Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Договорот не е пропаднат пошто еден од условите со Грците не беше референдумот.Тоа што не излеговте зада не испадне намерно цензусот не ве вбројува во рамноправни играчи. Не може ние што сме одлучулиле да гласаме да не важи нашето, за сметка на вашето криење односно негласање.
    Второ не можеме ние да бидеме заробеници заради каприците на два тројца во Вмро , цела наша евроинтеграција во була.
    Како трето Вмро ќе биде изолирана од цела Меѓународна Заедница ако не го испочитува договорот со Грција односно заради нив невлеземе во Нато, а со тоа ќе си имаат непријатели.
    И овде не се работи за партија или мандати ги мешата поимите како и обично туку се работи дали ке влеземе во Нато или не.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    На carangigia и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Одамна и повеќе пати напишав дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени, ама вие не слушате некој што знае, туку верувате во тоа што ви одговара, како и обично.

    А зошто упорно поддржуваш некој за кого сметаш дека е занесен и контактот со реалноста му е слаб?

    Не ни мислам дека ќе бојкотира, што може да се воочи од мојот пост, само го имам предвид фактот дека за да оди на избори, поставува услови кои сдс нема да ги прифати.

    Како договорот не пропаднал кога нема двотретинско мнозинство кое до декември би го изгласало? Ако договорот не пропаднал, немаше да плачеш, да не обвинуваш и да негодуваш, просто е.
    Немој да мислиш дека е сета до бојкотирачите, ВМРО, Русите... па да предвидуваш некои апокалиптични сценарија за опозициската партија... Има доста јаки струи во самото НАТО и ЕУ (ваши пријатели) кои не сакаат да не видат таму зашто имаат други планови за овој регион. Што мислите вие, ако им е интеграцијата на Македонија битна, немаше да ја притиснат Грција уште одамна да се согласи на наш прием под ФИРОМ или нешто слично? Која е Грција да диктира политики што западниот свет слепо ги следи? Економски пропаднатата Грција, сериозно?
     
    На Abeja му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не се плашат од народот, туку тоа е партиската политика.
    Народот можеш благовремено да го убедиш на се. Да сакаа да играат поинаку, можеа и ќе поминеше.
     
    Последна измена: 4 октомври 2018
  5. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Единствено што поддржувам е НАТО и ЕУ интеграции.
    Ако сака и Цацко нека ги издејствува.
     
    На oblace1, honey.11, monibejbi и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Не знам што да ти кажам, тешко таа работа, тешка мисија за еден Заев...
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Затоа се надевам на активна поддршка од ЕУ, не на него лично. :)

    Секој пат кога ќе видам дека немаат доволно влијание... ме фаќа песимистичко расположение.. Пошто од нас сами, се видело...
     
  8. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Добро разбирате ли вие колку ни е сериозна ситуацијава?
    Договорот не е пропаднат да се разбереме. Само што со вашето перфидно неизлагање не значи дека е пропаднат пошто имаша луње што се изјаснија За и не се криеја како вас.
    Нато и Еу сакаат да бидеме во Нато затоаа доаѓаат тука. И не предвидувам апокалиптични сценарија туку кажувам реално што ќе се случува. Не може ние да се изолираме само заради некои да ги спасуваат интересите на некои членови од парттија. Не може радитоа сите да испаштаме и нее фер. Грција не е фактор но е во во подобра позиција пошто е членка во двата сојуза. А најголем фактор се Брисел и Нато. Не сакаме да станаме ничиви заложници сакаме да идеме напред. Вмро не смее да го кочи напредокот на државата не смее да дозволи да останеме изолирани.
     
    На WildMk и LollySky им се допаѓа ова.
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Па да тешка му е мисијата кога си има работа со некои кои ја кочат цела држава ама на крај нема да им успее кога ќе бидат во аут од политичката сцена.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  11. carangigia

    carangigia Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2017
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    6.663
    Пол:
    Женски
    Ми се допаѓа што Русите застануваат позади нас и велат дека ќе стават вето на Преспанскиот договор.
    Кога некој ќе спомне НАТО, прво нешто што ми текнува е на девојчето Милица.

     
  12. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Уф, жива истина. Во нешто да се сложиме. Потполно си во право кога велиш дека НАТО и ЕУ сакаат да влеземе во НАТО. (Не ја сакаат Македонија во ЕУ, што ќе им е, ама за во НАТО ќе послужи како потрошена роба). Самата си кажа, да не кажеш после ти вадиме муабети.
     
    На orevokrsacka, zuto и sjdgo им се допаѓа ова.
  13. honey.11

    honey.11 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 ноември 2013
    Пораки:
    520
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Јас сепак мислам дека на предвремени сега Заев и сам да оди без коалиција со Албанскиве партии, ќе освои многу гласови, знам дека нема да се сложат многу оттука со моево мислење, но сега неуспешниов референдум им беше како тест шта би било кад би било :D

    п.с. Господ нека ни е на помош, и не сакам да ни се случи нешто слично како на Србиве во 1999 год. Само од тоа се плашам
     
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Па зошто се нервираш штом не пропаднал договорот? :D
    Не се нервирај, и да е сериозна ситуацијата, ти сигурно нема да ја спасиш.
    Како можеш да обвинуваш опозиција дека ја изолира државата, бог да чува. Имате собраниско мнозинство, имате премиер и влада, да ги биваше за нешто, преку работа и труд ќе убедеа народ дека се на вистински пат и дека заслужиле поддршка и за рефередум и за што и да е. Ама не заслужуваат и како да ти симплифицирам за да престанете да мантрате дека е ВМРО одговорно за земјотресите во Индонезија, дека е виновно што постои, и да разбереш дека да беше ултимативна цел нашето приклучување во НАТО, ќе немаше проблем да не примат под некаква референца Фиромистан, а Грција ќе молкнеше за некоја транша финансиска помош.
    Намерите се поинакви, се создава несигурна атмосфера, наголемо се подготвува балканскиот терен за идни дестабилизации после х години. И кој е првото пионче за таа задача? Заев, истовремено спроведува албанизација, бугаризација и елинизација на Македонија.
     
    На carangigia, Abeja, MarigoldA и 5 други им се допаѓа ова.
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Добро де не се нервирам:)
    Ја изолираат мислев на тоа дека треба да сакаат да влеземе во Нато, за еу ни треба повеќе работа, но не треба да ја стопираат евроинтеграцијата што повеќето граѓани ја сакаат тоа е факт.
    И Вмро ќе биде виновно тоа го нагласувам ако пропадне договорот што најмалку ни одговара на сите, ќе ни направат надвор плански нешто што нема да биде на добро, а во секој случај со влегување на Нато во брзо време сите непријатности би ги немале во иднина, и во смисла на територија и безбедност. Се создава несигурна атмосфера тоа си у право но ако не влеземе во Нато. Не можеме ние педа земја да идеме на контра на поголемите. Не можеме веќе да се инаетеме сега е времето. Заев сака да не однесе кон Нато и Еу не сака дестабилизации бидете сигурни што ви кажувам.

    И ја тоа викамсамо чаре ние да помине договорот да се вратиме на правиот пат.

    :x
    Нато не е потрошена роба, напротив ќе се ги зачуваме границите, територијата, ќе бидеме постабилно подрачје и со тоа повеќе инвесттиции ноо ако помине договорот до крај, ако не ќе се сликаме после сите.
     
    На WildMk и honey.11 им се допаѓа ова.
  16. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    Ние oд oсaмoстувaњетo дoкaжувaме декa сме ненoрмaлен нaрoд, oд универзитет, прoменa нa знaме, рaмкoвен, теритoријaлнa пoделбa, хaшки случaи, зaкoн зa брaнители, дoгoвoр сo бугaријa, двoјaзичнoст, прoменa нa име, се дo сегa билo ненoрмaлнo штo oвa штo гo прaви дпмне ми изгледa најнормално, еднaш у 27 гoдини дoкaжувaме држaвничкo чуствo, aмaн веќе зaрем немa земјa нa светoв кaде штo Мaкедoнец ќе биде oстaвен дa живее пo свoе, дoстa сo демoнтирaње нa Мaкедoнскaтa држaвнoст, се штo нaбрoјaв кaкo ненoрмaлнo требa дa се укине.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.933
    Пол:
    Машки
    Кога НАТО би не бомбардирале, што ќе гаѓаат?
    Немаме некои големи индустриски погони, единствено инфраструктурни и по некоја касарна, другото сето е цивилно население.

    Најлесно би им било индирекно да поттикнат некоја граѓанска војна и да бидат чисти.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeastceMK

    BeastceMK Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2016
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Не само што ке биди дестабилизирана туку и затворена уште долг период.. и да не спомнувам можното сценарио од стопирање на кредитите од народна банка кои досега власта ги земаше..Тоа значи пад на економијата и денарот...Скратување на пензиите..Живи меѓу нас ке се јадеме..Ги нејќам ниту едните ни другите..Но само Еу ние спасот..Сега ке има избори..Ако дојди Мицковски црно ни се пиши!
     
    На oblace1, WildMk и honey.11 им се допаѓа ова.
  19. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.391
    Допаѓања:
    17.613
    Пол:
    Женски
    Хахаха. не реков јас дека НАТО е потрошна роба, ние сме потрошна роба, ние Република Македонија односно македончињата кои ќе ги праќаат на фронт.:D :D
    Знам дека си под стрес со ситуацијава ама јас се изнасмеав како си/не си ме разбрала.
    Цело време си опседната со тоа дека ВМРО ја кочи евроинтеграцијата и дека треба да стиснат заби, да се направат слепи, да свиткаат кичма и да го изгласаат договорот, зашто уште они фалат и ќе не примат утредента у ЕУ. Треба пошироко да гледаш на работите. Те заслепува таа поделба сдс-вмро и цело време изговорите ти лежат во партиските превирања. Многу повеќе лежи во тој договор од што ве лажат штабски. Ај што ве манипулираат со референдумот, ама анализирајте ги работите или викнете некој да ви помогне за да ги сфатите фактите и последиците кои ќе бидат на пократок и подолг рок.
     
    На Nigredo Odor му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Не е опседнатост тоа, факт е.
    Цел свет го паламуди тоа, уште на некои во Мк не им е јасно.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.