Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Мицкоски имал средба во четири очи со Ахмети. Села излегува со изјава дека постои шанса за можна коалиција со ВМРО. Кои игри се играат страшно.

    Едно е сигурно дека Заев и СДСМ тотално ги нарушија македонските позиции во однос на гршкото и албанското прашање. Секоја наредна влада мора да почне од тие лоши позиции.
     
    На Abeja, koritsaki, Anna85 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Го нарушија? :D
     
  3. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Јас ги бранам моите интереси како граѓанин, а мој интерес секако не е албанофилијата на Заев.
     
    На Abeja, orevokrsacka, Shmizla94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Каква албанофилија, какви црни камења??

    Што добија од него, што не добиле од другите? И како поинаку со дел од народот во државава. Пошто дел од народот се, сакале ние или не.
     
  5. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Со одлука во Собрание им таксаше употреба на албански јазик на целата територија и не се праи на три и пол. Прашај ги стружани каква беше Струга пред 20 години, а како ја доживуваат после 2004., пa врати се да продаваш магла. Стварно немам време да ти објаснувам.
     
    На Abeja, koritsaki, Anna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Продавам магла јас... Се' што им е ветено си чекаат да им се даде. А ветено им е уште од 2001ва. Тие се распукаа, договор беше потпишан, на целосно спроведување се чека.
     
  7. Mamli

    Mamli Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2017
    Пораки:
    1.501
    Допаѓања:
    4.241
    Пол:
    Машки
    Не лажи.
     
    На Abeja, koritsaki, Cka и 3 други им се допаѓа ова.
  8. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Да бе... лажам јас. Не е така. Не ни виси над глава. Не е време да го затвориме тоа и да ја искорениме потребата од етнички партии во Македонија.
     
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Никогаш дефакто до сега не сне имало склучено договор со Грците и тоа ни беше проблем пошто не блокираа и овие години останавме изолирани, а сега конечно кога најдовме договор со Грците, сега странците јавно пред сите кажуваат дека влегуваме Нато.Нема сигурно да се бламираат пред цел свет, сега зависи само однас македонците дали ке искористиме или ке оплескаме. Друга можност више ќе немаме.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  10. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Kraj kraeva neka se idi na izbori da se vidi sto kako.
     
  11. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Не ни треба избори. На секој пол саат избори.
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Бугајски за „Побједа“: Излезот за Заев се предвремени избори, но тоа е ризичен потег

    Американскиот аналитичар Јануш Бугајски оцени дека Скопје е ново руско упориште на Балканот и дека Кремљ смета на тоа дека Македонија може да стане нова Република Српска.
    - Ако се блокира македонскиот пат кон западните институции, националните тензии ќе се зголемат во целиот регион, а Кремљ ќе инвестира дополнителна енергија за да ги загрози кревките демократски достигнувања во Западен Балкан, а ЕУ и НАТО ќе бидат се подалеку, вели Бугајски во изјава за „Побједа“.


    Тој додава дека нискиот одѕив на референдумот го довел во прашање договорот со Грција, но и отворената врата од НАТО и ЕУ.

    - Доколку Договорот не е поддржан, земјата ќе биде повеќе изложена на етничка радикализација, регионална нестабилност и мешање на Москва. Единствениот излез на Заев може да биде повик за предвремени избори во ноември, иако тоа само по себе претставува ризичен предлог, со оглед на тоа што националистите се охрабруваат од бојкот на референдумот , вели Бугајски.

    Нагласува дека ако српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот претседател Хашим Тачи постигнат договор за промена на границите, некои албански лидери, како на Косово, така и во Македонија, можат да видат можност за понатамошна етничка хомогенизација, поврзување на територии.


    - Национализмот, сепаратизмот ќе ја направат земјата многу ранлива за влијанието на Русија, оценува Бугајски, додавајќи дека Москва во Македонија гледа свое упориште за борбата против НАТО и ЕУ.


    Ова е тоа што може да ни се случи ако го пропуштиме возот.
     
    На LollySky му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Bianconerosempre

    Bianconerosempre Активен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2018
    Пораки:
    398
    Допаѓања:
    269
    Пол:
    Машки
    И штo извлече oд oвa? Декa е лoшo ?
    Штo ни дoнесе хетерoгенoстa ?
    Тепaчки, убиствa, бележеќе теритoрии и тн...
    Дa дaде бoг хoмoгени дa сме сo Мaкедoнскa држaвa.
    Oвa штo е сегa вooпштo не личи нa oригинaлoт aснoм, oвa сегa е генетскa мутaцијa нa кретенoидни либерaлни oстaпки.
    Тoa штo ќе се oди нa пoделбa е aпсoлутнo винa нa сдс, универзитет, знaме, двoјaзичнoст и нaј кретенскaтa рaбoтa тoa е северoзaпaднaтa стoпaнскa кoмoрa и теритoријaлнaтa пoделбa.
    И oвa пoнизнo влaдеење и згoлемувaње нa aпетитите кaј aлбaнците и згoлемувaње нa Мaкедoнскиoт нaциoнaлизaм дo крoв, зaев е нaјкрив нa крaј штo е изненaдувaњетo... Кaжa грујче штo не чекa aкo сељaкoт дoјде, штo мислеa oни декa Мaкедoнците ќе се уклoпaт вo грaѓaнскa држaвa ? Не бе дoмa сме си, oвaa држaвa имa нaрoд и нaцијa, еднoнaциoнaлнa не бинaциoнaлнa, е сегa сите ќе ги трпиме пoследиците.
    Кoгa 300 000 Мaкедoнци се прaвеa слепи при oчи ќе oдиме низ трнлив пaт, не сме џaбе пoтoмци нa Сaмoил.
     
    Последна измена: 8 октомври 2018
    На Abeja и Prijatelot им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Епа тогаш ајде, што чекаат западните добротвори да не спасат нас и себе да се спасат од злобната Русија?! Нека не примат во НАТО одма под референцата ФИРОМ.
    Не е белки дека Грција ги команда :rofl:

    Заебот ветуваше брда и долини на албанските дијаспорци и општо на сите Албанци со право на глас во Македонија, ниту Ахмети, Тачи, Села ниту било кој немаа политичка моќ да испорачаат и затоа молчеа пред заеби да тргне во акција, така што, не можеш да го амнестираш молецот од одговорност.

    Ти прва дај пример и гласај за ете за дуи, шо гласаш за сдс, не можам да сфатам каква си тоа граЏанка, а се уште гласаш по етничка основа.
     
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Пошто до сега не можеле да не примат од некоја причина до сега ке не примеле, сега можеме и ни се понуди шанса и ке се види на крајот дали ќе го одбијат гласањето ВО СОБРАНИЕ, и со тоа ке не турнат во политичка криза, само со предвремени избори ако може нешто да се спаси ќе видиме ако се дојде до 80 , ке видиме кој кеЈА стави во криза државава.
     
  16. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Друже ако ни пропадне договорот Вмро ќе ја стават државата во најголема криза со тоа што нема да го решат спорот со Грците и ние автоматски нема да влеземе ни во Еу ни Нато. Не само тоа ќе биде заложник целиот народ, би оделе против интересот На Америка со тоа што не би влегле Нато, и уште повеќе ке се искомплицира со влијанието на Русија тука, а и членството ќе се прости кога пак ќе дојдат на власт кога ке ја изгубат подршката од странците.Ке имаме можност за дестабилизација бидејки не сме го решиле статусот. ОВИЕ НИе си сценаријата што ке бидат. Вие мислете си дека играчка ни е работава. Допрва ке имаме проблеми ако недајбозе пропадне договоров. Америка ни дава рака со договоров.
     
  17. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
  18. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    Мислам дека нема да обезбедат 81 пратеник и ке распишат избори ..
    И нема шанси З.з да обезбеди во тие избори 81 пратеник , и ке настане поголема криза .. Македонија ке си тоне уште повеке во говната , народот ке се исели и така натаму.,
    Македонија е синоним за кризи и избори , на секоја месечина има избори и кризи !
    Како што кажав ги имаме најкатастрофалните политичари и тоа во цел пакет !
     
    На LollySky и XMaN им се допаѓа ова.
  19. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.718
    Допаѓања:
    38.441
    Пол:
    Женски
    Не бев да гласам. Ова е катастрофа.
     
    На Shmizla94 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Заев не вети ништо, што веќе не е запишано во Рамковниот договор.

    Не ме разбра. Ако се затворат прашањата со албанците, нема да постојат етнички партии.. односно нема да има македонски и албански, туку ќе има политички партии. Сега албанците сеуште играат на картата 'Рамковен договор' и неисполнување на договорот. Затвори го тоа, затвори им ја устата за 'права', 'уништи' ја потребата од етнички партии.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.