Туку дали ова е истата членка што отвори тема дека сопругот премногу и барал секс? Епа тој кога ти барал ти на Тошо си се правела, а сега си дошла до дереџе да им завидуваш на свекорот и свекрвата дека поголема интимност имале. @deskarada може, ќе ти ја чекираме сега.
@akvarium А зошто ти не си го гледаш твојот брак, туку на свекорот и свекрвата ? Ако сакаш да имаш убав брак работи на својот, обрни му внимание на мажот ти, остај го свекор ти.
Па може свекрвата те насетила дека си љубоморна и те провоцира уште повеке,жено ти вечер легни си со маж ти приредиму еден див секс па нека види свекрвата кој е кој
Абе феминки убаво ја советувате да не гледа за други, ама тие други нејзе и се дома и ги прават овие претстави секој ден. Ден, два, три, пет ке ти дојде преку глава. Тие си се родени за шоу е сеа проблемот е што не секој може да трпи такви работи а и не секој може да глуми, да се улизува и лигави. И мојот свекор е убав човек и јас многу пати имам кажано, ама тоа не значи дека сум заљубена во него или скраја да е да го посакувам. Едноставно девојката ја иритира нивниот наметнат стандард за совршен брак и се искажа поопширно за да може да ја разбереме. 24/7 е со нив, за што друго да пише, за вакцините во бутан или децава во африка, или пак за врапчињата. Де бе да не може човек проблем да си пише а да не биде исмеан, оцрнет, навреден и да не го сметувате во лудница. Ете некоја погоре кажа дека свекрва и бара внимание дека е вдовица, значи ли тоа дека сака да спие со снаата или пак синот? Не. Тоа значи бара внимание, исто како што свекоров од феминкава бара хранење на егото, а свеки му ја научила татиката. Е сеа свеки има др мака верјатно со снава, па ке кажува дека невина била. глупости. Стариве се пореметени, а не феминкава. Замислете и вие да го слушате тоа едно исто секој ден. Дај ве молам.
Е да си ми жива ај реков да не навлегувам хахахаха ами така де ,мене и ова ми е јако на свеки тој му бил прв ,искрено на мојата незнам ни дали и бил прв ни па ме интересира и како сте дошле до информација за нивната интима,случајно да не си кажувате и колку пати неделно имате секс
Аквариум млади , здрави , прави сте. Наместо да уживаш во својот брак ти се замараш со бракот на свекрва ти. Сериозна си со тоа дека си им љубоморна? За свекорот немам коментар очигледно сака да му го хранат егото а он да расте ко квасец. Жено не се замарај со нив. Земи го маж ти под рака и уживајте двајцата. Прибери си го во кревет , тутни му се во прегратки, покажи му колку го сакаш. Кажи му некој убав збор. А бившит е минато, остави го позади себе.
Ама не ми е јасно зошто е проблем тоа што старите си гугуткаат ? Нивна работа си е тоа, дома што сакаат ќе си прават, па и во јавност, ако тоа ги прави среќни, чуму мрчење? Па и јас и мм нон стоп се држиме за рака секаде, кога одиме на гости седиме еден до друг и се држиме за раце, кога одиме на кафе знаеме и да се бакнеме, низ град да шетаме гушнати, наутро кога оди на работа обавезно прво ќе ме бакне па излегува од дома, и кога се враќа исто. Кога баба ми беше овде знаевме да си легнеме на гарнитурата да се гушнеме и гледаме тв така додека она седи до нас, многу често заедно готвиме итн, да не набројувам сега. Немам проблем ни пред луѓе да му речам оти го сакам, тоа е наш однос и додека мене и него тоа ме прави среќна не гледам причина зошто да кријам или да го чувам тоа само за навечер в кревет. А исто не гледам зошто некому би му сметало тоа? Подобро да гледам среќни луѓе отколку луѓе што се во брак а неможат 5 минути да поврзат заедно во една просторија.
хахаахах Браво @akvarium интересна тема. Никогаш немаше да ми падне на ум. По овој напорен ден на работа, ова баш како добар виц ми изгледа. Добро ти кажаа феминките од првата страна. Посвети му малку повеќе внимание. Кога веке и ти се споредуваш со нив или со други, учи од нив. Тоа време за анализа си го искористила, сега време е да го искористиш во реалноста. Учи од позитивните страни на свекрва ти п.с. абе фали го маж ти дека е добар во кревет. барем на зборови можеш сите да здробиш. Дека толку многу е добар, и не можеш да му се наситиш и вели им дека бега да спие во друга соба, дека нејќе да ти даде по 2-3 пати на вечер, и затоа ти бега + и без тоа си зборувате за секуален живот, барем така појако ќе е
Многу се имам покајано зошто ја отворив темава, ќе го замолам модераторот да ја избрише ќе ве молам, многу сеир фаќање има на форумов, и не не сум заљубена во свекорот. Освен окцензи, и уште по некој што дадоа пристојни мислења останатите на чело со офспринг се многу прости жени, се гледа по напишаното, вулгарни, некултурни и крајно прости жени, ете тоа ми е впечатокот. Уште еднаш го молам модераторот да ја избрише темава, и повеќе јас нема да започнам тема на форумов никогаш.
хахахах да @Offspring и @JollyGirl Премногу секс? ете гледаш @akvarium, ама сум погодила, можеш да го фалиш дека е навистина ненаситен + лелеле па и ова ако го спомнеш пред луѓето, овој твојот маж ќе слави АМА замисли на свекор да ти да е 19cm каков татко, таков син. ама пошто татко му е поубав, сигурно и тука материјалот е поголем.
Дури и димензии дала Денес кој и да отвори тема, секундарно посака да ја затвори и се кае што се родил! Значи злобни сте! На сите ќе ви спремам билети за кај Луцифер.
Јас не сум женет сеуште немам искуство со брак, но може да кажам мое мислење. Ако си мажена и сеуште размислуваш за бившиот како ке било со него, каков живот ке си имала итн. тури му пепел на се. (поготово ако маж ти дознае/знае дека така размислуваш тогаш нормално дека он нема да те брани пред неговите и на крај нема ни да те сака и почитува. Ако мажот (кој е лозата, газдата во ќуќата) не покаже "малку сила" пред неговите дека неможе туку така неговите да го понижуваат и него и да му ја навредуваат сопругата тогаш тој не е вистински маж без разлика дали живеете со неговите и дали моментално е невработен или е вработен. Ако свекрвата така се однесува кон тебе, што е крајно понижувачки и надвор од здрав памет демек она му била прва на свекорот и била невина за свекорот, ке си седнеш и ке и кажеш дека живееме во 21 а не во 19-20век кога се мажеле на 18-20 години и девојките биле буквално принудувани на брак без никој да ги праша со посретство меѓу "главите" на двете фамилии. И да размислиш дали можеби со нешто си ја повредила свекрвата и најбитно да покажеш дека вистински го сакаш/верна си на маж ти (нејзиниот син, бидејки секоја мајка си го сака своето дете пред се, и сака тоа да биде почутувано и сакано) P.S. Многу е лошо кога родителите (твоите и неговите) ќе се замешаат во бракот. Но мислам дека сите сте криви на некој начин. Се најдборо во иднина!
Абе олабавете. Сеир на секоја тема пукате. Оффи кажа дека не е заљубена во свекорот, туку и смета тоа што свекрвата и плеска во лице дека нејзиниот брак е подобар од тој на феминкава. Оффи и јас и мм исто така си правиме, ко тинејџери некад, ама никому не му викаме ние сме совршени, ние сме најубав пар, ваков е, таков е. АБЕ ИРИТИРА ТОА. Вчера видов на тема за веренички прстени, една пишала дека вереников и купил со ситни дијамантчиња и љубоморните одма се јавија. И да има дијаманстки прстени за 1000 евра. Читнете и јасно ке ви е какви се постојат на фемина Аквариум, знам како е да имаш таков подбуцкуваш и колку иритира. Снајка ми беше таква со години се додека не дозна дека братучедми ја изневерува, па после почна да си се фали сака колку била таа добродушна и колку простувала. Пак ја изневери па конечно ја затна воденицата. На многу девојки што раскинале врска таа им се фалеше, ама падна мн ниско. Убаво ти кажав, само со поголеми фалби и ти кон свекорти и почесто викај ете не знам зашто син ти не е убав, добар итн ко маж ти. Така викај и ке ја затне. За дете највеке боли
Зашто? Се најде навредена? Вие попара ја направивте. Аквариум да додадам, некогаш изгледај зачудена после фалбите кон свекорот и промумлај, како успеала свекрвати да го земе најубавиот кога сигурно имало многу поубави од неа. Прашај ја да ти даде некој совет како да се задржи страста и таков лепотан во брак. Прашај ја и поинтимни работи и ке и биде премногу незгодно. Едноставно него кревај го неа спуштај ја ама индиректно
ФАла многу на искажаните мислења, но уште еднаш би сакала темава да се избрише ако може, ве молам повторно апелирам до модераторот. Ако ова е нормален форум би требало да може по барање на тој што ја отворил темава да може да се избрише.