Ќе излезете ли на референдум?

Дискусија во 'Политика и настани' започната од EvAngelos, 14 август 2018.

?

Ќе излезете ли да гласате на референдумот?

Анкетата е затворена на 1 октомври 2018.
  1. Да, ќе гласам за договорот со Грција

    162 глас(а)
    35,1%
  2. Да, ќе гласам против договорот со Грција

    30 глас(а)
    6,5%
  3. Нема да излезам. Ќе бојкотирам

    269 глас(а)
    58,4%
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.773
    Пол:
    Женски
    Се откажувам и од него !!:smoke:
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    Оти му откажа љубов, шо ти згреши? :rofl:
     
  3. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.943
    Допаѓања:
    19.773
    Пол:
    Женски
    Па заради што не бојкотира !!
     
  4. butterfly_mk

    butterfly_mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2017
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Реалноста е дека на ВМРО тактичка грешка ќе му биде ако повика јавно да се бојкотира, пошто после цела Европа ќе му се нафрли на Мицкоски исто како на Груевски, не бил конструктивен, не сакал во ЕУ дрн дрн јариња. Ќе се активираат невладини, медиуми и цела машинерија како што беше минативе 3-4 години. Со други зборови СДСМ ќе имаат причина да го обвинуваат дека не сакал у ЕУ бил против и тн, а ралноста е дека тие прифатија и внатрешно името да ни се смени што никој до сега не прифатил и им гори под нозе.

    Е така, Бранко си замина од СДСМ од овие притисоци пошто не прифаќаше да се смени името, Грујо ќе си лежи взатвор од намонитрани случаји од притисоци пошто не прифаќаше да се смени името и со сила го извадија од власт.

    И ако помине референдумот овде ќе имаме окупација од туѓи војници и конвои што кога сакаат слободно ќе си се шетаат(геополитика ти е тоа), ќе отворат бази од типот на бондстил како во Косово и ќе треба дури пола буџет годишно да го даваме да убиваат невини Сиријци, Ирачани и други народи од Блиски Исток, а нашава армија е за жалење немаат облека да им дадат на војниците.

    И нормално ЕУ ќе сонуваме пошто не исполнуваме еден куп предуслови што ги бараат, а и нив така си им текна и од никде никаде си одлучија дека нема проширување во нареди 5-10 години.

    И така на 99% од нас обичниве смртници нема ништо да ни смени пошто пак ќе си рмбаме за 200 евра. А ќе се богатат премиери, блиски фамилии нивни и тн.
     
    Последна измена: 12 септември 2018
    На FallenAngell, Роберт 7, SeaMermaid и 3 други им се допаѓа ова.
  5. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    498
    Допаѓања:
    2.425
    Пол:
    Машки
    Прашањето е сензитивно за секој македонец/ка,и тоа е разбирливо.Но,во емотивен хаос не се носат разумни и рационални одлуки,а грешките во меѓународните односи и политика скапо се плаќаат.
    Референдумот за мене е избор помеѓу "нешто"(y) и големото "ништо"(n).
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    :rofl::rofl::rofl:
    https://www.24.mk/mickovski-za-24-analiza-ne-povikuvam-na-bojkot-za-referendumot


    Инаку јас лично не сакам да пропаднат ова Вмро. Овие се каде каде подобри:inlove:.
    Минатите беа како бесни кучиња , овие некако се кастрирани, таманка си се , нека си поседат уште долго:inlove:.
     
    На oblace1, Yowannty, LollySky и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    27.002
    Пол:
    Женски
    На SummerGirl, EvAngelos и LollySky им се допаѓа ова.
  8. Lavot 1991

    Lavot 1991 Активен член

    Се зачлени на:
    13 септември 2018
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    19
    Пол:
    Машки
    Ке гласам За , бидејки нема друг пат бидејки ако не помине свесен сум дека ке биде полошо без разлика која партија ке биде на власт .

    Не сум член ниту на Сдсм , ниту на Вмро , но видовме дека нашиве партии не се способни да направат ништо за овој народ и да биде добро место за живеење.
    Немаме ниту канализација поплави секоја година не пунат, немаме патишта немаме право на владеење во оваа држава скоро ништо не функционира видете го здравството какво е деца ни умираат ...

    И сега ме прашувате дали да гласам за подобра иднина ?

    Со две раце потпишувам бидејки утре моите деца кога ке се родат нејќам да кажат кај баксуз се родивме во ваква мизерна држава ..

    Околу договорот , нормално дека не сум среќен чим мора да бидеме Северна Македонија но сепак барем остануваме Македонци кои зборат Македонски јазик ..

    Знам дека ни еден Македонец не е среќен со ова решение но ние мораме да го решиме овој проблем и да заврши овој 27 годишен маратон за да одиме напред , нека не водат странци кој сака нека дојде само да живееме подобро и да се качи стандардот во оваа мизерна држава ..

    За крај подобро да живеам во Северна Македонија како Македонец отколку Македонец во Македонија каде ке има криминал,лоповски политичари и целосно неразвиена држава .

    Околу Вмро да кажам тоа е сега партија без компас , таму незнаат кај тераат ни став ни ништо немаат а сакаат ЕУ и Нато а свесни се дека без геогравска одредница нема нигде да влеземе, веројатно битно им е само да се вратат на власт да го спасат Груевски и да праат што сакаат (видовме 12 год )

    Се надевам народот е доволно свесен и оваа држава конечно ке оди напред , доста луѓе мислам дека избегаа јас сакам тука да градам фамилија !
     
    На FallenAngell, cresa-jagoda, Amellie13 и 3 други им се допаѓа ова.
  9. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Се согласувам со ова, доста реален коментар.
     
  10. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Што очекувате Европа да направи за вас после 30-ти, кога Европа под превосходство на САД три децении држи контрола над оваа територија и ги влече конците. Да сакаа досега ќе ви помогнеа, но изгледа им е интересно да експериментираат дали постои дно и колку ниско можат да паднат некои. Утре двојазични северњаци, задутре апартхејд.
     
    На Abeja, koritsaki, SummerGirl и 3 други им се допаѓа ова.
  11. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Нема сигурно Европа да ни ги направи реформите, но со нивна сугестија , мониторинг, контола ке може да дасе направат и тие, што ќе ни бидат важни за нас, со разлика што сами неможевме и сме до ова дереџе до кај што сме?Што мислите Еу е шала и шарлатанска орг?Чекор по чекор ќе одиме но ќе имаме некаква надеж за подобро од сега.
     
    На WildMk му/ѝ се допаѓа ова.
  12. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    И да Америка ги влечат конците но до сега неможевме да влеземе во тие сојузи.
     
    На SummerGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Priroden

    Priroden Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    800
    Допаѓања:
    2.960
    Пол:
    Машки
    https://m.dw.com/mk/мојата-обврска-да-апстинирам/a-45475343?maca=mk-Facebook-sharing

    Арсим Зеколи :bow:

    Зошто ќе апстинирам: Моите најбитни мотиви за апстиненција не се ниту идентитетот на Македонците, јазикот на Албанците и нашите и онака одамна пластелинизирани фолк-истории. Или барем не во директна, туку индиректна позиција. Клучниот мотив за апстиненција е одбивањето да се земе учество во уште една рунда на хипер-политички акробации за прикривање на ендемската (и веќе неизлечива) заболеност на општеството и државата со криминал и корупција како најголем и најтежок предизвик за граѓаните и гласачите. Одбивањето да се даде легитимитет на суштински корумпирана и сомнително демократски валоризирана влада (денес и вчера) е малиот индивидуален акт на директно одбивање на амнестија на криминалот (во име на интеграциите) и индиректно оградување од следните акти и чекори за идентитетски манипулации.

    Нашата навикнатост, помиреност, па дури и здодеаност од бавење со дрн-дрн криминал и корупција теми е не само пресуда кон нашето граѓанско достоинство, туку и потсетник дека не страдаме од корупција поради идентитетот, туку дека идентитетите ни се расклатени поради корупцијата. И плачот и смеењето, и останувањето и бегањето, и вербата и клетвата во оваа држава не се продукт на географиите, туку резултат на емоциите предизвикани од корупцијата и криминалот, т.е. од привилегијата за неказнено профит-практицирање или проклетството од бивање неказнено експлоатиран.

    Зошто не „игнорирам“:
    Настрана арогантниот призвук на надменост, најлесната од сите опции е таа да најдеш уточиште во „не ме интересира политика“. Дотолку повеќе што игнорриањето на нешто што ќе има реперкусии по тебе и твоите со години и децении ред, не е израз на кулерска натполитичност, туку на ординарна глупавост.

    Зошто не сум против
    :
    Со наметнувањето на квалификативот „консултативен референдум“, самиот Заев, СДСМ и меѓународната заедница ја компромитираа и контаминираа смислата на гласање „против“ и ја легитимираа „бојкот“-опцијата како реална алернатива на „за“.

    У превод: црпнат муртинецу, за секоја лага и пумпање државни пари кај анѓушев, горска и сета таа багра комуњарска ќе ти се врати на референдумов
     
    Последна измена: 14 септември 2018
    На Роберт 7 и Danncee им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Изминативе три децении божем не бевме под нивна сугестија, мониторинг и контрола. Камо помош, подадена рака, продуктивни реформи? Ај ВМРО скршнувало наводно од евроатлантската патека (вие сте барем во тоа убедени), кој аир го видовте како општество периодите 1992-1998 и 2002-2006 или изминатава година и пол?
    Прво нека поможат и тоа асално, па дури во последната фаза нека ги застапуваат наметнатите од нашите соседи услови пред тоа нечуени и надвор од умот.
     
    На Abeja, SummerGirl, Роберт 7 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Под нивна сугестија сме биле формално територијално, имале влијание тука и во регионот, и сите партии искрено скршнуваа, никоја партија не ги спроведе како што треба, сега ни се отвара тој пат, прво што го решивме спорот, вториот начин е преку претпристапни поглавја што сме ги немале досега.
     
  16. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Ако ти мислиш дека ЕУ ќе ги отвори вратите за таква лудница од тотално албанизиран грчки протекторат, јас во тоа не верувам.
     
    На Abeja, SummerGirl и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  17. monibejbi

    monibejbi Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2010
    Пораки:
    1.962
    Допаѓања:
    2.214
    Ja mislam bi ni gi otvorila posto i oni se so Amerika, no imame rabota predtoa doma.
     
  18. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ништо не направивме, затоа што немаше толку нивни пари. Што повеќе нивни грантови, кредити и инвестиции, толку поголема контрола врз истите.

    За оние кои не знаат: Скоро 50% од приватните фирми во Македонија се во сопственост на Груевски и 'фамилијата'.
    Бранко е алкохолизирана, издрогирана будала, која сеуште се пренамага за власт (сива еминенција) во СДСМ.. Скроз исто, како што Грујо го прави тоа... И едниот - и другиот имаат интерес, да се заѓтитат од ревизии на 'заработеното' и сработеното. Шо затвор??
     
    На baba Rada му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.201
    Пол:
    Женски
    Ќе видиме, ене каде е јуни 2019-та. Сетне ќе кажете другата година, ако не, другата по неа.

    А овој подобро да не работи. Аферите не можат да се добројат, заевистите навалија на грабање да ги надоместат 11-те изгубени години, ЕУ ги тапша по рамо криминогените, не ги предупредува да го променат своето однесување, туку ги наградува.
     
    На Abeja, SummerGirl и Роберт 7 им се допаѓа ова.
  20. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    37.714
    Допаѓања:
    283.303
    Ако ги тапша ЕУ, што прават ЈО и судовите кај нас? Ако има криминал, треба да реагираат. Нели нивна работа е тоа? ... Кога веќе сме кај реформи.. Едната е: Независно судство.. Ете им, нека покажат дека се независни.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.