Љубопитност

Дискусија во 'Психологија' започната од Unfaithful18, 10 јули 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Колку сте љубопитни?
    Дали сметате дека тоа е добра или лоша човечка особина?

    Јас за мене можам да кажам дека сум премногу љубопитна личност :$ Се ме интересира, што, кога, каде :$ Ако не слушнам нешто убаво, мора да ми се повтори, ако се случува нешто јас веднаш во првиот ред :D Ми се чини и со Пандорината кутија да ме остават, ќе ја отворам :D
     
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.378
    Допаѓања:
    14.702
    Љубопитна ми е средно непишано име :D
    Ете и јас како тебе, се сакам да знам, се ме интересира, јас за СЕ мора да сум информирана, ако не сум - смак света :D :D
    Не можам да ја класифицирам ни како добра ни како лоша особина од таа причина што се што е претерано секако дека не чини, па така и љубопитноста. Некои работи едноставно не треба да не засегаат, па сега ако ние се фатиме за нив како пијан за плот, ќе испадне дека си го пикаме носот кај што не ни е работа. И мене ми пречат луѓе што се пикаат на пример во мојата интима. Јас во туѓата не чепкам (освен кај најблиските), не сакам некој ни во мојата да рошка.
     
    На CoverGirl10 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. zvezdakoska

    zvezdakoska Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    56
    Е љубопитна сум. Ама се сакам да знам. :lol: А и другите не ги осудувам се до оној момент кога и јас ќе им станам тема на разговор. Тогаш се тие озборувачки, портарки итн, итн.
     
  4. viki44e

    viki44e Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2010
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    1.081
    Охххх не да суум љубопитна!Се да дознаам..и додека не дознаам нешто ме пецка од внатре :lol: :lol:
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.342
    Пол:
    Женски
    Љубопитна во границите на нормалата.
    За некои работи за кои сакам да знам и те како сум љубопитна , всушност за многу работи сакам да знам и затоа се вбројувам во љубопитна личност.Ако е претерана е лоша, ако е со мера добра.
    Љубопитна сум, но не сакам да се мешам насекаде и да копам во туѓи животи.
    Тоа што треба да го знам, го дознавам благодарение на мојата љубопитност.
     
  6. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    46
    Се што ме интересира ќе си дознаам па кој како сака нека ме сфати :lol:
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Јас сум љуботпитна ама со мера. Ако нешто ептен ме заинтересира ќе пробам да дознаам што како, ама сепак не се акам толку што е можно повеќе да дознаам. Не забележувам многу кој што носи, кој што рекол, кој зошто рекол, дали имал дечко или не, ништо од тоа, дури моево не е од љубопитност туку ете некогаш да разберам нешто или да знам едноставно. Муабет да направам. :?: :D
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Како и Кате,ќе кажам дека сум љубопитна со мера,не секогаш сакам да знам се,немам намера, нити љубопитност да се мешам во туги животи.Мислам дека нема човек што не е љубопитен,како и тоа дека не е баш негативна особина,но негативна е ако некој премногу се меша во туги животи,затоа што и тоа го имам видено,нормално е човек да е љубопитен,но премногу не е убаво,затоа што има работи за кои можеме и за кои ни е дозволено да дознаеме,но има и работи за кои на преголемата љупобитност не и е место.
     
  9. Angelche

    Angelche Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    3.747
    Допаѓања:
    1.348
    Љубопитност, како би опстојале ние без неа? Мора да постои нешто кое што ќе не влече да дознаваме, се повеќе и повеќе. Но не зборувам за навлегување во нечија приватност, туку љубопитноста кон предмети, еве компјутерот на пример, мора да си љубопитен ако сакаш да го изучиш целосно, или некој друг предмет, и слично. Јас сум љубопитна, да но со граници. Без навлегување во туѓи животи, што кој како и слично.
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.721
    Допаѓања:
    5.118
    Не сум баш љубопитна, понекогаш дури и си мислам дека не е нешто во ред со мене :?: Е сега, нормално дека сакам да дознаам зошто сите се смеат,а јас не сум слушнала или сл. но тие трачарења, глупости, ретко ме интересираат. :talk:
     
  11. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.463
    Љубопитна сум, ама не во смисла што правеле/прават/ќе направат другите, туку во смисла на експериментирање, самотестирање, запознавање, спознавање, ризикување.

    За тоа дали е добра/лоша човечка особина би прокоментирала дека се‘ што е претерано не е убаво.
     
  12. Ferhunde-L

    Ferhunde-L Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2010
    Пораки:
    163
    Допаѓања:
    14
    Љубопитна сум за се она што ме интересира. Несакам да се мешам во туѓи животи. Поздрав ;)
     
  13. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    2.632
    Не се мешам и јас во туѓи животи.
    Тоа го прават само луѓе без работа!
    А за љубопитноста... :wasntme:
    Љубопитна сум,но секогаш го наоѓам вистинскиот начин да извлечам што и да било од луѓето,без да забележат дека им копам по животот! :devil: :D
    Па скорпија сум,разберете.. :D
     
  14. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    10.230
    Допаѓања:
    14.398
    Пол:
    Женски
    Не сум многу љубопитна.
     
  15. Iki.Olsen

    Iki.Olsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2010
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    114
    Премногу сум љубопитна, сакам се да знам..
     
  16. aNy-to

    aNy-to Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јули 2010
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    387
    :y: :y: :y:
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    4.029
    Пол:
    Женски
    Curiosity killed the cat :shake:
    eх таа љубопитноста најлоша особина ми е , сакам се да знам , а потоа се каам што сум дознала :headbang:
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.075
    Допаѓања:
    25.090
    Исто! Се ме интересира, потоа си викам некои работи е подобро да не се дознаат. И си правам филмови, фантазирам глупости и почнувам да живеам во шпанска серија |( Ради таа моја љубопитност и потоа филмање го имам доведено дечко ми до солзи ;( Затоа што ни крив ни должен на глава му се качив со глупости :(
     
  19. LaLy

    LaLy Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    38

    Da isto kao mene :D :D :D Isto skorpija sum
    Imam nekoja prirodna veshtina se da doznaam bez da znaat deka za toa sum zainteresirana :)
    A za ljubopitnosta sum Preterano ljubopitna duri i me karaat ponekogash.Ama sho da se pravi ja ko sho zhiveam vo mal grad sakash nejkjesh se se doznava |(
    Ama znaete kako velat...Couriosity killed the cat!
     
  20. chicka

    chicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2010
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    90
    Љубопитна сум во границите на нормалата....Но имам една другарка која е претерано љубопитна и морам да кажам дека таквата љубопитност воопшто не ми се допаѓа...Ако некој каже нешто таа мора да го знае.Што,што рече?А девојчето ми се обраќа мене и не сака да коментира пред неаа таа мора се да знае...ќе дојде кај мене дома и ќе почне да ми чепка по стварите...Ваквата љубопитност во никој случај не е добра...Дури би го нарекла болест!