Не се сметам многу многу за љубопитна,мислам дека е во нормала,и е убаво понекогаш да си ,инаку како ке знаеш за некои работи,јас сум љубопитна за предмет на пример како е направен од што и такви работи,а сум љубобитна во нормала,е сега кога се работи за туѓ живот ,шо се вели зборот не сакам нос да пикам кај шо не му е место,а секој дневно ми се случува,и се среќавам со луѓе кои што се премногу љубопитни за се шо се дешава во твојот живот,е тие луѓе ми се неизживеани,си го пикаат носот ,се грижат повеќе од тебе за твои ствари е такви прљавштини не сакам
Хахахах па не е лоша особина до одредени граници, јас дури од што бев љубопитна му го хакнав на бившиот мсн-от. Ме интересира понекогаш нешто повеќе од што треба иии таква сум сакам што побрзо да откријам
Љубопитна сум,не велам не,но не премногу па да си го пикам носот каде што не му е местото и за се и сешто да се распрашувам.
хеххех колку само работи љубопитноста кај мене. Многу работи сакам да знам,за многу личности,а пак кога ќе се потрудам се осеќам како детектив некој,и секогаш успевам да ги дознаам посакуваните информации.
Да љубопитна сум,ама си ги знам границите.Инаку мене да ми ја дадат Пандорината кутија нема да ја отворам,бидејќи нели така е најдобро хааха Инаку абе ако сакам нешто да дознаам светов нека се преврти наопаку јас ќе си го исполнам тоа и точка. Хмм..но понекогаш сум крајно незаинтересирана и воопшто не сум љубопитна.Се зависи од содржината дали ќе ме интересира.. !!Инаку за се и сешто кој што рекол како рекол не се замарам многу многу..
Велат љубопитноста е карактеристика на интелигентните луѓе, но не секогаш.Зошто не треба да ја пикате главата насекаде и да се интересирате за се и сешто.Јас сум на златната средина.
Често сум љубопитна, мислам дека сите луѓе се такви но на многу им е тешко да го признаат тоа. А тоа е многу потрагично, така што мн копка од натре хахха!!
Па, може да се каже дека сум љубопитна, но сепак во границите на нормалата. Сакам да дознавам и да истражувам нови нешта, навистина ме интересира. И сметам дека оваа особина не е лоша, но се додека не се претера.
Добра или лоша особина? Зависи. Љубопитна сум, но не навлегувам насекаде и не ме интересира буквално се`. Додуша, да бидам искрена, имам неколку пати буквално раскопувано цела историја за да го дознаам тоа што ме интересирало, но сум имала и јака причина. Вака - не. Мислам дека е добра особина се` додека се користи за нешто што би ни било од полза, нешто што би ни помогнало можеби во одреден дел од животот, ама лошо е кога се надминува секаква граница. Се` што е претерано, не е убаво.
Јас сум премногу љубопитна личност. Ама многу се нервирам кога ќе настојувам да дознаам нешто ама многу многу и на крај кога ќе дознаам ако било нешто лошо или глупаво...се каам што сум слушнала и после ќе кажам лелее па зоштоо ми кажавте не сакав да знам.. цела сум наопаку знам..
Мноогу сум љубопитна, многу, многу, некогаш е добро, но понекогаш не, Ги процчитав вашите мислења нагоре, и ќе се обидам да се поправам
Како мала сум била многу љубопитна, и сега сум ама не толку, добро зависи од ситуацијата, ми се случува да сум многу љубопитна али како што кажа Костова испаднало или лошо или нешто глупо...
Па може да се каже. Ме интересира се и сешто и сакам да знам. Па и трачеви слушам, за некои што ги познавам, ама колку внимание им обраќам тоа е друга работа. Сакам да слушам, ама не паметам такви невредни работи.
Не сум нешто многу љубопитна, ретко кога ме интересира нешто што се случува. Крај на светот да е јас последна ќе дознаам. Дури мислам дека на луѓево им делувам како да не ме интересира ништо, и некако не сакам баш да се замарам со туѓи проблеми, зашто и ако ми кажат нешто за некого исто ко да не сум слушнала, ми лета паметот. И убаво ми е, не ме боли глава. Можда и не е најдобро што така фурам, ама па што ако знам нешто што во животов за ништо нема да ми користи?!
Се сместувам на масата меѓу љубопитните луѓе. Понекогаш дури сум и премногу што одам на нерви со поставување прашања, со цел да ги извлечам одговорите кои ме копкаат. Љубопитноста ме носи напред, ме тера да истражувам, постојано да сум во движење барајќи одговори, да поставувам нови прашања, едноставно не дозволува да стојам во едно место и да закржлавам. Сметам дека доколку човекот не беше љубопитен никогаш не би стигнал до таму каде што е денес. Секако, плитки муабети и трачарска радозналост не поштувам, да се разбереме!