Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Па и тој е дел од нив.. и не само дел од опозицијата, туку претседател на најголемата опозициска партија во Македонија.
     
  2. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Нели референдумот е надпартиски?
    Утре можеби и нема да постои ВМРО.
    Така да најдобро е ВМРО да излезе на прес и да соопшти дека остава на членовите сами да си донесат одлука.
     
  3. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    :) Точно е дека е надпартиски, ама секоја партија која има пратеници во парламентот, носи одговорност кон оние кои ги изгласале. Тие се нивни претставници (на гласачите) во законодавниот дом.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Deni87

    Deni87 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2018
    Пораки:
    349
    Допаѓања:
    486
    Пол:
    Машки
    Па се изјасни ВМРО за тоа, дека ако помине референдумот дека тие во парламент ќе гласаат за уставни измени.
    Сепак е народот тој што одлучува кој колку пратеници ќе има и потоа не може тие пратеници да му даваат насоки на народот.
    Најдобро е народот сам да си одлучи....
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.783
    Пол:
    Машки
    Нема да излезам да гласам на референдумот, и тоа не затоа што сум истомисленик со оние од #Бојкотирам, ниту затоа што сметам дека со тоа ќе успеам да сменам нешто во финалниот исход – едноставно, затоа што не сакам да бидам дел од нешто што според мене не е океј од повеќе аспекти.

    Според мене, промена на името секако ќе има – или референдумот по некое чудо ќе биде успешен и мнозинството ќе гласа „за“ или, многу поверојатно, референдумот нема да биде успешен, арно ама и така е консултативен, па како што веќе и најавија, тогаш одлуката ќе ја донесе Собранието, а сите веќе знаеме каква би била таа.

    Што е тоа што не е океј со референдумов? Самото референдумско прашање не е јасно и недвосмислено, неговиот консултативен каракатер е смешен, а најавите за владини кампањи „за“ со буџетски пари се траги-комични.

    Многу правници збореа за многуте неправилности и кршења на законот и уставот поврзани со Преспанскиот договор, но на мене како лаик не ми е јасно како можат граѓаните да гласаат „за“ или „против“ каков било договор, кога за да можат да донесат информирана одлука прво треба истиот да го разберат? Реално гледано, колку од граѓаните можат навистина да го прочитаат и да го сфатат? А дури и да успеат да го разберат, нивното толкување ќе биде лаичко и можеби тотално различно од неговата вистинска суштина. Реалноста е дека референдумот е за промена на името на државата, а тоа не само што не се споменува експлицитно во референдумското прашање, туку истото е дополнително „зачинето“ со влез во НАТО и ЕУ – нешто што Преспанскиот договор ниту го гарантира, ниту може да го гарантира.

    Наместо одговор за сите нелогичности и неправилности со референдумот за Преспанскиот договор, неговите апологети ни велат „Која е алтернативата?“ и прашуваат „Зар ќе тапкаме у место уште 25 години?“

    Која е алтернативата – не знам. Можеби да одбереме политичари кои ќе ја водат државава, а не се бесрамни лопови, за промена. Можеби прво да си ја средиме и зајакнеме државата малце и да преговараме кога ќе бидеме во подобра преговарачка позиција. Но знам дека е смешно некој да ме убедува дека единствената пречка за нашата европска иднина е спорот со името, додека истовремено прави политички гафови и криминали на дневна основа.

    Далеку сме ние од европските вредности – исто толку далеку колку што бевме кога на власт беа другите лопови – и наивно е да веруваме дека со еден референдум магично ќе ни се решат проблемите. А уште понаивно е да веруваме дека некој од ЕУ ќе се нафати да ни ја води државата наместо нас, затоа што ние очигледно самите не сме способни за тоа.

    Како и да е, наскоро ќе ги видиме и позитивните и негативните страни од Преспанскиот договор, затоа што, како што веќе реков, убеден сум дека истиот ќе биде усвоен и кај нас и во Грција – затоа што не е дело на преговарачките тимови и македонско-грчката дипломатија или волја на нашите народи, туку е нешто наметнато од повисоките инстанци.

    Ама сепак, ја лично не би да учествувам во нешто што во себе содржи толку многу проблеми, противречности и нелогичности од самиот старт и, уште поважно, нешто чиј конечен исход е и така веќе познат.
     
    На Flower123123, sparklie, Цвет88 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302

    Веќе ја водат. А подобри политичари или подобар народ, не растат на дрво.
    Ако можевме, ќе направевме нешто за 30 години.

    Другото горе-доле се согласувам
     
    На g8lQQk и galapce им се допаѓа ова.
  7. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Пофати доста поенти од цела оваа перверзија со предстојниот референдум.

    п.с. Како што гледам некои од апологетите веќе се јавија по однос на твојот пост :)
     
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.663
    Допаѓања:
    14.124
    Комплет се сложувам. Не сакам да бидам дел од нешто што не е во ред, и секако дека скапо ќе не чини, иако се залажуваме со добра иднина. Каква добра иднина не чека со ваква економија, иселување, слаб наталитет, се собрале многу проблеми не е едно. Плус учебниците кога ќе почнат да ги менуваат со комисии, којзнае што ќе излезе.
     
    На Anna85 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    Не, не луѓенца милички вие не разбирате, штета е да не излеземе и да оствариме прошетка до избирачките места :inlove:

    Сеа малце посериозно, излезе некое инфо дека некоја градоначалничка од некое село си го вработила дечкото билдер како обезбедување. Инфото доаѓа од оние портали шо никнуваат секој ден и фората е шо не можеш да знаеш дали тоа миленко и јанко измислуваат дали после сите иновации и партиски ботови вработени и ова може да е точно.:D Тоа е се што треба да знаеме за сегашнава власт.

    Секоја држава може да ни стави вето за ЕУ и со право(судство/одговорност за криминали/администрација превработеносѕ и да не набројувам).

    Ама името, ама циркузантите од бојкотирам:inlove:
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    И што е сега, буквално не знаат колкав вишок народни пари ќе фрлат за референдумската кампања... Некогаш за нив владините реклами беа зло, перење мозок, држење на медиумите под своја капа и што уште не, ех, времиња...

    Ти пишуваше дека пратениците на ВМРО не знаеле што е демократија, требало да молчат и да почитуваат се што прави власта :D, сега многу загрижена партијата да изнесе официјален став за граѓаните да бидат начисто со своите репрезенти. :D Не се тревожи, и така не си ги гласала. Важно да префрлите топката некаде. :D Освен тоа, има време, мислам дека до 10-ти септември ќе биде позната одлуката.
     
  11. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.770
    Пол:
    Женски
    мислам темава многу дискусии за ништо , нема да успее референдумот од причина што нема да има цензус , штом ние во фамилијава конечно се согласивме сите заедно дека нема да излезиме на гласање што преостанува за другите..... Се согласувам со потполно со Бендер Родригез само заборавил да напомене дека не е дојдено до референдум а многу побитни работи треба да се решат во државава а не се решаваат ниту мува ги лази ......моја проценка е дека ке излеза 400000 гласачи.можеби плус минус 20000-30000 гласачи ачи тука ке е ДРЖЕТЕ МЕ ЗА ЗБОР !!
    Јас гласав за сдсм ама не за вакво сдсм , и после вмро-вмро !!!
     
    На najjacha, Priroden и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Аахх.. не ми е мене гајле што ќе направи ВМРО... Кажав што треба да прави опозиција. Која и' е работата, за што се изгласани и за што се платени.

    А да ме изненади дека се неодговрни, лажливи, криминални ѓубриња... нема...
     
  13. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Погледни ги оние за кои си гласала.
     
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Што да ги погледнам? Не се за гледање :D
    Чекам и нив да ги 'постројат' странчиштава..

    Иако.. од ВМРО (во последниот владин состав), се неколку пати подобри :)
     
    На HardSex му/ѝ се допаѓа ова.
  15. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Чекај. Од бога росица велат во народот. :)

    Па, не ги погледнуваш и така ти се чини :D
     
    На orevokrsacka му/ѝ се допаѓа ова.
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    108.442
    Пол:
    Женски
    Нема да излезам , бојкот! :)
     
    На zuto, orevokrsacka, carangigia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Ти ионака во Грција живееш |(
     
    На galapce, Tanjamm и Rebecca_R им се допаѓа ова.
  18. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.982
    Допаѓања:
    108.442
    Пол:
    Женски
    Нема врска , и во Атина ќе може да се гласа :)
     
    На zuto му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Shmizla94

    Shmizla94 Активен член

    Се зачлени на:
    19 август 2018
    Пораки:
    98
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Женски
    Не, далеку од тоа!
     
  20. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Некои набљудувачи може оние кои бојкотираат да ги протолкуваат како:“Ќе ги собираме плодовите од позитивностите,ама нема што ние да се валкаме,нека се валка некој друг.”:D

    “Со чисти раце!”:D

    Бојкотирање за немање на цензус е фиу...Подобро е,другата опција да собере 600-700 илјади гласови против(ако може),наспроти 400-500 илјади “ЗА”.Тоа би било јасна и недвосмислена порака до Премиерот и Владата,Парламентот(каде треба да се гласа),Грција и меѓународната заедница,а со тоа нема простор за вакви или онакви толкувања.Во исто време е пребројување и охрабрување за таа опција.

    Референдумското прашање е јасно.Референдумското прашање за независноста од 1991 год. не е едноставно.Експлицитност за промена на името(на пример во Северна Република Македонија) не е можна,од проста причина што Договорот со Грција не предвидува само промена на името.Следејќи ја таа логика ќе треба да имаме огромен параграф за референдумското прашање и општа конфузија.:D

    Владата транспарентно го објави Договорот,ќе води информативна кампања,а Министерот за надворешни работи ќе одговара на прашања:#ПрашајтеГоМинистерот :D.Проблем на секој демократски систем е фактот што и на избори гласаат луѓе кои не знаат да читаат и пишуваат,луѓе со различно образование(многу ниско),луѓе со формално високо образование кои подготвувале испити од 1000 страници за 3 дена и 500-1000 ЕУР во индекс,или едноставно луѓе со низок капацитет.За full circle битна е не само информација која се пласира кон гласачите,туку и црпка која треба да ја прими таа информација и соодветно обработи.:DНекој може да зборува дека мелодиската прогресија на рефренот треба да почне со Cmaj7,па F7,B,Bb и да заврши со Asus...:DИли,дали постои разлика помеѓу Republic of North Macedonia и Republic North of Macedonia…:D

    Реалноста е дека немаме алтернативи.Ги видовме сите:експертскa Владa,преку Б.Ц. и хаотични приватизации и урнебес економија,па ВМРО,ДА и ДПА со амнестии за Руфи Османи и Алајдин Демири кои од СДСМ добија по 13 години затвор,експериментите со Тајван(и милијардата која никогаш не ја добивме) и ветото на Кина во 1999 во ООН кога мисијата на UNPREDEP не се продолжи,за да бидеме швајцарско сирење како увертира за 2000-2001 год.Ги видовме и апашите од 2006 год.,а и овие сега имаат многу пропусти и не блескаат.

    Левица?Прво,дури и солиден процент од гласачите од СДСМ и ВМРО да се префрлат во Левица,многу тешко ќе победат.Второ,дури и да победат знаеме дека постои неверојатна поврзаност помеѓу разузнавачките служби,правно-судскиот систем и политичките партии кои доаѓаат на власт.Таквите системи се градени со децении,и тие се поделени помеѓу СДСМ и ВМРО,и ќе биде многу тешко за некој трет.Конечно,Левица е против НАТО,што во ситуација на опколеност со НАТО земји,и максимално инсистирање на САД за комплетно покривање на Балканот е малце налудничава стратегија која е во спротивност со одлуката на нашиот Парламент за НАТО од 1993 год.,понатаму Партнерството за мир,и се’ она што се правеше и се прави во таа насока.

    Јас не гледам друга политичка партија во Македонија во моментов која може нешто реално да направи.

    Само здравје и топли сомуни.:D
     
    На Yowannty му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.