Велат љубопитноста е карактеристика на интелигентните луѓе, но не секогаш.Зошто не треба да ја пикате главата насекаде и да се интересирате за се и сешто.Јас сум на златната средина.
Многу и тоа стварно многу,но да не се сватиме погрешно,љубопитна сум кога сакам да дознаам нешто за луѓето околу мене и кои ги сметам за блиски,не сум толку љубопитна до таа мера да го пикам носот кај што не треба за да дознаам било што
Љубопитна сум, ама имам мера. Понекогаш оваа особина е добра, понекогаш лоша... Знам да се интересирам за работи што не ме засегаат мене, ама не претерувам и не напнувам, а точно е дека сакам да знаам повеќе работи, од општа култура, спорт, емисии, филмови, интернет, е во тие случаи љубопитноста е добра особина.Едноставно, од се по малку.
како што рекол Ајнштајн треба да бидеме љубопитни како мали деца, тоа никат не треба да го изгубиме. Сум љубопитна за некои одредени работи но не и за се
од секогас сум била многу љуботитна. постарите секогаш се шегуваат со мене дека телото ми е во една соба а ушите во друга. секогас јас прва морам да дознаам што се случува. пред околу една недела кај нас беа дојдени тетка ми и тетин ми и седеа со мама и тато а мене и на братучеткани ни рекоа а излеземе.нашата љуботитност отиде до таа мера што се прекачивме преку тараса(на втор спрат) за да слушнеме сто се случува а ни рекле да излеземе за да не седиме во просторијата каде ке пусат цигари
И јас сум истотака многу љубопитна кога се работи нешто за мои луѓе но сепак треба да се има мера што и да се прави.
Многу сум љубопитна, но повеќе во смисла дека сакам нешто ново да доживеам. Заради тоа и сум направила многу глупости.. И сеуште ја имам таа љубопитност во мене. Сакам да знам какво е чувството, да доживеам многу работи во животот, некако се брзам да ги откријам сите чувства, душата ми е љубопитна за нови искуства ..
Е многу сум љубопитна дури не го дознаам нештото што ме интересира ќе прашам милион прашања,па што сака нека биде ама ќе дознаам . Моите ми велат дека сум требало да станам обвинител или полицаец, зошто? Поради тоа што тој кој што е обвинет за злоделото откако ќе го нападнам со еден тон прашања ќе м се здосади и ќе си признае сам дека е крив. Ама во последно знам и да се контролирам и да не сум толку многу љубопитна.Сепак на некои им смета тоа,па не сакам да ги иритирам луѓето
Па вака љубопитна малце сум коа сите се смеат за нешто, а јас незнам за што ама и да не дознаам никому ништо. А за муабети рекла-казала, трачеви, кој што правел, кога, како, со кого ама воопшто не сум љубопитна, некој кога ке почне да ми кажува дури ми е досадно.
Некогаш и премногу, се имам повредено самата себе на неколку наврати кога сум копала по работи кои не се за мене...
Многу сум љубопитна многу.Сакам ова нешто да го искоренам од мене,ама неможам. Едноставно се врежало тука и тука ќе остане.
Еве и јас да се запишам во претерано љубопитните и све ме интересира посебно за моите блиски,оваа особина си ја мразам кај себе и мислам дека не е добра затоа што во многу наврати можеш да бидеш повреден, како велат ,,она што него знаеш не те ни боли,,дури во некои случаи како детектив се осеќам
Љубопитна сум повеќе од што треба и тоа е дефинитивно лоша особина.Кога ќе наслушам или ќе наѕирнам нешто додека не ми кажат ШТО Е ТОА ќе им се качам на глава,на сите.Мама така кога крие нешто дури до карање сме дошле само за да дознаам и на крај пак ми кажува.
Љубопитна сум, не велам не, посебно ако се работи за нешто што ме интересира. Ама ако е нешто лично не претерувам со прашања, и не го пикам носот таму каде што не треба, не сакам да се научам на тоа, затоа што знам какво е чувството кога кријам нешто, а некој е упорен да го дознае тоа по секоја цена и напнува со прашањата. Навистина мразам кога некој се меша таму каде што не треба. Едноставно не може, не треба да знам и готово.