Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Кој е тој да кажува што треба да прават Македонците?
    Македонците кажаа дека на референдум дека некои прашања не заслужуваат одговор. Волјата на народот одлучи дека не прифаќаме никакви додавки на името Македонија, ниту прифаќаме уставни измени.
    Претседателот Иванов и ДИК кажаа дека референдумот е неуспешен.

    Со 34% северномакедонците дожевееа бламажа исто како и на нато фест. :rofl:
     
    На Momichka, Shmizla94 и Јаневски им се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    И подобро што не постојат луѓе што би гласале идиоти како Апасиев.

    Никаде не сум те анализирал, туку сум налетал на твоите постови каде го опеваш материјализмот и бараш уште повеќе. Само ако те чуе Апасиев ќе те шлапка по газето за казна.

    Тој истиот Апасиев што плукаше по националистите и конзервативците, а го вработија на вмровски универзитет во Штип. Да не беше на пушење кај Груевски големиот антикапиталист Апасиев?
     
  3. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Почна глупости да тропаш, за тебе е Господин Апасиев кој може да работи на било кој Универзитет со своето знаење и интелект, свашта. Од една страна десничар, од друга левичар, дај одлучи се, уште сатанист што не кажа.
     
    На lovestoneddd, Harper, XMaN и 2 други им се допаѓа ова.
  4. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Стотици и стотици македонски граѓани секоја година завршуваат правен факултет со 9,5 просек. Не идеализирајте некој.

    Од сите универзитети на светот тој се вработи на вмровскиот во Штип, а плукаше по национализмот, капитализмот, црквите на Груевски преку својата тогашна организација „Ленка“. Баш убаво. Како ли го вработија само во диктатура? Се усра цитирајќи пролетеријатски комунистички поети, а поголем товар од ролна хартија нема кренато во животот.
     
  5. ЕденЧлен

    ЕденЧлен Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 октомври 2016
    Пораки:
    4.556
    Допаѓања:
    78.316
    Пол:
    Машки
    Абе заврши референдумот,што зборите уште?

    Клуч на темава и готово.
     
    На realGirl, orevka, Feminka22 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Лично на мојот глас не може да смета, бидејќи не сум левичар, ама што е до мене, добро е гласачи на сдс да се прелеваат кај Апасиев. Башка, му дојде паметот ако споредиме како се однесуваше пред две години.
     
    На zuto и Feminka22 им се допаѓа ова.
  7. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.981
    Уште ова и не одам више офтопик. :D

    Универзитетите се тие, еднаш се СДСМ, еднаш се ВМРО. Впрочем, како и се' овде. И затоа се разви целава дебата, затоа што лудак или не, трета опција моментално НЕМА.

    Капитализам никаде не опевам, ами се прилагодувам. Шо да правам според тебе? Ако кукавме сите овде и чекавме од државата, богами, ќе дочекавме. И по Тито, Тито работава.

    И за крај, чисто информативно, повеќе се согласувам со левичарските погледи. Пиши у тефтерот. И порадо би живеела во социјал-демократска држава неголи во капиталистичка. ;)
     
    На lovestoneddd, DAngel, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  8. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.703
    Допаѓања:
    134.973
    Што има врска универзитетот со национализам, капитализам и цркви? Не знаев дека на тој универзитет се учи од посебни книги, сите со наслов “груевизам“, секта се? Перат мозоци, те претвараат во вмровец, забрането е да студираш или предаваш ако немаш иста идеологија?
     
    На zuto, lovestoneddd, DAngel и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Социјал-демократска држава е капиталистичка во секој аспект.
     
  10. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Апасиев е единствениот писмен од актуелниве политичари.
    Мислам, и останатите се писмени, ама во 'кафанска школа', што можеби на крајот на денот во ова поднебје е подобро, не знам...

    Барем таков впечаток имам од јавно изразените мислења и постапки, лично не познавам никого.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Он нетреба да ни кажува шо да правиме, туку може да ни посочи каде и како пошто е главна фигура во Нато.
    Не се вадете на бојкот и не се кријте зад тие што не гласаат и се иселени, ако бевте току сигигурни во тоа ќе гласавте Против, и ќе видивме колку се за а колку против. Со тоа што се над 600 илјада е голем број , а против се 50 илјади. Заради вас што не се изјаснивте сега одлуката се префрла во собрание или пак нови избори. Уште не е готово.
     
  12. Agatha

    Agatha Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    367
    Допаѓања:
    1.159
    Не можам да разберам како само толку многу се поделивме како народ. Раздели па владеј!
    Смешно ми е што секој ден слушам како сите го толкуваат договорот од Преспа (намерно е напишан договорот со мала буква). Јас по професија сум правник, па не сум се дрзнала да го толкувам.
    Не гласав од причина што ќе го погазам целиот работен век на мојата мајка, која по професија е археолог и знам какво културно наследство има во мојата земја од античкиот период па се до денес. Не гласав од причина што не прифаќам некој да ми ја измени историјата, онаа која мојот татко ми ја пренесувал, по професија е историчар.
    И вие сите што сте толку загрижени за својата земја, за тоа дека референдумот беше неуспешен, каде бевте на референдумот од 2004 година? Зошто не излеговте тогаш?
     
    На Vennera.aa, realGirl, zuto и 6 други им се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Договорот флопна на големо, дури направи и позитивна работа што ги размрда малку луѓево од зачмаеност дека не може само да се чека друг да ти заврши работа, луѓево по не знам колку години почнаа да се организираат.

    Апасиев размрдува мозочни виуги (кај гледачите и кај голем дел од политичарите) и одигра голема улога за падот на договорот.

    Среќа за големиве партии што Апасиев е послаб како лидер (неофицијален) инаку со мали промени и ребрендирање Левица би можела релативно бргу да стане нормална парламентарна партија со десетина пратеника а вака очекувам 2 - 3 што исто не е лошо (за нив). Да формираш левичарска партија во пост-комунистичка земја е за мене неумно ама они си знаат.

    Малку оптимизам, ќе дојдат нови сили, нови луѓе, сите балкански држави исто се мачеле првите 100 години а некои се мачат и денес (и банкротираат без помош од ЕУ) :D.

    Следен пат пред важна одлука референдум треба претходно а не отпосле па да биде шалили смо се :).
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  14. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    @Mamli

    Јас и ти може да шпекулираме колкава е реалната бројка.Официјално се 609,813 “ЗА”.

    Дури и 570,000 да се “ЗА”,тоа е бројка која е повеќе од половината од Референдумот од 1991 год.,тоа е бројка која го потврдува легитимитетот на оваа Влада и парламентарното мнозинство соогласно освоените гласови на парламентарните избори од 2016 год.,и тоа е бројка која е поголема од онаа на ВМРО во 2016 год. од 454,577.

    Претседател на ДИК е од редовите на ВМРО соогласно демократските практики.Доколку ти или група на граѓани сметате дека официјалната бројка e значајно дисторзирана и дека имало масовно полнење на кутии,приложете докази и следете ја процедурата.Имате моја поддршка.:D

    Инаку,СДСМ е на власт од 1994-1998,во екот на олигархискиот бум призна пораз и ја предаде власта во 1998 на ВМРО.СДСМ беше повторно на власт од 2002-2006,изгуби во 2006 и ја предаде власта на ВМРО.
    И во едниот и во другиот случај можеле да вработат околу 40 илјади во јавна администрација, ТИРЗ-ОВИТЕ да ги претворат во партиски дувла,да блокираат лифтови,такси компании, пензионери...да влечат луѓе за уши од Пустец,да печатат и фалсификуваат лични карти и комплетно да го покријат медиумскиот простор,ама тоа не го направиле.

    “По добивањето на известување од Втората страна дека ги завршила сите нејзини внатрешни правни постапки потребни за влегувањето во сила на оваа спогодба, вклучително и по завршувањето на можен референдум на национално ниво со исход кој е конзистентен со оваа спогодба и по завршувањето на постапката за усвојување на амандманите на Уставот на Втората страна, Првата страна ќе го ратификува Протоколот за пристапување на Втората страна во НАТО. Оваа постапка за ратификација ќе се заврши заедно со постапката за ратификација на оваа спогодба. “ или во превод ако не го ратификуваат Протоколот и договорот,нема договор.

    Ние самите внатре го саботираме овој процес.Дајте да се искористи овој отворен прозорец на можности со Владата на Ципрас,пошто за наредните сме славомакедонци и постои славомакедонски јазик.

    За проблемот со корупцијата во Македонија ниту една Влада до сега нема мрднато со мал прст.

    Имај во предвид дека дел од прочистувањето е и тој проблем,ама немој да гаиш илузии дека ќе бидеме Данска,Финска,Шведска или Германија.Италија е европска развиена земја со високо ниво на корупција (Последно читање за corruption rank е 54) споредено со 2,3,6 и 12 за Данска, Финска, Шведска и Германија респективно.Ама дефинитивно не сакаме да се движиме кон “лулката” на традиционалните вредности Русија со corruption rank од 135!:D

    https://tradingeconomics.com/country-list/corruption-rank

    Најголем дел од европските земји се членки на ЕУ и/или НАТО.
     
    На oblace1, CameliaMiller, Mishela и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Уште плачат пајташите на СДС? :D
    Ова во штаб не ви го кажале, ама еве ја да ви кажам ....
    Во наредни 2 години нема да има промена на име, нема да има уставни промени ниту со 80 пратеници, ниту со 120 пратеници... Преспанскиот договор е мртов и за неговите одредби може да се разговара тек после 2 години.

    Прифатете дека нема да го добиете она што ви беше ветено за да излезете на гласање :)
     
    На najjacha, zuto, H.VAGA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.780
    Пол:
    Машки
    Некој дувнал у цевка ... кој не се знае ... нема ни да се дознае ...
     
  17. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.401
    Пол:
    Женски
    Во право беше за се,и за бојкотот и за консултативноста на референдумот :bow:
     
  18. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Може едно тајно гласање во собрание , да не се плашат вмровциве да гласаат и после да ги линчуваат...
    :music::music::music::music:
     
    На oblace1, CameliaMiller, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.789
    Допаѓања:
    323.755
    Ќути.
    Ќе се исколат сега меѓу себе.
     
    На Feminka22, DAngel и CameliaMiller им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не е потпишан официјален документ кој е Меѓународен договор, туку е спогодба, која треба да се разгледа засебно во двете држави (Грција и Македонија).

    Кај нас требаше референдум, затоа што Груевски вети одамна, дека ќе го праша народот, и овие не можеа да избегаат од тоа, затоа што ќе си направеа проблеми со народот и може да ескалира незадоволството.
    Бидејќи не можеа да предвидат исход, играа на карта 'консултативен', за да може топката да се префрли во паламент.
    Откако ќе изгласа парламенотот, се носи одлуката кај претседателот, кој треба да го потпише. Ако овој одбие, се враќа во парламент, и наредната одлука на парламенотот (без разлика каква е), законски, претседателот нема право да не ја потпише. Устоличена е.

    Во исто време, во Грција треба да се поминат нивните правни процедури, како гласање во нивниот парламент.

    После сите овие процедури, се потпишува тој официјален Меѓународен договор меѓу двете држави... под услов, одлуката од процедурите во секоја држава засебно да е во прилог на Спогодбата (договорот од Преспа).
    Сега е уште во фаза на внатрешни одлуки.

    Преспанскиот договор е 'предлог' спогодба-договор.... за официјалниот.. ќе видиме.


    Не е Марксист.... Никој од нив. И тие се цели со фракции, уште не оформени како што треба, 3000 фракции си направија во партијата.
    Повеќе се како Џудија Пиплс Фронт и Пилс Фронт оф Џудија во Лајф ов Брајан...

    Плус.. агендата, не им е ни комунистичка, ни конзервативна... туку лична и опортунистичка.
    Ги познавам повеќето....
     
    Последна измена: 3 октомври 2018
    На Feminka22, Cosmi, poenta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.