го купи не чини. На се наоѓа маани и е многу љубоморна, иста е и мајка и. Додека одевме на школо секое утро додека чекаме автобус знаеше да ме изгледа од глава до пети и да ми најде по некоја маана.
Лелее баш тоа ме нервира најмногу..со секоја што сум се задружила досега секоја била љубоморна, на се,на изглед,на облека и најмногу и е криво тоа што сум позабележлива од нејзе,нејзе никој не ја погледнува(ама јас ништо не велам си поминувам си заминувам ко ништо да не било ниту пак им обрнувам внимание на машките ,а таа од ништо прави нешто и само филмови си прави во главата ) им се пика со сила!Сега човеку има дечко а им се пика на сите (ненаситно курвиште,како да не видела маж!), и тој јас што сум го свиѓала таа мора да му се удвара..како најде баш на тој,а друг да засвиѓам ќе тргне по него..Аман!А јас досега сум немала дечко,и гледај колку е себична! (а јас таква сум јас немам навика да им се пикам на машките едноставно самата себеси си се понижуваш на тој начин!Само си се чудам таа како нема чуства за себе!Ако е толку убава тие треба да трчаат по нејзе а не таа како некоја ороспија по нив!)Ја откачив не ми требаат таквии како нејзе..Само си се чудам како ја трпи сеуште дечко и или пак сигурно незнае тој.Исто така и летоово имав една нова другарка(на поседок кај роднини дојдена)иста како нејзе,абре санкир пресликани! ..Доколку се шетаме и таа пред мене се топори напред (демек поубава,а она не е ни да ја погледнеш од грдотилак,само се брука...и се причинува дека сите во нејзе зјапаат.. и после ќе рече сите во мене се пулеа , а јас си викам со паметов дали има нешто на оваа што вреди па да и се пулат!Бог да чува и брани!Па гледам и јас имам очи човеку не сум чора!А мора само печати да и маваш ТАКА Е! )само незнам како имаат храброст до онолку да се понижуваат себеси пред машки..си се чудам каде им е гордоста?Си се мислат еве кој сме а незнаат колку се глупави и лесни!Па убави и привлечни девојки тоа не го прават, оваа грда гроб се топори..ОМГ! Немам повеќе зборови како да ги опишам..ама стварноо..ги жалам!
Мислам дека со тоа што починал татко и само се зголемила нејзината арогантност па нема на кого да се истури и се истура врз тебе бидејки и кутиш. Ти џабе и збориш дека навредите и нејзиното однесување ти смета, таа тоа ке го земе здраво за готово. И ти сигурна сум дека си имала проблеми па не си се однесувала така кон нејзе. Никој не заслужува да биде навредуван и да се нервира заради некоја другарка. Или кажи и во лице дека треба да престане да се однесува така со тебе инаку нема повеке да и бидеш другарка, или враќај и на нејзините навреди но без да се расправаш, или едноставно почни да ја игнорираш и да се оддалечуваш од нејзе, бидејки таква другарка не ти треба. Да почнело ваквото однесување одкако починал татко и би ја разбрала, меѓутоа штом однесувањето нејзино било такво и пред неговата смрт, тоа значи дека таа едноставно си е таква и дека нема да се смени.