Љубоморна на туѓ брак

Дискусија во 'Врски' започната од akvarium, 14 декември 2016.

  1. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Вака јас лично немам љубомора од моја страна кон мојот сопруг ниту тој има некоја претерана, во граници на нормала ни е љубомората, Но.... јас ете знам срам ми е да кажам дури, но многу сум им љубоморна на бракот на свекор ми и свекрва ми.

    Не знам дали луѓево се преправаат, но ете на свекрва ми, свекорот и бил прв дечко, и се омажила многу млада имала само 18 години, најубавите години за љубов. Свекор ми е убав човек, навистина, има зелени очи и убав е вака човеков, а свекрва ми за разлика од него е грозна, не личи на жена, за никаде е сеа не дека ми е свекрва ама не личи на ништо. Свекоров имал долга врска во минатото и таа него не му е прва девојка.
    Дома постојано му црка вика, но пред другите постојано го фали, му го гали егото, и му ја подигнува самодовербата, тој тоа многу го цени и почитува кај нејзе, и иако е грозна како жена тој сепак многу го сака тоа нејзино внимание и фалби, и комплименти, посебно во друштво, знае да го фали претерано како ете маж и е најубавиот маж на светот, има зелени очи, најголемата желба и се остварила нејзе што го зела него и така воглавно цел ден го извикува неговото име и го бара, Петрееееее, Петрее иако и е пред нос во другата соба, мислам дека со тоа докажува дека ете она го бара неможе ни секунда без него, и него тоа ееептен му годи, се гледа по него. Тој човек едноставно сака да биде гледан од страна на другите како крал и најубав маж, кога она го фалеше еднаш, јас реков пффф па да не си ти, као у смисол свекор ми да земел друга жена немало толку да го става на пиедестал и да го фали.... тој дури ми возврати ама јас стварно сум таков хахахаххах смешно ми падна, демек он стварно е успешен убав, сега не можам цел муабет да го цитирам, но се гледа дека човеков е заљубен не во свекрвата, туку во нејзините фалби и односот нејзин и како тој мисли дека таа го перцепира? Доколкку ОНА не се преправа? не знам дали се преправа не ми е јасно, или навистина е толку многу заљубена во него, се сомневам во нејзе.
    Знае да се пожали дека ете свекоров не сакал да има односи со нејзе често, знам глупо е да ни кажува на нас за тоа ама таква си е жената.
    Е сега проблемов е што јас и сопругот дали дека живееме во ист стан но ете не знам ама се ствара некоја завист од моја страна, тие се малце посплотени од нас, На пример секое сабајле пијат кафе заедно, заедно спијат во спална, а ние не спиеме зошто сопругот многу хрчи, тоа не ни смета нас ама ете они сметаат дека се "над нас" во смисол имаат посупериорен брак од нашиот, дали е тоа така или тие така сакаат да го претстават?
    А сум го фатила свекорот во ситуации каде што очигледно завидува, многу мрази кога некого ќе пофалат или кога на некого му е убаво во животот, дали е потајно несреќен? искомплексиран не знам.

    Се извинувам на долгиов пост но ете интересна ситуација имам, па би сакала да чујам мислења од вас, знам ќе речете, што се замараш со нив, ама ете кога ги гледам нив, си размислувам како би ми бил мојот живот доколку останев со првиот мој дечко во кого бев заљубена и истиот однос што сега свекрвата го има према свекорот, на времето јас го имав истиот однос према тој дечко, а го немам према сегашниов сопруг, мислам дека потајно завидувам на свекрвата и свекорот зошто себеси се гледам во свекрвата и се си мислам ете да се омажев за првиот дечко сега и јас ќе имав таков среќен брак.
     
  2. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Оф мори мајко :?::?: што да ти кажам чедо Божјо.
    Јас не сум мажена, ама ова што го прочитав сфатив дека ти фали поголемо внимание од маж ти. Поточно ти сакаш да биде мажти ко татко му. Па што не седнете не си направите убав муабет со мажти и не му кажеш што како?
    Овдека сега ќе наидеш на контра мислења, ама менталитет шта чеш.
    Не си барај влакно во јаје, биди задоволна со тоа што го имаш.
     
    На Nate- princeza, LadyC, mariz и 11 други им се допаѓа ова.
  3. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Ти благодарам на советот, ме нервира тоа постојано фалење и покажување нивно пред останатите како они имаат многу добар брак, и повеќе пати се имаат споредувано и со нас, свекрва ми ми има речено дека како нејзиниот брак немало, таков добар брак и ете сите и завидувале на тоа. И свекорот како паун се дуе на тие зборови, демек ете она таква среќа имала што го зела него, заљубена е никој друг нема таква среќа, алудираше на нас.
     
    На buba4e89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.166
    Допаѓања:
    177.111
    Пол:
    Женски
    Па не јас вака од страна не гледам дека алудирала на вас. Ама јас не можам да кажам, еве нека каже некој со свекор и свекрва. Кога ќе дојдам на твое место ќе бидам компонентна да ти кажам дали е така дали алудирала на вас.
    Мислам ок проблемот е тој дека тие се фалат и тебе ти боде очи и мене би ми. Ќе оставам простор за некој поискусен да ти посочи.
     
    На akvarium му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.813
    Допаѓања:
    80.643
    Пол:
    Женски
    Па и твојот брак може да биде добар. :) Поработи на случајот, биди љубезна, дели му комплименти, покажувај љубов и заинтересираност. :)
     
    На Nate- princeza, cresa-jagoda, eloves и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    Времето што си го трошиш вршејќи детална опсервација на родителите на твојот маж замени го со време да си се посветиш и да работиш на твојот брак :)
    Но, штом споменуваш и се замислуваш со твојата прва љубов, и повеќе од очигледно е дека преку свекорот и свекрвата си си направила една проекција преку која се гледаш ти и бившиот каков бајковите живот би имале. Премногу далеку отишла твојата имагинација, што, ако се негува секој ден, лесно може да премине во опсесија и ланчано на тоа, во голема фрустрација и незадоволство. Одделените соби за спиење, секој на своја страна, ти си фантазираш за бивши, едноставно, зошто сте во брак, ако нити ти, ниту пак твојот партнер не се трудите нешто посебно?
    :d::drunk:
     
    На Nate- princeza, softy1, Bender Rodriguez и 17 други им се допаѓа ова.
  7. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Тоа е само за спиење инаку имаме нормален однос, како брачен пар, и немаме така лош однос, на периоди се караме, но и тие се караат, проблемот е што они многу сакаат да се фалат и да се споредуваат. На пример мене сопругот не ми е прв дечко, а на свекрвата и е прв, и тоа го користи да во смисол го стави сопствениот брак на "пиедестал" демек ете мене ми е прв, невина била кога го зела, и тој тоа го цени, и со тоа пак ние сме "понижени и увредени"
     
  8. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.362
    Пол:
    Женски
    Тргнете се на страна ако можите и нема да има вакви споредби.:D
     
    На Nate- princeza и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  9. mariatim

    mariatim Популарен член

    Се зачлени на:
    29 април 2010
    Пораки:
    1.159
    Допаѓања:
    12.529
    Пол:
    Женски
    Pa i ti reci deka ti e prv.
     
    На CameliaMiller, LadyC, Bender Rodriguez и 5 други им се допаѓа ова.
  10. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @akvarium Браковите не ви се натпревар. Можете да си се натпреварувате која поубави кифлички ќе испече, а бракот, најн. Велиш, се караме, ама :!: и тие се караат. Која ти е поентата да се споредуваш со нив? Не сте исти, ни најмалку. Прашувам, онака, искрено, чисто. Тебе те копкаат многу нешта: Досаден ти е партнерот, бидејќи да ти било добро и интересно во бракот, немаше да правиш вакви банални споредби. Од друга страна, сакаш и ти да се натпреваруваш, а нај на крај, непреболената љубов. Сумирано, реши се што сакаш.
    :d::drunk:
     
    На Nate- princeza, Bender Rodriguez, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    149
    Допаѓања:
    639
    Мојот прв заклучок е дека имаш премногу слободно време, та си успеала толку детално да ги изанализираш. Ни еден брак не е совршен, па ниту нивниот, ако мислиш дека тоа се обидуваат да ти го прикажат.
    Мислам дека реалниот проблем не ти се тие, ниту тоа дека бракот не ти е како нивниот, туку копнежот по замислениот убав живот со тој, бившиот. Било поминало, ако си мислела дека ќе имаш убав живот со него, требало да се бориш за него додека не си одбрала друг животен сопатник.
    Сега оди легни си покрај тој несовршен човек кој хрчи, сети се зошто баш него си го избрала, и наместо да ти бодат очи старите учи од нивниот меѓусебен однос.
    Бтв, како тоа не спиете заедно? Море ќе ставам тампони и не одам во друга соба.
     
    На Nate- princeza, CameliaMiller, softy1 и 16 други им се допаѓа ова.
  12. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.980
    @akvarium без никаква навреда, но твојата свекрва ми звучи како да се спрема за stand-up комедија, јас ги знам старите се така конзервативни во тој поглед... но таква осетлива тема да ви се наметнува во брак во најмала рака е крајно несериозно и многу штетно. Едноставно тргнете се на страна и кажи му сопругот малку да си ја смири "мамичка". |-) со почит!
     
    На akvarium му/ѝ се допаѓа ова.
  13. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    @Summerlover Да досаден е малце но таков си е, првиот беше повозбудлив, но никогаш не би се вратила со него, зошто беше кретен, проблемот е што не сакам да се натпреварувам но ете тие подсвесно ми створија некоја желба да им докажам дека не е така, дека и нашиот брак е добар, и не сакам така да се занесуваат, да не понижуваат со тие нивни фалби и споредби, Свекрва ми постојано го вреѓа маж ми и постојано го фали свекорот, свекорот е физички поубав малце од маж ми, иако е стар на млади години бил поубав од маж ми и како демек ете многу жени трчале по свекоров и она тоа си го користи како адут, да се фали постојано со убавината негова, тоа ми смета и е навредливо кон маж ми и кон мене.

    @Loretta Мислам дека пробуваат да се претстават во поинакво светло, зошто се многу завидливи луѓе во суштина, а човек што е навистина среќен и има среќен брак, не би можел да завидува до толку како нив.
    Инаку сме пробале да спиеме заедно и пола вечер сме будни и ненаспани и двајцата, не оди, вака ни е добро нема врска тоа полно парови спијат одделено тоа не го прави нашиот брак лош напротив, сабајле сме одморени.
     
  14. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Ее да можевме само да бевме финансиски способни за тоа, инаку тоа е мојот сон, да се тргнам и да не ги гледам веќе, мислам дека ќе ми се промени животот на подобро во секој поглед, но ете судбина, а инаку тие сакаат што живееме со нив, и никако не сакаат да се одвоиме, затоа дури и не помагаат финансиски.
     
  15. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @akvarium Како воопшто дојде до ваше стапување во брак, на тебе и маж ти?
     
  16. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Па се засакавме и се земавме така дојде спонтано
     
  17. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @akvarium Уште во првата реченица за маж ти, веднаш го спореди со бившиот. Не рече дека сегашниот маж станал подосаден, а дека на почеток бил поинтересен, туку веднаш се истрча да кажеш каков е во споредба со бившиот.
    Ова не е живот. Ти имаш одберено два параметри на идеалот: Eдниот е бившиот, а другиот се свекорот и свекрвата, и ти цело време живееш живот на компарација. Мажот ти го споредуваш со првиот, бракот со вториот. И ај сега? Што воопшто размислуваш? Всушност, дали бараш од нас некаков совет или вака, во недоглед да си дискутираме за ситацијата, за која патем спомена дека ти била интересна, што можам да заклучам и да се согласам со членката погоре, дека имаш премногу слободно време.
     
    На fairy88, Glasna, Freyja и 4 други им се допаѓа ова.
  18. akvarium

    akvarium Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2014
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    124
    Па искрено и немам премногу слободно време, ова го пишав на форумов зошто ме мачи подолго време иначе ретко се уклучувам тука, но добро, сметам дека тој што сака може да ми реплицира, никого не навредив со моето мислење, ако сум навредила се извинувам.

    @Summerlover точно е дека со бившиот поминав убави времиња, и се сеќавам често на него, но не би се вратила со него никогаш и да можам, зошто не си одговаравме карактерно и не бевме компатибилни. Повеќе ми смета тоа фалење и понижување од свекрвата и свекорот, тоа постојано докажување нивно, и свекорот е таков, тој сака да се фали и да се докажува дека ете навистина е најубав, најуспешен, иако не се фали директно, но ужива кога жена му си го фали ете пред сите.
     
  19. Згодно Момче

    Згодно Момче Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    4.980
    Јас само не разбирам кој е тој фамилијарен "многу сериозен" муабет што се прави од свекрва така во стилот "дали ти е прв маж ми, дали си невина, колку дечковци претходно си имала..." Ејј тинеџерски муабети од постара госпоѓа.

    Но како што кажа приморани сте претежно од финансиски причини и тука те разибрам ве кочи тоа. Се најдобро ви посакувам!
     
    На Mariangel, joy1, supertoasty и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.907
    @akvarium Епа и? Во што е проблемот? Тие си се маж и жена, си се согласуваат, си се закачкаат, си се воздигнуваат еден по друг и? Тоа си е нивна работа. Остави ги, што се толку преоптеретуваш со нив? Бркај си ја својата работа, гледај си го мажот ти. Млади сте, здрави, зар има смисол ова? Не. Уживајте во заедничкото време, во годините и во бракот. Не ти се свекорот и свекрвата виновни, туку ти што се замараш со нив, им придаваш толкаво значење, па одозгора и бившиот го мислиш. Значи остави ги тие работи и уживај :)
     
    На joy1, deskarada, Offspring и 3 други им се допаѓа ова.