Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубоморна другарка

Дискусија во 'Врски' започната од flower, 26 ноември 2009.

  1. CrazyCrazy09

    CrazyCrazy09 Активен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2014
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Имав и јас...Немав дечко но симпатија...Пишувавне двајцата подолго време, се зближивне повише :angel: И на она, сигурно не и се допадна тоа па и таа почна да му пишува. Да го гуши пред мене како демек "другарски". |( Mи праќаше разговори...
    Не викам дека јас сум нешто повише од неа, па за тоа да ми е љубоморна.Нез..Али готово е со симпатијата и со неа :puke: Сингл засеа хаха :$
     
  2. Fancy_Nency 22

    Fancy_Nency 22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2021
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    177
    Пол:
    Женски
    Јас имам една другарка што мислам дека ми љубомори.По природа сум спортски тип и многу често вежбам в теретана.Таа ми се јавува на телефон дури вежбам и ми вели: ,,шо бараш на вежбање'',а и таа сакаше да се запиши во истата теретана.Се запишав на факултет и ми вели џабе парите ќе си ги дајш а јас сум добар студент.Наместо да ми посака среќа и да ме подржи кога правам нешто добро за себе таа ме осудува.А кога ќе си купам нешто ново како на пример долна облека вели кај ќе одиш со тоа а после ме прашва од кај ми е купено нештото за и таа да си купи.
     
    На Arjanit2021 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AAKG

    AAKG Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2019
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    1.361
    За жал полно ги има такви изроди.
    Имам ист таков братучед, љубоморен на се. И стално ме прашува дали бев на вежбање и ако речам да, одма почнува да наоѓа мани. И другарка иам иста таква. Само тие се во тренд само тие се знат а фактички цел град ги зворва дека за ништо не ги бива. На таквите само игнор или дупчење пред цело друштво за да се научат на памет.
     
    На Fancy_Nency 22 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.090
    Пол:
    Женски
    Поминати се скоро четири години од токсичното другарство со една девојка од Мкд.
    Се запознавме на факултетските денови и нон стоп бевме заедно,иди ми дојди ми. Спиење,дружење,јадење не можам да го оспорам тоа.
    Но, моите дела за нејзе никогаш не беа доволни и ако не направев по нејзино носот у вис и лутење до бескрај. Ајде тогаш многу и попуштав да не се скарам со неа.
    Од се ја имам извадено, од се. Да не бев јас она немаше да дипломира. Од друга страна нејзините постапки беа груби:
    - Се фати со мој бивши - ајде поминав преку тоа.
    - Отишла на работа кај тогашен дечко провокативно - си ќутев јас да видам дали ќе каже, она кажа дури по две недели.
    - Лажеше дома за дечко и,и скрши дел од телото па операции чуда и мене ме умеша тука.
    - Збореше против една другарка се најлошо а уствари идеше нон стоп кај неа.
    - Ми звони во 5 наутро зашто сум спиела требало да звонам у полиција дечко и ја тепал,заклучувал итн…
    - Ќе купев нешто за себе гледам и она истото.

    И многу други работи освен ова последното беше врв. Требаше да и вратам нешто ама не бев во можност и ја замолив да ме почека. Таа скандал ми направи дома,мајка ми се потресе жената качи притисок. Тогаш и се јавив и кажав со мене ти си завршила,доста е. И спуштив слушалка и ја блокирав од секаде.

    После три месеци случајно на фб ми се убацува некоја нејзина другарка, за некоја тема ме направија лом,толку навреди и три дена по ред добивав закани по живот од нејзе и другарка и. Тогаш ми стапна на жичка, и се јавив кај нејзините и се им кажав. Додека молчев за се и си заминав без збор, сега и сум прекинала другарство баш јас беше проблем. Лудило.

    После некое време кога ја напуштив Мкд ми пишува бивши ми на фб и ми кажува дека таа полудела кога разбрала дека сум заминала. Го терала да и отвори негов фб и трескала врати,била лута.
    Се крстев.

    После некое време прави лажен профил да ме следи на инстаграм,почна да лајкнува. Џабе е се,јас кога ќе прешкртам некој прешкртано е. Толку е.

    После ми праќа луѓе да дознаат кај работам и што, ете дознала отишла и она се вработила исто.

    После пак ми лајкнува на инста,па ја снемува. И така некое време,едно добри две години со обиди.
    Фала му на Бога се смири конечно,и ме остави на раат.

    Знам дека се кае пошто по лојал од мене немаше да најде никаде,сите и беа лажни ама сама си направи. Додуша ми беше жал за неа,бидејќи и дома беа кренале раце од неа.

    Фала богу научив како да распознавам лажно пријателство и да не се мачам да бидам јас океј,а другиот да ме манипулира. И три ми се доста,неголи сто лажни.