Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.469
    @Cosmi

    Доколку го прочиташе постот до крај, ќе увидеше дека никаде нема спомнато политички интерес, а уште помалку европски пасош. Лично, немам ниту една од овие две опции во игра, па ни хипотетички. Не знам од каде го извлече тој заклучок?

    Криење?
    Ако одбивање за излезност поради политичка некоректност, која се потврди како евидентна доколку се земат обзир нерегуларностите кои секоја партија ги прави за време на избори не е доволно добра причина за пасивност, согласно со потребата за зачувување на уставното име во својата првобитна форма, тогаш нека биде криење. :)

    Ама сепак, и понатаму мислам дека не си го прочитала мојот пост, па затоа чувствуваш потреба да извлекуваш зборови од контекст, и цитираш нешто што буквално немам никаде напишано.
     
    Последна измена: 2 октомври 2018
  2. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Oви прo влaдиниве претерувaaт сo спoмнувaње нa aнтичкo нaследствo и исмејувaње, е бaш пoрaди oвa пoвтoрнo кoнтрa ќе им oдaм.
    Мнoгу дoбрo знaм штo сум oд кaј сум и штo мoите децa ќе бидaт.
     
    На Shmizla94 и Јаневски им се допаѓа ова.
  3. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Сдс како партија е позната како партија која ќе се запише во историјата по највеќе бојкотирања.
    Поголем дел од Народот еднаш бојкотираше и тоа сега има поинакво значење.
    Неможам да ги сватам законите за едни се вака, за други поинаку|(:fubar:
    Дај бе не се правете улави дека со 500.000 победивте.
    Скопје има толку жители.

    Прашајте ги Сдс зошто во минатото бојкотираа и што значи Бојкотирам.
     
    Последна измена: 2 октомври 2018
    На Danncee, carangigia, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Имаме премногу наивни Македонци и доволно македонски непријатели.
     
    На Shmizla94, Nigredo Odor и Bianconerosempre им се допаѓа ова.
  5. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    не е сaмo иметo зa дa се смени пoд нaпaд, фрoнтaлен нaпaд имa кoн Мaкедoнизмoт сo инфилтрирaње нa некoе умеренo слaвјaнистичкo грaѓaнскo ткивo, нaјвидливo е вo дпмне, плус кoгa ќе стaвиш рaмкoвен бугaрски и преспa тие 3 дoгoвoри се нaдoпoлнувaaт зa дo срж дa се убие нaциoнaлнoтo дoстoинствo.
    Oд утре ќе се срaмиме дa кaжеме декa сме Мaкедoнци дa не кaже некoј декa сме зaoстaнaти и не се уклoпувaме вo нивниoт грaѓaнски кoнцепт вo ничијa земјa.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Kikiccc

    Kikiccc Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2017
    Пораки:
    1.181
    Допаѓања:
    1.053
    Пол:
    Женски
    А каде се тие што гласаат за сдсм па сеа ги немат да гласаат за референдум, смешно :D
     
    На Danncee и Shmizla94 им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Зошто смешно?
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    Интересна работа прочитав. Разбирам што е цензус али математиката е зезната работа.
    За да имало цензус на референдумот требало да излезат 903.169 граѓани, од нив за да е успешен требало да гласаат 451.585. На референдумот "ЗА" заокружиле 609.813 граѓани. Пак ќе речам цензус е цензус ама и 609 илјади не се група која не им се свиѓа домарот во зградата.
     
    Последна измена: 2 октомври 2018
    На oblace1, WildMk, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    На sjdgo, Shmizla94 и zuto им се допаѓа ова.
  10. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Главниот проблем пред и по референдумот е поделбата на „наши“ и „ваши“, односно релативизирањето на оние со спротивен став и нивно ставање во еден кош – пракса за која можеме да им заблагодариме на ВМРО, затоа што максимата „Кој не е со нас е против нас“ потекнува од нивното време.

    Порано, сите што беа со ВМРО беа патриоти, а сите останати кои беа против нив, без разлика на причината и мотивацијата, беа предавници. Сегашнава власт само ја продолжува оваа традиција, со тезата дека оние кои се „за“ преспанскиот договор се за подобра иднина, а сите кои не гласале на референдумот се вмроовци, евроскептици, про-руски ориентирани и поддржувачи на криминалите на претходната власт. Или, најново, дека едноставно не се заинтересирани за иднината на земјава, па сега некој друг мора да одлучува место нив.

    Голем број на познавачи на правото, меѓу кои и Апасиев (без разлика дали го сакате или го мразите човеков, неоспорно е дека има поголеми познавања од правото од кој било друг политичар), укажуваа на тоа дека постојат уставни и законски проблеми со самиот референдум.

    Дека референдум се прави пред потпишување на договор, а не отпосле. Дека за вакво прашање референдумот мора да биде обрзувачки, а не консултативен. Дека одлука за стапување во меѓународни сојузи носи претседателот на земјава. Дека референдумското прашање мора да биде јасно и недвосмислено поставено, како и дека за три различни прашања треба да има три различни гласачки ливчиња, а не едно.

    И наместо сите овие проблеми да бидат разрешени пред референдумот, се наоѓаа дупки во законот и различни толкувања, се работеше во „сивата зона“, како да е во прашање некаков криминал, а не остварување на едно од елементарните демократски права на луѓето.

    Од друга страна, тука беше и кампањата за референдумот. Преспанскиот договор можеби навистина ќе биде добар за иднината на нашава земја, не знам – не знам, затоа што сегашнава власт тоа не успеа да го прикаже во својата кампања. Наместо да се фокусираат на реалните придобивки од евентуалната имплементација на договорот и она што навистина нѐ чека, особено во блиска иднина, тие се одлучија да нѐ лажат, како да сме мали деца. Да ни кажуваат приказни за бесплатно здравство во ЕУ, за 280.000 евра кои ЕУ секој ден ќе ги дава за земјава (божем директно на сметка на граѓаните ќе ги уплаќаат), за тоа како ЕУ ќе ни помогне да изградиме правна држава (океј, барем си признаа дека сега ја немаме) и за тоа како оттаму ќе дојдат камшикари (пошто ние очигледно сме амеби :D)за да нѐ оправат – што е можеби најпарадоксалната изјава од еден политичар на власт, отворено признавање дека без странски интервенции државава ни отиде јабана.

    Така да, за сите кои мислат дека луѓето кои не излегле на референдум се или од #Бојкотирам или едноставно не се замараат со тоа што ќе се случи со државава, знајте дека има и такви кои не излегле од проста причина што целата постапка за референдумот беше спротивна на законите на државава и затоа што целата кампања беше една неумесно смислена лага – и едноставно не сакале да даваат легитимитет на нешто такво со самиот факт што ќе учествуваат на него.
     
    На galapce, calliope, do-re-mi и 20 други им се допаѓа ова.
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    @Bender Rodriguez да си жив и здрав за муабетов. :bow:

    А не знам кој рече оти не го гласате Апасиев... Јас би го гласала затоа што го разбирам што зборува. Верувам и голем дел од оние што навлегле малце подлабоко во тематикава ќе се согласат.

    За жал, не сум сигурна дека тоа може да се каже и за просечниот граѓанин на државава. Кај нас уште пали патриотизам вклучено на најјако. Луѓето се задоени со Солун е наш, смрт за Шиптари, потомци на Александар, Бисер балкански, ау уау. Драма, драма!

    Читам некна некој објавил, ќе гинеме ама името не го даваме. Каде ќе гинеш брат, за кого ќе гинеш? Кој ќе те пука баш тебе? Ми идеше да го прашам, дали сериозно би го оставил своето седумгодишно дете сираче атер за името? I don't think so. :?:

    Апасиев (и Левица, општо) не го таргетира нормалниот граѓанин, не мачка очи со национализам, не организира автобуси од сите градови, не дели тефтерца, пенкалца :D и не оди од врата до врата да збира гласови. Апасиев, за жал, чека на гласовите на луѓе што или веќе одамна си отишле одовде или се во процес на бегање одовде.

    Со оглед на средно жалосната ситуација во државава и менталниот склоп кај народот, можеме уште 27 години да си избираме ВМРО, па СДСМ, ВМРО, па СДСМ и така у круг. Крај не гледам, едино кога на цивилизираниот свет ќе му се скурчи од нашиве паради, па ќе ни лупнат некоја забрана како во Иран или ембарго како во Куба.

    И ќе секне чешмата, па мош ќе се оправат малце од малце. :)
     
    На Harper, danichap, Sleepy и 4 други им се допаѓа ова.
  12. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Само мене од 2016 наваму никој нит на врата ми дојдено нит на телефон ме има побарано. Тотално небитно се чувствувам :rofl:
     
    На galapce, honey.11, WildMk и 9 други им се допаѓа ова.
  13. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Долг е патот кон Еу и Нато..1% од критериумите Државата не ги исполнува за да биди прифатена кога тогаш во унијата и што е најстрашно муе даен рок толку краток а пазете претходно 27 години уназад никој од тие што биле на власт не успеале ништо да направат да мрднат барем 1%..И сега за период од неколку месеци се ке се реши и ке речат заевци или кој да и е во иднина ако има избори или ткн небитно вмро-сдс-дуи-дпа-левица...Готово е све народе влегуваме сите услови/критериуми се исполнати??? lol...
     
    Последна измена: 2 октомври 2018
  14. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    20.829
    Допаѓања:
    274.977
    Јас имам од сите се'.
    Многу битна ќе да сум, а? :D
     
    На WildMk, LollySky и DAngel им се допаѓа ова.
  15. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Секој кој гласа за Левица и Апасиев гласа за Северна Кореја на Балканот. Вие, заклучно и ти, што сте опседнати со пари, шопинзи, напредок во кариера и сите фори на капитализмот нема баш да се вклопите во светогледот на Апасиев. Простудирај го малку типот, а не веднаш да се залетувате само затоа што е сладок оратор.
     
    На WildMk, Shmizla94 и GrevMk им се допаѓа ова.
  16. GrevMk

    GrevMk Популарен член

    Се зачлени на:
    7 септември 2017
    Пораки:
    567
    Допаѓања:
    2.726
    И тоа се случи, со ова за Апасиев потполно се согласувам со тебе Мамли. Во повеќе наврати го слушав пред изборите 2016та, радикална изолација му прави очите да му светкаат :D
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Опседнати бе. :rofl:

    Многу ми е јако кога некој ме проучува од други теми и си вади какви сака заклучоци за тоа каква личност си, а ти вторпат у живот го среќаваш на форумот, воглавно во политичките теми. Deep. :D

    Северна Кореја не се станува преку ноќ, не се секирај. Мада што како сме тргнати.... не ни бега и тоа. ;) Остај ја утопијата на Апасиев, а и не му се секирај, нема да дојде на власт. Нема кој да го гласа.
     
    На Harper, Yowannty, CameliaMiller и 6 други им се допаѓа ова.
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Јас за Левица гласав и на парламентарни и локални.
    За сдсм не гласам последно во живот да ми е, за другиве па помалце, за Љубчо и Љубе ли да гласам:Dили за Стојанче:D
    Дур гледате само сино или портокалово нема да не биде, све е то прочитана книга.(исти ку*ац друго паковање)
     
    На Harper, LollySky, jacqueline.s и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Долг е патот кон Нато и Еу, сепак Нато ни е побрза варијанта во секој случај, но за да влеземе внатре, денес ни рече Столтенберг договорот мора да се прифати да се изгласаат уставните измени за да влеземе иначе ништо нема да направиме.Без договорот немаме шанси.
     
  20. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Апасиев е класично надркано типче кој го прочитал „ Капитал“ од Карл Маркс и добил ерекција. Кинезите и Виетнамците веќе бегаат од комунизмот/левицата како ѓавол од крст, али ние ќе ги воскреснуваме марксистите во типови како Апасиев.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.