Да, љубопитна сум и за нешто што ме мене интересира се ке направам за да дознаам, а тој/таа нема да имаат поим за тоа.
Љубопитна сум и тоа многу.....дури ме интересира и зошто тој човекот барал цевче и сок од портокал во тој вицот со " некажувај на никого - и рецепционерот не кажал" :
Ете и јас сум премногу љубопитна, интересно ми е да дознавам нешто за приватниот живот на луѓето, па не за џабе сакав да бидам психолог... понекогаш сакам да бидам невидлива и онака без никој да ме примети да следам се... а иначе па за некоја моја битна личност обавезно изигравам детектив и нема нешто што неможам да дознаам, интуиција голема
за кој како што направил, не сум толку заинтересирана. Ама да стои магионичар пред мене и ако не го утепам од прашања како ги прави триковите мислам крај на светот ќе е. или ако има некој ѕид и неможам да видам што има зад него... ке се искачам макар и 100 пати да паднам. Темпераментноста и љубопитноста ми се поврзани.
по љубопитно суштество нема, ја сум таа што ја нервира околината со што, како, зошто, се` морам да знам, и точно е тоа дека љубопитноста ја убила мачката, сум си осетила на своја кожа, ама ја си имам друга изрека Curiosity Kills The Cat, But It Helps The Tiger To Live ))
Претерано сум љубопитна и многу им пречи на лугето што се околу мене. Често препрашувам за да дознаам нешто и тоа многу му пречи на дечко ми и постојано ми вика дека морам да ја искорнам таа особина. Но барем имам и една позитивна страна во врска со љубопитноста а тоа е што не сум љубопитна за туѓите животи односно некој кој не ми значи и не ме интересира кој што прави и со кој и зашто е ,едноставно целата моја љубопитност е пренасочена само на лугето со кои се дружам, и кои ми се блиски.
Љубопитна сум, но не претерано. сакам да знам речиси се за луѓето што ми се блиски и тогаш знам дури и да ги гњавам. Но, некои работи ми доаѓаат и сами, па често дечко ми ми вели, аман бе од кај знаеш се? Епа, така си знам јас. Ако некој ми спомне нешто, а не ми докаже е тек тогаш правам целосна истрага
љубопитноста би ја ставила во добри особини доколку е во нормала а не претерано,па и не е интересно се да знаеш треба да има некоја мистерија која ја проучуваш љубопитна сум ама во нормални граници,многу и не се замарам кој е кој и што направил,ама 50% сум.
Љубопитноста некогаш помага, некогаш одмага. И јас сум мноооогу љубопитна личност. Честопати ми рекле „чувај си го носот подалеку“ - изрека од старите. Сакам да знам се’: што се случило, кога се случило, зошто се случило, како се случило, поради што, кој учевствувал... некои можеби тоа ќе го сфатат ко трачање.... но јас не мислам така. Тоа што ќе го дознаам не го раскажувам на сите. Сакам само да знам се’, ама ќе си го чувам за себе, ако треба ќе кажам... Љубопитноста ми помага во учењето... навистина професорите ценат кога се интересираш повеќе за предметот и нови работи...
Па можам да кажам дека сум љубопитна личност, но некако мислам дека љубопитноста малку ми се намали, порано пољубопитна бев, повеќе се интересирав за се и сешто . Инаку мислам дека е добра човечка особина, но во умерени граници. Се што е над нормалата преминува во негативна
зависи за што си љубопитна... јас на пр. кога ке видам убаво нашминкано девојче, MORAM да ја прашам што марки користи и како го направи тоа
многу сум љубопитна Мисам дека и и добра и лоша човечка особина Многу ме копка одватре се да дознам: каде, што, како, кога
Прво, не сум скоро воопшто љубопитна за тоа како луѓето околу мене си го живеат животот кој со кого, каде, како и што, баш како за инает што не оговарам пак луѓето се желни да ми пренесуваат информации , на некој начин сигурни им се тие информации кај мене. На неколку пати се имам за жал вовлечено во вакви ситуации и навистина се трудам максимално да се оградам и да не навлегувам, блиските знаат дека и кога посочувам пример не го кажувам конкретниот лик т.е. учесник за кој зборувам туку само ја изнесувам ситуацијата. Станувам љубопитна кога се сомневам во некоја личност, тогаш сум попретпазлива и повеќе следам како и што се однесува и со голема точност согледувам дека сум била во право за најголемиот дел сомнежи т.е. дека биле основани. Многу сум пак, од друга страна, љубопитна кога е во прашање стекнувањето некое знаење неуморно барам информации од сите постоечки извори кога ќе се фасцинирам од некоја наука или пак сум претерано љубопитна за крајот на книгите и понекогаш убрзано ги читам поради тоа, ова ама ич не си го почитувам кај себе.
Е многу сум љубопитна Што не е убаво. Се сакам да знам ама баш се.. Кој, како, зошто.. Сите ми викаат нечини ама попусто не ми е мирна душата ако не се распрашам
Љубопитна сум, многу. Носот го пикам во секоја манџа. Ниту јас самата не знам дали е тоа добро или не, но ете - природата ме направила таква. Се’ интересирам за се’ , сакам да знам се’ . Но, тоа сум јас. Тие што вистински ме сакаат - ја сакаат и мојата љубопитност и не им се смачува од моите прашања. А најмногу мразам кога некој ќе каже „ЕЕЕ!!“ и кога ќе прашаш „Што е?“ ти вика „Ништо бре“ . Епа, тогаш зошто извикуваш бре човек? Така само ми се разгорува љубопитноста. Но, не смее да ја смени темата додека не одговори што било. Тоа е, љубопитна сум.
Не сум многу љубопитна.. т.е. зависи ако се работи за некоја особа што мене ми е драга блиска да .. сакам да знам за неа.. затоа што така и на некој начин ке ја запознаам .. Како и да е сметам дека во денешно време не е добра особина затоа што сите се љубопитни и лицемерни.. секој за секого се распрашува шо како и не сии го живее својот живот туку на другиот.. сметам дека љубопитноста поисе треба да си ја задрзиме за себе .. ако би биле поише љубопитни за самите себе и што ни се случува околу нас.. работите ќе бидат поинакви !
Љубопитна сум, ама зависи за што. Не си го пикам носот кај што не треба, не се интересирам многу за туѓите животи, ама сакам да дознавам нови работи и се интересирам за многу теми. Според мене е ок да си љубопитен, но се во границите на нормалата.