Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.771
    Пол:
    Женски
    јас пак мислам дека некој се платени од сегашнава влда за пропаганда за референдумот и да не убедуваат низ социјалниве мрежи:?:
     
    На Priroden, Lianna Anna, Anna85 и 2 други им се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.939
    Или може се толку глупи за без пари толкави реферати да пишуваат и табели, графикони и истражувања да прават... Кое е поверојатно? :lol:
     
    На sparklie, Priroden, Deni87 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.771
    Пол:
    Женски
    сето во комплет :rofl:
     
    На Deni87 и DAngel им се допаѓа ова.
  4. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Многу сакам да ме платат.... Ионака пишувам, бар да не биди за џабе.
    Ако знаеш како да се дочепам до пари, кажи.. ич не му ја мислам да ги земам.
     
    На g8lQQk му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.771
    Пол:
    Женски
    Не мислев за тебе
     
  6. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Ако не мислеше за мене.. сакам и јас пари :angel:
     
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2018-08-21-14-32-35-1.png
    Како е само лесно да те направи некој будала...ако само го прочитавте целиот договор, уствари никој ништо не прашува, ни па се заинтересира за народ и мислење, веќе се предвидени со датум уставните амандмани, се е црно на бело, жално е уствари на што се ложиме и како мачкаат очи (самото тоа што е консултативен кажува доволно, ама кој да ти каже ивана)
    Освен прифаќање на спогодбата, предвидено е откажување и ревидирање на секој објект, споменик, личност и податок што било како е поврзан со античко македонска, пардон хеленска култура од втората страна, пардон нашата, притоа со мачкање очи и празни ветувања за некоја си светла иднина во ЕУ, за која што секој правник или па поупатен во тоа знае дека имаме бескрајна низа на нерешени проблеми, неспроведени реформи и недостижни услови за кои што е потребна уште минимум деценија да се решат.
    Ама спијте на тоа уво дека ЕУ не чека со раширени раце.
     
    На Victorian, Mr.Mary, Jenyl и 4 други им се допаѓа ова.
  8. SeaMermaid

    SeaMermaid Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2015
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    14.447
    Пол:
    Женски
    Целосно се сложувам со тебе.Ова е прашање за референдум е целосно конфузно,нефункционално поставено.Проблемите подоцна ќе се отворат и тоа за нас ќе значи поголема катастрофа отколку сега.Губиме многу,не добиваме ништо.Само ревидирана историја и себе негирање,и повеќе главоболки...Хаос во правен систем,многу поголем од сега.
    Како Македонка ова е погубно за мојот народ,затоа нема да излезам.
    П.С.Нашиот устав не препознава консултативен референдум.
     
    На bunny19, Mr.Mary, Lianna Anna и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.668
    Допаѓања:
    14.133
    И денес не нарекоа Северни Македонци, од американска армија па се извинија, но натаму нема да се извинуваат, значи ќе бидеме Северни Македонци.
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Да, северномакедонски војници, а нели согласно договорот требаше македонски/војници на Северна Македонија? :D
     
    На Lianna Anna и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.668
    Допаѓања:
    14.133
    Ова пред референдумот, а потоа секаде ќе биде Северно Македонци и готово. Ќе испадне дека ние немаме ништо со нашето малцинство македонско во Грција, Бугарија, Албанија, каде и да е, ние сме Северно Македонци. Никој понатаму нема да се извинува, ќе бидеме северни и готово. Ние не сме ние ќе биде работава. Цела историја ќе ја пореметиме, се ќе пореметиме. Уффф, лошо, многу лошо.
     
    На koritsaki, Lianna Anna, Anna85 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    И Грците повторно незадоволни, повторно ќе се бунтуваат поради тоа -македонци во Северномакедонци и ќе бараат нов договор, ќе поставуваат нови услови, ќе почнат да не нарекуваат Север во замена за досегашното ПГДМ (ФИРОМ), притоа работејќи на агендата наредното име на земјава да биде Централнобалканска Република и ќе течат годините вака некако отприлика.
     
    На bunny19, Victorian, Lianna Anna и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    Се надевам нема да успеат во своите намери. Убедена сум дека ќе покажеме нацинално единство и нема да дозволиме да го злоупотребат референдумот, впрочем ако си седиме дома ке немаат простор за тоа.
    Овде сум родена, овде сум израсната, овде ми е семејството, пријателите, овде градам кариера...не сакам да го напуштам сето она во кое до сега сум вложувала...моите соништа се овде, моите проекции за поубава иднина се овде, во мојата држава...
    Бојкотираме, нема да дозволиме дома да бидеме гражани од n-ти ред.
     
    На Tanjamm и orevokrsacka им се допаѓа ова.
  14. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Баш ако нема доволно излезеност, ќе може да не се земе во предвид исходот од референдумот.
    Јас навивам да има што помалку излезеност... искрено :)
     
  15. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    11.462
    Допаѓања:
    183.577
    Пол:
    Женски
    Многу ме бендиса постот на Бендер, ама за жал, е далеку од возможно во ова наше пеплосано општество. Ако барем постоеше мала шанса, да се оправиме самите, пред да пристапуваме кон било какви унии, до сега ќе го направевме тоа. Ама докажавме дека не сме способни. А и како би биле? Со терористите во парламент може да гради нормално општество кое ќе почива на редовно плаќање на даноци кон државата и мирољубие? Или со останатите ламји кои си гледаат за својот гз? Повремено се подбуцнуваат меѓу себе, но за своите лични интереси сепак соработуваат. Е друг избор за да гласаме нема.
    Корупцијата ни се шири како зеници после крек. А бога ми, ниту со ниеден останат сектор не можеме да се пофалиме. Додека некој со стапче не ни стои над глава, па да не мава на секое криминалче ништо не правиме. Затоа верувам, лично, дека во процесот на преговори со ЕУ, ќе мора да се моделираме и да научиме некои работи како треба а како не треба, ако сакаме да го живееме веков во кој сме. Ма да, знаат они многу добро како треба, ама не им се сака, оти поише пари се праат со како не треба.

    Нема да гласам оти не сум во МК, а за да стигнам до најблиското место тука за да гласам требаат пари.
    Нема да гласам, оти и така џабе ќе е. Оти решено е тоа на овој или оној начин уште пред да се потпише договорот. Постојат прецизни датуми за извршување на преземените обврски, што повеќе да се каже?
    Не гласам оти немаме попис. Не знаеме колку сме и константно се шпекулира со бројки, за да на крај цензусот биде исполнет.

    Бојкотирањето е најтрагикомичното нешто на сцена моментално. Оти 11 години имаа време да бојкотираат против лоши политики, ама не. Тогаш создавањето рушевини од земјичкава ни, арни им беа, убави тие. Е сега ќе бојкотираат нешто што однапред е завршена работа. Мижи Асан, да ти баам... |(
     
    На Doozy, Someonespecial и lovestoneddd им се допаѓа ова.
  16. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.163
    Допаѓања:
    20.569
    Пол:
    Женски
    Баш убаво, ќе се викаме како ќерка и на Ким Кардашијан... ќе бидеме кул и тренди :lol:
     
    На candy.cane, Someonespecial, WildMk и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Завршена работа е ова. Ако наумиле да помине, ќе помине. Ќе одат и преку Устав и преку закони. Без разлика на цензусот за референдумот. Како им оди кршење на правото, ќе најдат начин да го "излизгаат" и договорот.
     
    На Harper, lovestoneddd и Јаневски им се допаѓа ова.
  18. Anna85

    Anna85 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2013
    Пораки:
    221
    Допаѓања:
    578
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека и овој пат ќе се обидат да го погазат Уставот и ќе идат против волјата на граѓаните, но на нас ни останува со Бојкотот да не дадеме легитимитет на нивните погубни политики.
    Со Бојкотот ќе дадеме поддршка на Претседателот и понатаму да не ја потпишува ратификацијата на договорот и истата да не биде објавена во Службен весник, а исто така и опозицијата нема да смее да гласа за уставните промени.
     
    На Lianna Anna му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Lianna Anna

    Lianna Anna Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2017
    Пораки:
    2.535
    Допаѓања:
    20.128
    Пол:
    Женски
    Нема указ, нема закон. Едноставно е. Ама опозицијата е во "игра". Тука лежи проблемот. Требаше да дадат оставки и да има предвремени парламентарни избори, а не референдум.

    Нема да има цензус, ама проблемот ќе настане после. Иванов нема вечно да биде претседател. Законот за јазици се уште чека во фиока да му дојде редот. Исто ќе биде и со договоров. Дај боже да грешам.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.302
    Не е битно дали има цензус... Консензуален е ионака...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.